Може препишувале од Германија, таму мажените/женетите и со деца имаат пониски даноци. Ама вака каубојски не се донесува ваква мерка. Кај нас прво треба да се обезбедат услови за да живеат младите сами и рано да се осамостојат а не да живеат со мама и тато до 30. Во услови кога немаме стандард за такво нешто сулудо е да се мисли на ваква мерка.
Гласајте против нив на локални избори, масовно. Стари моми и ергени има доста, ама добар дел од тие луѓе не ни имаат примања. Ова што го кажал е тероризирање на населението. И која е подобра опција, да стапат во брак со било кој, да направат деца, да има уште повеќе семејно насилство и деца што ќе страдаат? Пола град работи на црно, ни каса, ни фирма, ни вработени, ништо, ја краде државата, не го дира никој, овој даноци ќе наплаќа на неженети. Во Тунгузија ќе влегува со такви мерки. Па тоа е кршење на човековите права. И кај е тој развој од милијардите? Процвета ли државата? А нели УСАИД кога ги укина парите, требаше да процветаме и ништо. Има да скапеме во долгови со овакви.
Оваа мерка ќе придонесе уште толку да се иселат. Наместо стварно да земат да направат нешто они данок ќе ставаат. Најлесно е тоа а тешко е да направат нешто зошто ич не им е гајле ниту за државата ниту за народот, џебот им е најважен.
Така де, со 400€ минимална плата која ја зимаат сигурно 1/4 од работниците и мин.2000€ квадрат за стан они нека се осамостојат. Прво нека ја сузбијат урбаната мафија, нека го регулираат пазарот со недвижности, нека градат државни станови за фамилии како во ЈУ, нека го зголемат минималецот асално плус и просечната плата па да збориме за ова. Што треба млад човек кој не може да си купи стан зошто еднособен е 100 000 € да се жени и да живее заедно со тато и мама и жена и деца во 1 стан? Никаква логика и допир со реалноста.
Северна Кореја и брат Ким нека гледаат и нека учат, вода можат да ни носат нас како држава и на врховниот вод... пардон премиерот Кики.
Овие глупави мерки ме потсетуваат на Путин, Иран, Ирак и слични затуцани. Џабе бракови, колку и да ги има, затоа што добар дел од населението е стерилно и не може да има деца. Може се свесни, а може и не се свесни. Млади, постари, стерилни има многу во државата. Ако некоја се мачела со гинеколошки проблеми, свесна е дека за деца ќе биде тешко. Ако некоја не се обидела да забремени, може мисли дека е здрава, а тоа може и да не е точно, иако телото не дало сигнали. Дајте на страницата на Мицкоски да му пишеме што мислиме. На локални гласам против Вмро. И кај Максим сезнајкото да му се пише, оти сезнајко беше.
Значи да очекуваме нови вработувања во Биро за самци. Забави низ АРМ низ Македонија за самци, од 27+ или од 30+ или колку години...? И за некои како вујко ми 60+ во пред пензионерски домови ли ќе ги праќаат? Или ваучери за одмор за самци? Луди идеи. Ама искрено не сум изненадена. Во последно време какви лоши промени има низ законите, не очекувам нешто разумно.
Се прашувам кај се сега ВМРОвциве да се јават да го бранат фирерот?! Кај и да е ќе ги читаме по темиве како ова е супер одлука и е клучна за успехот на државава. И за идентитетот исто така Ме потсеќа на Гвујо и кампањата за трето дете: „Моите ќе купат количка, твоите креветче„ и оп детето ќе го изгледаме
Ако истите админи му ја водат страната без ефект е. Јас така му се закачив со коментари за пописот или името не ми текнува за што точно беше, ама сите ми ги избришаа. Не се откажував имав време тој ден и упорна бев ама ме блокираа на крај. Така да тој нема ни да прочита а дали до народот ќе стигнат коментарите зависи од админите дали ќе бришат. Башка мислам дека автогол си даде со изјавава иако читам вика размислувал за таков данок. Сега за сега се во позиција да знаат дека се сигурни на власт затоа што Сдс се потонат брод во моментов ама на локалните не се знае, тука треба да има изненадувања. Иначе ако ги стават Боби или Орце а опозицијата има јак кандидат и во Скопје ќе биде тесно. Јас секако на локални вообичаено не гласам со оглед на тоа кои фаци се по советничките листи. Ама ние сме нарор со свест, не владее никој вечно тука, еве за 8 години 3 пати се мења власт така да ништо не е сигурно колку и да спијат на тоа уво дека се сигурни. Проблемот е што нема сеуште а треба да има јака 3 и 4 опција, тоа е спас.
Аааа, затоа се задолживме рекордни 6 факинг МИЛИЈАРДИ евра, за да оди народот без работа и врски по пустелии без инфрастуктура да сади френки и чушки да преживее , и плус да се коти ко мачки само за да има кој да враќа у наредните билијарда години, додека стокава и децата нивни ќе си ги прчат ќе се бодат и курваат со истиве овие пари по Монакоа и Дубаија у сопствени згради и облакодери шо ти ја знам? Абе ако ни е, и малце ни е. Бетер од Кина сме, и тоа ќе дојде ќе јадеме кал и земја, и пак арни ќе ни бидат. Коа ми викаше чичко ми за вија треба само гилотиња, од А до Ш до трето поколение и тоа, да не му текне на некој после тоа пак, ја му се чудев.
Koj ima dobra memorija, znae deka predlog za vakov zakon za nemazeni/nezeneti da plakjaat danok imase I vo 2013 nekade, ne se prvi vmro sega sto go kazuvaat, ama ne uspea togas, nema ni sega, ova e samo za da se zapali narodot, nisto drugo...
Абе мајчино млеко ќе ни излезе од простоќава што 34 години ги ду*и народов, а народов па упорно со гол гз дреме… што племе ќе бевме, сдс-вмро, вмро-сдс, до толку бе слепциии при очи ли се луѓево. Ја мислев од Зајко убедливо поглупо створење не сме имале, ама овој мисиров вода може да му носи. Се решивме во државава уште даноков за неженети/мажени остана.
Ако не знае да направи полнети пиперки, тавче гравче, не ја земам бе, ќе си платам фино лепо данок ....
Да да, ќе зголемуваме наталитет за тие кутри родилки и новороденчиња да умираат после од сепса, од што нема кој да нѐ лечи од што лекариве фатија сите магла по белиот свет. Битно се мажеле, женеле и раѓале, дали после живееле, мање битно. И дај кажете ми ја логиката, како ваква мерка ќе натера некој да се врати од странство побогу? Па ова само повеќе ќе те избрка да си одиш. Досега си одеа сите по странство оти немало вакви даноци?