Актуелни политички настани

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Ariel, 3 август 2010.

  1. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.587
    Допаѓања:
    13.985
    Дел од медиумите пишуваат дека тие 6 милијарди се заем од Британија. Милијарда од Орбан и овие 6, 7 милијарди. Кој тоа ќе го врати? Страшна работа. Власта тие е како оние пропаднати ликови што земаат брзи кредити.
     
    На truffles му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Bratot

    Bratot Популарен член

    Се зачлени на:
    26 април 2019
    Пораки:
    4.946
    Допаѓања:
    17.054
    Пол:
    Машки
    @Realist1 од патриотиве кој од кој поопасен.
    Нека живеат.

    Богојески пријавил криптовалути од над милион евра во анкетниот лист, има и сметка во Бугарија
    716.jpg

    Новоименуваниот директор на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, Петар Богојески, пријавил висока вредност на криптовалути во својот анкетен лист до Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК). Тој поседува 11 биткоини, за кои проценил дека моментално вредат 59.734.070 денари (околу еден милион евра), како и 129 етериуми купени во Србија за 125.000 евра.

    Слично како директорот на Управата за извршување санкции, Александар Пандов, и Богојески е меѓу функционерите кои пријавиле значајни крипто-влогови. Пандов претходно навел дека поседува 10 биткоини, кои ги проценил на вкупно 600.000 евра, односно околу 60.000 евра по единица.

    Покрај криптовалутите, Богојески има и сметка во Бугарија, но нема информации за нејзината состојба. Во 2012 година купил стан со гаража во општина Карпош, со сегашна проценета вредност од 278.000 евра. Годинава во Ракотинци купил земјоделско земјиште вредно околу 26.000 евра. Исто така, минатата година набавил нов SUV модел „Фортинг T5EBO“ за 30.000 евра.

    Во делот на деловни удели, тој поседува 61% од компанијата ДТУ „Бегова Корија“ ДОО Скопје, која го стопанисува одморалиштето „Шула Мина“, со вкупна проценета вредност од 550.000 евра. Има и влог од 5.000 евра во компанијата ВФП Фонд Менаџмент.

    Богојески пријавил и низа странски финансиски вложувања. Од 2020 година има влог од 50.000 евра во американски валутен фонд и животно осигурување вредно 15.000 евра. Осигурителни полиси имаат и неговата сопруга и деца, додека неговите деца поседуваат акции во банка во основање во САД – иако не се наведуваат точни суми.

    Тој има две девизни сметки (во евра и долари), два персонални сефа (еден во евра, друг во денари), како и девизна сметка во банка во Бугарија. Има и девизна готовина – наследена и стекната – во вредност од 120.000 евра.

    Во листата е вклучен и златен накит проценет на над 40.000 евра, како и икони со благородни метали вредни околу 20.000 евра.

    Платата што ја добива како директор на агенцијата изнесува 87.000 денари месечно.
     
    На Realist1 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Stark

    Stark Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јуни 2013
    Пораки:
    6.340
    Допаѓања:
    21.631
    Пол:
    Машки
    Ако овој поседува олку.... замислете другиве што се имаат...
     
    На eliesaab и Realist1 им се допаѓа ова.
  4. GirlRose

    GirlRose Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јануари 2014
    Пораки:
    5.175
    Допаѓања:
    27.329
    Македонија уште е во среден век. Феудалци се хранат од данокот на обичните селани.
    Ако, малку ни е. За млекце има од 3.6 милиони, за луѓето од Кочани нема...
     
    На eliesaab и Tanjamm им се допаѓа ова.
  5. Albertos

    Albertos Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 септември 2015
    Пораки:
    253
    Допаѓања:
    400
    Тоа е. Џабе се лафи. Ќе дојдат избори пак ќе трчаме да гласаме.
     
    На Stark, Букерко, Realist1 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.587
    Допаѓања:
    13.985
    Почнаа вмроните како тоа многу јако ќе било со парите од Британија, морало да земаме заеми за развој, па споредби Грција должела, па САД должела. Ало бре, Македонија со САД ја споредуваат со првата сила во светот и со Грција, земја што има многу пријатели за разлика од Македонија и секогаш може да смета на ЕУ.
     
    На Realist1, monibejbi и Stark им се допаѓа ова.
  7. Stark

    Stark Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јуни 2013
    Пораки:
    6.340
    Допаѓања:
    21.631
    Пол:
    Машки
    Надвор од сета реалност се, само ајде пак го возат живото на најјако. :D
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Justicija

    Justicija Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2017
    Пораки:
    5.943
    Допаѓања:
    19.767
    Пол:
    Женски
    Ова не е нормално луѓе тие 7милјарди народот немат да ги види тие меѓусебно ќе ги искрадат
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Аргентина *

    Аргентина * Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    4.929
    Допаѓања:
    9.669
    Пол:
    Женски
    Дури има човечки ботој кои за се си ќутат и во се ги поддржуваат. Луѓево мислат дека ако вмро е на власт, ќе се реинкарнира Александар и Македонија пак ќе биде до Индија.
     
    На Amelia и Tanjamm им се допаѓа ова.
  10. Аргентина *

    Аргентина * Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    4.929
    Допаѓања:
    9.669
    Пол:
    Женски
    Во мк пес да го врзиш - не седи, а не пак мигранти ќе иделе.
     
