Актуелни политички настани

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Ariel, 3 август 2010.

  1. Аргентина *

    Аргентина * Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    4.972
    Допаѓања:
    9.769
    Пол:
    Женски
    Ова е неуспех на македонската (надворешна) политика, ништо друго. Комшиите ќе продолжат со лобирање.
     
    Последна измена: 11 јули 2025 во 10:06
    На Ahoy и Tanjamm им се допаѓа ова.
  2. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.671
    Допаѓања:
    14.136
    Лага до лага и глумење не сам одавде, не сам знајала. Бугари ќе го бараат Делчев, учел таму, коските долго му беа таму, пола фамилија таму. Како ви личи дека не е спорен лик? Тој внук му Христов беше со Максим на емисија, па Максим го искажа дека се знаат од претходно, бил веројатно на Тамбурашки фестивал, Христов си ќути, се однесува како да не бил тој. Опортунист, ќе си пивне винце со Максим во Куманово, после ќе си живее од бугарската плата што ја добива од државата Бугарија. Што не кажа дека е Македонец, што не кажа колку Македонци има во Бугарија? И прашање е што му е едниот родител, сигурно Бугарин, жена му? Сигурно Бугарка. Дел од историското Вмро сакале Македонија и Бугарија да бидат една држава, ваму шок зошто Бугарија ги барала. Затоа што биле бугарофили и одработувале. Да имаше посветли датуми, немаше да славиме пропаднато востание што е платено после со дупли ќотек и војвода што се школувал во Софија како Бугарин. Не може да се 300.000 Македонци сега, затоа што наталитетот е ужас, дел се иселени на Запад, другите се измешани со Бугари. Отидете во било кој град во Пиринска, викајте Македонија, дојдете пишете како сте поминале после. Дури и 300.000 Македонци во 6.5 милиони се ништо. Атанас Кирјаков беше независен кандидат за градоначалник на Благоевград, сам говореше дека е време градот да има градоначалник Македонец, зема 300 гласови. Значи само роднините го гласале. Човекот го пцуеше Стојко Стојко, одработувал за други, не требало да зема канцеларии под кирија, требал да купи. Му пишав дека се појавуваат само тројца, и пцуење, навреди, така права не се бараат, ме блокираше, толку од македонство, култура, карактер. Истото му го кажав на Стојко, вели како би купил простории, со кои пари, пушти го. Кирјаков мислам дека е алкохоличар. Севкупно, освен Стојко Стојков, таму константа и стабилен човек нема. Па глумење лудило ќе ги тепале, ги убивале, барање алиби за незаинтересираноста. Гледам Стојко 30 години бара права, жив и здрав е. Кирјаков беше на избори, ама кој ќе гласа некој дедо што веројатно пие и навредува. И пропагирање антивредности, да не работиме ич, во ЕУ да не примеле. Настрано. Не не сакале. Што има да те сакаат? Не е тоа клуб за осамени срца па никој не те сакал. Не бришеле. Тоа не е управа за водење на матични книги што ќе ви извади извод, си имате извод, така? Погледнете како Албанија ја пофалија дека брзо напредува, дури ја пофалија дека е единствена каде сите партии се проеу. Вистина. Нема таму проџихад и проруски утепотини. Развој, пари, напредок, работа, немаат време за денгубење. Самите Македонци ништо не работат, ич ништо, цел ден навредуваат и се закануваат небаре војна ќе му објават на цел свет, а пожарот во Паланка го изгасија ќустендилски пожарникари, во Дојран Грци изгаснаа. Ни се водат, ни се тераат. Муабетот дека ни ветиле да смениме име и ќе влеземе во ЕУ е една пропаганда од епски размери. Никој не рекол "слушајте, абе име сменете, ни кластери, ни скрининг ќе има, реформите се за будали, вас не ви требаат, еве Германија сама ќе ве внесе без согласност на другите, колку сакаат нека се бунат и Црна Гора, Србија". За да се оправда мрза, злоба, завист, неработа само како глутници се пуштаат де оној ваков, не оној таков, а бивши затвореници, насилници, крадци, неписмени со бугарски пасоши се шетаат по Европа. Прават штета. Отишле наши во Хрватска да работат, во ресторанот имало неограничено безалкохолни пијачки и ограничено алкохол. Се знае што правеле, се пијанчеле, па еден што бил понормален се срами од нив и ги коментира кој срам се.
     
