Со нула да не множеа ќе имаа повисоко мислење за нас. Не знам како после сите овие изјави има луѓе што уште веруваат во ЕУ сонови, европско семејство и такви муабети. Не, не зборувам за тие што се на платен список, туку за останатите корисни идиоти што не убедуваа дека името немало да ни ги рани децата. И мислеа уште толку, и готово. Дотичнава за изјавава треба црн печат да добие и да не ја помириса земјава, а не јавно гурабии да јаде.
Шо убаво се заебаваат со нас ова стратешкиве наши партнери, да ти е мерак ни име а ни лик да не им знаеш, мме.
Госпожа Кос да знае дека пинџурот, полнетитете пиперки и 90% од македонското јадење е всушност турско. Немој Турција да влезе во ЕУ идентитет на цел Балкан може да го спори. Како и да е мораме ако сакаме кеш да смениме устав повторно и Гоце и друштво Комити да ги пишеме како благонадежни. Идентитет е наш најголем извозен продукт. Ваш Модерен Северномакедонец со азиски происход некаде помеѓу Туркменистан и Таџикистан.
Се прават пари од зборење "Северна Македонија" така да може и од "модерен". Комшиите даваат ЕУ пари за тие глупости.
Marta Kos (Slovene pronunciation:[ˈmáːrtaˈkóːs]; born 28 June 1965) is a Slovenian diplomat and politician. Ништо чудно, eкс-ју и во времето на Тито така си се заебавaле со Македонија. Некои работи никогаш не се менуваат.
Марта Кос е Словенка. Логично би било да имаме одлични односи со нив, беспрекорни, ама не е така. Изјавата ти е доказ дека сме тука само за сеир, ништо друго. Истото го прави и Орбан, доаѓа тука, кажува дека сме немале пријатели, а за време на унгарското претседавање со ЕУ, Албанија почна преговори, Македонија не, Унгарија гласаше против. Орбан не е поарен од Марта Кос, ви се чини само. Не е поарен и Милановиќ, денеска изјавил дека не е фер Украина да оди во ЕУ пред Албанија и Црна Гора, Македонија не ја ни спомена. Што ви е чудно, Кос е иста како и Николовски кога спори како тоа Малта, Луксембург и ред други влегле во ЕУ, Сиљановска дури Словенија ја рамнеше со Македонија, што е навреда. Нашиве стопати кажаа Албанија немало никогаш да влезе во ЕУ, како неспособни зликовци, еве ги Албанците годинава сите кластери ќе ги отворат. Не може да навредуваш, а да не тераат сеир со тебе. Што требаше Рама да каже тука денеска? Кога сме кај спорењето идентитети, минатиот пат еден близок до десница кажа Украинците прво биле Руси, па потоа во не знам која ти година станале Украинци. За такви изјави амбасади треба да реагираат. Спориш, негираш, деградираш, лажеш. На Кос не и требаше тоа со пиперките смешно е, а другото со ора, носии, се е тоа ок.
Со ова нацииве сите се навредуваат за нешто не може човек повеќе од 2 збора да каже без некој да се навреди и наљути. Им го фалиш јадењето оние се лутат. Здраво им кажуваш си го утнал акцентот. Кажуваш од каде си им ја вреѓаш историјата. Не се збори со луѓево веќе.
Погледнете ги порталите, манастири, носии, односите со другите, идентитетот го носите во срцето и душите, никаде тоа го нема, сите ја извадиле изјавата од контекст, само пиперки и грав оставиле од толку долга реченица. Спин. Дури отидоа дотаму што еден портал ја измонтирал Марта Кос со грав, со размачкана уста. Некултура, непрофесионализам и српска селска школа во стил на Пинк. Сиљановска кога рече Словенија не била поарна од Македонија, и таму имало малцинства, што требаше да прават тамошните медиуми? Да ја монтираат мапата на Македонија, пола со кечиња, и мапа на Словенија со тук там по некоја точка со бошњачко, хрватско, италијанско знаме? Сетете се дека лани имавме пожари, изгореа куќи, никој не е обештетен, никој не е осуден, ер трактори на сервис, пилоти нема, денеска отишле 6 штали во Валандово. Словенија двапати гасеше пожари овдека, лечеше повредени од Кочани, пред некој ден илјадници ленти за повредените пратија. Што има тука за почит? И македонскава кујна, пола турска. Почнете од себе, седите по Германија, леб јадете таму, па што не кажавте тука, та големата работа пиперките на Марта.
