Форумџика на годината

Актуелни политички настани

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Ariel, 3 август 2010.

  1. NoirSerpentine

    NoirSerpentine Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2021
    Пораки:
    1.131
    Допаѓања:
    2.778
    Пол:
    Женски
    Кој само прост народ? Па сите можни „медиуми“ тоа го кажуваат. Народот реално нема толку време да чита извештаи и нормално е дека ќе верува на медиумите. Медиумите, заедно со политичарите го „верглаат“ тоа.

    За Рама....па и не е така. Еден од најдрските е. Нема некое воспитување, ама само навидум изгледа дека знае што прави. Туку знае како да го „продаде“ пред медиуми она што го прави.
     
    На daylight му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Amelia

    Amelia Популарен член

    Се зачлени на:
    12 септември 2010
    Пораки:
    2.383
    Допаѓања:
    1.828
  3. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.992
    Допаѓања:
    14.626
    Ама младите што завршиле факултет, и знаат англиски нема оправдување да не го прочитаат тоа што ти го постираше и да се прават не сфатиле. Цел век ли не сфаќаат само нашиве? Врие од забелешки. Утре ќе внесеме Бугари во Устав и пак ќе сме тука и ќе се глуми наивност, прелажани сме биле, а реформи нема никаде. И новинарите треба да ги опоменуваат, не опомени, дури и санкции треба оти верглаат дека Меркел ни ветила само да смениме име и веднаш ќе влеземе во ЕУ, епа таква изјава не постои, нашите новинари свесно и намерно шират лажни вести, пропаганда, а не одговараат за своите постапки. Новинар не смее ни изјава на овчар да ја интерпретира погрешно, не на Меркел, Макрон итн. Зошто истите новинари не кажат дека Меркел ни рече пред промена на името, ќе треба многу работа? Тоа стои во изјавата на Меркел, уште многу работа, епа како бре новинари, работата ќе биде во еден ден?

    Албанија е со излез на две мориња, лојален сојузник, со нив ли ќе се мериме ние? А тие што мислат дека само промена на име е доволна за влез во ЕУ, не знам што се замислуваат, дали се мислат дека се Исус? Реално, и критериумите за влез во НАТО дали ги исполнуваме, веројатно не.
     
    Последна измена: 24 ноември 2025
  4. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.992
    Допаѓања:
    14.626
    Сега оди на Само вистина, Благица Ласоска од ВМРО рече дека Меркел ни рекла „Сменете го името, од утре ќе бидете во Европа“. Каде е таа изјава, нека ја пуштат? Не постои таква изјава. Ја измислуваат манипулатори. Знае ли оваа жена дека се гласа, сите земји членки треба да се изјаснат, не зависи само од Меркел. Кој ова не го знае, треба да оди на нива, не во Собрание. Ем Меркел не ветила такво нешто, ем такво нешто не е можно.
     
  5. Iva:)

    Iva:) Популарен член

    Се зачлени на:
    9 април 2016
    Пораки:
    1.632
    Допаѓања:
    4.468
    Пол:
    Женски
    Ветила и рекла, фала богу интернетот памти се.
    "The future could be, with a successful outcome of the referendum, that you are both member of NATO as well as belonging to the family of EU states."
    Ете што рекла Меркел.

    Макрон беше реален и не кажа вакви нешта само побара да излеземе да гласаме.

    Иначе реалноста е дека треба еден куп реформи и промена во општеството за иден влез во Еу а не да мислиме дека некаков договор со Бугарија ќе не внесе како Дуи што не лажеше. Ако тапкаме во место џабе промена на име или Бугари во устав. Иначе секако сум против внесување сега, зошто не им верувам на источниве соседи. Кога ќе водиме преговори и ќе ги отвориме поглавјата како Црна Гора и Албанија тогаш да, ама сега прекасно е за такво договарање кога Бујар не заглави во некаков обврзувачки договор.
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.992
    Допаѓања:
    14.626
    Каде ветува дека ден по промена на името ќе влеземе? Стотици пати на ТВ новинари и аналитичари и политичари кажаа, Меркел ни рекла веднаш во ЕУ по промена на името. На македонски ја читав изјавата што ја дала, пишува и многу работа дека не чека. Патем во НАТО сме, надвор од критериуми, само со смена на име, со армија што немаше чизми, па не видов некој да приговора постојано како нашиве што делат квалификации. Само човек исклучен од цивилизација може да верува дека за еден ден ќе сме влезеле, тоа е глупост на векот, се знае дека има преговори, скенирање, итн. Штетата е направена секако, имаме 3.500 Бугари на попис, плус над 216.000 македонски државјани што се пишале Бугари. Без реформи ќе биде бетер, ќе останат на прсти да се бројат Македонците што не се пишале Бугари, тоест самите Македонци се избришаа како нација за да живеат во Германија, а овде да лажат дека Германката Меркел ги прелажала. Тоа е лицемерие какво не е видено во светот. И на Македонците скоро ич не е им е гајле за името, затоа секој продолжен викенд се во Грција. БЈРМ пак не беше име, референца, привремена, нешто бившо на нешто бившо што не постои.
     
