Не знам зошто некој би се бунел за ваков закон. Дискиминација се прави врз непушачите. Избрале да не пушат, а не можат да избегаат од чадот. Кој му се пуши, нека си пуши дома. Кафичот не е во вашасопственост и подлежи на одговорност и почитување на закон. Се сеќавам еднаш бев во Струмица во ресторан. Внатре бебиња и мали деца, а смрдеше на цигари. Или кога ќе видам во затворено со деца, битно пушат, ми се темни. Кој ви дава право да труете друг? Цигарата не е средство за опстанок, туку луксуз и зависност, која треба да се лечи.
Ама не сфаќаш, нив им е многу тешко ако не можат да пушат и мора кај шо сакат да пушат, нивно пРаВо е, шојма врска ако труе и некој друг? Не е нивни проблем. Не знам, мислам и пушач да бев ќе прашав дали смета на некој да запалам и ќе нудев место кај шо е непушачко па да излезам надвор да пушам зошто то е common fucking decency. Изборите шо ги носам за себе ги носам за мене само, не можи да турнам уште некој друг со мене долу против негова волја. И не знам како можи да се толку одделени од други луѓе и да се толку entitled дека еве јас имам зависност, и мора мојата зависност да биди трпена и угодена од сите, па ако не ти чини - оди си. Стварно сакам да донесат построг закон за пушење (пак). Па ако не им чини... ама ај.
И треба да има построги мерки и закони. Премногу е нормализирано ова труење со тоа што секаде можат да си палат цигари, епа извинете вака ама не може и не треба да пушите вие кај сакате и кај ќе ви текне. Ќе си пушите каде што ќе ви биде дозволено и тоа е најправилно решение. Не се сите должни покрај вас да се трујат и сосмрдуваат.
Дај Боже да се изгласа, и дај Боже цигарите да поскапат x10 пати Амин. Најнеодговорни и најнеемпатични створови се пушачите. Од цигарите ко да станале токсични самите, а и сите околу нив ги трујат. И ниеден парфем, прашок, омекшивач, курци палци не ја пере таа смрдеа која ја ширите, само да си знаете
Ние се правиме Европјани, море не Европјани, поарни од Европјаните, ама во тие земји имаат по 3% пушачи, а кај нас 45%. Владава да им објави војна и на пушачи и на алкохоличари и на коцкарци. Ко стоки бе, погледни по улици, небричени, непотстрижени, заби распаднати, облека небаре кучиња ги дрпале, жените коси скапани од некои бои, непотстрижени, за работа или не работат или нешто онака, колку да се каже, абе битно цигарче си тегне. Сите зависности се смрт, смрт за нив лично и ми е гајле за тоа, но и смрт за нивните деца, за ова ми е жал, и смрт за заедницата, полни ходници од млади и пропаднати луѓе што нема веќе ни кој да ги лечи. И што мислите тоа што секоја трета двојка нема деца од што е? Од пороци, отров воздух, храна и што уште не.
Македонија е една од најлабавите земји за пушачи, затоа и ги имаме толку многу. Едноставно е, колку е нешто полесно и подостапно, толку повеќе корисници има. Сличен е случајот и со кладилници, казина, брзи кредити, итн. Во Скопје има повеќе кафичи, па може и ќе најдеш некој со вистински непушачки дел. Ама во помалите места, на пример во мојот роден град, има само 1-2 кафичи со целосно одвоени непушачки делови. Повеќето се споени пушачки и непушачки, или се водат дека се надвор, па смее да се пуши. А не се воопшто надвор, најчесто се цели затворени со стакла. Да не почнувам дека Ајкос смее секаде… Затоа сум многу голем фан на овој закон! Нека има специфични места за пушење, нека ги поскапат цигарите, во цел свет е така. Се сеќавам кога бев во Америка и знаев да запалам по некоја, немаше шанси внатре, ни па на тераса, мораше да одиме зад ресторанот. Кај нас распашана команда
Сум влегувала во канцеларии на градоначалници, раководители на сектори, главен на инспекциски надзор, самите пушат внатре. На што личи тоа? Порок е, треба да се лечи. А некој што нема контрола што прави, зошто воопшто е градоначалник, инспектор итн? Ако нема контрола на своите нагони, не почитува закон за пушење, како ќе носи правилни одлуки за толку многу луѓе? А лекари? Лекар на хирургија, пуши. Пациенти прима и пуши. Раководител на урбанизам и раководител во ЈП Чистота и зеленило, алкохоличари и така одат на работа. Двајцата ги имаше на ТВ гафови за Нова година, кажуваат глупости, не можат да погодат една реченица затоа што се пијани. Владава да им објави војна на пушачи, пијаници, коцкари, луѓе што влегуваат во брзи кредити итн. Се е тоа сатанизам, и ништо од тоа ни верата не дозволува. Не само да се збори западњаци, Германци и не знам кој биле сатана, ова е сатана. Пушиш, пиеш, се тетовираш како гуштер, нешто што верата не дозволува, од брз кредит на брз кредит, од казино на казино, од обложувалница до обложувалница, се е тоа етички неисправно, и верски неисправно, а за општеството е 100 чекори назад. Кога одам во црква, многу често нема никој или има 2-3. Друго, закон има, полицијата да појде по црквите, таму каде има сатани како таа Мајка Стоја ако е жива што барала тарифи да гледа, тоа да се стрпа во затвор, а воедно и поповите што тоа го дозволиле да им се суди. Едвај СПЦ ја призна МПЦ. Дали МПЦ со сатанистички гатачи по цркви го оправдува своето постење и признавање? Не. И што е со народов, ќе се роди дете, па го крстат, и после ја почнуваат шемата во секое село на баење го носат кај некои баби, уроци, клинови, тоест од глупавост и незнаење го демонизираат и сатанизираат тоа дете. Во турско не давале Турците овдека да се градат цркви, сега ги има, ама скоро за џабе, народот практикува сатанизам. Е кога ќе почнат од памперс да ги носат децата по бајачки, гатачки, после ќе дојдат немири, стравови, депресија итн.
