Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Актуелни политички настани

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Ariel, 3 август 2010.

  1. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.642
    Допаѓања:
    202.093
    Пол:
    Женски
    Златна, ќе нè нема затоа што некој друг така ќе одлучи. Што мислиш, зошто го влечкаат спорот со името, зошто се случува ова што се случува? Ни дадоа некоја година да се порадуваме дека ќе имаме држава, за некоја година ќе нè поделат. И по 10 деца да раѓаме, џабе ќе е, во иднина Македонија ќе ја нема на картата затоа што така ќе одлучат оние „големите“. А дали ќе биде по мирен пат или со сила, не знам, ама сигурно е дека ќе се случи.
     
  2. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    11.186
    Допаѓања:
    136.018
    Не е точно дека сиромаштијата прави да нема доволно деца. Најбогата жена во РМ или меѓу најбогатите е жената не Бобо Дајнерс, и ете ја, има едно дете.
    Иксмен, 100% со во право за делот дека никој не треба да ја плука македонската жена. Ама форумов ти е супер место со репрезентативен примерок каде жените се мразат и навредуваат. Каде мајките се расправаат по форуми и не си ги гледаат децата, а свекрвите им се криви.
    За жал, ние имаме образовани жени со диплома, ама прости. Дипломите се купени, мозокот им е испиен. Не мислат на деца, мислат на шминки и нокти и дали се убави на ФБ.
     
  3. Waka-waka

    Waka-waka Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2010
    Пораки:
    2.273
    Допаѓања:
    8.904
    Јас не мислам дека парите се единствен предуслов за една жена да има или нема дете. Едноставно некои жени се доволно свесни дека не сакаат да бидат родители или не сакаат да имаат повеќе од едно дете.

    Куче да купиш е огромна одговорност,а не дете да имаш.Некои луѓе не се одговорни или не сакаат да сносат одговорност и за друга(или повеќе од една,две личности).И може звучи себично.Ама посебично е да роди зошто смета дека така треба. Секој треба да е свесен за своите можности. И тоа е за почит.
     
    На Hipster, Dpokahontas и Nymeria им се допаѓа ова.
  4. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    8.236
    Допаѓања:
    140.267
    Еве сега снегот ќе придонесе за поголем наталитет. Ладно, мора да се згрее народ и оп... дечиња. И да ви кажам пред некоја вечер кога немав струја добри 3-4 саати, сигурна бев дека е дел од кампањата за трето дете :D

    Шега на страна, втор обид дискусијата да се пренесе во соодветната тема: politika-i-nastani/natalitet-mortalitet-t14628/?hilit=


    За друго дојдов... не дека е политички настан, ама денот на дрвото страшно ми иде на живци. За утре имав триста работи со државни институции испланирано уште од пред еден месец, и одненадеж... утре да ти било ден на дрвото! Никој ништо не планира.
    Наравоучение: никогаш не планирај нешто во среда, не се знае која среда ќе биде ден на дрвото.

    И нека не ми кажува никој дека во сабота ќе работат, сум видела како одработуваат. Никако не можам да ја сфатам поентата. Ако некој сака или мора да сади дрва, нека сади за викенд, што мора да е среда?!?

    Е сега прашањето ми беше: се садат дрва кога е 2 степени и врне снег?
    Се садат, ама дали ќе никнат, тоа е друг муабет...
     
    На Li0ness, imelda и Dvolicen им се допаѓа ова.
  5. darcy

    darcy Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2011
    Пораки:
    2.177
    Допаѓања:
    5.896
    И јас го гледам снегот и се прашувам кое тоа дрвце ке се фати (ако секако се стаса до местата за пошумување, бидејќи знаеме колку сме спремни за снег по патиштата).

    Потполно се согласувам дека прогласување неработен ден е глупост, и дека акцијата треба за викенд да се прави (а патем и подобро две недели оние вработени во Македонски шуми да садат дрва под надзор на стручно лице одошто куп ентузијасти што немаат поим од садење да закопаат дрвце во дупче во земјата).

    И на крај, многу ме интересира каде се сите милиони засадени дрва од минатите акции? Зошто во рекламата за денот на дрвото не се ставаат снимки од типот "пред ден на дрво 2009" (пример) и "шумата денес". Бидејќи огромни суми пари се издвоени, редно е да видиме за колку хектари е зголемен шумниот фонд на Македонија.
     