  7. Bratot

    Bratot Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 април 2019
    Пораки:
    5.473
    Допаѓања:
    18.633
    Пол:
    Машки
    Ме интересира кога ќе го вратат назад името овие од ВМРО како шо ветуваа во кампања? :?:
     
  8. FriendOfDorothy

    FriendOfDorothy Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2024
    Пораки:
    1.897
    Допаѓања:
    15.053
    Амар на кавга со Иван Мирчевски, пластичното црно обетче на Мирчевски ми ја засенува харизмата на Амар, не знаев дека уште е ова ин, јас ги фрлив пред 10-ина години мислејќи дека сум too old for that shit. Обетките ми беа некаков бунт у младоста, Мирчевски на 50 уште ги носи, што е сосема океј, има нешто ослободено и самоуверено во тоа да го задржиш својот стил без разлика на времето. Амар е срцка како и обично.

    [​IMG]
     
    На Amellie13, Ahoy и Amelia им се допаѓа ова.
  9. NoirSerpentine

    NoirSerpentine Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2021
    Пораки:
    1.131
    Допаѓања:
    2.778
    Пол:
    Женски
    Ако јас не се интересирам за нешто поврзано со IT, нема да го читам тоа. Не можеме да очекуваме сите да читаат сѐ. Да, нормално е да се разлиста ама не може да се каже дека мораат да го читаат извештаите затоа што не е еден. Со ваква изјава пак одговорноста се префрла на нив наместо на медиумите, кои, веќе ги опиша дека свесно дезинформираат.

    Во ред е да се поттикне народот да си прочита извештај, ама не и да се префрла целосната одговорност.
    За тие што не читаат, разлистувајте си ги извештаите за да не бидете лажени како што се случи со името.

    Македонија е на средина на сите оние кои излегуваат на море. Ако знае да го искористи ова како предност, може да направи реална промена кон придвижување.
    Иако сосем трето е оправданиот евроскептицизам заради многу неоправдани одлуки на ЕУ...
     
    На eliesaab и Tanjamm им се допаѓа ова.
  10. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.992
    Допаѓања:
    14.626
    Ако отидете сега кај Јанаки Митровски, ќе видите како Македонци го навредуваат на национална основа. Свесно понижуваат и навредуваат на национална основа, негираат дека многу војводи биле Власи, негираат дека пола крушевска Влада била составена од Власи, го поврзуваат со некакви Евреи, инсинуираат, негираат, лажат, навредуваат, се пуштаат како чопорче. Кај е сега полицијата да им поднесе пријави?

    @NoirSerpentine нека почнат амбасадите да објавуваат деманти за се што е неточно, а се кажува по нашите медиуми и по жолт картон, да следи црвен, нема влез во ЕУ земји за пропагандисти и ширачи на лажни вести и проблемот ќе биде решен, тоест тие лица ќе се капат во Дојран и готово. Нема да има службен пат во Брисел, во Берлин, Атина, Софија, нема влез во ЕУ за луѓе што се новинари, а не прочитале еден извештај и шират пропаганда. Ќе сменам име и ќе влезам во ЕУ само со тоа, е изјава која укажува „сакам да сум мрза, да крадам, да бидам распад систем, ама да се пикнам таму и како фанатик да го нормализирам тоа неработење, неодговорност, друг да ми мисли, да ме храни, да ми гасне пожари, а јас да се фалам и гордеам“. Од општа култура народ треба да знае дека не се влегува без критериуми во ЕУ, не треба некоја натпросечна интелигенција и докторат за тоа.

    Инаку, скоро на ТВ кажаа дека Кичево за првпат добило градоначалник Македонец сега по територијалната реорганизација. Неточна информација е тоа. Чуле ли за Благоја Деспотовски и знаат ли во кој период беше градоначалник? Ако не знаеле, да провереле.
     
