Актуелни политички настани

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Ariel, 3 август 2010.

  1. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.784
    Допаѓања:
    14.260
    На тема локални, претседател на месна заедница во едно чисто албанско село ми рече сите ќе го гласале Максим, прашав зошто, ми вели "ааа ние не сме некои нелуѓе, доброто да го забораваме, па ние си изградивме школо, ама дивоградба беше, тој ни помогна да го легализираме, инаку во дивоградба не можеш струја да донесеш, а и дворот ни го среди, благодарни сме". Види го муабетот, вели не сме нелуѓе добро да заборавиме. Има други кои се, море не да забораваат, гроб му копаат на тој што ги помогнал и ликуваат. Школо да изградат сами еј, па тоа се пари бре, иако не знам колкаво е школото, но не е обврска на селани да градат школо, на државата е. Тоест имале школо, ама има деца, па самите изградиле и не се бунат, замисли. Пред 10 години местото доби статус на село, а пред 50 години било маало со 5 куќи, сега ново школо изградиле самите оти има деца и старото не ги собира. Која слога е тоа и демографска виталност, а за слично читав по медиуми во крушевско Норово, сами школо градат. Во друг кампус уште се кука за леб, струја, домати, основа и види чудно ми чудо, требало да се постираат сметки по интернет па непознати да им ги плаќаат демек во знак на хуманизам и доброта. Да плаќаш сметки на непознати не е хуманизам и доброта, туку тешка глупавост, наивност и немање свест за менаџирање со лични финансии. Еднаш имавме помогнато на мајка со 8 деца, ни се закачи како пијавица, бара уште и уште, и пишува по инбокс, нема срам, и само под слики остава коментари "срце си, супер си, душа си". И на тие други што ги натерав да донираат морав после да се брукам и да ја правдам дека жената е неука, не прошета а, некултурна, пола работно време срциња во инбокс им праќала, барала уште помош. Кога ја видов сликана лежерно на фотелја со цигарче дури малолетните деца ги праќа да аргатуваат, ама таков презир имав за неа. Колешка ми само искоментира дека планирање на семејство се учи во нижите одделенија, а плус постојат абортуси во случај да немаш финансии за армија деца, така што жената била за ќотек. Во право е. Секогаш постои причина зошто некој не покрива ни основни животни трошоци, и тоа најчесто е неработење, алкохолизам, пушење, коцка, промискуитет итн, а ништо од тоа не е за величење, туку е баш нецивилизирано.
     
  2. Bratot

    Bratot Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 април 2019
    Пораки:
    5.190
    Допаѓања:
    17.734
    Пол:
    Машки
    Ахх колку емотивно, им помогнал Максо дивоградба да легализираат за гласови и не ја заборавале таа добрина оти не биле нелуѓе, а то шо се нелуѓе и градат дивоградби не е битно а :D

    Oвај пат Тање скроз погрешен кооперациски пример си нашла за да докажеш поента колку Македонците не чинат и се никакви, а сите други се совршени и погодени со сите нишани.
     
    На jacqueline.s, LiquidLuna, IwyMe и 4 други им се допаѓа ова.
  3. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.784
    Допаѓања:
    14.260
    Цел комшилук има доградби дивиградби кај мене. Мисли си ти дека само Роми и Албанци градат на диво. Еден од Сдсм кога се кара партиски, Вмроните му се закануваат ќе го пријават син му, да му ја урнат куќата. Типот има профил на форумов, ниту знам дали пишува, ниту сум го препознала. Хитлеровци, не е по мое, ќе го пријавам. Максо не направил ништо, тоест премалку, па ете се благодарни, а некои од гроб мртви ги вадиш, утре гроб ти копаат, се ситат ко пештерски рудимент. Јас ти кажувам дека сами изградиле школо, наместо да бркнат во твој и мој џеб од државни пари, можеле да протестираат за школо, слога, собрале пари, школо изградиле. Еј, школо, а во македонските села за сметка од селски водовод се караат, кој дал 50 денари плус, кој минус, па секој свои лични видувања дава кој колку требал да плати. Можат и Македонци да соберат пари, да изградат школо и нив Максо ќе им легализира, само во македонските села деца нема слога нема, никој не би дал ни денар. Градење на школо макар и на диво е позитивна вест, не убиле некого. А демографијата е плус приказна, од 5 куќи за 40 години стануваат 50, добиваат статус на село, од маало стануваат село, за 10 години школото им е тесно. Еве примеров ми текна, покрај опсежно знаење за цел свет, добро е и нашиот двор да го запознаеме, па утре кога ќе си изберат градоначалник, да не има шокирани, од каде, како, што?

