Ова уствари да ти била стара вест, од минатиот месец, ама сега ја пуштија во етер, да се забавља народ, да тргне мисли од протести, од трагедии и чуда Туку, што луѓе ќе беа овие од Вмро, не се научија и не се научија како правилно се изговара грозје прво Премиерот упорно викаше гројзе, сега и адвокатот на монструмот Палчо запна гројзе та гројзе. Го гледав синоќа кај Ландов, отече со тоа дека е горд Вмроовец и отече со тоа гројзе. Ландов се нервира, му упаѓа во збор, го корегира дека е грозје, на овој не му текнува ај тоа, ама што човек ќе си, при толку докази и факти, упорно да браниш убиец, притоа не по службена должност, туку по свое лично убедување Арно Ландов патосот го бришеше со него, така и си заслужи. Дури и еден Евтов, завчера беше поблаг кон адвокатов, ама Ландов надохнади
https://sitel.com.mk/akcija-43-lica-osomnicheni-za-izmami-so-brzi-krediti Лице од ФЗО давало податоци да се прават фалсификат документи и да се дигаат брзи кредити со туѓи податоци. Кој џган. Ова ти покажува каков отпад работи во државни институции. Гола вода.
Нормално, ради дефокус го пуштаат Пандов да треси глупости и народот со тоа да се замара. Шо викаше Мијалков абе вмровска работа.
https://www.slobodenpecat.mk/skanda...mpofKgABHonVSzPYAK_aem_fXViSgYCMMPp1WogICRMhQ Секој ден некој умира, па правда ќе бараме. Па не правда, да не се случува ова воопшто. Нема ден да нема корупциски скандал.
Јас не знам ни каде да го ставам ова. После сакате држава наша, абе... https://www.slobodenpecat.mk/foto-1...rgnaa-za-belgrad-kje-go-poddrzhuvaat-vuchikj/ Има демант од клиника. Инаку, да ме тепаат по раце не идам назад во здравство. Ем за кур од горе не даваат нормално да работиш, ем ќе те малтретираат, снимаат, колнат пациенти и нивни семејства. И да, секој ден некој умира, секаде. 57 години во крајна фаза појдено на лекар, еве не знам, магично стапче да имале па немало да го оправат, според она што го прочитав од анамнезата.
Нов ден - нова причина да се самораспуштиме. Во меѓувреме, родителите на децата од Кочани денес пак на протест. Прво да прашам дали знаеме за тоа, второ колкава поддршка имаат тие луѓе? Или отидовме кај Вучиќ?
Штом идеш на протести во туѓа држава, значи се мешаш во внатрешните работи на таа земја. Епа тука постојано некои се жалат, нам ни се мешале од страна. А ова нели е мешање? Србите си плаќаат даноци во Србија, си гласаат на избори и тие ќе си протестираат ако не се задоволни. Што се мешаш? И тие 11 автобуси не се сите Срби, сигурна сум дека има и Македонци што искористиле шанса за бесплатен превоз до Белград и сендивич, ако им даваат. Патем се објавуваат веќе по ФБ кои биле денеска во Србија. И ти дома не си се средил, тонеш во куп проблеми, а одиш во соседство на протести, епа тоа е пример како не треба.
Не, не знаеме ете, тук там ете имаше едно видео од 5 секунди и толку. Колку да се каже дека смимат нешто? 61 жртва, 200 повредени, 100 остакатени, изгорени ампутирани, и ете нема ништо. А боли корни, секоја ебана вечер плачам над небото, секој еден ебан ден и минута мислам. Што со останатите 50 души у странство? Мислам логички да беа “повредени” ќе се вратеа дома .. кој знае после еден месец во клиниките како е? Сигурно ситуацијата воопшто не е наивна. Утре, еден кобен месец од нашата голгода.. и толку беше, за до туке бевме?! Искрено мислев ќе се крене народов све живо и диво на улица ќе излезе непрестано али .. грешев… Болката е неутешна, секоја една вечер на тераса под ѕвездите плачам…
Овие сендвичариве кои заминаа на митинг на Вучиќ се од онаа матрица која моменталните протести во мкд ги етикетираа(т) како соросоидни. Вучиќ ја има истата фан база како што ја имаше Груевски, полуписмени жутозуби гревови со iq70 кои ги влечат за уши и ги истовараат како стока на митинзи. Од она што го видов на социјалниве мрежи, дури ни тие 11 автобуси со вмровски гревови не успеале да креираат победничка атмосфера, скромен број на народ во однос на очекувањата. Можеби Карлеуша ги избркала, ако запеала...
Исто Витамина, и капак на сѐ мислам дека ова ја уби и последната ронка надеж дека ќе смениме нешто на подобро. Сега веќе знам дека нема, овој народ е веројатно научен вака, поинаку не знае и ќе тера до самоуништување очигледно. Ние сме народ кој го става личниот МОМЕНТАЛЕН интерес пред општото добро и подобра иднина, свесни или несвесни дека молкот денес може прескапо да го платиме утре. Не може, туку ќе, затоа што веќе сме во таа фаза на плаќање и изгледа дека каматата секојдневно ни се зголемува.
