Сакаш да кажеш дека ќе го вратат статиот закон од времето на Грујо кога не се пушеше во затворени простории? Не проследив таква вест, а толку многу сакам да се врати тој закон.
Да, но ќе биди и уште построг: нема да можи да се пуши и на тераси кои не се отворени од три страни, на автобуски постојки, во автомобили при присуство на деца, и нема да бидат изложени цигарите на видно место во продавници и маркети. Истово ќе важи и за електронски цигари. Редно беше и се надевам ќе помини нештово. Едно од ретките добри нешта на вемеро.
Секогаш ко ќе излезам од државата сум соочена со то дека сегде се пушти и колку и да го плукам дотичниот бегалец, закон против пушење е најдобра одлука шо можи да се донеси за колективното добро. И сега нели има ограничувања кај се можи да се пушти, ама ќе се оди пак hardcore во затворен простор да не се пуши без исклучок и плус опфаќа вејпови? Прашвам оти има многу „хибридни“ кафичи каде пушачки и непушачки дел не се физички одделени и општо поделбата е useless af.
Се надевам ќе помине овој закон, бидејќи во 90% од кафичиве/рестораниве не можеш да седнеш без да се усмрдиш целиот. Не можам јас после секое излегување да перам облека и палто. И стално кога ќе кажеш дека бараш место кај што не се пуши, те носат у некој ќош таму до вецето бидејќи чадот најмалку стигал до таму. Мислам дека доколку неселективно се применува тој закон, дека кафичите/рестораните на крај пак повеќе промет ќе имаат, бидејќи повеќе луѓе не одат кај нив поради димот од цигарите, отколку што во иднина не би оделе пушачите поради истиот закон.
Не се дише од цигарите и димот. Мора да има ваков закон, но и строги казни. Никој не е должен да се разболува или да умира ради несовесни и себични личности.
Јас искрено се надевам дека НЕМА да го изгласаат овај закон. Јес да, и јас не сакам да се пуши во затворени простории што и во голем дел се почитува, ама да ми забрани на тераса или било каде на отворено, мало морген. На тие шо ви смета чадот не седете во пушачки простор, просто е ко грав. Си има затворен дел кај шо не се пуши. А ако ви сметаат цигари на отворено, пак просто е решението, седете си дома. Нека се позанимаваат малце со отровите шо ги дишиме константно, Скопје е на врв на листа по загаденост. После нека исправаат криви дрини, со глупости се занимаваат.
Законот си постоеше, се почитуваше и беше добар, дури и пушачите се навикнаа и си одеа на цигара надвор. Во глобала пушачите се себични и секогаш имаат агресивен пристап ако не им одговара одма се со муабет седете си дома. Епа ако вас не ви одговара законот вие седете си дома другари и пушете си никој не ви брани.
Треба построги мерки за пушачите и против пушење. Сум За. Ај што сум смрдела, ај што сум перела капути и сакоа, баш од тоа, ќе седнам некаде, а морам, дали е свадба, дали е новогодишна прослава, дали некој деловен состанок, смрдам поради другите. А колку ли смрдат самите? Смрдат постојано, секогаш и секаде на цигари, независно како си мислат самите. За здравјето да не збориме, колку само си штетат. Знаете дека пушењето и на плодност влијае? Колку само млади умреа, на 44, 41, 52, тоа се млади луѓе, ама кое здравје го очекуваат со пушачки стаж од 20-30 години? Нема здравје. @Bratot зар и ти пушиш? Мислев си непушач. На овој народ му треба чист воздух, спорт, физичка активност, здрава храна, цигари не.
Што сум јас како непушач должна да ти отстапам место и да не излезам бидејќи ми сметале цигарите?! Зошто јас?! Тоа е твоја одлука да се труеш и да смрдиш на дим не е моја. Јас сум излегла да прошетам, колку пати се погодило тој што пешачи пред мене да пуши додека оди, па тресе со цигарата директно во мене оди пепелот. Што е пострашно, минатиот пат директно во моето дете идеше бидејќи е понизок. Што те кошта да застанеш и да си ја испушиш цигарата па да продолжиш по патот?! Што јас сум должна да трпам твои хирови. Дај боже да се изгласа и сегде да се забранат цигарите!!!