    На Goran1os му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.784
    Допаѓања:
    41.852
    Пол:
    Машки
    Данела со тимот нападнати во Чаир, пред очите на полицајци.

    Ова е вест која треба екстремно да не загрижи и вознемири. А дали… веројатно не.
     
    На vitamina, Glowy, Miss666 и 4 други им се допаѓа ова.
  4. Iva:)

    Iva:) Популарен член

    Се зачлени на:
    9 април 2016
    Пораки:
    1.181
    Допаѓања:
    2.902
    Пол:
    Женски
    Данела е во коалиција со Дуи мафија и не можам да ја сметам за искрена заради тоа.

    Ама како избран градоначалник, па и врз било кој од вработените инспектори во чија наслежност е проблематиката овој напад е скандал и не смее да се премолчи. Дали се приведени, реагирало ли Мвр?

    И уште нешто, овој Туфчегиќ освен Васо еве го ги брани и монструмите од Онкологија.
     
  5. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    17.003
    Допаѓања:
    130.650
    Пол:
    Женски
    Не, бе.
    Некои се потсмеваат. Нула емпатија. :drunk:
    А, човек да не ѝ е во кожа сега.
     
    На Miss666 и Ahoy им се допаѓа ова.
  6. Stark

    Stark Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јуни 2013
    Пораки:
    6.416
    Допаѓања:
    22.009
    Пол:
    Машки
    Добро еве да речеме дека е. Ганиу не беше ДУИ претходно?
    Че се прајме слепи за спорните и ризични згради?

    До кога вака партиски препукување, а на криминалот замижување? Кажи ми дека не си политичка амеба, во спротивно си губам време, МНОГУ.
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Iva:)

    Iva:) Популарен член

    Се зачлени на:
    9 април 2016
    Пораки:
    1.181
    Допаѓања:
    2.902
    Пол:
    Женски
    Јас мислам дека премногу ризикува, има дете, богата е и не и е политиката единствена кариера. Јас не би си ставила здрава нога во трн како нејзе и не би се плеткала со мафија.

    Иначе мислев дека од Дуи е таму, Чаир е бастион и дека она као нешто глуми, не знам кој е Ганиу.

    Се надевам дека нема да продолжи зошто реално не очекувам Мвр или било која институција да реагира, како и за се кога се Албанците во прашање. Ќе си плаќаме ние вода и струја за таа зграда, и сигурно не е само таа.
     
    На Sophitas и Stark им се допаѓа ова.
  8. Stark

    Stark Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јуни 2013
    Пораки:
    6.416
    Допаѓања:
    22.009
    Пол:
    Машки
    Ех колку тажен пост...
     
    На Ahoy му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Iva:)

    Iva:) Популарен член

    Се зачлени на:
    9 април 2016
    Пораки:
    1.181
    Допаѓања:
    2.902
    Пол:
    Женски
    Тажна е реалноста.

    Зошто Данела мора да излезе со телевизија на терен за да се докаже нешто? Затоа што не финкционира правната држава. Да функционираше уште на првата лопата ќе беше спречена градбата. 30 год.се толерира се и сега треба да ја бодрам Данела која патем е на функција уште 3 месеци да ги исправува работите? Жената е храбра ама тоа е за жал недоволно кога системот е корумпиран.

    Има надлежни, пред се Мвр кои треба да постапат. Гневот треба кон Панче да се насочи не кон Градоначалничката која само може да си го добие за ова, со оглед како гадно и се закануваат.
     
    На Sophitas му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Stark

    Stark Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јуни 2013
    Пораки:
    6.416
    Допаѓања:
    22.009
    Пол:
    Машки
    Дали си свесна каква порака носиш со сето ова што го пишуваш?
     
  11. Iva:)

    Iva:) Популарен член

    Се зачлени на:
    9 април 2016
    Пораки:
    1.181
    Допаѓања:
    2.902
    Пол:
    Женски
    Сум, тоа е мое мислење и ако е погрешно порано или подоцна ќе се покаже. Не можам да ги гледам мажиштана што се мењаат на фунции со години, ко стоки се направија сите по ред како седат од страна и се прават дека не знаат што се случува во Чаир. И ако и се случи нешто на Данела никој нема да ја жали, ова е и храброст и лудост.

    Ама еве идат локални, па пак грото од народот ќе гласаат за коалициски договори (Вмро/Влен и Сдс/Дуи), толку од желбата да се воведе ред. Колку ќе добие Данела непартиски или Левица кои не се во таа шема? Ќе видиме. Тоа е таа критична маса.
     
