Даа бе како да не, можи и дрогирана била а не само пијана, овие одма пијана Мора да се браниме и поддржуваме комшиите
Како е можно 50% од становите да се плаќаат во кеш? Евентуално некој ако има пари од сомнителни извори? Каде биле институциите?
Трајко Славески вчера кажа, пола станови биле земени на кредит, пола во кеш. Не ми е јасно како е тоа можно? Дивоградбите во Чаир да не ги купуваат во кеш? Ако навистина е како што кажува, каде биле институциите? Ако е така, тие пари не се чисти, веројатно не се ни даночени.
Го гледав Колумбиецот Јанко како дава интервјуа на македонски. Како зборува македонски, а нема никаква врска со Македонија, па тоа е чудо. Пишуваше по групите за македонски јазик дека сакал да научи основен македонски, ама не основен, веќе е во многу напредна фаза, сите прашања ги разбира и враќа на македонски и плус е речит, секоја идеја и мисла што ја има ја преточува во зборови, не видов да почне нешто да објаснува и да застане на пола пат. И ми се допаѓа таа скромност, што нагласува дека сака уште да учи и јазик и хармоника и се. Голем човек, така треба да изгледа еден млад, нормален човек, не да е трул сеирџија, злорадосник со тапија и да трча да зема брзи кредити или да дреме со 3 пива пред кооперација. Споредете го Јанко со нашиве што се во Германија и по 10 години некои не ни знаат германски, иако имаат дебел економски интерес. Сетете се само Заев како зборуваше англиски и српски, па Канческа Милеска како зборуваше српски, на Ѓорѓе Иванов како во ОН смешно му мавна на Боцевски да го преведе на англиски. Во Собрание зборуваат на битолски, охридски, кавадаречки. Јадно. Во суштина Јанко по татко е Колумбиец, по мајка е Украинец, ја промовира музиката и културата на Македонци што бројат мртви Украинци, чекаат кој во светот ќе се распадне и самите свесно и намерно форсираат српска музика, а македонската ја уништија оти не ја ни слушаат.
Kade e drzavata da se grizi za Dojdansko ezero koe nema dotur na voda? Kade e grizsta za Prespanskoto ezero koe propagja? Kade e grizata zs Velesko ezero,kade nema procistetitelna stanica? Tolku Da. Ne se vodi griza za vakvi prirodni bogatstva toa e porazitelno za drzavata i turizmot!
Мицкоски денес за демографијата: Создавањето семејство е патриотски чин и така се брани иднината на Македонија. Што чека уште Илија Димовски? Скоро 50, вмровец, патриот, имот, некретнини на велешко, високи примања, симпатичен и посакуван ерген, ги има сите услови за да ги исполни своите патриотски должности. Не е лошо и вмровците да почнат да ги спроведуваат во пракса идеологиите кои ги застапуваат.
Кога Бујар Османи лобира Шпанија да го признае Косово, овдека има хистерии, кога Бектеши отиде во Албанија и кажа дека е македонски министер ама Албанец, му пишуваа дека треба да си оди во Албанија да си биде министер. Што правиме со Ирена Јовева? Кога Македонец се однесува така, не е исто? Родена е во Словенија, си го средила животот поради умните и вредни Словенци, ја плаќаат Словенци, а во ЕП споделува лични ставови. Дали треба сега нејзе Словенците да и кажат да си фати пат за Македонија? Да, оти се заборави која држава ја претставува. Да беше таа во Македонија, сега ќе бараше работа во маркет, оти со поколенија едни исти се пукаат државата да ги храни. Што брани Ирена? Па ене ги кој ќе се побуни Бугарите ги наоѓаат дали брат му или тој лично имаат бугарски пасоши. Брани државници со бугарски пасоши што сакаат да крадат, не да се реформираат, и згора шират хистерија и се нафрлат на секого. Да сум Словенка ќе барам нејзино разрешување.
И сама кажуваш овие двата се функционери во Македонија, од тука плата земаат и нема шо да бранат туѓи држави. Да имавме функционален систем досега зад решетки ќе беа.
Криминалчишта и апаши повторно ќе зборуваат за демографијата и наталитетот. А подобро за човештвото нивните фамилии никогаш да не се накотеле. There, I said it.
