Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Актуелни политички настани

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Ariel, 3 август 2010.

  1. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.673
    Допаѓања:
    22.654
    Пол:
    Женски
    Извини Вале, си ги измешала малку лончињата. Жените сами си се искачиле на тој пиедестал, со борба, со крв, со упорност, со литература потпишана под машки псевдоним, со жени кои влегле во историјата и не се ужаснувале од скршен нокт, гребаница или цел живот поминат во немир и прогон. Ни бел, ни црн, ни розев маж не и` го дал она за кое таа самата се изборила.
     
    На nena2010, imelda и Hipster им се допаѓа ова.
  2. Valeriya

    Valeriya Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 октомври 2012
    Пораки:
    195
    Допаѓања:
    63
    Никој тука не зборува за еднакви можности во животот, туку шовинизмот на феминизмот. И престани да раскажуваш бајки за самобилдање тука. Колку жртви дала жената за својата “слобода“? Тоа што денес ние го имаме е само резултат на желбата и цивилизациското ниво во Европа и на европскиот маж. Ниту некој се борел, ниту некој се изборил освен мал процент од популација. И, ден денес мнозинството жени сакаат да си живеат така конзервативен живот и си сакаат традиционални улоги. Не дека тоа некој им го наметнува, туку едноставно природата е посилна од се. Ако сака утре мажот повторно може се да ни забрани, а ние ниту сме умствено, ниту физички способни истото да го смениме. Тоа е реалност. Времето убаво покажува дека жените во многу професии се контра репродуктивни и со сила наметнати таму, затоа што тоа не е природната улога на жената. Затоа во војска и полиција жена прави на тест 60 склекови , а машко над 200 склека. Еднаквоста е сама по себе глупост.

    Темата не е баш за ова, но слободно пиши во темата за наталитет/морталитет таму. Патем сакам да те прашам каде си да пофалиш за новиот автопат Миладиновци-Свети Николе-Штип кој ќе биде направен по светски норми? Дали некој тука спомна за тоа или само да се трола непотребно?
     
  3. Nymeria

    Nymeria Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    758
    Допаѓања:
    3.659
    Забега девојко, земјата те повикува назад. Како ма не се бореле, за тебе борба е само физичка пресметка? Ај земи едуцирај се па потоа дискутирај, цело време тропаш само глупости. Не дека нешто бодрам феминистки, ама мразам неосновано плукање. И ќе го коментираме патот кога ќе го направат, на нероден Петко не се радуваме, тоа само за вас што верувате на ветувањата, треба да ви ја преименуваат кампањата во ветуваме наместо досегашното остваруваме.

    Всушност после ова и не ме чуди како тропаш толку глупости, гарант дома не смееш да писнеш пред мажот, такви амеби се лесни за манипулација од било кој. Биди си машина за раѓање, биди си робинка на сопругот, стесни си ги свесно изборите колку сакаш ама не се осмелувај да плукаш по нешто што некој го градел со години, без кое немаше да имаш право да типкаш на тастатурата денеска.
     
    На nena2010, tessie и Annath им се допаѓа ова.
  4. Azriel1

    Azriel1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2012
    Пораки:
    307
    Допаѓања:
    406
    ^^Дали ти си го видела (во визија можеби) тој уште непостоечки автопат и дали случајно си возела по него шо те гледаме вака задоволна?
     
    На nena2010, Annath и mimiiiii им се допаѓа ова.
  5. Valeriya

    Valeriya Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 октомври 2012
    Пораки:
    195
    Допаѓања:
    63
    Што си градела ти? Тоа што си завршила факултет те прави „неслугинка“, или тоа што доаѓаш во 4 часот сабајле дома те прави како демек јас многу испуштам во животот?

    За тоа кој е роб, а кој е слуга најмалку очекувам некој да ми соли памет што незнае да убоде вилушка во чинија на полнолетна возраст, а не дај боже некоја посериозна одговорност во животот. Јас функционирам на 8 полиња од моето будење сабајле, а мојот сопруг апсолутно ништо не ми ни забранил во животот. Тоа што цмиздрите тука и изигравате јаки типки, а секој втор пост ви е ронење крокодилски солзи во темите за врски е друга работа.

