Форумџика на годината

Актуелни политички настани

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Ariel, 3 август 2010.

  1. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.918
    Допаѓања:
    14.530
    Вчера отворивме тема за азилантите со колегите на работа. Некои молчат, други веруваат дека тоа ќе се случи, исто како што името нема да се менува, па се смени. Јас сум против, друг вели ќе сме ги користеле тие луѓе како работна сила. Која работна сила? Кои ќе бидат тие? Некој Авганистанец, Пакистанец, Сириец? Што ќе ни се тука? На пола социјалци треба да им се укине социјалното, па ќе видиш дали нема да имаме работници. Колега ми вели да не ги етикетираме тие луѓе, оти и нашите во Германија ќе ги етикетираат. Нека ги етикетираат и нашиве во Германија, Германија е на Германците, не на нашите што во болница на телефон пишувале на гугл транслејт па читале за да прашаат дали е време бебето да се дои. На што личи тоа? На ништо. На што ќе личат некои си азиланти ако дојдат? На ништо. Никој не е должен да прими некого. Туѓа држава не ти должи ништо, секој нека си оди дома, нека си решава проблеми. Ако не е спремен да ги реши, нека гладува, негов проблем. И тука на форумов, имаше сеири колку Непалци имало во Хрватска, колега ми вчера спомна некоја скопска фирма, вриело од Непалци, не запаметив за која фирма се зборува. Патем познаничка имаше дечко Европјанин, кога одеше на гости, мајка му ја навредувала дека сите луѓе од Балканот се ѓубре и смрдат. Баш со тие зборови „Вие сте ѓубре и смрдите“. Никој не е должен да ти глуми дека те сака, ако те мрази и презира.
     
    На SummerGirl и BlackNight им се допаѓа ова.
  2. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.900
    Допаѓања:
    10.793
    Пол:
    Машки
    Нема што да се дебатира за азилантиве. Не е тоа нешто ново на земјава, па да дискутираме шта би било кад би било. Последиците се добро познати гледајќи ги Германија, Велика Британија, Франција, Америка. Откако се намножија во Њујорк сега имаат исламски градоначалник. Во Германија немири, криминал, силувања. Во Велика Британија на секоја црква има по 10 џамии. Државата повеќе личи на Пакистан, отколку на она што беше Велика Британија на времето.
     
    На SummerGirl, lovestoneddd, Miss666 и 2 други им се допаѓа ова.
  3. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.918
    Допаѓања:
    14.530
    Со таа разлика што македонските служби не се ни до колена на тие во Британија, Франција, Германија, значи ќе поминеме многу полошо и со таа разлика што државава не е од 80 милиони, туку денес веројатно нема ни 1.8 милиони како на пописот, и пола од тие луѓе не се Македонци, туку се малцинства што е една многу голема катастрофа.
     
    На lovestoneddd и EvAngelos им се допаѓа ова.
  4. Amellie13

    Amellie13 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 јануари 2017
    Пораки:
    4.514
    Допаѓања:
    60.547
    Пол:
    Женски
    Не ни се пишува арно ако донесат мигранти како во Европа. Колку сакаш биди широкограден, некои факти не смеат да се игнорираат. Гледаме што се случува по Европа, колку е зголемен криминалот од нив. Тие се луѓе со други сфаќања, друга култура, не можат да се интегрираат во нашево општество, барем не тие што се веќе возрасни. Тие каде што одат бараат другите на нив да се прилагодат. Еден куп рилсови ми излегуваат како вознемируваат луѓе, особено бели жени (и деца некогаш). Мене како жена ми е битно ова, бидејќи ако се плашам од нашите мажи тука, од нивните ќе треба х100 да се плашам. За нив жена нема што да дава согласност за нешто, ако сака значи автоматски му следува.
    Плус да не зборуваме за тоа како не работат и живеат на државна цицка, ние па ептен јаката и богата држава ќе издржуваме сега некои од Чкљ дојдени овде. Жените им немаат никакви права, седат дома и раѓаат по сто деца. Тие пари бараат за издржување.
    Многу се плашат дека ќе бидат расисти и не знам што наречени, но тоа се фактите. Немам ништо против никој што сака да дојди тука легално, да изучува јазик, да живее, да се интегрира и да работи во државата во која живее. Ама овие се сѐ освен тоа. Тешко нас би било искрено.
     
