Актуелни политички настани

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Ariel, 3 август 2010.

  1. Bratot

    Bratot Популарен член

    Се зачлени на:
    26 април 2019
    Пораки:
    4.964
    Допаѓања:
    17.096
    Пол:
    Машки
    Освен да си плаКиме не ни остана ништо друго, овие буџите само криминали тераат и гола политика.
     
  2. Bratot

    Bratot Популарен член

    Се зачлени на:
    26 април 2019
    Пораки:
    4.964
    Допаѓања:
    17.096
    Пол:
    Машки
    По раст на криминал? :?:
     
  3. Meni65

    Meni65 Активен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2025
    Пораки:
    14
    Допаѓања:
    12
    Пол:
    Машки
    Ајдее, продажба на новинари. Во Социјалистичка Македонија, економијата не создавала (facepalm)
    https://www.facebook.com/watch/?v=694335693322604

    па нека одговори само на тоа-што тоа приватизираа Камчеви, Стојменови, Јаневци и едночудо други олигарси. Цементара, Гранит, Пивара, Макпетрол, Зиковите...
    Арно боја му турија

    Патем, вести од подземјето
    https://infomax.mk/трендафиов-намалувањето-на-прагот-ќе/?fbclid=IwY2xjawKuFZJleHRuA2FlbQIxMQBicmlkETFXT0o5eFZxSTRYVEJINzJtAR7tCUCDO6kYMNFesohA8TQX6P8IYdE_tOid09EMjsNbQOA7JwDQMdOEb7OXyg_aem_kau7GV902LJRlnvVKtHxyQ
    лихвариве се жалат
     
    Последна измена: 5 јуни 2025
  4. Аргентина *

    Аргентина * Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    4.943
    Допаѓања:
    9.703
    Пол:
    Женски
    Уште ли стојат оние лепенки во маркетите: "владата се грижи за твоите трошоци"? Безобразие невидено и исмејување на народот.
     
    На Miss666, La-loca, Realist1 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.622
    Допаѓања:
    14.066
    И упорно арогантно кажуваат по емисии дека ни Албанија, ни Црна Гора немало да влезат во ЕУ. Значи, за вакви изјави протести ноти треба да јадат. Не е тоа нивни дом, па ќе кажуваат кој ќе влезе. Зоран Димитровски завчера кажа немало да влезат. Само се перчат и се силат, како да сме ние велесила, па ќе одиме против сите, ние како сме сакале, така да сме влезеле. Демек со ич работа, еве некој ќе не прими, златните, нешто посебно глумат.

    Во однос на нашите во Германија, не знам што е со тие луѓе, штом ќе сретнам родител кој има дете таму, отепуваат со муабети како се снашле, како им е супер, како не се враќаат, како имаат пари итн. Поголеми Германци од Германците глумат, вчера отидоа, а овдека се лутиме на Албанците што се силат со муабети „Колку е Македонија твоја, толку е и моја“. Ужас.
     
    На makakosi му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Аргентина *

    Аргентина * Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    4.943
    Допаѓања:
    9.703
    Пол:
    Женски
    А и тие имаат влади како овдешната, та немало да влезат во ЕУ? :?:
     
  7. Iva:)

    Iva:) Популарен член

    Се зачлени на:
    9 април 2016
    Пораки:
    1.127
    Допаѓања:
    2.785
    Пол:
    Женски
    И еве да де распишам и јас хаха. Црна Гора ќе влезе сигурно, Албанија не ја сакале така кажа Претседателот на Хрватска ако не се лажам. Ама Албанија има добра стратешка позиција и ако продолжи да се развива за 5-10 години ќе си влезе, нема Грција да ја блокира сигурно.

    Мислам и ние не знам што очекуваме, внатрешно не си ги завршуваме работите, земји со наша големина се богати и тие беа комунистички како нас или пак во Советски сојуз до 91 (Естонија, Латвија), ама кај нас си направија приватизација по свој терк и се тргна надоле.

    Кога сме кај Албанија сега е модерно да се фали истата како се гради а се гради инфраструктура на ист принцип како тука (меѓународно партнерство, претежно Бехтел Енка) ама тука истото е модерно да се хејта.