Денес бев во Концепт Струмица, секоја втора маса чуреа цигари. Немаат одвоен дел за пушење. Што да кажам, премногу привилегии за пушачите.
Ужас стварно. Али ќе повторам по не знам кој пат, изменивте кривичен законик пред да заминете од власт (2024) и ги амнестиравте овие кои денес ги обвинувате. Овие лапрдања и пресови се колку да се дешава нешто. Исти курац сте, затоа имате 19 пратеници. Добро, другите имаат 58 ама пак тие имаат неписмено, понизно, гласачко стадо кое не казнува. На следни избори, ако гласам, ќе гласам за психо Апасиев. Инаку, Јон Фрчкоски е баш сладок.
Јоооој куку ноне со законов Само дома ли ќе смее да се пуши? Еве не знам Апсолутно мислам дека во секоја ЗАТВОРЕНА просторија не треба да се пуши НИКАДЕ. Ни во казино ни во ноќен клуб, ни во летните тераси кои се впрочем затворени, баш никаде во затворен простор. За медицински установи и канцеларии па не ни станува збор. И да, тука мислам и на оние прдежите, не само на обичните цигари. И такви мислам да се забранат секаде во затворен простор, јер не сакам канцеларијата да ми смрди како некој да ми се усрал под биро, молим лепо. Ама на автобуска постојка? Еве не ми е јасно зошто? Било каде на отворено зошто да не смее? Кому ќе пречи? Да не забегуваме до толку мислам
Ваљда пошто на автобуска сакаме да чекаме автобус ко луѓе без некој да ни чури у фаца. Ај замисли идеш од работа, мртва утепана, седнуваш да чекаш автобус и доаѓа некоја госпожа или господин, седнува до тебе и пали. Малце не е културно а?
Оти короната по планини шеташе де, истото е. Технократија И кај мене е истото. Со таа разлика што немаш полицајци на норма, да зберат арач на Рекорд, оти кој пушел, кој слушалки носел, кој имал различни чорапи. ... На секои 10 години го носат законов, ко најново светско чудо. Немав појма ни дека го укинале. Видиш шо ти е креативност
Културно... Сеа.. културно може не е, ама па штетно не е. Оти па културно не е и да мљацкаш кога јадеш, да ждригнеш во ресторан, да зборуваш со полна уста ама не е штетно. Не може автобуска постојка (отворен простор) да е забранет исто ко затворен простор. Не е исто да седеме на клупата на автобуската и јас да пушам а ти не, и да седиме на маса во кафич во затворено јас да пушам а ти не. Не може штетата иста да е.
Пушач сум и поддржувам забрана за пушење во затворени места. Али затоа во автомобил и на отворено не може никој да ми забрани.
Како тоа мораш? На отворен простор ќе вдишеш чад? Баш ама баш исто онолку колку што би вдишила во затворен простор?
Па седам на автобуска, чекам автобус, мора да се вртам тука, башка често има гужви по автобуските. А и може ми е лошо, ме боли глава, морам да седнам. Додуша еве може и трудна сум и затоа седам, барем тоа ви е слаба точка.
Маче, сто пушачи не можат да те надишат толку чад, колку што ќе вдишеш од коли во поминување. Ама добро, може пушачите на отворено се криви за воздухот во Скопје, како-не-ми-текна
Пак некоја амеба како Ламбе фатила и ја искршила вратата на Бугарската амбасада у Скопје. Ова само им оди у прилог на Бугарите за да се претставуваат како жртви. Се надевам овој не е исто некој пропаднат и заборавен пејач, кој ќе сака да ја воскресне кариерата со оваков чин.