    На SummerGirl, quattro, Ahoy и 5 други им се допаѓа ова.
  5. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.918
    Допаѓања:
    14.530
    Дури и да се најкротките луѓе на светот, а не се, за што ти се тука? Државата и вака е премногу мешана демографски, веќе се има, Македонци снемува. За што ќе ти е некој Иранец, Палестинец, Сириец? И дали забележувате дека кој од каде ќе дојде постојано нешто се жали по социјални мрежи и по телевизија? Дури и оние што одат на брод и се „заљубуваат“ и доаѓаат тука, после не им чинело, народот бил неврозен, тие биле кротки, многу биле воспитани, многу вредни. Па што сте дошле тука? Никој не ве киднапирал и не ве донел со сила тука? Во една група имаше некоја се жалеше од жолта раса, расизам имало во Македонија, деца се смееле и коментирале дали е Кинезинка или Јапонка. Ало, што дека те коментирале деца по улица? Што ми е гајле? Државава има стотици проблеми, јас сум родена и плаќам даноци тука и работам тука, што ми е гајле дали тебе ти е комотно? Ние не сме тука за да угодуваме на никој, посебно не на некои што бегаат од сиромаштија и доаѓаат тука. Плус имаше и некој работник од Мексико што е тука, се бунеше зошто му споменувале за мафии, Еч Чапо, нарко кланови, се навредувал. Негов проблем. И Непалците, измамници, дојдоа, македонските газди им платија билети или им дадоа некоја паричка, фатија пат за Грција, Хрватска. Тоа се измамници. Дошле, земале некоја паричка, прекршиле договор и заминале.
     
    На daylight му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Аргентина *

    Аргентина * Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    5.437
    Допаѓања:
    10.666
    Пол:
    Женски
    Не верувам дека ќе има мигранти. Дури и да дојдат, ќе бегaат во најблиската ЕУ-членкa што впрочем се случува цело време. Македонија одамна ќе беше преплавена да имаше интерес кај мигрантите да останат во ваква земја.
     
    На christinnn, BlackNight, bookslover и 3 други им се допаѓа ова.
  7. m.t12

    m.t12 Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 септември 2021
    Пораки:
    272
    Допаѓања:
    148
    Пол:
    Машки
    Migranti kje ima a toa i te kako kje bide koristeno od alcnive gazdi nasi koi namesto pogolema plata da mu dade na makedonecot kje mu dade 400 evra na nekoj od sirija
     
  8. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.900
    Допаѓања:
    10.793
    Пол:
    Машки
    Pakistanec za VMRO.jpeg
     
    На Ahoy, Iva:), Miss666 и 3 други им се допаѓа ова.
  9. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    7.389
    Допаѓања:
    28.341
    Каде тоа прочита дека амбасада потврдила? Текстот на х не го кажува ова што го тврдиш.
     
  10. FriendOfDorothy

    FriendOfDorothy Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2024
    Пораки:
    1.692
    Допаѓања:
    12.883
    На портали е пренесено дека британската амбасада потврдила соработка со владата околу нелегална мигарција во време кога нивни медиуми пренесуваат дека одбиените баратели на азил ќе бидат префрлани кај нас. Свесни се која масовна хистерија ќе завладее ако го потврдат ова од медиумите, одат на сигурно со одбрани зборови, користат дипломатски, општи формулации, паметно. Значи, не баш со тие зборови како нивните медиуми, ама пуштаат водичка, доволно за да поверуваш у тврдењата на Дејли мејл и слични.

    Дејли мејл објави дека според нов план за намалување на илегалните преминувања преку Ла Манш, Велика Британија би можела да депортира неуспешни баратели на азил во Македонија. Весникот наведува дека земјава, наводно, влегла во формални разговори со британските власти за отворање на „центар за враќање на мигранти“, кој би започнал со работа наесен.

    Ќе видиме наесен, можда па сето ова е само спин на полумртвата комуњара.
     
    Последна измена: 10 декември 2025
  11. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    7.389
    Допаѓања:
    28.341
    Текстот објавен на тајм е ист за сите држави на балкан. Само се менува државата.
    Објавата на амбасада не потврдува дека ќе се отвараат кампови, туку дека соработуваат во спречување на миграција.

    Портали ко портали, секој како сака спинува.
     
    На FriendOfDorothy му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Stark

    Stark Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јуни 2013
    Пораки:
    6.677
    Допаѓања:
    23.726
    Пол:
    Машки
    Мамето мамино предавничко... ебати политичарите ебати, ќе дојди време ко ќе накалапат пари и заминуваат, друга гарнитура иди што ќе ни продава магла за бубрези и живееме во кантони. :)
    Ќе има места низ градовите каде што не ќе можиме да шетаме само то е..
     