    На Ariel му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    11.186
    Допаѓања:
    136.018
    Имаш досега учествувано на акцијата? Барем еднаш?
    Второ, знаеш колку му треба на едно дрво да порасне па да се гледа шума?
    Трето, ги знаеш основните предуслови за дрвцата, и тоа од оние баш кои ќе се садат утре?
    АКо имаш одговор на овие прашања, нема ни да го напишеш постот.
     
  7. darcy

    darcy Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2011
    Пораки:
    2.177
    Допаѓања:
    5.896
    Растена сум и во куќа со двор и блиску до Водно и знам како растат дрвата.
    И да, за шума треба многу време, но за пољана насадена со тенки стебленца што малку пркнале да се види на слика и те како може. Бидејчи милиони дрва се во прашање.
    А за денес знам прво дека луѓето баш нема да се потегнат од дома да излезат по снегот дрва да садат. Второ, знам дека по ридовите и не е така лесно да се качува со тазе паднат снег. И најпосле, идеално за садење не беше сега кога падна снегот, туку пред да падне, за да може веднаш потоа снежната покривка да ја штити и температурата кај коренот.
     
    На Abeja му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.179
    Допаѓања:
    12.931
    Требаше порано да се засадат додека беше убаво времето. Вака во снег дали и ќе се фатат.
     
  9. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.179
    Допаѓања:
    12.931
    Кичево вештачки го добија со гласови од дијаспората. Куманово нема да добијат градоначалник во наредни 10 год, затоа што се 20% од гласачите овдека. Нема толку Роми како што мсилиш овдека. Читај последно од Завод за статистика, тие имаат наталитет во Тетово, Гостивар, Чаир, Студентичани, ама паѓа во Дебар, Кичево, Другово, Осломеј. И зошто да се споредуваме со нив кога знаеме дека си диво и просто племе. Нека роди некоја Албанка и 30 деца ако сака пак ќе си бидат проста маса.
     
  10. Nymeria

    Nymeria Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    758
    Допаѓања:
    3.659
    Сиромаштијата плус образованието прават да нема доволно деца. Се интересираат за нокти и шминки затоа што нокти и шминки ќе ги купиш денес, утре и да ги немаш ништо страшно, а дете еднаш кога ќе го родиш цел живот е твоја одговорност. А знаете што значи одговорност, што значи родител, пожртвуваност?
    Тоа што повеќето од луѓето се свесни дека не можат да си дозволат дете (да, дете почнува да биде луксуз), не ги прави себични, туку баш спротивното.
    Себично е да родиш дете колку да го имаш, а да знаеш дека ниту сам не можеш да преживееш месецот. Нелогично е да мислиш дека шминки кои се купуваат еднаш во месецот може да се споредуваат со секојдневен трошок како дете.
    На страна психичка подготвеност која е индивидуална, кои сте вие да судите зошто некој нема деца?
    И зошто некоја која како што викаш е образована ама проста и со испиен мозок кој мисли само на шминка, би требала да има дете? Ако е толку испиена во мозокот уште подобро што нема дете, нели?
    Ако биле спремни, до сега ќе имале деца.
    И не знам како може еден форум да ти биде репер за состојбата на жените во Македонија. Па и мајките се расправале по форуми а не си ги гледале децата, да.
     
    На Daydream, Filiposka, Hipster и 5 други им се допаѓа ова.
  11. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.179
    Допаѓања:
    12.931
    А Валерија запна Турци, Босанци сите во исти кош со Албанци. Нема врска, и не мислам дека Босанците и Турците одработуваат за Голема Албанија затоа што многу од тие што се од овој етникум, ги знам имаат по 30 год, а не се во брак и немаат деца. Е сега тука се чуден феномен Торбешите, почнаа поголеми Албанци од Албанците да се прават и така да се чувствуваат. Албанците не треба толку да се удираат во гради, нека погледнат колку нивни жени од Албанија вера сменија за да се омажат во некое македонско село со 20 куќи, на 30 км од град.

