Има снимка срцка, човекот оди доста стабилно, Спасен од алкохолот би шантрал лево-десно, нема шанси да е он, плус и би ја промашил вратата.
Мене ми беше смешна една ситуација сега пред Нова година. Седнуваме во кафуле, во внатрешниот дел, терасата на објектот комплетно затворена од сите страни, арно ама преградите кои го одделуваат внатрешниот дел од терасата отворени. Кафулето преполно, доаѓаат други луѓе, седнуваат во тоа што е внатрешен дел, келнерката им кажува дека во тој дел не се пуши, а на масиве што се на тераса, некои на пола метро од нив, на сите по некој пушач. Јас реално свесна сум дека во ситуацијата со оглед на тоа дека внатрешниот дел е поврзан со терасата ќе бидам изложена на чад од цигари, ама малку нелогично и смешно е, ваму се пуши, на пола метро понатаму не се пуши, воздухот заеднички. Ако веќе е така, тоа треба да е физички поделено.
Една познаничка доживеа инфаркт, па вака низ муабет дури ми објаснуваше дека е на боледување, по лекари, ја прашав дали пуши и ми кажува дека ги оставила цигарите. Ама онака со стегање кажа демек „ќути ги оставив, а пушам од 17 години“. Мајка со слабо срце, татко со висок притисок, значи лоша генетика. И после муабетов женава живееше само уште неколку месеци, почина лани на 44 години. И кога ќе ги остават цигарите после 20 години, џабе е, штетата е направена. Погледнете ги луѓето околу себе, колку од нив изгледаат добро за свои години? Веројатно се бројат на прсти, се друго е остарено предвреме.
Џабе ако не забранат и на отворено и по домашни балкони , мене ова не ми врши работа. Прозорец не се отвора дома од зависни комшии што чадат.
Мицкоски нека си седи кај што е, нека не си го ваби, дуи ќе победи во албанскиот блок ќе мора со нив да коалицира, што не е добро ниту за нас како држава ниту за него кој водеше толку анти дуи пропагнда и која му даде мандат. На локалните победиле влен, крастајци победија, за градоначалници вмро ги гласаше и така победија, на парламентарни кој вмроец ќе ти гласа за било која друга партија, особено не албанска. То се виде на советничките листи, аљи со 20/30 илјади ги столчи влен.
Вечерва Сотир Костов на Тв коментираше како можела Молдавија да биде пред Македонија на европскиот пат, пола била руска, а пола била романска. Ова е негирање на нација и држава што нас не ни прави ама ич ништо лошо. Оваа изјава е бетер од таа на бугарските радикали, ама бетер. И од каде им тоа право да измислуваат глупости за било што и за било кого? Молдавија е со 76.6% Молдавци, молдавска е, ни руска, ни романска, молдавска е. Сотир и слични очајници можат да кажат било што, едноставно нивната злоба не е вистина.
Не скенирајте луѓе, им го јадеме лебот на овие од Влада, да не снема за тропските овошја и морските специјалитети.
Законите се донесени ама еден закон не е поминат, зависи од Дуи зошто морало бадентер. Може денес ќе се договорат на лидерска.
САД го замрзнуваат издавањето имигрантски визи и за Македонија https://skopje1.mk/sad-go-zamrznuvaat-izdavanjeto-imigrantski-vizi-i-za-makedonija А Македонците меѓу најголемите поддржувачи на Трамп
https://zurnal.mk/skandal-vo-czsr-tetovo-ilјadniczi-evra-nezakonski-isplateni-retroaktivni-socziјalni-penzii/ И додека ние се занимаваме со корона , морона , Турци и Непалци , скандали ни се редат во секоја област , како лампиони на новогодишна елка . Јас кога родив трето дете , сеуште беше активна мерката за надомест за трето дете ( не знам дали сеуште е , онаа на Груевски ) . Кога прашав во центарот , ме избркаа со зборовите " не ти следува , маж ти работи државно , убава плата има , имот има " . Да , ама ЈАС немам , ниту плата , ниту државна ниту било каква работа . Плус две деца во училиште . А каде се сметки , струја плаќав по 230 евра за декември и јануар , тоа се 660 евра за два месеци ( со штедење и тоа ) , а да не зборувам за другото . Битно маж ми имал " убава " плата и имот . Со ова , знам дека не погрешив што се отселив . Ич не ми е жал . П . С . Кога им реков да ми дадат работа , бидејќи немам искуство и никаде не ме примаат без истото , ме погледнаа како да барам Кралица на В.Британија да ме направат .