Ги префаќа Европејците од средбите со македонските политичари, од многу "умни" разговори. Којзнае какви глупости им зборуваат овие "нашиве", сигурно се дрски и навредуваат, така сите ги свртеле против државава За се се тие највиновни.
Нашиве нема кого немаат навредено јавно по медиуми, сите им се будали, само тие арните, требало да има стока да пасе трева, да нема пожари. Нормалните инвестираат во опрема и обуки, овие криви им биле кравите, ги немало да испасат, да нема што да се запали. Специјалитети секако дека се дел од идентитет, затоа и некои се заштитени од Унеско. Ништо Марта не кажа бомбастично, туку народов како глутница чека да се пушти на било кој. Никој не коментира дека по не знам кој пат ЕП ни порача реформи, судство да се среди, овие идентитет, па идентитет. Се радуваме Кочо Рацин собрал 12 песни да ја објави Бели мугри во 1939 година, еејјј идентитет. Колку е тоа доцнење со целокупен развој во однос на други нации, исто како монтажите со грав. Кај и да е, за некој ден пак ќе чекаме како слепци да пушти Словенија некое возило, да изгаснеме пожари, со опрема и кадар што Кос ги платила и нејзиното одговорен народ.
Не знам што спорно кажала Марте Кос, па тоа е идентитетот тука, пиперките, ракијата, црквата, џамијата, требало да ги додаде и компиријадите, турските серии и српските талент шоуа како дел од културата.
Изјавата на Марта Кос воопшто нема да ја коментирам, бидејќи е ирелевантна at this point. Меѓутоа, она што многу ми пречи е тоа филозофирање и ломотење што осамна на социјалните мрежи, во врска со оваа контраверзна изјава. Страшно ми смета, тоа релативизирање на поимот идентитет пред се од домашни "аналитичари", а сведоци сме дека на членки на ЕУ, кои наводно се современи, созреани итн, тој поим многу им значи. Впрочем, нив им е доволна причина да блокираат, да отпочнуваат долгогодишни билатерални процеси, да трошат многу пари и ресурси... Тука нешто не штима... мислам тоа е очигледно одамна, ама да им повторам на некои од нашите "експерти".
Јашааа Орел, албанско знаме, без збор за Македонија – албанскиот премиер се шета низ Скопје со ДУИ, Таравари го пофали дека ја носи Европа до Балканот
Кога ќе падне Вучиќ, големи се шансите дека бетер изјави ќе доаѓаат од таму. Отворете си форум крстарица, босански форум и некои други, ќе видите дека сите имаат сомнежи за нашиот идентитет. Кој идентитет браниме, Александар од пред 2.000 години или тој што внуката на Делчев во Гевгелија е Македонка, а внукот Христо во Бугарија е Бугарин и како ѓавол од крст бега од збор Македонец. Што е тука кристално јасно? Ништо. Да не бевте Македонци први ќе се истрчувавте тука да коментирате со сарказам. Нашиве си го бараат. Одат во Брисел, гаранции бараат, иако гаранции нема за ништо, ниту некому ги дале претходно. Доаѓа Каја Калас, ја прашуваат дали и за нас ќе имало план Б како за Украина, таа се насмеа под мустак. Украина 3.5 години се бори, а Македонија се бори ли за нешто? Украина има врвна армија, разузнавање за пример, голема територија, ама ич не е исто, туку си толкуваат од позиција на мрза и злорадост. Погледнете го Рама. Со никој не се кара, со сите сака да соработува, покажува почит, и кога ќе им речат од Брисел дека нешто треба да се сработи, ветува дека ќе бидат подобри и побрзи со реформите. Каква кооперативност, овие се занеле некој идентитет, божем сме културна оска на светот. Со што чуваме идентитет? Со распаднати музеи, локалитети обраснати со трева, споменици од НОБ околу кои има само измет, кондоми и шприцеви, оти проститутки со возила носат таму и дење и ноќе. Депонија е. Јазик е идентитет, ама и на ТВ почнаа да зборуваат "јас не движам". Што реченица е тоа? "Јас не се движам" е правилно. Марта Кос требала сето ова да го каже.
Морее да бевме саглам држава ни Марта Кос ќе го зборуваше тоа што го зборува, ни овие ќе се шетаа како да се во село без кучиња.