    А за Македонките дека не биле морални, нема врска. Отворете во “анален секс“ па ќе читате колку муслиманки практикуваат анален за да бидат девици. Кога ќе ја видиш средена во град, фармерките и пукаат, шминка, фризура, мислиш девица е, се чува за прва брачна ноќ, поштена? Нема врска, и бетер од нас се.
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
  12. fighter

    fighter Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јуни 2010
    Пораки:
    1.249
    Допаѓања:
    2.485
    http://sitel.com.mk/mk/divite-preprodav ... -bez-stoka

    Да се разбереме, против сивата економија сум, но сепак...дали ова се случува на битпазар, на пазарот во Тетотво, Дебар, Струга :?:

    а во прилог најпатетичниот текст, по повод овој настан, објавен во интернет издание на „изворот“ на гореспоменатата информација
    ах ...пуст да е, пуст да би останал животот кучешки, кога зависи од потребата настаните може да се релативизираат или пак потенцираат |(
     
    На Hipster, jb82 и tessie им се допаѓа ова.
  13. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.779
    Допаѓања:
    22.421
    Пол:
    Женски
    Цка, ненормално смешно ми е тоа што мислиш дека Шеќеринска и мажот и се најбогатите луѓе во Македонија.
    Хистерично смешно да се става имотот на Дајнерс кој е таму само еден обичен директор на Дајнер, а не е сопственик на истиот. Покрај толку големи милионери од типот на Минчо & CO сите за Бобо се фатиле, да се смеам или да плачам...

    Па и жена му на преседникот има едно дете, ако веќе сте почнале да атакувате на тоа, или она не е жена на директор т.е не од опозиција па не е битна.

    Не ја бранам Радмила нит ми е битна, ама си родила колку што смета дека треба да има, и сите мајки кои родиле едно дете вклучувајќи ја мајка ми и многу други не го направиле тоа од себичност или за да одат на масажи секоја недела туку само од една причина- за да можат на тоа ЕДНО дете да му овозможат се во животот.

    Па и ако не сака да роди некоја жена тоа е нејзино право и никој никој нема право да и се меша или да и придава епитети како непатриотка, распушена или себична. Себични се они кои раѓаат колку да се каже дека имаат 3 деца, а после им овозможувааат живот кучешки.
     
    На nena2010, fighter, Daydream и 5 други им се допаѓа ова.
  14. darcy

    darcy Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2011
    Пораки:
    2.177
    Допаѓања:
    5.896
    Некои од тие жени со едно дете се благодарни на Бога и за тоа едно - и поминале низ ред третмани, стимулации, прегледи, ин-витро и ред други работи, па ај сега на клада да ги ставиме. Или треба да ја дадат медицинската историја на увид, за некој тука да рече дека сепак не се "кариеристки" (јаки кариери се градат во Македонија, нема што), "себични", "неморални" и ред други епитети.

    Циганката што чисти кај комшиката има 6 деца од три различни мажи (со ниту еден не стапила во формален брак), секако треба орден да и се даде за патриотизам кон нејзиниот народ, да не збориме за морал или не знам што.
     
    На nena2010 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. MIA-SK

    MIA-SK Популарен член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2012
    Пораки:
    908
    Допаѓања:
    561
    Пол:
    Женски
    Ви ги читам размислувањата околу наталитетот, па иако ќе бидам надвор од темата, сакам да ви го посочам следното.
    Причината за немање на деца или имање на само едно дете не секогаш е себичноста на родителите или финансиската состојба. Во последно време мноооогу парови многу време се борат со неможноста да имаат деца и трошат многу време и огромни количини на пари за вештачко оплодување. И не се мачат само да добијат прво дете, јас познавам многу жени што првото дете го добиле по природен пат-без проблем, но никако не можат да останат бремени по втор пат.
    Затоа, пред некого да критикувате, земете во предвид дека некои жени за жал не можат да забременат иако тоа го посакуваат најмногу!!! Истото се однесува и за жените на политичарите, а и за мажите-политичари. Ова НЕ ЗНАЧИ дека на пр.Влатко Ѓорчев кој планира секоја година да прави по едно дете повеќе ја сака државата отколку на пр. Шеќеринска која има само едно дете. (инаку од двајцата посочени ми се :puke:)
     