    На SummerGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Аргентина *

    Аргентина * Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    5.437
    Допаѓања:
    10.666
    Пол:
    Женски
    Не сакаат мигрантите да живеат во Македонија и никој немa со сила да ги носи или да ги тера да останат.
    Па ќе ринтале дојденци од Британија за македонцки минималец :rofl:, а социјалната помош таму им е неколкукратно поголема. Во тој случај, газдите можат да настрадаат, опасни се англиските мигранти.
     
    Последна измена: 10 декември 2025
  14. felisitas

    felisitas Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2012
    Пораки:
    478
    Допаѓања:
    1.439
    Ова и јас го помислив, они што убаво се навикнати се им дава државата они единствено до теретана ако одат да се размрдаат. И тоа некој да им го земе, да ги прати да работат за македонска плата. Не можам ни да замислам што би се дешавало, посебно со оглед на тоа што квалификуваните што им се потребни ќе си го задржат а ќе ги вратат оние за проблеми што го бива само.
     
    На SummerGirl и Аргентина * им се допаѓа ова.
  15. 20cm

    20cm Активен член

    Се зачлени на:
    1 април 2023
    Пораки:
    33
    Допаѓања:
    37
    Пол:
    Машки
    Ќе ги вработат сите во администрација и пак ќе земаат пари а нема да мора да работат. Плус нови сигурни гласачи ќе има владејачката партија сега, и ќе владеат следните 100 години па и повеќе. Ако постое Македонија до тогаш.
     
    На Amelia му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.918
    Допаѓања:
    14.530
    Минатата недела на Алфа го гледав Сотир Костов, гостин на Љупчо Цветановски. Синоќа пак истите двајца. Значи во рок од неколку дена викаат ист гостин. Друго, Сотир е екс обвинител, не е стручен за сите можни теми. Љупчо минатата недела си фрлаше клетви, клетва ја стигнала Могерини, злорадосно ликува на Тв. Тоа така може, ама во планина со овци. Чул ли за кодекс на новинари? Го прочитал ли? Секоја емисија изнесуваат по неколку неточни тврдења што во нормални околности би биле предмет на тужба за навреда и клевета. Ми кажаа Билјана со црвената коса што работи протокол кај Гордана и порано беше кај Грујо, му била втора жена на Сотир. Не знам дали е ова точно. Има Европска федерација на новинари, добро ќе е да се позанимаваат со медиумите во Македонија и Србија. Вечевра Србите си зборуваа на Тв, ќе ги обединеле сите српски земји, Лавров им праќа порака, па Молдавците биле Срби, па Романците не постоеле, нив Британците ги измислиле. Се ова се толерира.
     
  17. lovestoneddd

    lovestoneddd Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2018
    Пораки:
    4.260
    Допаѓања:
    39.711
    Пол:
    Женски
    Зошто да не? Србија е полна со ‘ европски ‘ шут и не им е убаво ич, искуство од БГ и КГ кај што имам пријатели.
    Ако се деси ова, а ќе се деси, пошто повише од очигледно е дека нашиве спремаат терен, следува почеток на крајот на животот каков што го знаеме..
     
    На SummerGirl и Munchmallow20 им се допаѓа ова.
  18. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    17.525
    Допаѓања:
    134.256
    Пол:
    Женски
    А, бе ни цивилизирани мигранти не треба да примиме, не па џганот криминален кој сакаат да ни го донесат.
     
    На SummerGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Аргентина *

    Аргентина * Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    5.437
    Допаѓања:
    10.666
    Пол:
    Женски
    Во 2025, бројот на мигранти во прифатните центри во Србија е намален повеќе од двојно споредено со 2024, иако Србија има подобри социјални политики од Македонија. Мигрантите бегаат од Балканот. На крајот на светот може да ги депортираат, пак ќе се вратат на запад. Hе верувам дека Британците ќе истурат едно чудо пари кај лоповот и хохштаплер жмицкоски за издржување, пари кои нема шанси да завршат за тоа за кое се наменети. Заемот е башка, мислам дека е одобрен со цел да не влезат Кинезите со нивните кредити.
     
  20. Аргентина *

    Аргентина * Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    5.437
    Допаѓања:
    10.666
    Пол:
    Женски
    Освен тоа, Британија се соочува со блокада на депортации од страна на британските судови поради почитување на човекови права, допрва ќе треба да менуваат закони.
    Македонија пак, не може да се пофали со хуман третман или високо ниво на демократија и слободи. Мигрантите не смеат да бидат депортирани било каде според Европската конвенција. На пример, македонските затвори се во очајна состојба, а правосудниот систем е компромитиран.