    Има многу и многу проекти реализирано. Има и проекти што се тотален промашај, тотална утка, но има и многу добри проекти што вие лицемерните не можевте ниту еден збор да кажете. Јас ја разбирам вашата деструкција, вашата негативна енергија што ја ширите. Животот е борба и јас секој ден се борам.

    Автопатот ќе почне да се гради најдоцна за 2 месеци и ќе биде најголем проект во Источна Македонија последните 30 години. Автопат со четири ленти, со најмодерна сигнализација. Не се прави тоа така лесно. Треба пробивање на терен, откуп на земјиште по којшто ќе поминува автопатот. Но, тоа ќе го намали патувањето значително како и потрошувачката на бензин. Убав проект е и новиот медицински комплекс во склопот на УГД во Штип што ќе се реализира наскоро за медицинскиот факултет. Мене тоа ми е поентата. Не е само да се плука цело време, туку може и да се пофали нешто, а има и тоа како некои работи да се пофалат. Јас многу добро знам дека е партизирано, јас многу добро знам дека за вработување во државна администрација ти бараат книшка, но тука има и друг проблем. Ние немаме доволно кадар да работат по фабриките драга. Да, да, затоа и многу фабрики избегнуваат вложување тука. Погледни само и тука на форумот, а и во реалност дека 80% од луѓето студираат економски, правен, филолошки, филозовски факултет со коишто можеш само да работиш во администрација и тоа. На фабрики не им требаат такви неквалификувани кадри. Нашите електро-технички, градежни, земјоделски, занаетчиски, хемиски и такви слични факултети едвај се полнат со студенти. Фабрики бараат такви работници, а не филозофи и менаџменти. Никој од тие факултети што ти ги набројав јас не седат дома, туку сите работат, затоа што индустријата има потреба од таков кадар и секогаш ќе има потреба. Јас незнам ниту еден што завршил електро, машински, градежен, земјоделски, хемиски, медицина, научно-технички, информатика да седи дома и да чека работа, но затоа еден куп со економски, правен, филозофски, филолошки ги имаш колку сакаш.
     
  6. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.388
    Допаѓања:
    17.605
    Пол:
    Женски
    Што си запнала ма па ти со тој правен, економски итн...јас сум правник и НЕ СЕДАМ ДОМА, а ти можеш ли да се пофалиш со твој факултет или немаш воопшто одено на факултет?
    Затоа пак има многу доктори што седат дома или работат приватно за мизерни пари. Имав комшија со машински факултет не можеше работа да најде па оди работи градежништво како работник, мајстор.
    Ај одјеби веќе оток стана со твоите проповеди, не да си досадна туку опасно по здравје е да те чита човек. Не си интересна а ниту паметна, мислиш дека сега од тебе тече мозок дека сега ти ќе го спасиш светот ама во заблуда си, и цел свет да ти каже дека си во заблуда ти пак ќе покажуваш рогови.

    http://www.mrt.com.mk/node/956

    Убијциве сеуште неосудени, оние во Косово не сакаат да ги екстрадираат, се сомневам и дека се во затвор.
    А нашиве па и доказни постапки им спроведуваат, па дали бил па дали не бил таму, па тогаш имал кратка коса сега не... А до сега веќе требаше да бидат во затвор.
    Ама системот во државата ни е таков, од една страна наталитет-од друга страна дозволува намалување на наталитет со убиства на македонски деца.

    Ништо чудно, можеме да очекуваме и да ги ослободат или да добијат некоја смешна казна, па шиптарите ги пуштија секаде, во судство, полиција, одбрана итн...
     
    На lady.v, Dvolicen, Daydream и 3 други им се допаѓа ова.
  7. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.673
    Допаѓања:
    22.654
    Пол:
    Женски
    @Valeriya Повели

    http://www.fee.org/the_freeman/detail/m ... z2mPeY7PMn
    http://www.history.com/topics/the-fight ... s-suffrage


    ... By understanding the history of women’s education one is able to better appreciate how far we have come and the extraordinary women who got us here. ...

    Да не беа тие жени, ниту ти денес ќе се фалеше со факултетот низ форумов денес, ниту пак ќе имаше право на мислење.