  16. imelda

    imelda Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    1.622
    Допаѓања:
    10.349
    Спрема кој се жените што не сакаат да раѓаат себични? Не дека не можат, туку не сакаат. Нема од штаб да дојде неко да им бдее над тие деца секој месец два со 40 температура сигурно. Себични се према државата оти не и даваат тоа што им бара? Баш ме интересира некој конечно да ја дефинира таа себичност. На кого што и кој бенефит му скратуваат ако не родат? Да бееее, на Валерија опседнатост со статистиката и реметат |(
     
    На Hipster, Annath, fighter и 5 други им се допаѓа ова.
  17. fighter

    fighter Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јуни 2010
    Пораки:
    1.249
    Допаѓања:
    2.485
    Иако не сакав да влегувам во дебата околу наталитетот,коj за жал само овде се сместува во политичко-статистичка димензиjа,сепак морам да се надоврзам на размислуваната на Hipster,Mia sk и imelda,кои многу ми се допаднаа,зошто се аргументирани со нешто повеке од политичка заслепеност. Imelda многу добро праша,што ке им понуди државата на тие што се одлучуваат за повеке деца? Надомест од 8000 денари месечно до навршуване на 10 год старост на дете или пензиja за четврто дете? На овоj народ му треба здрава економиja ,со понуди на работни места,не само во државна администрациja, туку во приватниот сектор пред се,владеене на право,правна заштита и сигурност. Тогаш наталитетот нема потреба да се поткрепува со Срамни суми за владини реклами!
     
    На Hipster му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.179
    Допаѓања:
    12.931
    Во последно време има и жени кои родиле 3 дете, а се извисени за додаток од банални причини. Една од Битола се бунеше дека немала примено некоја вакцина и ја одбиле. Замислете знам жена роди 3 дете затоа што е невработена, а мажот кога како ќе се снајде и ја откачиле бидејќи не и биле направени сите предвидени прегледи мислам дека беа 10 во текот на бременоста. Имала 2 кои не може да ги издржува, а сега со 3 ке потоне. А кутрата жена, сигурно не ни била информирана дека за додаток треба и некои услови да се исполнуваат.
     
  19. nadja.d

    nadja.d Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2012
    Пораки:
    221
    Допаѓања:
    220
    Одлуката на секоја жена ,всушност секој пар да има потомство е нивна и само нивна интимна работа.
    Ниту во политички настани ниту во било која категорија им е местото.
    Дали јас ке се исполнам како мајка е само моја одлука,од кои причини ке го сторам тоа или нема да сакам да го сторам е исто моја одлука.Навистина премногу интимно и осетливо прашање за некој да ми соли памет!
    И да,навистина факт е дека многу брачни парови имаат потешкотии со зачнување,но глобално има и др. проблеми.Знаете дека постојат и многу млади со здр.проблеми,хронични болести како и гинеколошки проблеми,за жал.И сите во кошот а?Рекламите на мтв си врват.
    Мене лично не ми смета скромната подршка на владата за трето дете,подршката за ин витро и сл.
    Тоа во секој случај е добро,но пак ке кажам се работи за интимно прашање,пополека малку со тоа нападноста.По ретард емисија од онаа “Време е за бебе“ мислам на континентот не постои.А за личостите во неа не би ни коментирала.
    Расудувајте чисто како жени,а не политички.Без оглед на верска националност,почитувајте го своето уникатно право,бидејки е само ваше ,само вие го имате тоа,ниту премиерот ниту шекеринска или било кој друг.
    Добра ноќ убавици.
     
  20. Dvolicen

    Dvolicen Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2012
    Пораки:
    1.431
    Допаѓања:
    3.485
    Се додека некој сака да живее ваков живот

    [​IMG]

    и при очи слеп да се прави е лудост или глупост ,тенка е греницата .Сте се фатиле за наталитет како слеп за стап :fubar: :fubar: .Невозможно е некој да ти наметнува правила на животот и така да ја води политиката.Наталитетот и квантитетот не е репер за квалитет и точка .Кој што сака нека прави ,времето ке покаже дали кванитетот на деца е створен поради нешто друго или пак поради љубов .
     
    На Hipster, fighter и nadja.d им се допаѓа ова.