http://republika.mk/?p=168396 Составот на гостите ќе ви објасни зошто нивото на култура во државава е такво какво што е и зошто се чита и е актуелно она што е, зборувам од културни рамки. Мислам од блиску ќе ви појасни тро кој чиј леб јаде и оти е нештото такво какво што е. Друштвото на Латас...некако отвара очички. Како црева се сите испоплеткани. Ех хееее мои црни лицемерчиња. Патем Боркица е преубава дама. Има нешто отмено и дамско, префинето, овој човек до неа никако не и стои. Ја груби нејзината појава.
Sade politicari, ko nov parlament da se otvara a ne teatar. A da, I po nekoj frizer ovaj stilist. Mene samo ne mi e jasno sto mu trebase na vladikata Pimen drustvoto?! Toj mi bese mala nadez za MPC ama izgleda mi bila lazna.
Ќе излезе некој од владана да каже колку вкупно вработувања ќе има до крај на година? Во министерство за информатичнко општество, гледам оглас за 120 вработувања...па и кулутра, па образование па финансии со 70 нови... Интересно!
Хипстер, те разбирам, ама мене мислата ми беше што повеќе внимание и давате, и реплицирате, таа уште повеќе и повеќе си пишува. А, сите се нервирате од неа. Зошто да губите време на некој со кој не можете да излезете на крај? А, на крајот можеби е некој трол, зошто само овде се закачила на темава. Добро, сепак мора да има и опозиција, со контра мислења...
Мене да ми каже некој ШТО Е СО ПРАВАНА НА СЕКСУАЛНИТЕ РАБОТНИЦИ!!!! Сериозно, масерките се сексуални работници? Значи ако работи во салон за козметика и имаат масерка, значи дека дава и секс услуги??? И ве молам да ги видите сексуалниве работници, стари мажи се.... Уствари, за овие протести активности и слично Европа дава кеш за организаторите. Односно европските педери и слично. Е сеа, за да има масовност, мора да ги викнат некои луѓе и да им дадат пари за да шртаат со нив. Големиот дел од парите ги зема организаторот, а овие душички кои поим немаат за што протестираат, за 1000 денари не им е проблем ништо. http://republika.mk/?p=172780 Видете на сликиве чичковци има. Не ми е јасно дали се стриптизери, масери, хотлајнери или чисто проститутки. И заради овие, односно некој да лапне парички екстра, ЕК ке каже дека не ги почитуваме правата на граѓаните, кои наплаќаат за секс. А овие устари сакале да издаваат фискални. Ај ве молам замислете една фискална на проститутка.
Cka, да си жива и здрава ме изнасмеа Како и секоја невладина и они мора да покажат дека нешто сработиле оваа година, да ги оправдаат парите што ги земале од фондовите. Ќе разберев да излезеа проститутките па да си ги кажеа приказните зошто почнале да се бават со тоа, со опасностите со кое се среќаваат ама комшиката што е во Сорос и што не знае колку пари има да држи говор во нивно име ми е стварно смешно. п.с После протестов да му е незгодно на човек да излезе надвор со црвен чадор
Изработени се, може бараат и пензија по долг работен стаж http://www.youtube.com/watch?v=PzAF7FN-71c И народот ќе ќари од фискалните на проститутките... нели за награднава игра.
^^ Јас на тој марш на сексуални работници гледам како на една заебанција и заработка не дека ќе излезат навистина курви и жигола да протестираат, кој би излегол јавно особено во ваква средина (а и во било која) кај што би го исмејувале. Само не знам дали во сексуални работници ги вбројуваат и оние што продаваат во секси шоп Спојлер Фискална на проститутка: (предигра, лижење, блоу џоб, хенд џоб, анал џоб, сквиртање, плескање, фецесирање, уринирање, плукање во уста, лижење стопало, садо мазо техника,користење на секси играчки, со/без кондом итн итн) (Некои работи ми се од форумов, дел од забегани порно тв) Туку меркава во врска со загадениот воздух-старите лица, бремените жени и децата да седат дома до сабота, ми изгледа крајно без врска, демек после сабота се очекува прочистување на планетата Земја. Но исто така ова е крајно дискриминирачки, зар за нас помладите не е штетен загадениот воздух? Зар не треба да бидеме ние поштедени една недела да не одиме никаде, ниту на работа, ниту на училиште. Се потсетив на еден фб статус: Е кравче и после Цацко ни е крив (е не е Цацко крив, Мимоза е крива)
Абе во однос на проститутките јас не знам како ги замислувате вие, јас имам видено на времето една постара, распалталена, и мислам ми личеше една вчера од толпата на таа.
Во какви се кругови се движиш и ти Се зезам. Мене па ми текнува на една накај зградата на мтв, кај бензиската, преку ден, малку повеќе дебелка со оптегнат плав минич и кога ќе се спомне курва во мк на некои такви ми текнува. Мислам дека забегавме сите, ова со маршот на сексуалните работници не е политички настан туку повеќе од нво сектор, иако е добро познато дека политиката е курва.
Абе ја памтам оваа се појави од нигде никаде, нудеше услуги на еден другар низ центар А и овие во хот лајн што работат, да не мислите дека се некои млади девојки? И таму некои можеби госпожи со тенок глас
Мислам дека сите забегаа за загадениов воздух, ама никој не сака да си скуси на задоволството да оди пешки и оди со коли. Наутро е чудо што се случува со сообраќајот. Еден дожд или температура под 10 степени и сите се во коли. Една пријателка се уби од зборување како и штетел воздухот, кашлала, и викам абе намалете со колите, вика, ладно и е, викам оди со автобус, ау, вика ке се биткам со секакви луѓе гнасни и небањати. Епа, кашлај, што да ти кажам. не може Коце да рече - ај магло оди си. Сите треба заедно да го решат проблемот - да прекинат да одат со коли кога НЕ МОРААТ. Да користат јавен превоз. Скопјани треба сами да го решат проблемот. Почнете од себе, после барајте од друг акција. Освен тоа, не можеш да живееш у центар на главен град а да имаш воздух ко кај баба на село. НЕ ОЈТ.
