Другар, и јас ја хејтам Арсовска ама ти си некст левел колку пати ја спомна машала И гувернерот... Не е за таму лол
Ацо Лигња го потпиша договорот а? Ај, со здравје да си ги трошиме милијардите Северна Македонија потпиша договор за соработка со Обединетото Кралство вреден 6 милијарди евра – деталите непознаница Заменикот на претседателот на Владата, Александар Николоски, денеска во Лондон, во име на Владата на Република Северна Македонија, го потпиша Договорот за политичка и економска соработка со Обединетото Кралство. Со овој договор, на Македонија ѝ се овозможува пристап до 6 милијарди евра за финансирање на големи капитални проекти во неколку стратешки сектори. Николоски нагласи дека потпишувањето во историската „Черчилова соба“ во британското Министерство за трговија и бизнис има силна симболика и претставува сигнал за продлабочување на партнерството меѓу двете држави. Тој го оцени договорот како пресвртница што ќе ја издигне Македонија на ново ниво на развој, овозможувајќи реализација на инфраструктурни проекти во транспортот, образованието, заштитата на животната средина, ИТ секторот и здравството. Обединетото Кралство обезбедува поддршка преку својот Инструмент за надворешно финансирање во износ од 5 милијарди фунти – што претставува најголема економска рамка во историјата на Македонија. Веќе се подготвени три проекти за имплементација: изградба на брза железница долж Kоридорот 10, нови болнички капацитети, како и нови образовни установи, вклучувајќи и Медицински факултет. Се најавуваат и идни проекти во областа на енергетиката и екологијата. Николоски посочи дека покрај финансиската поддршка, Македонија ќе има корист и од британското административно и бизнис искуство, што ќе помогне во унапредување на јавната администрација и приватниот сектор во земјата. На крајот, тој изрази очекување и за потпишување на Договор за стратешко партнерство, кој заедно со овој денешен договор ќе воспостави нова димензија на односите меѓу двете земји – надвор од рамките на НАТО-сојузништвото, насочена кон посилна билатерална соработка.
Ја задолжија оваа држава за наредните 50г. Само будала може да планира да остане да живее тука. Ќе враќаат и нашите деца , дури и внуците.. А се смеевме на Грција пред 15г кога беа ред банкрот.
Да ми е да знам со што покажал успеси Славески освен со факултетска теорија. Башка изјавите за двоцифрени камати и минималец му се легендарни. Иако со такви камати може да западнеме и во рецесија. Иако професорска плата е над 80000, а паушал за град Скопје над 30000, се ценкаше за 2-3000 повисока минимална плата. Па се ценкаше за 3 или 4 лица во семејството, контра својот народ. Тешко нам со така "успешни" економисти.
Можеш ти да му го оспоруваш и негираш неговите квалитети како економист, но тоа нема да смени дека е еден од најуспешните и подобри економисти во Македонија.
И мене баш ме интересира кои се неговите квалитети, напиши овдека поопширно за него што допринел тој за државава.
Се гледаше дека го спремаат за некоја голема функција, штом повторно се врати во политиката, но сметам дека му беше безврска "излетот " и оние глупости со Данела во Советот на Град Скопје. А за тоа каков експерт е треба да бидете навлезени во економските води за да сфатите. Човекот предава макроекономија, регулација.. тоа е крвотокот на економијата. И ги има во малиот прст, само тоа ќе кажам. Ја на пример највеќе го памтам по менаџирањето на Буџетот во екот на најголемата светска економска криза во поновата историја. Може не се сеќавате или не ви одговара, ама државата тогаш успеа да врати доста земени кредити од минатото и го достигна врвот во незадолженоста во својата историја. Просто станавме најмалку задолжена во ситуација на светска криза. Ептен беа штедаџии во тоа време. А земете за пример сега колку е задолженоста на државата... повеќе од 50% па може и 60% од Бдп , што е алармантно. Од друга страна е тежок скржавец и голем противник за зголемување на минималната плата. Што беше негов став и во времето кога беше министер и воопшто не ми се допаѓа. Како некој на кој му има предавано и имав некаков контакт со него уште не ми е јасно како си дозволи еден таков капацитет да се валка со партиски работи и препукување, држење на партиски пресови и сл..