    И чисто се сомневам дека Максим им легализирал со намера да лапне гласови, оти обично си гласаат за свои и тешки се за кандисување. Можеби е од страв, да не дојдат да дигаат џева дека школо не ги собира.
     
    Последна измена: 31 јули 2025
  4. Bratot

    Bratot Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 април 2019
    Пораки:
    5.190
    Допаѓања:
    17.734
    Пол:
    Машки
    Ете кај мене во комшилук нема ни еден со дивоградба, ама затоа кај Ромите, Албанците имаат скоро сите до еден, а ако некој само помисли да воведе ред одма игра каљашот и тоа е факт, колку сакаш извртувај ти тука.

    Изградиле дивоградба која си ја користеле за тоа што им текнало и која требало да биде турната веднаш а тој што ја изградил да одговара пред закон.

    Мито, гласови или играл каљаш, едно од тоа сигурно е.

    Плус еве и ти аминуваш градење на дивоградби, така да не си ништо поразлична од нив.
     
    Последна измена: 31 јули 2025
  5. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.784
    Допаѓања:
    14.260
    По повод Илинден беше кажано дека историското Вмро имало убиено 4.000 Македонци. По пат на ликвидации исчистиле интелектуалци колку жителите на едно Пехчево на пример, тоест Пехчево сега нема ни толку жители, ама ориентационо.
     
  6. Bratot

    Bratot Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 април 2019
    Пораки:
    5.190
    Допаѓања:
    17.734
    Пол:
    Машки
    Совршено работно место не пос... :|

    Директор од Влен, дошол на работа во понеделник, а веќе од вторник е на одмор
    Вработените во Националната галерија на Македонија се незадоволни од изборот на нов директор. Несакаат да зборуваат во камера, но преку соопштение до јавноста информираат дека Али Синани , сликар од Гостивар, е избран на конкурсот за избор на директор на Националната галерија и бараат таа одлука да биде поништена.

    Во соопштението информираат дека тој непоседува никакво искуство поврзано со музејската дејност , која е основна дејност на галеријата. Не соработувал со галеријата, ниту пак со други релевантни институции од тој тип. Извори за Телма од галеријата брифираат дека Али Синани се појавил на работа во понеделникот. Побарал службено возило, но не го добил, поставил заменик- директор, функција што ја нема ниту во статутот, ниту во систематизацијата за работни места на галеријата и веднаш заминал на одмор.

    Али Синани, кадар на ВЛЕН со 25 години престој и работа во Швајцарија, побарал да донесе во Националната галерија на Македонија уметници од странство, но му било кажано од вработените дека за секој заинтересиран институцијата одлучува на повеќе инстанци. Не дал прецизен одговор за темата на докторскиот труд , што го одбранил во Нови Пазар и не му била јасна директорската функција дека подразбира и обезбедување средства за потребите на галеријата.
    Вака завршил првиот работен ден на Синани, по што земал одмор, велат извори на Телма од галеријата. А, вработените во соопштението со кое бараат од Министерството за култура и туризам да ја поништи одлуката од конкурсот и да се спроведе нова транспарентна постапка, велат дека со изборот на Синани е загрозен принципот на стручност и објективна проценка, што се клучни за раководење на институцијата.
    Тв Телма
     
  7. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.784
    Допаѓања:
    14.260
    Гордана на Мечкин камен зборуваше како да е опозиција, а не власт. Ај што признава дека има премногу корупција, и што мисли дека друг тоа треба да го реши, ја искара ЕУ, немала лидерство. Која друга претседателка или претседател си дозволува таков безобразлук да тера? И ветија Крушево ќе добие превоз, никому ништо. Питу Гули се борел за туѓ интерес, да се китат некои со туѓи перја, а Крушево нема ни автобус, ни педијатар, ни гинеколог.
     
  8. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.795
    Допаѓања:
    41.890
    Пол:
    Машки
    Старо добро вмромвро на мегдан сношти во Демир Хисар :inlove: Ни година и пол нема кај шо се на власт, а тек што нѐ чека којзнае… (fingers)
     
    На Amellie, Munchmallow20 и Tanjamm им се допаѓа ова.
  9. Bratot

    Bratot Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 април 2019
    Пораки:
    5.190
    Допаѓања:
    17.734
    Пол:
    Машки
    Директорката на носилки ќе ја носеле за да потпиши за смена на новата од штаб поставена.