    Не раѓањето на 50 деца (иако самата немам ништо против многудетно семејство, ако истото не е осудено да пати за леб, напротив, мислам дека во вистински услови и ситуација, тоа создава една многу убава атмосфера, духовно обогатување, давање сила за соочување со секојдневните предизвици), туку едуцираноста ја спасило жената од вртлогот на обесправеноста. Ги отворила очите и се освестила за сопствените можности и способности.

    Што мислиш зошто жената главно е обесправена во неразвиените делови од светот? Жените таму се` уште се во зимски сон, не се освестени и не се едуцирани за сопствените способности и моќи. Ни бел, ни црн, ни кафеав, ни нинџа маж не и` го овозможил на жената тоа што и` го овозможиле упорноста, книгата во рака и критичкото гледање на работите.+

    Оф, најде кој да каже за тролање и за офтопик одење. Членот кој и од тема како Среќни коцки може да го истера муабетот на наталитет, доблеста на жени од сите етникуми сем Македонките и Македонките како се продавале на Грци откако ќе им го изваделе пасошот. Башка коментирав нешто кое ТИ самата си го постирала ... да, да во ОВАА тема.

    Не сум возела по тој автопат инаку, но доколку има такво нешто, секоја чест. Сигурно е многу убав. Јас не ги негирам достигнувањата на која и да било партија.
     
    На daylight, Daydream, ph.orhideja и 2 други им се допаѓа ова.
  8. Nymeria

    Nymeria Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    758
    Допаѓања:
    3.659
    Туф туф домаќинката се јави, од толку висење по форуми како што кажа една твоја истомисленичка, којзнае кој ти го воспитува детето :D. Оди Вале ѕирни ја ќерка ти, не дај боже вака ако продолжиш, за инает ќе направи отвор на Ве на ролката, ќе трчаш по доктори ќе и настине плуќата.
    Па и јаки типки сме изигравале, а сме ронеле крокодиски солзи во темите за љубов, бидејќи нАли, домаќинките не плачат и нАли, сите сме во темите за врски :D .
    Искрено, не сакам да се служам со ниски зборови, ама најискрено, везе немаш.

    Прво да си кажам, не сум градела јас ништо, не сум јас следбеник на феминизмот, немам никаква допирна точка со феминистки, ама го почитувам тоа што тие го изградиле во минатото, бидејќи без тоа, и ти јас ќе бевме само крпчиња за прашина по дома. И да ти појаснам, не граделе споменици или барокни гаражи, туку се бореле за права на жените и со тоа изградиле, потпомогнале да се оствари нешто многу повредно од било што материјално.

    Види вака, јас не се палам на проекти, не се палам на замисли и на ветувања, мене ме интересира што од сето ова ќе се остваари. До сега, освен барокна гаража, барокна фасада и милион споменици, друго ништо не видов од ветувањата. И јас не сакам да плукам, и јас сакам власта да си ја врши должноста, и јас сакам да живеам во праведна и функционална држава, ама нема. А ако нема, немам намера да наведнам глава и да климам пред фирерот.

    Тоа што ти не знаеш некој со електро, машински, медицина или градежен да седи дома, не значи дека ги нема. Всушност, темава не е за твоите секојдневни доживувања и субјективни статистики, темава е за ниво на цела држава. Ако малку ги прошириш видиците, ќе забележиш не еден, милион невработени од тој кадар, или вработени во странски фирми во некоја вукојебина бидејќи во нивниот роден крај не се цени трудот.
    Земи читај малку, повторно ќе речам, прошетај малку низ државава, или евентуално смени друштво очигледно си заглавена во некоја елита каде сите се вработени и пристојни. Кога ќе научиш објективно да гледаш на работите, кога ќе сфатиш дека има и други градови освен Скопје, има и други луѓе освен Скопјани, тогаш врати се во темава.

