Jesus, relax mom. Еве не си бот сите други сме. Само еден факт по кој се разликува бот на сдс од бот на вмро. Кога ќе вратам на вмровец кој го фали Славевски на пример а го напаѓавме тука доста, тоа беше неколку страни наназад, на прв коментар се повлекуваат од дискусија. На вас кога ќе ви се врати не се запирате и многу сте навредени. Не знам како од една страна страна сте упорни а ве вреѓа тоа што го правите. Сите имаме избор во животот. Нема да се спуштам на ниво да бранам ниту една партија и гордо ги напаѓам сите, не сум малоумна да немам став и да не можам работа да си најдам и немам намера да бранам неодбранливо додека децата на Бранко, Љупчо, Бучко, Грујо, Заев, Ковачевски и Мицко па и на сите останати политичари се башкарат во луксуз низ светов. Срамота е луѓе што би рекол Димитров.
Такви сме ние вмроовците, горди со педигре, со картички, со кредити со се, сиромашни ама богати во душата
И од СДСМ се такви. Имам комшија кој е член во таа партија. Ако му спомнеш нешто против партијата, одма се расправа. Имам комшии кои не зборат заради партија.
Ц, не се тие такви, ја немаат таа духовна сплотеност што ја има кај нас вмроовците, и не ми ги викај со М на крај тие се СДС!1
Nма разлика. Жено, штом викаш не сте малоумни, оладете од партии оти окапавте на форумов терајќи инает. Јас од вакви како тебе ретко коментирав. Не може да прочитате критика за премиерот без емоциите да ви проработат. Па оправдувања и разводнување, не бил само тој виновен, имало многу други. Што се грабал тој за функцијата ако не е кадар и не сака да ги исправи работите? Нека седи дома или нека бара друга работа. Кај него е одговорноста моментално. А не мене да ми се закачуваш. Јас да сум премиер овде друга песна ќе се пее, се има да конфискувам од лопови и ќе се врати тоа кај народот. Не апсел за да не го апсат? Може нема да го уапсат, но што ако го испудат и него некаде како грујо? сдс се понезгодни од вмро кога се справуваат со противниците, поранешното раководство на вмро го влечкаа по судови, а и во 2002 некои соработници на Георгиевски завршиле во затвор. Така што, вмровците може ги почитуваат и идолизираат сдсмовците, ама не личи како да е обострано.
Пред некој ден една женичка на фб пиша дека таткото починал дома, викала брза помош да потврдат смрт, оти и претходно ги викала да му стават инјекција, не сакале да дојдат, и рекле со огледалце сама да утврди дали е жив. Имаше претходно препорака задолжително да се бара потврда за смрт, ќе требало за одјавување на починатиот.
Шо кажува Мицкоски, да останиме тука? Ќе ни даел рака? Хелоу, алооо, народе уште ли му верувате на било кој од овие или од другите? Дајте слушне ги родителите од Кочани, слушнете го сиромавиот народ, алооо луѓе на социјално живеат, преживуваат. Море сите требаше откази да си дадете и сите пола плата на родителите. Никој нема да му ги врати децата, алооооо, младите ни погинаа од вас. Сите сте исти. Па јас нз што мислат овие млади сили на која било партија..... Алооо, деца на ваши години загинаа. Веќе не можам да слушам.
Што им е? Најниски минимални и просечни плати имаме на Балканот, за пошироко да не зборуваме. Сега нема расфрлање со термин пропаганда? Ова е пропаганда. Четврта економија во Европа. Глупости. Кога научна фантастика се прикажува како вистина е тоа е пропаганда. Носењето на племето Хунзи од Пакистан беше пропаганда на пример.
Леле ќути баш на фб мислам беше ми излезе од грујо пост, не го следам неговиот профил ама ми се појави на почетна постот. Во коментарите абе луѓево го молат да се врати. Добро јас сум ненормална или што е со народот во државава? Се чудам какви луѓе живеат тука, не сакам да навредувам ама со каков коефициент на интелигенција живеат тука луѓе. После се што се случуваше, да го молиш да се врати. Не знам стварно што е со македонскиот народ, па затоа и сме каде што сме. Фујјј.
За Хунзите некаде прочитав дека генетски биле слични со Ромите односно имаат ромско потекло. Не знам колку е точно, и да не е, луѓето немаат ништо со нас. Тоа беа бруки. Ништо чудно да ги платиле. А сега сме имале според Трајко минималец кој има поголема куповна моќ од 10 земји од ЕУ. Каква пропаганда, па и се повикува на Евростат. Епа Евростат не е на вемеро, треба да го демантираат оттаму и да реагираат секогаш кога некој манипулира со нивни податоци. Па само во Македонија манипулираат со податоци од Евростат, во други земји тоа не се случува.
Тазе говед...овааај гувернерот ви порача дека ако не ви стасува минимална плата, не е срамота да работите и 2 и 3 работи. Леле а баш сакав и 4та работа да најдам, ама срам ми беше комшиите што ќе кажат Мислам дечки 24 саати имате у ден. Со останатите 16 шо прајте? Ене 3 по 8, башка плус за викенд, башка за лето нешо сезонски, плус од дома можете фриленс нешто. Глеате дека се може, не само да се кука сте се научиле. **** Добро дали не ги фаќа срам вака да нѐ дупат бе?
Овој ли беше тој што го фалеа дека нема подобар економист од него? Ќе се испотепаше кога му ја чепнаа неговата плата. Како може вакви арогантни личности со господов комплекс да ја водат државата? Во едни поинакви времиња за вакви коментари јавен линч ќе им се десеше, сега уште имаат сила на тв да врeѓаат и омаловажуваат други луѓе. https://m.youtube.com/shorts/d71ePx-kU10
Самохрани мајки, родители на деца со посебни потреби, млади луѓе без искуство, стари пред пензија. Каква втора, трета работа? Работиш 8 часа, нели треба да зачистиш, испереш дома? Јас сакам плус работа, чувствувам имам енергија, зошто не, но нема. Мислам на хонорарно, на работа сум 5 дена, во сабота да сработам нешто за хонорар, ама нема. Колку луѓе има со години се без работа, а ми збори за втора, трета работа. Некој од светиниколско село на пример кај ќе најде прва работа кога градот е пустелија? А втора, каде?
Човеков е штеточина, ако овој ја креира финансиската политика тешко нас, како што и порано миалев нема допирна точка со реалноста. Еве ги 2те изјави од денес: Куповната моќ повисока од 10 земји од ЕУ, Не е срамота да се работат две-три работи. Јас сум во шок еве, па ние сме биле побогати од 10 земји во ЕУ, а ние што имаме поголема плата од минималец сме биле пребогатиииии, wow. Секој нареден после него е доста полош, бетер дабетер. Мислам не е толку сериозно тоа врати се, повеќе е симболично што го опишува владеењето на Заев и Мицко колку е ужас. Барев јас верувам дека е тоа во прашање хаха. Да и јас би сакала тие што го фалеа тука да се јават на главна каса и да не се кријат во глувчешка дупка. И во право си, претходно за вакви испади душата им ја вадеа сега ко да не било. Веројатно апатија го фати народот и од сите му е доста. Не знам кој од кој е поарогантен, мртва трка е: Славевски кој не убедува дека со 400 евра сме богати, Мицкоски со изјавите за потрошувачката кошничка, мин.за финансии со грашокот. Проблемот не е само што ги дале изјавите туку што не се извиниле и што не гледаат проблем во тоа што го изјавиле.