    Инфраструктурата, владеење на правото и борбата против корупцијата се барем според се што читам најбитни алки. За инфрастуктурата мислам дека ако остане Коце ќе се среди тој дел ама за останатите две работи не сум оптимиста. Си се штитат и им одговара да не профункционира правната држава, вака си е подобро си краде кој стигне без последици.
    Не е нивна работа да коментираат за други држави треба во својот двор да си гледаат кај што се платени од народот. Ама ај да те прашам која влада кај нас покажала капацитет и била способна да не оправи? Зошто секоја наредна е уште едно поголемо разочарување во низа, а ми делува дека цело време алудираш на овие сегашниве. Како тоа Дуи и Сдс и претходно Бранко, Љупчо, Бучко и Грујо беа способни еве не ми е јасно. Само Левица не биле и не можеме да ги кудиме останатово реално во контењер како во Романија да ги ставиме и да ги возиме низ Скопје и да ги полеваме со ѓубре.

    Се ова ми дава флешбекови и трауми од детство и ме потсетува кога бевме мали а на родендени и слави сите се расправаа за Бранко и Љупчо и тоа секогаш беше тема. Не ми се верува дека ништо не сме научиле во глобала и 30 год.подоцна уште поголем дел од народот се дели и држи страна, како да не ни беше доста од се што ни направија. Милјардери се сите што беа на власт а ние и понатаму очи ќе си извадиме меѓу себе.

    И кога ќе ги видам дечкиве од Support Kocani или Донирај компјутер жал ми е што тие немаат можност да ја водат државава, тоа се лица за кои вреди да се збори а не вечни политичари.
     
  8. Аргентина *

    Аргентина * Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    4.943
    Допаѓања:
    9.703
    Пол:
    Женски
    Тоа што било поминало, тие кои правеле криминал белки има некој во сегашноста со задача да ги разоткрива и апси, или нема? Јас ги критикував минатите кога даваа повод, тие си заминаа, а овие сега се бетер. Најбетер влада со најбетер премиер, само БЦ може да парира на овој арогантeн лик од тоа што имам слушано, иако не го памтам скоро ич него. Не знам само до кога ќе ги браните и што постигнувате.
     
    Последна измена: 5 јуни 2025
    На eliesaab и Tanjamm им се допаѓа ова.
  9. Iva:)

    Iva:) Популарен член

    Се зачлени на:
    9 април 2016
    Пораки:
    1.127
    Допаѓања:
    2.785
    Пол:
    Женски
    Еве и јас истото се прашувам.

    Критиката секогаш треба да е насочена кон сегашните ама не може да се правиме дека ете претходните (сите до еден) знаеле кај тераат. Никаква амнестија не заслужуваат и секогаш треба да се потсетуваме какви биле зошто не уништија ко земја и народ и не смее да се заборави.
    Нема, зошто врана на врана очи не вади и ако апсат и нив утре ќе ги апсат. Здружно си крадат. Оној Бране што иначе највише урла по соц.мрежи си е најдобро кафанско другарче со Обиџуко, имаше и слика на твитер. Заедно се а ова во јавност е глума.

    Муабетот претходно ми беше дека двете се исто и само неизвалкана 3 и 4 опција може да донесе разлика, тоа е и целта на една ИЕ. За минатите парламентарни 21 год. натерав 2 пензионерки да гласаат во Скопје за Апасиев, после очите ќе ми ги извадеа Мицко бил супер а овој тропал глупости. Тешка е работава кога ние помладите се делиме, тоа треба да е работа од минатото.
     
  10. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.622
    Допаѓања:
    14.066
    Не те сфаќам
    ????

    Не е нивна работа да кажуваат кој ќе влезе или не. Се ситат и тешат, тоест се злорадосни, односно глупави оти за друго немаат капацитет. За срамота.
     