    ---

    Во врска со убијците, за жал очекуван исход. Малку се надевав дека со оглед на контроверзноста и бунтот што го крена убиствово, МВР ќе сакаат да искористат шанса и да си обелат образ, а исто така актуелната власт ќе добиеше многу поени на ова, посебно после случајот со Мартин, ама ете, сепак шиптарите биле појаки. И ќе си бидат, за жал. И после оди роди ти 3 деца, да ти ги малтретира некој секојдневно, не дај боже и ваков некој случај да се случи и да не ти остаане ништо освен да колнеш.
    Ама ако, важно ќе гледаме реконструкција на убиства на канал 5, веднаш по Величествениот.
     
    На lady.v, MiloMalo, Daydream и 2 други им се допаѓа ова.
  9. nadja.d

    nadja.d Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2012
    Пораки:
    221
    Допаѓања:
    220
    А бре Вале,Вале,зарем уште не ти е јасно?
    Да не беа тие “шмизлите“ што учеле до 30 и не раѓале деца како тебе,ти ниту ќе имаше детето на доктор кај да го однесеш,ниту на заболекар,ниту адвокат ке најдеш кога ти затреба.
    Тој придонес за општеството ,тоа благородно чувство ,некои никогаш нема да го доживеат и своите фрустации ќе ги лечат вака по форуми.
     
  10. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    18.642
    Допаѓања:
    252.673
    Вие па ама сте запнале со Вале и наталитетот, ви се чудам како сеуште ја расправате :D .
    Не си ги трошете зборовите на нејзе, за ваквите како неа не вреди ни да се коментира, а не пак да водите некоја дискусија. Впрочем, нема дискусија, има само Вале и наталитетот.
    Девојко, се прашувам каде живееш? Во Македонија? :^)
    Не ќе да е така, или пак дотолку си заслепена што почна и сама да си веруваш во тоа што го пишуваш.
     
  11. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.224
    Допаѓања:
    4.273
  12. oblace1

    oblace1 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 март 2013
    Пораки:
    2.410
    Допаѓања:
    8.467
    Пол:
    Женски
    Значи за се се паметни, ама кога треба стварно за нешто да се реагира е тогаш сите молчат како глувци во дупки никој ни а ни б...

    Кои се тие паметните од незнам ни како се викаше албанската нво (мислам Разбуди се што не е ни битно) и каква е таа смелост два дена да даваат изјави за скулптурата на цар Душан? Им сметала тој бил тиранин, слушај уште посмешно, убивал македонци и албанци...А не сметаат албанските споменици на Хасан Приштина и уште по жално и бедно на терористите на учк, за кои има и посбени денови кога им се одава почит. Каде е тука да излезе премиерот, некој од министрите и да објасни кој бил цар Душан и зошто е неговиот споменик и да ги прекине тие храбри и апсурдни изјави.

    Па и ако се толку паметни треба да знаат дека во тоа време ниту постоела Макеоднија, туку Византија или Источно Римско царство, а уште помалку Албанија. Па Албанија е бре квази држава настаната во 1912 год. Но поентата е во тоа да се боцкаат, подгреваат некои работи и да бараат преку леб погача и секако на крај да не понижуваат се повеке и погазуваат нашиот народ.
     
    На Valeriya му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Valeriya

    Valeriya Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 октомври 2012
    Пораки:
    195
    Допаѓања:
    63
    Кој има можност вечерва нека гледа на Канал5 емистијата на Миленко Неделковски. Се зборува за “наталитет&морталитет“ баш за тоа што сум највеќе критикувана тука. Кога ќе ја има на интернет ќе ја постирам во другата тема и ќе развиеме дискусија. Без лицемерие и ниски страсти, туку квалитетна дискусија без шаблон муабети. Ми се допаѓа една изјава на Латас и гласи:

    - Македонците сами по себе се криви за својот биолошки нестанок и никој друг. Се живеело и во многу потешки услови, па се имало деца и бракови. Џабе Македонците прават куќи, станови, викендици кога нема да ги имаат за 40-50 години, затоа што Албанците потпомогнати од другите муслимани ќе ги иселат од таму!
     