Уште од колите да беше загадувањето толкаво... а кај се тука фабриките без филтри на оџаците, погоните, топлификација? Кој пали гуми за да ги згрее печките? Проблемот е во индустријата и греењето на дрва кај голем дел од жителите на Скопје. Колите се најмал проблем, верувајте, иако и јас би сакала да се намали гужвата од возила, што и може да се постигне со carpool, односно повеќе луѓе со една кола да одат на работа, а не секој со свое возило. Ама тоа е. Ќе станеме, ќе протестираме и што? Дај Боже да нè чуе некој, ама јок. На сите умот им е во празниците... ај ќе си дишеме на шкрги ако не...
Annath Во право си за возилата ,но власта треба да направи стратегија за развивање на свеста на луѓето за користењето на старите автомобили.Сакам да кажам пр како што знам конкретно во Германија државата на некој начин ги субвинционирала граѓаните да го променат нивниот (релативно) стар автомбил од еко2-3 мотор (така што) им ги откупувала со (чек од 2000 еу ) кој што можат да го употребат (само) за купување на нов автомобил (додека стариот вреди по 300еу ).Знам дека ова е научна фантастика за политичариве наши и нивната политика и грижата за еколошка Македонија, но можат да го земат како пример и да го прилагодат за нашите услови и стандарди (а сигурен сум дека има и други вакви примери во др држави)Премногу глупаво звучи кога АПЕЛИРААТ да не се возат автомобилите .... За фабриките да не разговараме ,пак е власта крива КОГА ке дојдат во тесно до немај каде (од загаденост и немање можност за брза реакција )тогаш праќаат инспектори а не дека не знаат кој што прави ,но политиката и парите си играат главна улога бидејки се работи за влијателни големи компании што се бројат на прсти .. .Затоплувањето со дрва (нафта ) е исто сериозен проблем,би требало исто да бидат субвенционирани делумно за филтери (знам дека мн работи кажав државата да ги субвенционира,и јасно е дека многумина нема да се согласат со помислата што се они по привилигирани но тоа е себично таков став да се има.Мора да се променат некој работи во начинот на живот на обичниот граѓанин на Македонија за доброто на сите ,гледано долгорочно а не да мислиме само на сопствените желби потребни и интрееси. )Кога може да се субвенционира соларен ситем за домаќинства не би гледал зошто да неможе да се направи субвенција и за зачаденоста (со филтери и системи за сите граѓани или за почеток нај критичните места -точки )тоа е поголем приорите од било што друго и ке добијат мн на популарност (политички поени )и никако да разберат . .Ајде власта што нема решение и предлози ме зачудуват и опозицијата што не понудува нешто барем :geek: ...До толку сме јаки само на муабет и на обвинување кој е крив а никој ништо не понудува како решение
Јас мислам дека треба да исечат уште некое дрво и да го заменат со било каков нежив објект... Наместо со оглед нели на местоположбата и долгогодишниот проблем со загадувањето и метежот, да се стремат да зачуваат што е можно повеќе зелени површини и да формираат нови, тие се замислија Њу Јорк ќе прават, бетонски џин. Село гори баба се чешла. На здравје хроници, кој нема викендичка на планина или на било која друга страна, нека му се среќни празнициве.
Дедо Мраз ќе биде претепан, а Нова година оваа година нема да дојде во Чаир и Бутел Најпознатиот дедо во светот, оваа година нема да им донесе пакетчиња на децата во Чаир и Бутел колку и да биле мирни и послушни, поради заканите од негово претепување и линчување. Се молат децата да имаат разбирање, бидејќи ако Дедо Мраз ги посети, се доведува себеси во опасност еден лош чичко со долга брада, исто како неговата само црна и потскратени панталончиња, звани вахабит, да му ја скрши вилицата (види сл.2). Последиците може да се одразат глобално, врз децата од целиот свет, па тие оваа година и наредните што следат да останат без подароци. Исто така Нова година, ноќта, на 31 декевмри нека не доаѓа во Чаир и Бутел, а би било добро да се покае и од таму да си ги повлече сите досегашни нови години едно 100 000 години наназад, некаде до Неандерталско доба, време најсоодветно за живеење на тамошното мнозинство. Никакво китење на елки и домови, а интензивно се работи и на заканувачка порака до снегот, која треба да излезе во јавност деновиве и во која, од извори блиски на дечкото од постерот, на снегот, под страшна закана ќе му биде наредено да не паѓа и да не прави празнична атмосфера. Ќе заборавев, ПРИЧИНАТА за мојов пост.
Според мене има неколку причини за загадувањето: немање на филтри на фабриките, издувните гасови на автомобилите а посебно автобусите, греење со дрва на домаќинствата итн. Но, мислам дека најголемата причина е уништувањето на зеленилото посебно во центарот на градот. Во високо развиените земји се преземаат мерки да се намали сообраќајот во централното градско подрачје, само кај нас се се прави сообраќајот да се зголеми, па се уништува зеленилото за да се прошируваат улиците (на пр.Илинденска). Сега слушам дека улиците околу Собрание на РМ ќе ги претворат во булевари-ќе им ги земат паркинзите на станарите, ќе го уништат зеленилото за да направат булевар, а со тоа да го до-загадат центарот на градот. Има ли некој на Коце да му каже да се стопира градежната еуфорија и да престане да го уништува зеленилото во центарот на градот!!!