    На Аргентина * му/ѝ се допаѓа ова.
  11. eliesaab

    eliesaab Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2013
    Пораки:
    4.714
    Допаѓања:
    15.331
    Пол:
    Женски
    Не го гледав, ама како што има нелуѓе меѓу нив така има и луѓе. Верувам дека повеќе би бил погоден овој отколку класичен србин. Ако се среќни, зошто да не? На крајот, секоја си одлучува за себе и не мислам дека ако некоја е убедена ќе се предомисли (без разлика на мислењата од блиските).
     
  12. FriendOfDorothy

    FriendOfDorothy Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2024
    Пораки:
    1.173
    Допаѓања:
    6.943
    Мене ми е многу непријатно кога ги слушам СДСМ со ,,Вистината за Кочани". Како некое нискобуџетно продолжение на ,,Вистината за Македонија", оној циркус со бомбите. Немаше да ми биде непријатно ако стварно отвореа судство ,,како пупка" за време на нивно владеење, ако имаше правда за Модуларна и Ласкарци, ако не амнестираа вмровци со закон пред да доживеат фијаско. Ова сега ми е млако, колку да добијат некое политичко поенче.
     
    На Miss666, Waverly Raven и eliesaab им се допаѓа ова.
  13. Аргентина *

    Аргентина * Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    4.943
    Допаѓања:
    9.703
    Пол:
    Женски
    Kога и да пишува некој незадоволен од актуелната власт, ти се појавуваш да релативизираш дека сите досега биле исти. Погрешен човек етикетираш, јас воопшто не гласав на изборите. Ама врз власта се врши притисок да работи. Кој фактор е заев во влада за него да го коментирам, он нема веќе никаква работа таму. Ако бил нечесен, злоупотребил моќ и должност тој и кој било друг, јас и ти треба/можеме да истераме правда? ‍Или кој? Моменталниве го прават истото за кое што ги критикуваа претходните, само појако и многу побесрамно. Вакво неработништво и к***болие немало од ниту една влада дури ни во Македонија. И луѓево како во страв, никој ни да зуцне што не беше случај порано, тогаш вриеше интернетот после секој гаф на ЗЗ.
    Се гледа во сегашноста нешто да се промени, а грујо, бранко, кога ќе патувам назад во времето можи ќе се занимавам со нив да ги анализирам.
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Iva:)

    Iva:) Популарен член

    Се зачлени на:
    9 април 2016
    Пораки:
    1.127
    Допаѓања:
    2.785
    Пол:
    Женски
    Лол, секогаш исто, провидна си и ти и сите други меѓу себе што се лајкувате и од двете страни, затоа само моите коментари немаат подршка, ме боли уво за вашите партии само не сум навикната да молчам а ботчињата на Вмро се тивки периодов. Прво се впушташ во ботување па одма други етикетираш т.е.мене, стандард шема кога некој ќе врати.

    И сите мои коментари кои ги има тука низ темава, зад секој стојам и сигурно 100÷ сите сум ги напаѓала, ама тоа е чудно за повеќето зошто сте замаени со партии.

    Да, трет пат ми е да вратам во ваква дискусија, првите два пати беше на коментари дека Дуи и Бектеши не се криви за Кочани и еве сега на еден твој коментар (значи не на оние други 100 каде што збориш само владата, владата) туку на овој кој ќе го цитирам "А и тие имаат влади како овдешната, та немало да влезат во ЕУ?" демек од сега сме дно а до лани бевме бомбона државиче каде илјадници луѓе беа убиени на онкологија и здиплени 35милј.евра, да знам нема кривци и да не се повторувам Сдс, Дуи и Вмро се поврзани.

    Сите критики за власта си се во ред, но нашите влади хронолошки гледано не чинат, и да ви беа уште Сдс и Дуи пак немаше да влеземе со тој степен на корупција. Сите се корумпирани лопови и сите се криви и секоја наредна гарнитура се повеќе не оддалечува од нормален европски стандард и ЕУ.

    И btw во ЕУ нема партиски вработувања, тендерчиња, бизнисчиња, затоа нема да влеземе и ниедна влада искрено не сакала да влеземе.
     