Не сите сакаат да се угушат и да умрат среде автобуска или да се разболат од рак (што може да му се случи и на непушач ради постојана изложеност на дим). Но не мислат на тоа.
Затворениот дел каде што не се пуши е две маси од делот кај што се пуши. Или тоа, или делот за пушачи не се ни вентилира, пошто во зима не знаеш што е полошо, дали отровот од надвор или димот од цигари. Ко за земја со најголем број пушачи, ова ама ич не е глупост. Бтв цигари не треба да се норма за да непушачи прават отстапки за пушачите, туку обратно.
Многу е лесно да се кажи „едноставно не оди кај шо се пуши“ кога делот шо го дели пушачкиот и непушачкиот дел е ... непостоечки. Јас имам на ум конкретни кафичи Битола каде буквално имаш тераса каде се пуши и после отворени врати и прозори во делот внатре, каде не се пуши. Ај шо има три маси преку сила во непушачки дел, туку не е ни физички одделен (сем со една лајсна) од пушачкиот дел. Исто срање различно паковање, пак е зачадено. Да одбериш да се труеш е личен избор, не можи да седиш и да ги труеш сите околу тебе и да си entitled prick шо мисли дека ти можиш да пушиш кај сакаш па кој му смета нека бега. Многу се надевам ќе се изгласа законов и никогаш поќе нема да се ублажи како шо беше низ годиниве.
Ама чупе не мора толку насилно со извичници да ми реплицираш, запали една цигара да искулираш. Како шо јас не смеам да запалам цигара во затворена просторија кај шо си се непушачите и си барам простор за мене, така и ти ако си седнала во пушачки дел немаш право да протестираш оти ти смрди на цигари. По пат во движење никогаш не сум пушела, ем шо е непрактично оти не уживаш во цигарата, непријатна ми е самата глетка да пушиш и да се движиш некаде. А за тоа колкав дел е пушачки а колкав е за непушачи, обвинете ги угостителите. Најверојатно пушачите сме побројни и заради тоа поголем простор зафаќаме.
Буквално единствена популација што смета дека е океј нивната зависност да ја наметнува на сите други од страна кои не сакаат да учествуваат. Воедно и единствена популација која не прифаќа дека нивната навика е in fact зависност. Јас би одела и порадикално, огромни казни за секој што пуши во присуство на дете.
Шо знам, у странство пушачите се третираат ко заразни да се, буквално бегаат од тебе, недајбоже да запалиш и негде на отворено, ќе те стрелаат со поглед и ќе те избегнуваат. Кога работев во мал кафич преку зима кај што се пушеше, ја многу добро видов шо ефекти има. Ја за една недела не личев на човек. Синусите затнати, страшни главоболки, се будев 10 пати поуморна секој ден, губев концентрација, мислам се претворив во зомби. Едвај издржав некој месец и после баталив, викам ја ова више не. Поарно вреќи цемент ќе носам. Цигари не се никаква потреба, не се ни тип на entertainment или некое мало задоволство ко чоколадо, само кај нас од што сме на ова дереџе, ќе пропадне економијата ако воопшто се забрани производството на цигари и одгледувањето тутун, пошо фала богу со ниедна култура не можеме да се пофалиме. Само напред со законов
А дека многу кафичи не ни имаат непушачки дел, туку буквално само една поголема просторија со вентилација? И таа вентилацијата не можи постојано да работи, особено во зима. Не ќе одам во ресторан во непушачки дел (што е пак помал од пушачкиот во многу) за едно кафе да се напијам раат. Буквално премногу привилегирани се пушачите кај нас. Македонија е една од земјите во Европа со најголем процент на пушачи, што е поразително. И ајде кој сака нека се труе сам, ама не е толку просто. Не треба јас ко непушач да трпам ради тоа што некој решил да се труе и да смрди, туку пушачите да трпат ради нивната зависност и можеби да си ја чукнат главата. Казни големи за секој кој нема да го почитува ова, но треба и едукација од мали нозе, "пропаганда" за тоа колку се штетни цигарите.