  14. bittersweet

    bittersweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2010
    Пораки:
    2.134
    Допаѓања:
    64.798
    Пол:
    Женски
    ^И јасно ми е се, само погледни од каде ги црпиш своите информации, смешки живи. :rofl:

    Латас ти е идол??? :tmi:
    Истиот тој кој за време на владењето на Б.Ц плукаше по ВМРО, истиот кој ги организираше младите да протестираат во Скопје против бомбардирањето на Србија и ја демолираа амбасадата на Америка и направија ршум по приватен имот во Скопје, истиот што без трошка грев товараше млади деца од Македонија да стојат на Бранков Мост во Србија иако можеа да загинат и за чии интереси го правеше сето тоа или истиот тој што заедно со Ѕинго отиде да му го бацува газот на Слободан Милошевиќ-воен злосторник?????????????? :puke: :swear:

    А латас и неговите небулози може да ги проголта само некој без мал мозок, сам на себе е контрадикторен, од една страна ги набедува македонците дека поради свој конфор и себичност немаат повеќедетни семејства а самиот спаѓа во истите, со финансиските можности кој ги има треба да има според неговите збориви барем 7-8 деца а тој има само 2 или 3 беа не сум сигурна.

    Миленко ти е извор на добри информации, го рачунаш за новинар. :o :?:
    До вчера местеше натпревари, држеше бинго по шупи, ги олесни над 2000 луѓе од 200.000 евра за визи кои секако беа превара и за да не оди во затвор им го лижи газот на ВМРО, that was the deal.
    Тој па што ќе збори за наталитет има деца па да збори против другите кои имаат по едно или две? :?:

    Треба да си ги преиспиташ тие што ти кажуваат кого да идолизираш, онака најсериозно, не мора се што ќе ти кажат да проголташ, мисли малку и со своја глава или несмееш?
     
    На kravce, lunicka, JuLleE и 7 други им се допаѓа ова.
  15. Valeriya

    Valeriya Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 октомври 2012
    Пораки:
    195
    Допаѓања:
    63
    Јас никаде не кажав дека се воодушевувам на Латас или Миленко, туку дека емисијата има добра поента. Никој не зборува за нивното минато. Јас гледам емисии и на Телма, ПлусИнфо, Алфа. Црпам извори од многу сајтови, статии, блогови, а не само од Латас и Миленко. Какво и минато тие да имаат не можеш да го негираш фактот дека се одлични новинари. Миленко својото криминал си го платил со затвор и тука нема што да се убедуваме. Во емисијата не беше Латас и Миленко само, туку и Гиш, Пандов.

    Кога ќе излезе видеото ќе го постирам во другата тема. Колку и да се бламираме, фолираме една е вистината, а тоа е дека ќе не нема и ќе нема каде да живееме во блиска иднина. Затоа толку фама се крева и се спасува она што може.
     
  16. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.779
    Допаѓања:
    22.421
    Пол:
    Женски
    Си има една убава погорка која вели- Не дирај лава док спава. Што ја чепкате не ми е јасно, нит ќе каже нешто паметно, нит некогаш кажала.
    Џабе си го трошите времето со нејзините небулози, чисто испран партиски мозок и ширење на омраза на форуми, што е секако главна цел на нејзите комаданти и даватели на наредби.
    Игнорирајте ја, колку можете повеќе сите, зашто темава се претвор во ПАНАЃУР, не дека порано беше нешто подобра, ама со настапувањето на Вел на сцената станавме бетер до женине на чешма што се карале и за коси ќе се фателе ако не се согласувале.
    Не доликува на зрели и паметни жени да се симнуваат на тоа ниво.
    Вајда кога ќе ја игнорираме ќе се повлече и нема да се враќа повеќе, зашто стварно темиве од подфорумов ми ги одмилува за навек.
     