Тоа ти кажувам, требало да бидат разрешени и Бујар и Ирена. Ако толку ја сака Македонија, слободно нека дојде да живее, има да пропадне тотално. Бујар чим се секира за Косово дали ќе го признае една Шпанија, зошто од мој данок да зема плата? За тинејџериве олимпијци, трауми ќе имаат до крај на животот. Де вода немале овдека, де веце немало, де плафон паднал, де спиеле по двајца во кревет, клими немало, храната била лоша и мали порции. А знаеле хотеливе да КАЧАТ цени? Чист грабеш и понижување за огромен број нации. Една тв што прави пропаганди пушти 2-3 Срби што кажаа дека е ок. Требало владава да земе автобуси, гратис да ги прошетаат до Матка, Кале е депонија, а и Водно не е нешто. Нема да им текне на тие млади веќе да се свртат наваму, кој ќе ги праша како поминале, хорори ќе раскажуваат. Утрово ја слушав Гордана Јанакиевска, хроничаркара на Скопје, кажа дека не ги почитуваме сите кои помогнале при земјотресот. Знаете дека Американци со авиони донеле подвижни болници и шатори за скопјани и дека Јапонка си продала дијамантски прстен за да помогне? Сме се одложиле некако? Јадење помии и чекање кој ќе умре не е доблест, дијагноза е.
Не ми кажуваш тоа туку споредуваш нешто неспоредливо, Ирена не треба да одговара за ништо бидејќи тоа што го кажа е веќе општо познато и имаше право на тоа, додека Бујаровци не само што треба да бидат разрешени, туку треба и да одговараат за тоа што работат против државата, не почитуваат закони и сакаат да ти земат Тање дел од територијата.
Пристрасен си со споредбиве. Во случајов Тања е во право. Ирена е преставник на Словенија и како таква треба да ги застапува нивните ставови пред ЕУ, не нашите. Исто како Бујар што е платен од нас и треба да ги застапува нашите ставови, а не косовските.
Споредливо е, исто е. Не можеш Бујар да го ставиш во затвор, ни Ирена затоа што државна функција користат за лични цели. Законот не е желботека, не убиле, не направиле измама, не извршиле дело тероризам, туку злоупотребиле позиција и за тоа треба да им следи разрешување. Ти му се лутиш на Бујар, а Словенците се среќни што некоја дојдена од којзнае која македонска касаба прима пари од нив и глуми ѕвезда во ЕП, брани корупциски дувло што нема намера ништо да смени наредни 30 години? Велиш Бујар сакал да земе територија, мислам прв пишуваше Русите во Украина си кажале кај сакаат да живеат на референдум, а овдека нели е истото? Имаше референдум одамна и овдека. И јас не видов дека албански медиуми прават интервјуа да им појасни Бектеши дека е Албанец, па кои му се родители, па од кај се, а гледам и македонски медиуми се скапаа која била Ирена, кои биле родителите, па воздигнување до небеса, а во суштина е родена и порасната во Словенија, Македонија не и дала ништо и брани Македонци тотална распродажба економски причини и бугарско пасошче. Треба еднаш сериозно да им се очита лекција во Брисел за пасошите и чао, да не срамиме цивилизиран свет и да не лечиме хистерии на недолжни. Тони Менкиноски кажа во Брисел на македонски преведувала Бугарка. Ја обвини нашава дипломатија, на радио го слушав. Тоа ти е пример за глуперди, па уште и хистерични и ќе навредуваат.
Sramota bruka da ne mozeme da organizirame nekoj sportski nastan! Mizerni uslovi vo 21 ve k da nemozat sobi da se sredat sali?! Sto pravea ovoj perod ili cekaatbsamo plata da si zemat! Itno Ministerot za Sport da si dade ostavka,.Megjunaroden olimpiski komitet glavniot,Direktorite na studentskite domovo! Da pobara odgovornost Mickoski!
Баш ги заболе.. тие гледаат да украдат што е можно повеќе да профитираат од се.. Не знам во некој студентски дом да има клима.. студентите живеат во ајде да не претераам ама мизерни услови.. можеби гоце беше подобар другите се хаос..