    На monibejbi му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Аргентина *

    Аргентина * Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    4.943
    Допаѓања:
    9.703
    Пол:
    Женски
    Извртувај колку сакаш, јас не гласав, а нема ни да гласам, и не очекував дека некој што цели 7 години помина дремејќи во опозиција ќе умее како власт нешто асално да направи, ама до олку дека ќе бидат полоши од претходните, тоа не го предвидов, искрено.
     
    На monibejbi му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Iva:)

    Iva:) Популарен член

    Се зачлени на:
    9 април 2016
    Пораки:
    1.127
    Допаѓања:
    2.785
    Пол:
    Женски
    Епа иако не е морално гласањето и е лично право, ако не гласаш нема ништо и да промениш, а имаш опции. Пример јас не гласам на локални ама за парламентарни да зошто обично гласам против. А за локални не коментирам зошто не гласам, дури ни за Град Скопје 3 избори немам гласано и како тргнало нема ни сега.

    Иначе од бивша колешка постара женичка ни даде еден совет "Не се радувај на следните, секои наредни се полоши од претходните", и во право си беше женава. Иако тогаш беше шарената и ние како помлади ја правевме мрчатор што не знае што збори, 10 год.подоцна можам само да и кажам дека само таа била во право.
     
  17. Realist1

    Realist1 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2019
    Пораки:
    2.008
    Допаѓања:
    4.963
    Пол:
    Машки
    Левица? Брикс? :rofl: туку муабетот ми беше шо е со кловнов, хаха неможам да верувам, па раскажува во трето лице бе една му искоментирала професоре го познаваш ли директорот богојески ахаххах :rofl:
    IMG_3950.jpeg
     
  18. Аргентина *

    Аргентина * Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    4.943
    Допаѓања:
    9.703
    Пол:
    Женски
    Верувам дека наредните би биле уште полоши (ако е можно да се пробие ова дно и лудило), зашто гледаат дека народот не реагира и е толерантен кон овие додека си терааат ќеф и се изживуваат. Kако вемеровциве што се огледаа на тие пред нив, истото ќе се повторува. Затоа треба да си добијат лекција, а не да чекаме редовни избори.

    Патем, јас немав доверба во Шарената, знаев дека е борба за власт, а ти ме направи ботче на сдсм, ама нека ти биде, ако во штабот на вмро ве учат на такви тактики за замолчување.

    Инаку, што точно се случи во 2015-2017? Па Грујо беше замерен со странците и тие му поможија на Заев да ја преземе власта. И овој не го сакаат и камо среќа да го тргнат и него, оти многу повеќе заслужува.
     
    Последна измена: 6 јуни 2025
  19. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.622
    Допаѓања:
    14.066
    На Вмро му се простува не знам зошто. Уште жалат по Грујо, а тој е единствен таков предавник на европско тло, Македонец што ги покраде Македонците, цела историја ја ретушираше, ни се смеат сите, и си ужива сега кај Орбан. Па го величаат Орбан, пријател ни бил. Будали, тој само ни даде кредит, гласаше против Македонија да почне преговори, за Албанија да. Зошто нема хистерии за Орбан дека ја поддржа Албанија, а Македонија не? Зошто никој не пишете дека Орбан ги поддржува Албанците и е против Македонците? Кој претходно земал 7 милијарди кредити за една година? Која претходна власт? Никоја. Толку чинат руските бомбардери што ги уништи Украина, 7 милијарди, тие се секираат, пари се тоа, ние па се фалиме, кредити ни давале. Кога нема да ги вратиш, ќе си ги примиш браќата исламисти од запад и ќе се плашиш да излезеш од дома.
     
    На Jan098 и anaja1 им се допаѓа ова.
  20. Iva:)

    Iva:) Популарен член

    Се зачлени на:
    9 април 2016
    Пораки:
    1.127
    Допаѓања:
    2.785
    Пол:
    Женски
    Овој служеше за спрдња со години по мреживе, како се исцима за функција еден господ знае. Мислам никој не го ни перципираше за озбилно, нешто инаше како обид да стане инфлуенсер како Славчо хаха. Ама и министеркава не дека знае каде тера.