    На NoirSerpentine му/ѝ се допаѓа ова.
  11. NoirSerpentine

    NoirSerpentine Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2021
    Пораки:
    1.131
    Допаѓања:
    2.778
    Пол:
    Женски
    Новинарите и да читаат, не смеат да објават нешто ако партиите не им одобрат. Останатите копи-пејст па не ни сакам да ги наречам медиуми.
    Целата поента на тие ЕУ извештаи е дека некои работи треба самата држава да си ги среди. Да, нека има казни ама нека бидат за тие новинари, нема зошто народот да трпи. Но, не може ЕУ да ги воведува тие казни токму од причината која ја наведов (поточно не јас туку од ЕУ извештаите).

    Не е општа култура кога цело време се врти муабетот дека ако сменат име ќе влезат во ЕУ. Буквално сите можни медиуми и половина од политичарите тоа го вртеа пред да се гласа за името. Тие што ќе кажеа нешто обратно, веднаш беа или етикетирани или нивните изјави им беа туркани на страна.
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.992
    Допаѓања:
    14.626
    Сега на Алфа оди Страшо Ангеловски од МААК. Пршти од љубомора и фрустрација, Лајчак бил педофил, ЕУ ќе се распаднела, Бугарите не чинеле ама даде чудна изјава имало Македонци со македонска свест и Македонци со бугарска самосвест??? Ај што ЕУ ќе се распадне според него, туку љубоморен како Украина и Молдавија имале подобра резултат од нас. Па дури и совети, ЕУ да се рефомирала.

    Вчера на истава ТВ, Марјан Ѓорчев, екс амбасадор и сега има некоја функција во власта, кажа Хрватска влегла во ЕУ поради политичка одлука, Србија и Црна Гора поради политичка одлука исто почнале преговори. Значи оспори капацитет на три држави и три нации што ништо лошо не ни прават. Многу просто однесување.
     
  13. Аргентина *

    Аргентина * Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    5.574
    Допаѓања:
    10.920
    Пол:
    Женски
    Со сите ги расипуваат односите, многу се токсични.
    И со Кина и со Србија имаше рачки последниов период.
    Одбраа 3-4 држави каде што ќе се вовлекуваат, а на другите гледат од висина, ко да е Македонија не знам кој.
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Stark

    Stark Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јуни 2013
    Пораки:
    6.731
    Допаѓања:
    24.081
    Пол:
    Машки
    Во овие 31 година што ги имам и еве како повозрасен и се шо сум видел од овие партии, моменталнава влада ми делува најнеспособна, а се чука во гради како да е најдобра. Се прашувам дали луѓето што сме да речам опозиција затупевме и се откажавме или пак тие добро лажат?
     
    На eliesaab, Ahoy и Amelia им се допаѓа ова.
  15. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.992
    Допаѓања:
    14.626
    Aма пуштаат мрсули после немала Македонија пријатели. Деградираа 90 отсто од земјите што ги знаат и ги чуле. Словенија ја израмнија со Македонија, Македонија била подобра од Хрватска, Србија, Црна Гора, зошто Луксембург бил во ЕУ, мал бил, зошто Малта била, мала била, зошто Кипар бил во ЕУ? Па и Кипар пожари ни гаснеше и другите народ ни лечеа од Кочани. Се се тоа тешки навреди, и само затуцани се однесуваат така. После тоа, нема пријателство. А да љубомориш на земја во војна, мора да си крајно неспособен, сам се издаваш дека си безнадежен грев.
     
    На Аргентина * и Amelia им се допаѓа ова.
  16. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.992
    Допаѓања:
    14.626
    Да, и со Србија се замерил. Рекол не сме акционерско друштво па да ги снабдуваме со нафта. Па да не беше Ер Србија, вашите мили Палестинци ќе искасапеа некој Македонец што отишол да печали во „геноциден Израел“. Брашно, зејтин, вакцини, вакцинирање во Врање, што не ни даде Србија. Да не збориме за прегледи во Врање, резонанци, што чинат таму 9.000, а овдека биле и по 2.5 пати поскапи. Никој не дели Србин од Македонец таму, брзо им даваат резултат, ама не е тоа за овој народ. Кој си па ти во Србија да плаќаш иста цена иако си странец? Што фајде има државата Србија од тебе? Им плаќаш даноци? Не. Епа не треба ни да си рамноправен ни во приватна клиника, треба да ти опнат 4 пати повисока цена, ако не ти чини, чекај си во Македонија ако ти најдат термин по една година, твој проблем, немаш држава. Ова ти се вика лицемерие, неблагодарност, немање основен осет, крајно и нецивилизираност. И нешто слабо коментари за нашите попови што се молеа за убивање на христијани во Москва? Палестинска работа. Варваризам. Пештерци од камена доба. Само ИСИС навива за ништење на христијани. Зошто воопшто досега не се распопени и уапсени оти сториле кривично дело, пропишано со Кривичен закон или закон има за Стоиљковиќ, оти е Србин, за попиштата нема? Тоа не само што е прашање на кривична одговорност и апсења, тоа е прашање на санкции. Црквата да си преземе одговорност, па и државата.
     