Многу се согласувам со тебе. Србите (моите секојдневни клиенти) уште некна сакав да пишам плачат пред мене, солзи, викаат ние сме наш народ, многу пати ми се случило да речат оваа е наша демек од ех ју не дека ме третираат ко србинка де, кога имам 50 души доаѓаат срби/хрвати кај мене дека демек оваа е наша, сакав да кажам дека се борат и за нас, зборуваат гласно и за нас, додека ние немо седиме и така со скрстени раце, судбина било, така било, онака, корумпирани? Па шо ако? Навикнати на страв дека засекогаш е било и ќе остане така, трагедија, судбина, овцата на комшијата, има и полошо.. а тие.. тие се гласни низ цела Европа, сплотени и сите ги видоа и слушнаа и дури зборуваат и за нас. да ти пукне душава. На италјанскиве ном стоп ги даваат по медиуми. Периодов од месец дена, еве ДЕНЕС, проклет трауматичен дем НЕДЕЛА 7:17 колку Срби ми дошле ми изразиле соочуство и плакале со мене , вистина е ова. Тука ќе спомнам и Хрвати и Бошњаци сепак, Срби од Босна, Словенци.. Црногорци али најмногу Срби..
https://faktor.mk/neka-vi-dade-drza...inaa-vchera-vo-srbija-za-poddrshka-na-vuchikj Е ова си го бараме со боринче. Ја видовте таа Македонката вчера што не знаеше да зборува српски и што не знаеше за што е дојдена? Не слушам сега „шарени“, додуша не се шарени, сендвичари се. Сега скоро бев кај Србинка од Србија, соработуваме, да не кажам детали), мажена тука, доста активна во Српската заедница, ама не отишла, иако добива пари од српската Влада со деценции. Овие овци се нашле за еден сендвич да прават проблеми. И ова не е братство, ова е против тие Срби што сакаат промени во Србија, оти натстрашница падна, уби 15 луѓе, и дали некој ќе одговара. Замислете Срби да дојдат на контрапротест ако ние правиме протест за Кочани? Е тоа е тоа што го прават Македонците во Белград. Апсолутно треба да бидат приведени таму. Чомовски вчера рече што ако некои други почнат со автобуси да одат или доаѓаат по протести? Ако почнат и македонските Албанци да одат со автобуси по Тирана и Косово, тоа ќе се илјадници автобуси или ако дојдат од Косово и Албанија тука да протестираат, што ќе е тоа? И после ќе се прават тука не сам знајала, па ние невини и чисти, па ние немаме грешки никакви, не, ние имаме грешки огромни за кои нема оправување веќе никакво. Овие треба да добијат ќотек од самите Срби и од полицијата и кривично да се гонат.
Се мешаме секаде каде што треба и ептен не треба, срам и срамота. И после ни е жал зошто не озборувале со вакви и онакви, поединците без 1 грам мозок не упропастија како народ, држава, националност. Уствари не се поединци за жал повеќе се. Срам ми е, озбилно да се спомнам за жал. Каде сме сиромашни оти не успокрадоа не ради друго, каде сме партиски овци за стрижење на сите страни, па одозгоре и устата и јазикот ни се огромни за зборување. Срамота. Семи себе си се самоуништуваме. Толку.
Во ОН нашиве пак гласале против нешто во врска со Палестина. Абе за такви некои теми, деликатни, нека гласаат воздржано. Аматери од невидени размери, и вечно е така. Нема дипломатија, нема економија, нема здравство, нема ништо и се сили, лекции за морал и етика и правда делат. Што народот, што политичарите, божем за толку криминал, корупција, смет насекаде на две педи земји, како да некој повластен третман им следува. Инаку, вчера на една српска тв зборуваа за демографијата. Испадна дека 57% од луѓето во фертилна фаза, млади во Србија, немаат деца. Катастрофа им е демографијата. На крај се утешија дека е исто и во регионот, дури и полошо. Ооооф, за Македонија ич да не се отвора прашањето за демографија, кратери има таму, не дупки, кратери. Имам пријателка од Ерменија на Фб, деновиве пишувавме и ми вели „ааа, кај нас нема смет, многу е чисто, ние многу се грижиме за нашата историја, археолошки локалитети, затоа што сме имале тешка историја, и денес ни е тешко и сакаме да ми докажеме на светот дека заслужуваме да постоиме“. Е ова е памет. Во Македонија па се што ни остана од СФРЈ, се уништи, распадна, запушти, гувци се ведат по школо во Скопје, и памет ние ќе делиме и ќе протестираме во туѓи држави.
И овие имаат право на глас... во државава... @Tanjamm Вучко добар, 11 автобуси Македонци ако "Србија не ја даваат", ама затоа протерува Хрвати кои со години и децении живеат и работат во Србија оти на инстаграм пишале против него А се правеа мутави кога Северина ја испрашуваа со саати на влез во држава за Сребреница... Слоба 2.0
Србија не ја даваат. А кој сака да ја земе? Војна ли има па не ја даваат? Инаку, за демографијата ми текна на јавни личности жени кои се оплодуваат од банка за сперма. Замислете уште колку има што се оплодиле, а не кажале јавно, оти не се јавни личности. Од Данец, Холанѓанец, и слично. Сето тоа е удар за демографијата на државата, а причините зошто е дојдено до тука се многу. Баш ме интересира зошто сите што се маваат во гради со термин „семејни вредности“, па демек, де ние, де никој друг ги нема, баш ме интересира како го коментираат ова?