Има шанси се додека го продава филмот од Бугарија дојдена во Македонија да прави кариера на патриотски македонски песни, тоа кај селска раја за по селски собири ќе запали, за повеќе тешко малку. Се ова истото првично го има на бугарски, а потоа откако виде дека таму не ја бива дојде тука да прави кариера, отвори на Јутјуб ќе видиш.
Гледав нешто малку, многу немам истражувано. За во Бугарија. Веројатно сакате да кажете дека да успееше да направи кариера во Бугарија, немаше да спомне ни М од Македонка. Ако е така, тоа е проблемот, затоа што се лицитира со бројки де милион, де пола милион, ваму се собираат стотина пензионери, кој од Бугарија, кој од Германија, кој од Грција, а и Јанко Бачев го видов на снимките. Само пениме уста на празно, де ги имало, волку, толку, ама не смееле да се кажат, а во суштина на сите им е битен личниот интерес, со исклучок на поединци. И нормално дека на 50 пензионери што играат оро, никој не се замара да им даде права, да излезат сега илјадници на протести, да видам дали ќе е исто. А милион и слично се според мене измислици, оти милион може да бутне цензус на избори.
Тензично во комшилук Интимните „активности“ во становите за краток престој низ Скопје ги оставаат соседите без сон Граѓаните што имаат вакви проблеми со станови во нивната зграда, кои се издаваат на час или два или за една ноќ, прашуваат дали има институции што водат контрола за издавањето станови за ваква намена, пријавени ли се во Управата за јавни приходи, казнува ли полицијата за ваквото нарушување на мирот на жителите и дали управителите имаат некаква надлежност за овој проблем. Граѓани од сите населби низ Скопје што живеат во згради, се жалат дека имаат сериозни проблеми поради соседите што ги изнајмуваат становите во кои не живеат за краток престој, односно за по неколку часови или за ноќ. Велат дека поради бучните интимни „активности“ од соседните станови остануваат без сон, дека среде ноќ ги преместуваат децата во собите што се подалеку од онаа со која ги дели заеднички ѕид со станот што се изнајмува за таква намена, затоа што едноставно не знаат како да им објаснат какви се тие звуци што ги слушаат.
Денот на победата во Москва: Најголемата воена парада во последните години ја одбележа 80-годишнината од триумфот над фашизмот! Громогласниот повик „УРА“ од илјадници војници одекна на Црвениот плоштад, каде Русија го прослави Денот на победата со најмасовната воена парада во последните години. По повод 80-годишнината од триумфот над фашизмот во Втората светска војна, Москва прикажа импресивен воен арсенал, а претседателот Владимир Путин испрати остри политички пораки за војната во Украина. Парадата, проследена од светски лидери, предизвика реакции во Европа поради присуството на одредени политичари. Импресивен приказ на воена моќ за Денот на победата Парадата на Црвениот плоштад собра 11.500 војници, што е за 5.000 повеќе од минатогодишната. Русија ги изложи своите најнови тенкови, дронови и авиони, вклучувајќи оружја прикажани за прв пат пред светската јавност. Овој грандиозен приказ на воена сила, според властите, ја нагласи моќта на земјата во време на конфликтот со Украина. Маршот на војниците и дефилето на техниката го одбележаа Денот на победата како симбол на руската воена традиција. Пораки на Путин за Украина и историјата Во својот говор, Путин ја бранеше руската офанзива во Украина, тврдејќи дека е продолжение на борбата против „нацизмот“. „Ги научивме лекциите од Втората светска војна, а искривување на фактите кои ги клеветат победниците нема да се дозволи. Русија била и ќе биде непробојна бариера за нацизмот, русофобијата и антисемитизмот. Ќе продолжиме да се бориме против ѕверствата направени од тие што ги промовираат овие деструктивни идеи. Вистината и правдата се на наша страна“, изјави тој пред насобраната толпа. Путин нагласи дека рускиот народ ја поддржува „специјалната воена операција“ против режимот во Киев. Неговите зборови, изречени во рамките на Денот на победата, предизвикаа полемики, особено поради споредбата на тековната војна со историската победа од 1945 година. Светски лидери на парадата На настанот присуствуваа 27 државници, меѓу кои кинескиот претседател Ши Џинпинг, кој седеше до Путин и уживаше привилегиран статус. Венецуелскиот претседател Николас Мадуро и бразилскиот лидер Лула да Силва, заедно со повеќе претставници од Африка и Азија, ја збогатија листата на гости. Единствен политичар од земја-членка на ЕУ беше словачкиот премиер Роберт Фицо. Белорускиот претседател Александар Лукашенко, српскиот претседател Александар Вучиќ и претседателот на Република Српска, Милорад Додик, исто така, беа во Москва. Реакции од Европската Унија Присуството на Фицо предизвика остра реакција од шефицата на европската дипломатија, Каја Калас. Таа порача дека посетата на Русија, земја што ја напаѓа Украина, „нема да помине без последици“. Слична критика беше упатена и кон Вучиќ, чие учество беше оценето како спротивно на аспирациите на Србија за членство во ЕУ. Овие тензии го нагласија политичкиот контекст на Денот на победата, изложувајќи ја поделбата меѓу Европа и Русија.