    На Wojak, Аргентина * и anaja1 им се допаѓа ова.
  17. FriendOfDorothy

    FriendOfDorothy Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2024
    Пораки:
    1.897
    Допаѓања:
    15.053
    Пратеникот на СДСМ, Миле Талески, на денешната седница за пратенички прашања обвини дека одредени структури во Владата и во ВМРО-ДПМНЕ активно подготвуваат терен за враќање на Никола Груевски во Македонија и негова амнестија, дека политиките на актуелната власт се копија на матрицата на Груевски.

    Комуњарава уште рециклира исти муабети за враќање на Груевски, се понашаат као да не го пуштија они. Уствари избега, аха.:drunk:Каква небитна и млака опозиција се.
     
    На eliesaab му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Iva:)

    Iva:) Популарен член

    Се зачлени на:
    9 април 2016
    Пораки:
    1.632
    Допаѓања:
    4.468
    Пол:
    Женски
    Они не сакаа да го затворат и го пренесоа во гепек. Е сега ако Сдс мислат дека со ова ќе го исплашат народот многу грешат, да има анкета сигурно мнозинство од народот ќе биде за негово враќање и амнестија. Највеќе од негово враќање барем така мислам се плашат сегашниве вмровци, да не им ја земе партијата назад. Така да нека ниту амнестија ниту враќање ќе има.
     
    На Аргентина * и FriendOfDorothy им се допаѓа ова.
  19. SeñorPink

    SeñorPink Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 ноември 2024
    Пораки:
    156
    Допаѓања:
    343
    Пол:
    Машки
    Градоначалникот на Карпош Лукровски, на денот на Општината и пред имал симптоми на стомачен вирус. ама затоа се испослика и со државниве службеници, и со децата од приредбите, и со Клековски од ФЗОМ, и најбитно денес прес даваше. Добро кај ќе ви иде душата, кога некој ќе заразите еј?

    Говедо дебело од Карпош 4.
     
    На TammiB5 и FriendOfDorothy им се допаѓа ова.
  20. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.990
    Допаѓања:
    11.036
    Пол:
    Машки
    ЕВН најави поскапување на струјата за 5%, што е повисоко и од самата инфлација во Македонија. Зошто? Затоа што им се може. Затоа што властите што ги гласаме секои 4 години го приватизираа ЕВН и сега им дозволуваат да го прават тоа. Затоа што државата и сега нема визија за создавање на државна стратегија за производство на електрична струја.

    Е сега можеби некој ќе си рече ми е гајле, јас од ВМРО си добив работичка у администрација со 78% покачена плата и не ми менува многу новата цена на струјата.
    Ама, ова не е само удар по џебот. Ова ќе биде и удар по здравјето. Колку повеќе поскапува струјата, толку повеќе луѓето ќе се префрлаат на греење со дрва, а некои и по се што ќе најдат у контејнери. И не мислам тука само на ромите. Многу нелуѓе откупуваат искористено уље од коли и се греат на тоа - нешто што е многу поопасно и од димот од дрвата. И ти во администрација ќе го дишеш истиот воздух. И ти ќе ја примаш истата хемотерапија. Да, можеби нема да лежиш на Онкологија, туку во Систина, ама и истата хемотерапија ќе ја кркаш. И тебе ќе ти падне косата, силата, здравјето. И ти ќе ја пољубиш смртта. И ти ќе го примиш сосе јајца. А кога сме веќе кај јајцата...

    - Во август 2025, табла јајца : 180 ден
    - Во декември 2025, табла јајца 390 ден.

    Пак да си ги гласате. Малку ни е. Можеме ние и подлабоко.
     
    На SummerGirl, butterfly6223, eliesaab и 4 други им се допаѓа ова.