Леле, мојот омилен лик- експерт за се, градот Скопје го расцвета како пупка, сега монетарната економија е на ред. Го молиме дотичниот господин ако може да не излезе на ниедна телевизија и да не даде ниедна изјава веќе. Нека си направи услуга и себеси, и на тие што го наместија а и нам богами. Алергиски напади добивам само ко ќе го чујам и видам
Ова да го кажеше Заев, ќе го исмејуваа, ќе му монтираа секакви фотки и клипчиња, секоја будала ќе му пишуваше навреди на фб. На Вмро не смеат, затоа што се тешки реваншисти. Се заканувале на луѓето од Кочани. Што очекувате за други? Туку директ црвен картон за нив на локални, да сфатат дека за кратко се тука. Животот во Македонија воопшто не е евтин. Со ова што не сакаат да качат плати, само охрабруваат газдите да ги молзат работниците. Многу луѓе земаат по 30.000-35.000-40.000, ама се пријавени на минималец, тоест осакатени. Овие треба да ги фатат и казнат, и од тоа Пиом е цел со кратери. Ако работам дополнителна работа, треба да направат да се плаќа нешто симболично, во смисла денеска сум работела, ден плус стаж, да се плати во Пиом, ем ќар за државата ем за работникот.
Трајко сосе Весна и Гога треба да си го фати патот и ајт во старачки дом. Последниве мислења им се надвор од здрав разум.
Биљо економијата цвета, 100к евра за назад у село даваат ја мислам полека полека швајцарска ќе почне вода да им носи на нашите, да размислуваме за назад
Да, ептен економијата добро оди, само никнуваат брзи крддити на секое ќоше. Со овој памет, има да скапеме во сиромаштија и под уцени. Ова не е ништо. Албанија отвори и 4 кластер, ја претрка Србија, а Србија седи на 15 столици и продава лицемерие кај стигне и повеќе се фали одошто работи, како нашиве. За 1.5 години ќе ги видите Албанија во ЕУ, ние во кредити, пола народ бездомници од тие брзите кредити ќе останат, ќе се тешиме со приказни за евтин грашок и втора работа. И криви се луѓе кои имаат име и презиме. Малку памет да имаа, малку да работеа пред Хрватска ќе беа во ЕУ, ама вредностите овдека се крадење, лажење, а така не се стигнува никаде. Косовски оџа се засекирал не раѓале веќе по 10 деца, да им се даваат гратис станови на многудетни семејства, овдека 10 Македонци ќе умрат, 3 ќе се родат, 2 ќе земат бугарски и ќе се иселат, третиот ќе пасе крави во село, а почна уста коментари и лажна засекираност и сеир ако е друг во прашање. Вакво брзо и демографско умирање нема ни во војни. И четворката од Штип нема кој да им помогне за куќа. Па нема ли пратеници да донираат по една плата, 80 пратеници по 1.000 евра, ете ти куќа. Нека најдат мајстори, секој нека помогне по некој ден и готово.
Резил. Се прашувам дали остана некој нормален во државава? На толку малку народ толку многу глупости.
Кој е крив за тоа што луѓето вадат брзи кредити, некој со сила да не ги тера, ако се влезе во ЕУ ќе биде ли збогум сиромаштија, гледам Бугарија што е во ЕУ цвета.
Докторите треба да одговараат за злоупотреба на службена положба и злоупотреба на лични податоци. Вака со туѓи дијагнози по картони ќе го искомплицираат животот на многу граѓани, а не смеат ни на еден да го сторат тоа. Буквално сме криминално дувло, ништо друго.
Скоро во Скопје ми притреба такси, таксистот жив се изеде што му земале тура за Матка, чинела 1.000 ама сите земале 1.800 денари, тоест како диво и гладно племе дерат и крадат се што ќе припари тука. Вчера турист пријавил во полиција, од Водно до Центар му зел 7.800 денари, па дури и таксистот бил агресивен. Со племенско однесување и крадење на секој чекор нема туризам. Пред некој ден имаше прилог на тв, среќни, туристи ќе седеле 7 дена во Албанија, ама ќе дошле на еден ден во Охрид. Тууфф, радост за трошки. Скопје е цело со ѓубре, ама па таксито богами како авионски билет, само крадат.
Вошкиве ќе граделе споменик во Кочани. Пошто све друго им дадоа, само ова фали. Абе дали се нормални, мајке ми
Дали го гледавте Јанко од Колумбија како пее на мостот на уметноста? Се собраа луѓе, никој за џеб не се фати. Еден тетовец им пиша "добро бе луѓе, северни, јужни, источни, само пишувате, а дали се прашавте како Јанко и бендот се дојдени тука од Колумбија и не им дадовте ни 10 денари" . Точно. Тоа е немање култура, немање манири, сиромаштија, повеќе духовна од финансиска. Поарно сите 20 души по 50 денари да им дадеа, ако немаат повеќе, отколку вака. За споредба, истиот бенд пред две години зимно време пееше песна за Исус и Коледе во стара чаршија каде не ни има христијани, сите се муслимани, па едвај ги чекаа да завршат, веднаш ги седнаа на гратис чај и нешто благо, ќука чести. Секоја чест за дечкото, пее, свири, за кратко да остане тука, ќе научи македонски подобро од самите Македонци, ама не сме дораснати ние да цениме такво високо ниво на цивилизираност, ние сме повеќе по селски работи, фрли отпушок, кеса на земја, испцуј, навреди, испокради странец, за два метри возење земи му 200 евра, излажи, измисли нешто и најбитно од се, фали си џихадисти.
Во општината во Кочани денес на сред седница се степаа општинари, градоначалникот застана помеѓу нив да ги брани
Ако има некој избор за Дивјаци на годината, да се пријават, прво место ги чека. Намерно ја удри жената или за друг беше наменето шишето? Двапати ја удри истата? Другите сеир гледаат, Венко го држи како да е обезбедување кутриот, не в. д. градоначалник. Е на овие штетници и неработници, 20 држави народ им лечеа. Ќе почнат другите држави да чувствуваат вибрации налик на радијација од македонската примитивниот, корупција и што уште не. Претставници на народот, се гледа колку вредат.
Сега го чека пријава за физички напад, па после пак ако му се допаѓа кога ќе осудат нека напаѓа физички