Копитово ја користи трагедијата да испадне хуман, колку оо го болела душата да мора да стави животи пази ЖИВОТИ над политика. Кој безобразлук. Иди бе брате скриј се после кажаново. Ама шшшш, никако по политичари да плукаме, све е системот крив
Не било лесно да се прифати, како не, па Македонија откако постои се шлепа на туѓ грб, де брашно, де зејтин, де вакцини, де струја, и што не, и на крај Македонија е таа што им забива нож во грб на пријателите. Македонија е нешто како пријател психопат, некој што те искористува и ти копа гроб, те озборува после, те грди секаде, работи против тебе. Не ми текнува на некоја друга земја толку подмолно да се однесува кон тие малку пријатели што ги имала.
Ко го прочитав насловот дека Мицкоски преземал целосен ризик за момент си помислив дека се решил да даде оставка, а то шо да ти било го разбудил обезбедувањето на Панче во 3 сато сабајле и тргнал за Кочани. И на крајот шо тресе Панче, го тресе Мицкоски да стане од кревет на сабајле.
Слушајте го Љубчо Георгиевски, Македонец роден во Делчево како тоа зборува по којзнае кој пат дека македонската историја е една од најфалсификуваните во Европа, а можеби и во светот. Што тогаш се лутиме на туѓи негации? Па ова се куп нејаснотии, секој политичар своја верзија на историјата ни пласира, што е тотално ненормално. Инаку, кога се потпиша Преспанскиот договор беше кажано дека сега Грција го признава јазикот, ете ќе преведуваат книги од македонски на грчки. Демек сега почнува тоа. Тоа не е точно. Читав книга за старогрчката литература, така што Викторија Теодору чиј татко бил Македонец, зограф од Велес одамна го превела Кочо Рацин на грчки јазик. Таа нормално живеела во Грција, нејзината биографија ја има на Википедија.
Ima li sram onoj advokatot Dukovski sto go branni Vasil sto mu bila visoka kaznata sto krvnicki bese pregazena,,? Treba sistemot da se menuva za vakvo delo treba da ima najstrogi kazni za vozacite, toa sto bilo niski kazni se odrazuva po nasiot trul sistem! Ima li Advokatov deca na negovoto dete da miu se slucase dali ke barase mala kazna?
Ајдее да си ги гласате пак.. Не знам како не ви е срам од Господ и од себе. Си ја давате душата за едно работно место. Еве в штаб сум, да ме стаат у општина на работа.
ВМРО ти е антимакедонска партија, полна со лица кои беа јаки Македонци, па станаа бугарофили, па еве ги и чисти Бугари се прават. Еден таков е еден бивши пратеник од Велес, ене го Бугарин сега веќе се претставува. А се знаеле, ја тие се Македонци, ја никој друг и ќе кажуваат кој е Македонец, а кој предавник. Дно. Ваква партија нема во нити една од државите кои на форумов биле критикувани било кога и за било што. Тоа не се нивни пари, народни се, а тие се само привремени менаџери. Па кога ќе отидат во Брисел, лелел, лелел, предавања држат, неработници едни. Глумат жртви, оштетена странка, а да ги објават Бугарите, пола се Бугари на документ и сигурно имаат пасоши. Тие ќе зборуваат за идентитет.
1 милјарда зедоа кредит и ги испрокрадоа , ништо не направија за народот ,ова е брука ова е пљачка кој дојде украде само будала би излегла на гласање Од 1милјарда евра не можеа да му помогнат на народот што се во сиромаштија ? 100милиони се на извршител дај му на народот леб , 3 дете кај е паричната помош ? Ова е најлошта власт заедно со владата на Зоран заеб овие се тешки скапеници , кои не си ја сакаат државата ниту народот Штом тој е адвокат знаете дека обвинетиот е крив , тој само на такви им е адвокад
На Пеката наместо базенов повеќе би му одговарало некој бара. (Фото) Апасиев го гаѓал Пеката со филџани во Собрание, откако овој му се заканувал
Владата продолжува да го ужива благодетот на политичката функција, а народот, ма народот кој го Е. Функционерите ќе јадат сирења, кашкавали и ќе пијат млекце за 3,6 милиони денари Плус да не заборавиме колку си ги покачија платите, абе нека живеат... Од денеска функционерите ќе добиваат енормно повисоки плати
Готово Мицкоски со ќутенката потпиша. Дали „стратешкото партнерство“ со Велика Британија значи камп за мигранти во Македонија? Британците објавија официјално соопштение: Мицкоски ПОТПИШАЛ ДОГОВОР за приклучување кон Заедничката работна група за миграција
Прост народ силна држава, за 300 евра плата на државно сигурноста на децата си ја продадоа, сеа плајмот кој силува и убива у британија ќе дојде у македонија….
Битно локални избори идат а проста, гладна и бедна раја која лижеше расипан сладолед со поминат рок пред години во нашиот Чациленд ќе шлука, ќе се радва на вакви проектчиња како ова подолу и ќе аминува со амин низ коментари на социјалните мрежи.
Веќе нема простор да доаѓа било кој овдека, ни еден единствен човек, затоа што мнозинскиот народ е во голема деморгафска криза, море не криза, во катастрофа и тоа е така од самото осамостојување на државата., само што сега се забрзува процесот. Нема што нема во државата од националности, ама секој ден има се помалку Македонци. Британецот си прашал за Албанија, одбиле, овие може и сами да се понудиле за пари. Не им е крив Британецот, си прави договор, а и не знам што би понудила Македонија на Британија, реално? И сетете се што зборуваа ВМРО, СДСМ ќе ни донеле мигранти, ќе имало кампови.