    Прекраснотиии 8)
     
    На monibejbi и Ahoy им се допаѓа ова.
  10. Apash

    Apash Активен член

    Се зачлени на:
    20 јули 2024
    Пораки:
    64
    Допаѓања:
    103
    Пол:
    Машки
    Е нема сега.. си ги гласавме и тие ни се.. за ум за друг пат..
     
    На monibejbi му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Bratot

    Bratot Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 април 2019
    Пораки:
    5.190
    Допаѓања:
    17.734
    Пол:
    Машки
    По кој пат ова?
     
  12. Apash

    Apash Активен член

    Се зачлени на:
    20 јули 2024
    Пораки:
    64
    Допаѓања:
    103
    Пол:
    Машки
    Еве имаш избори за некој месец.. не ги гласај и тоа е..
     
    На monibejbi му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.784
    Допаѓања:
    14.260
    Секогаш со нив е така, диктаторски некако и насилнички. Не работат ништо ни Сдсм, ни Вмро, само што Вмро тера пропаганда во стил ние сме четврта економија во Европа, минималецот наш има поголема куповна моќ од пола ЕУ, уставобранители е пропаганда, со тепање не се брани Устав, туку тоа се дел насилници, криминалци, прости луѓе, дел изманипулирани, наивни, не бранеле Устав, туку Грујо го бранеа. Кантонизација и федерализација исто беа пропаганда, не се случи ни едното, ни другото. Колку сакаш пропаганди има. Кралеви на пропагандата.
     
    На monibejbi, LollySky и Amelia им се допаѓа ова.
  14. Goran1os

    Goran1os Активен член

    Се зачлени на:
    5 јули 2025
    Пораки:
    28
    Допаѓања:
    14
    Пол:
    Машки
    Точно е тоа што го зборуваш,но Заев тоа што го вети не го испорача.Груевски на мистериозен начин му избега,а со Мијалков се пазареше.Па на овие сега им избега Груби,и оној директорот на ЕЛЕМ.Тоа се случува кога се ортаци со криминалците.Секој свесен граѓанин го гледа тоа,и од избори на избори има се поголем бојкот.
     
    На monibejbi, LollySky и Amelia им се допаѓа ова.
  15. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.784
    Допаѓања:
    14.260
    Нема фајде, само што Сдсм не тероризираат како Вмро и не се реваншираат. Сум пишувала критики додека Сдсм беа на власт, пријатели имам секакви и советници и пратеници, не ми пишале ништо, ниту ме навредиле, ниту ме избришале, ниту на улица ме одминале, а со Вмро не е така.
     
    На monibejbi, LollySky, Amelia и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. monibejbi

    monibejbi Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2010
    Пораки:
    1.971
    Допаѓања:
    2.233
    Skopjevo nie najprljav grad vo cela Evropa!
    Da ne pravime muabet kako ke bide vo grejnata sezona!
    pPak da gi glasame i Sdsm i Vmro sve kontra i odea na Danela na steta na narodot!P.sDavete se vo gjubre korisno e!
     
    Последна измена: 11 август 2025
    На Goran1os и Tanjamm им се допаѓа ова.
  17. Goran1os

    Goran1os Активен член

    Се зачлени на:
    5 јули 2025
    Пораки:
    28
    Допаѓања:
    14
    Пол:
    Машки
    Стварно Скопје не личи на ништо.Кој и да биде градоначалник треба сериозно да се позанимава со целата ситуација на не домаќинско работење,не само од Данела,туку и неработењето на Шилегов.Реално целата збрка почна од уште од Коце.Страшно е со тие Галиите во Вардар,почнуваат да се распаѓаат,досега требаше да бидат отстранети.
     
  18. Bratot

    Bratot Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 април 2019
    Пораки:
    5.190
    Допаѓања:
    17.734
    Пол:
    Машки
    Избори имаш, избор немаш.
     
    На Biljarkata, Amellie и Meni65 им се допаѓа ова.
  19. Apash

    Apash Активен член

    Се зачлени на:
    20 јули 2024
    Пораки:
    64
    Допаѓања:
    103
    Пол:
    Машки
    Ти мислиш другиве градови личат на нешто.. Прилепов со Боркичо се врати назад за 10 години.. уште еден мандат нека му дадат и барем да знаеме дека по 4 год ќе живееме како во турско..
     
    На Goran1os му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Bratot

    Bratot Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 април 2019
    Пораки:
    5.190
    Допаѓања:
    17.734
    Пол:
    Машки
    Драмата со директорката во Демир Хисар продолжува (facepalm)