    На Amelia, BlackNight, vouager и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.587
    Допаѓања:
    13.985
    Тоа е целосно нездрава работа. 7 милијарди евра, ејјј, долг за една година. Тоа е цел еден државен буџет, а сметајте плус камати. Кој нормален и паметен народ живее од кредити? Кој во светот доживеал подем оти земал кредити? Никој. Луѓето се екстремно глупави, ми кажуваат „абе парите ќе ги насочеле“, враќам „доста бре, ќе насочиле, што направија толку години, па ќе насочиле, ќе крадат“. Кој и да им даде кредити, еве и донации нека им дадат, за Македонија спас нема, нема млади луѓе, само старци по улици со една нога в гроб. И таа младина што ја има по улици, тие не се Македонци, претежно се Роми и Албанци. Кој ќе продуцира економија, раст, и од што би земале пензионерите пензии во иднина? Државата ќе доживее банкрот во иднина со оваа неодговорност. Тие што веруваат како малоумни деца, абе пари ќе насочеле, да дефинитивно треба да останат без пензија, без денар поради државни долгови, оти веруваат, парите паметно ќе ги насочеле, какви глуперди, немаат храброст да се соочат дека гласале за неспособни. Немаат храброст да се соочат со вистината дека ова не е добро. Па зошто сите се смееле? Како нема да се смеат? Веруваат на српски ретардирани пропаганди дека еве и САД тоне во долгови, па се споредуваат.
     
    На Amelia му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Bratot

    Bratot Популарен член

    Се зачлени на:
    26 април 2019
    Пораки:
    4.946
    Допаѓања:
    17.054
    Пол:
    Машки
    Наводно точаков ги копал злоупотребувајќи компјутери во Министерството за одбрана, а струјата потрошена за нив платена е од буџет.


    Ќе трчаме само ако дадат добар сладолед и сендвич, а може и по некое степче да свежниме душичка.
     
    На SummerGirl и Realist1 им се допаѓа ова.
  13. Stark

    Stark Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јуни 2013
    Пораки:
    6.340
    Допаѓања:
    21.631
    Пол:
    Машки
    За некого државата е мајка за некого маќеа. Поперфектен пример од ова нема..
     
    На Realist1 и Bratot им се допаѓа ова.
  14. Bratot

    Bratot Популарен член

    Се зачлени на:
    26 април 2019
    Пораки:
    4.946
    Допаѓања:
    17.054
    Пол:
    Машки
    Абе @Stark овај Пеката лека полека како е тргнат со патниве трошоци најголем магнат во Прилеп Че ви испадни :D

    Наплаќа:cash: како на секоја седница од Прилеп до собрание директно со приватен авион да го носат.

    934.jpg
     
    На Amelia, Букерко, Billy Idol и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. Meni65

    Meni65 Активен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2025
    Пораки:
    14
    Допаѓања:
    12
    Пол:
    Машки
    Затоа и не носат и применуваат закон за потекло на имот (на сите граѓани). Нема да можат така лесно да си товарат магарето. Наводно предлог законот се изгубил :)
     
  16. Billy Idol

    Billy Idol Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 септември 2018
    Пораки:
    5.405
    Допаѓања:
    40.844
    Пол:
    Машки
    Додека ние се расправаме на дневно политички теми, они си склучија договор за кредит од 6 милијарди, и тон имигранти.

    Единствена добра работа во Македонија е безбедноста. Сега кога ќе ни го донесат цел најголем шлајм од Англија, затвореници и криминалци, пиши пропало на државава.
    Последниот клин во кофчегот го коваат.
     
    На Realist1, Amelia, eliesaab и 3 други им се допаѓа ова.
  17. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.587
    Допаѓања:
    13.985
    Српскиот Црвен Крст собирал 15 милиони динари за кочанчани, истите Срби на кои нашата власт ни сочувство не им изрази по масакрите во Рибникар и Младеновац. Истите Срби што Заев ги нарече националисти, Љубчо редовно ги навредува, а Мицкоски се гордее оти ВМРО покажало кое е Косово. Тоа ти е како шеф на запалена колиба и нива со бостан да те провоцира, а ти му помагаш.
     
    На Amelia му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Bratot

    Bratot Популарен член

    Се зачлени на:
    26 април 2019
    Пораки:
    4.946
    Допаѓања:
    17.054
    Пол:
    Машки
    Градоначалничката Данела Арсовска „лови“ дивоградби во Чаир

    Без одобрение за градба, на државно земјиште и без проект за безбедност, градоначалничката на Скопје – Данела Арсовска во живо од својот фејсбук профил обелодени наводна дивоградба во општина Чаир. (инсерт 6 сек 26:34 - 40). Таа го повикува градоначалникот на Чаир – Висар Ганиу но и министерот за внатрешни работи – Панче Тошковски, да ја истражат изградбата на овој објект кој дополнително е и незаштитен иако се наоѓа веднаш до основно училиште.

    Градоначалникот на Чаир, не одговори на повиците на ТВ24 дали објектот е дивоградба.

    Од МВР пак наместо одговор што превземаат околу овој објект и дали ќе биде стопирана изградбата, рекоа дека поднеле пријави во врска со непрописно паркираните возила на булеварот.

    Министерство за внатрешни работи: Од страна на полициските службеници легитимирани се четири лица и поднесени се три пријави по чл.6 ст.6 од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата во врска со непрописно паркираните возила.

    Градоначалничката Арсовска тврди дека полицијата во општина Чаир и покрај пријавите од станарите околу објектот, не доаѓале да постапат по дојавата за дивоградба.

     
  19. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.773
    Допаѓања:
    41.782
    Пол:
    Машки
    Трајко Славески и официјално предлог за гувернер :D

    Ќе речев циркуз без пари, ама скапо го плаќаме.
     
    На KuklickaSk, LiquidLuna, mareane и 2 други им се допаѓа ова.
  20. mickey18

    mickey18 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 октомври 2024
    Пораки:
    234
    Допаѓања:
    256
    Пол:
    Машки
    Добро според тебе кој требаше да биде предложеш на Гувернер?