МногУ умно збори. Вака, на камера не дтка на пример...нема акцент... во костимче е стално. Баба ми да беше жива све ќе му веруваше... значи човек кој влева доверба. Топ избор, подобар здравје
Кур мој, ене ги од кај мене фамилијарно, сите имаат бугарски само за патување. Ич к не ме боли, нека цркнат, тие што извадиле за леб алал, ама другите, нека цркнат.
Сигурно сте ја виделе снимката од Митровица, каде српски матуранти поминуваат, еден од кафич им покажува двоглав орел со рацете, а српскиот матурант враќа со среден прст. Полицаецот оди и го фаќа за врат, му пушта крв на вратот, а другите си продолжија, си играат, си свират трубачи. Значи косовски полицаец дави за врат едно јадно младо дете, другите не се ни вратија, иако видоа што се случува. Си играат додека некого може да го задават. Тоа многу кажува зошто православјето е на ова дереџе. Останаа еден професор и една професорка, стари луѓе да го бранат детето, на крај настана мешаница, детето се извлече некако од гужвата. А и многу малку српски деца, очигледно се само една паралелка. Крајно не требало да поминуваат на места каде може да настане провокација, помини си по српските улици и готово или игрорирај, па колку сака нека покажува орли со раце. Страшно, очајно, ама едноставно 2% не можат никако да се борат против 92-93%, ниту демографски, ниту демократски, никако. И многу крвничко однесување, а другиот полицаец го повлече колегата за раце да не го дави. Очигледно има некои што се ептен фанатични и националистички настроени, спремни се да убијат за покажување среден прст.
Хм, и слепа кокошка ќе клукне некое зрно. За оние како мене не-навлезени во економијата, ММФ и СБ редовно имаат мисии со нашите институции, ги советуваат како да постапуваат, секоја година по неколкупати. Растечката инфлација 2008-2009 беше регулирана токму од НБРМ. Инаку Славески е разрешен од министер по предлог на Груевски. Нешто пред тоа, од Агенцијата за приватизација (и мин за развој) исчезнати биле случајно милиони тогашни марки. Ако ги ставиме на вага тие "негови" успеси и она што го изменаџира во град Скопје, министер за развој итн итн како и изјавите за двоцифрени камати, минимална плата, идејата (која ја поддржа) за албанска академија во Македонија и ред други промашени изјави како и потеклото...малце луцкасто изгледа во што све тој "успеал". Патем, Бежоска се бореше со најмалку 3 глобални кризи. Штета што тоа го забораваме.
Еден период (додека Љубчо беше на власт) даваа кафе и локум со вкус на ружа И од двете партии ми доаѓаа на врата. Стандард..... Зборат како да уклучиле касета и еднаш им реков Вработете ме, па ќе гласам за вас. Ме погледнаа во стилот Ват д фак
Ексик веќе го научија народов на нездрава храна и нездрав живот, дај му благо, солено, сетпче и толку е ги гледаш сите после колку високи толку широки.
Пеката можи не со авион ами се развозва со џипов и наплаќа дебело од буџет, амааа затоа советничкава на министерот за земјоделие Трипуновски си гази живот на висока нога со приватни летови а пропратно си филозофира со цитати од Семе Синапово и си ужива. Нека живеат.
Значи исти финти само народот овци. Ја го памтам времето кога бедниве сдс делеа исто кафиња, локуми со ружа,шеќер, а најјакото што беше беа со поминат рок.Може некој се сеќава беше некаде можеби 2010/11 кога губеа катастрофално. Бедотија..