    На Sophitas и anaja1 им се допаѓа ова.
  12. Bratot

    Bratot Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 април 2019
    Пораки:
    5.047
    Допаѓања:
    17.267
    Пол:
    Машки
    Ова е она наведната глава сабја не ја сече.
     
    На nextredstyle му/ѝ се допаѓа ова.
  13. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    17.003
    Допаѓања:
    130.650
    Пол:
    Женски
    Мафијата владее затоа што останатите молчат. Доста храбро е од нејзина страна што реши да се соочи.
     
    На Gosh и Bratot им се допаѓа ова.
  14. ArabellaStarfall

    ArabellaStarfall Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2024
    Пораки:
    1.229
    Допаѓања:
    7.750
    Пол:
    Женски
    Не ме чуди. Такви изместени фаци да не мислевте дека дипломатски ќе решаваат проблеми.

    Една жена не им се плаши, а цело МВР мажи се кријат. Кој тоа има муда, жената или мажот? Изгледа дека во Македонија, половите се обратни.

    И ако имаат право на влијателно лице на позиција вака да се понашаат, што ќе се случи со обична жена?! Или ќе ја силуваат или ќе ја убијат.

    Срамота. Дно.
     
    На Tanjamm, Golden и Miss666 им се допаѓа ова.
  15. ArabellaStarfall

    ArabellaStarfall Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2024
    Пораки:
    1.229
    Допаѓања:
    7.750
    Пол:
    Женски
    Патем, го потапшаа по рамо полицаецот што крадеше струја?

    И они Кочани ќе го решавале:D
    Важи.

    Не ни требаат Бугарија и Грција да не уништат. Способни сме сами.
     
    На Tanjamm, Sophitas, vitamina и 2 други им се допаѓа ова.
  16. Bratot

    Bratot Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 април 2019
    Пораки:
    5.047
    Допаѓања:
    17.267
    Пол:
    Машки
    Баш, секоја и чест.
     
    На nextredstyle му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Bratot

    Bratot Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 април 2019
    Пораки:
    5.047
    Допаѓања:
    17.267
    Пол:
    Машки
    Еве го и видеото кај шо ја напаѓа.

    Туку и друго ми е во мисла, добро бе колку ли дивоградби има во државичкава ни, до кога ќе се премолчува на цел овој системски неред :|

    (Видео) Данела го попари министерот и цела ботовска булумента: Објави целосна снимка од физичкиот напад врз неа!
     
  18. Iva:)

    Iva:) Популарен член

    Се зачлени на:
    9 април 2016
    Пораки:
    1.181
    Допаѓања:
    2.902
    Пол:
    Женски
    Заклучок на денот е дека Вмро си се закопа, станаа заложник на Влен. Не се сеќаваат дека Сдс не изгуби ниту за името туку заради што беше слуга на Дуи и Груби. Тогаш беше пајакот крив сега Данела е сама крива. Дното го пробушија денес. Особено Панче со изјавата.
     
    На Tanjamm, Miss666, Ahoy и 2 други им се допаѓа ова.
  19. Goran1os

    Goran1os Активен член

    Се зачлени на:
    5 јули 2025
    Пораки:
    15
    Допаѓања:
    9
    Пол:
    Машки
    Еве прочитав дека и бугарскиот европратеник Ковачев реагирал за случајот со нападот на Данела.Ова ми мириса нешто,незнам што ќе биде.Сега кога разбравме дека и она е бугарска државјанка,овој случај ќе го надуваат како балон.
     
    Последна измена: 11 јули 2025 во 22:14
  20. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.784
    Допаѓања:
    41.852
    Пол:
    Машки
    Е стварно не ве разбирам. Трубиме дека мора некако да се оправиме, ама ако може криминалите под тепих да ги криеме. Будала Арсовска. Да, ама е прв градоначалник во 30 години што го прави, а и што го трпи ова. За тоа де вели фала и се подржува, а не се клоца и шамара.

    Инаку е и Портпарол за превенција на корупција во Советот на Европа, што е и причина плус за нејзината храброст вака да постапува.

    И така, си беше еднаш некогаш… а сега полека пак. Не се согласуваш со нас? Ни се противиш јавно? Трааас.

    IMG_5038.jpeg
     
    На Eunoia, Munchmallow20, Golden и 2 други им се допаѓа ова.