    На Li0ness, drugarka и Nymeria им се допаѓа ова.
  17. Valeriya

    Valeriya Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 октомври 2012
    Пораки:
    195
    Допаѓања:
    63
    Да не бев јас во оваа тема ќе имаше 5 постови во 2 месеца. Додека за нокти, лакови, парфеми, модни блогови, одмори, парчиња гардероба има по 2,000 страни( нели сите вие гладувате, умирате од глад, крпите облека, немате што да облечете) во теми за политика и општествен живот коешто ни е од многу поголемо значење на мене и тебе има по едвај 5 постови во недела. Ете на кое ниво е нашата „еманципирана“ женска младина, а нели јас сум простата и партиски полтрон за коешто немаш, ама ниту еден доказ освен навредување. Јас ако сум партиски полтрон ти си партиски полтрон на Сдсм, нели? Баш сите вие тука на форумот сте независни и непартиски. Не се фолирајте многу. Јас не се сложувам со многу политики на ВМРО, но има политики и проекти што ми се допаѓаат многу. Кога ти можеш да лаеш против владата цело време зошто јас да не можам истата да ја бранам? Која си ти да ми кажуваш дали јас да пишувам на форумот или не? Твој да не е? На мајка ти или на татко ти? Погледни си го твојот степен на комуникација и интелегенција, па дојди да судиш за други. Ако сум јас партиски полтрон зошто и ти не си партиски полтрон?

    Јас не ти ги одмилувам темите, туку ти си немоќна со твојата ниска комуникација да реплицираш со пост во коешто има разумна статистика и факти. Далеку си ти од позиција да пишуваш постови за политика, економија и социјала.
     
  18. Valeriya

    Valeriya Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 октомври 2012
    Пораки:
    195
    Допаѓања:
    63
    @Hipster

    Да не бев јас во оваа тема ќе имаше 5 постови во 2 месеца. Додека за нокти, лакови, парфеми, модни блогови, одмори, парчиња гардероба има по 2,000 страни( нели сите вие гладувате, умирате од глад, крпите облека, немате што да облечете) во теми за политика и општествен живот коешто ни е од многу поголемо значење на мене и тебе има по едвај 5 постови во недела. Ете на кое ниво е нашата „еманципирана“ женска младина, а нели јас сум простата и партиски полтрон за коешто немаш, ама ниту еден доказ освен навредување. Јас ако сум партиски полтрон ти си партиски полтрон на Сдсм, нели? Баш сите вие тука на форумот сте независни и непартиски. Не се фолирајте многу. Јас не се сложувам со многу политики на ВМРО, но има политики и проекти што ми се допаѓаат многу. Кога ти можеш да лаеш против владата цело време зошто јас да не можам истата да ја бранам? Која си ти да ми кажуваш дали јас да пишувам на форумот или не? Твој да не е? На мајка ти или на татко ти? Погледни си го твојот степен на комуникација и интелегенција, па дојди да судиш за други. Ако сум јас партиски полтрон зошто и ти не си партиски полтрон?

    Јас не ти ги одмилувам темите, туку ти си немоќна со твојата ниска комуникација да реплицираш со пост во коешто има разумна статистика и факти. Далеку си ти од позиција да пишуваш постови за политика, економија и социјала.
     
  19. Nymeria

    Nymeria Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    758
    Допаѓања:
    3.659
    Јас мислам редно е да ја банираат веќе. До сега и трол да беше ќе се откажеше. Барем од темава нека ја банираат. Упорно шири офф топици, треска глупости и ги иритира членовите.

    Едит: само нека и ги зачуваат последниве 2-3 мислења, како иљач за лечење од депресија може да се искористат, бидејќи се пресмешни. Латас и Миленко бе :D.
     
    На tessie, Hipster и esperanca им се допаѓа ова.
  20. Valeriya

    Valeriya Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 октомври 2012
    Пораки:
    195
    Допаѓања:
    63
    Зошто некој да ме банира? Затоа што не одговарам на твојата интелегенција? Ниту едно правило на форумот не сум прекршила. Ниту навредувам, ниту пцујам, ниту омаловажувам некој форумџика тука, туку си пишувам за теми мене што ме интересираат. Јас не пишувам за политички теми во подфорум за “мода“, па да тролам. Ако гледаме така кон мене се упатија еден куп навреди од “зрели“ жени и ако мене ме некој банира треба и тебе да те банира, затоа што јас никаде не те повикав тебе да реплицираш и да навредуваш. Самата се појави. Ти немаш никакво официјално право да одредуваш на овој форум кој може и што сака да пишува. Јас само предложив кој сака да ја изгледа емисијата и дека ќе ја постирам во соодветна тема кога ќе излезе видеото да отвориме дискусија, а ти се појави од никаде и почна да навредуваш како “зрела“ жена.