Убаво си направила, кај и да е и јас тргам подалеку од овде. Криво ми е до коска што на мајка ми и дале отказ крај на 90ти на државно само затоа што ме родила, со изговор дека ете сега трето дете имаш, нема да можеш да постигнеш да бидеш мајка на три деца и да работиш тука. Да е сега така, ќе им мавнела тужба, ама други времиња, за жал...тотално омаложување на жените особено мајките имаме во државава. Како јас сега да имам желба да родам овде ?
Ако си била невработена ти, ти следувало независно што работи и каде мажот. Тие таму можам да замислам во Тетово, те избркале да не ти се замараат. Сите тие пари отидоа кај Албанки, Ромки, и само се забрза процесот Македонците да бидат малцинство во сопствена држава. Нашите пари отидоа кај нив. Ние плативме по наредба на Грујо за да бидеме малцинство. Погледни само по улици, само Роми и Албанци, ретко Македонци. За Тетово и пред неколку години го имаше истото, си земале на основ на социјална помош по 30.000 евра на име на починати лица и ништо. Никој не лежеше затвор. Буџетот како буре со дупки, кој стигне зема, краде, на крај оштетени се невини. Тогаш со 30.000 евра можеше стан да се купи, сега за тие пари нема ни гарсониера.
Знаеш , веќе ни не сакам да се вратам воопшто во Македонија . Да не се нашите фамилии , не би доаѓала ни на посета за празници . Ни нема да лежи и одговара никој . Одамна во Тетово си прават како што им одговара , менуваат имиња на улици по нивен терк , без ничија согласност , документи од општина добиваме двојазични , наместо прво да пишува Општина Тетово на македонски , пишува Комуна е Тетовес на албански .. не ми смета што пишува двојазично , ок разбирам не секој знае македонски , ама во која држава живеам ? Во Албанија или Македонија ? По некоја логика , македонскиот треба да е прв јазик , бидејќи ОВА Е сепак Македонија . Прст им се даде , цела рака земаа . Не само Албанците , верувај се ова доаѓа од ВЛАСТИТЕ и македонски и албански . Колку Албанци се жалат од албанските политичари во Македонија , велат вас ве соголи до гола кожа ВМРО и СДСМ , нас ДУИ , ДПА .. Вас Заев , Мицкоски нас Тачи , Ахмети итн . Преостанува да си ги спакуваме сите години потрошени овде во куфери и да бараме чаре по светот , бидејќи овде не ни остана апсолутно ништо . Никаква иднина за млади и деца , никакви можности , никакво напредување . Утре дотичнава госпоѓа ќе излезе на ТВ или на митинг , ќе бара поддршка , ќе ни соли памет за чесност и некаква борба , ќе ни раскажува прикаски за мали деца како треба да имаме соживот , како се живее во мултиетничка средина , па ќе порачува до нашите сограѓани Албанци дека ТАА е промената која ќе се бори против корупција , криминал .. А она корумпирана до 10 колено . Нема да дојдам на следните избори , меѓутоа бојкотирајте ги народе . Само бојкот заслужуваат . Со години не гласам за никого , излегувам на гласање и ги заокружувам сите со ред и на македонски јазик и на албански јазик . Да биде апла неважечко . И ако во случај сум во Македонија на следните избори , повторно ќе го сторам истото . Заслужуваат колапс тотален , и македонските и албанските партии , бидејќи ниту една не направи ама баш ништо за луѓето !
Оној неоригиналнион Бомбакис со картоните лапал 40 000 месечно од државна лотарија, излегоа списоци со околу стотина имиња, хонорарци. Меѓу нив е и Аделина Тахири, (45 000 месечно), онаа со несреќните обиди да биде пејачка, што се омажи за вмровец бизнисмен. Алкосот Борис Дамовски е исто на списоците, сопругот на пратеничката Иванка Василевска. Државна лотарија ,,Наши луѓе".
Долга била раката на ВМРО навистина, упс згрешив простете ми, долг бил платниот список на ВМРО (Документи) Над 4 милиони денари за стотина „договорци“ во Државна лотарија, меѓу нив професори, инфлуенсери, пејачи и партијаши! Од 35.000 до 60.000 денари месечно Државна лотарија на Македонија им исплаќа на надворешни лица ангажирани за вршење на определени работи. Според документите во кои увид имаше редакцијата на Инфомакс, бројот на тие лица е нешто помал од сто, меѓутоа официјални информации од Државната лотарија на Македонија сѐ уште не добивме. На списоците во кои увид имаше Инфомакс се појавуваат имиња на повеќе познати личности. На пример професорот од Правниот факултет „Јустинијан Први“, Борче Давитковски, пејачката Аделина Тахири која има и албанско државјанство, режисерот и истакнат активист на ВМРО-ДПМНЕ, Борис Дамовски, како и инфлуенсерот Кристијан Станковски познат како Бомбакис и поранешниот член на Правна комисија на ВМРО-ДПМНЕ и дел од тогашното реформаторско крило, Глигор Чатмов. Голем дел од лицата се на возраст од дваесетина години, а добар дел од нив се членови и активисти на владејачките партии. Комплетниот список во продолжение. Овие лица ја чинат Државна лотарија над 4 милиони денари месечно. Инфомакс испрати прашања до Државната лотарија на Македонија, односно побаравме информации колку надворешни лица се ангажирани со авторски договори и договори за дело, за какви ангажмани станува збор односно какви работни задачи имаат, колкави се нивните месечни нето примања и дали постојат извештаи за нивната работа. До овој момент одговори немаме добиено, а доколку добиеме одговори истите ќе бидат објавени во дополнување на овој текст. Согласно Закон, Државна лотарија како и сите претпријатија во државна сопственост и органи на државната управа мораат податоците да ги објават на системот „open finance“. Доколку ги пребарате овие лица во системот нема да најдете ништо, односно некој веројатно сака овие податоци да останат тајни. Државна лотарија е акционерско друштво одговорно за приредување игри на среќа за граѓаните на територија на Република Македонија. Компанијата е во државна сопственост, основана според успешни примери и искуства од европските и светските државни лотарии, со цел континуиран придонес во републичкиот буџет за инвестирање во општествено корисни цели. Државна лотарија е членка на Европската асоцијација на лотарии што овозможува редовна размена на искуства со тимовите на државните лотарии на Европа, што се одразува на побрзиот раст и развој на компанијата. На 5 август 2025 година за нов директор на Државната лотарија беше назначен професорот од правниот факултет „Јустинијан Први“, Александар Климовски, кој беше дел од тимот стручни соработници на Мицкоски како претседател на ВМРО-ДПМНЕ. А.Митовски А.Петровска
Пронајдени 350.000 евра соѕидани во куќата на родителите на судијата од Апелационен суд Скопје - Ѓоко Ристов. Ееее македонско судство!! Од многу блиску знам како е да те зачара подмитен обвинител во судски процеси и да те стави уште поподмитен судија во затвор невин. Срамота!!! 350к евра е пара бе . Па уште судија од Апелација. Некој се крсти на апелационен, а видете ги гнидиве лоповски...срам ми е кај живеам. Нека ги прочешлаат сите од ОЈО и Кривичен, ќе имаат доста работа.