Не ги гледаш тој филм хаха иако сигурно имаат многу докази за да го апсат затоа и одлета од Македонија и не се враќа. Следат стандард Вмро пресови на кои ќе упатуваат прашања до Заев и Филипче. Врана на врана очи не вади.
Кои се овие циркузанти што изиграват горила позади Мицко и Тошковски? Мене на тв ми беа само смешни демек тие ќе откриват дрога а им поминале тони и тони смеи, циркузи?
Пратеничката Дафина Стојаноска или попозната по нејзините 6 стана во Скопје, 10 000€ годишно патни трошоци и недоветните изјави од говорницата како ʼпрдешкаʼ, денеска објавила видео каде претседателот на ССМ е скришно сниман како ги зема децата од школо со службеното возило. Пишала дека треба да се суди по делата, а не зборовите. Тајно. Снимала (или нарачала). Деца. За да замолчи синдикат. За да го замолчи народот.Од дпмне е, да. По што да и судиме на Дафина? Ни по зборови, ни по дела?
Лол, па да не го пуштевте, немаше да се враќа пошто ќе беше тука, у затвор. Ова го лапрдаат 10 години, откако ,,им избега". Моја теорија е дека СДСМ имаат амбиции на следни избори да освојат 5 пратеници, особено со овакви изјави и овакво делување од опозиција.
За жал слаба опозиција значи силна власт, еве го Мицко ја брани богаташката Дафина, тотално се погубени ама кој да ги казни? А во врска со Груевски, веќе не го плашат народот со таа приказна, само му ја зголемуваат популарноста. И онака да се врати не им одговара само на Вмро затоа што му се плашат, според муабети со луѓе и коментари по мреживе веројатно поголемо мнозинство би го дочекале со раширени раце само катастрофиве од последните две власти да се сменат.
Машала машала, има се може се Градоначалникот на Битола само во недвижен имот „тежи“ над 600 илјади евра
https://skopjeinfo.mk/izvrshen-uvid...ladiot-ubiec-koj-zagushi-starica-e-vo-pritvor Истиот човек на 9-ти месецов нападнал баба од 86 години, жената завршила во болница со повреди, ама имала среќа се спасила, а него го привеле и го пуштиле. Еве го по некој ден убил баба. Да дочекаш 87 години и некое диво племе да те задуши. Некое примитивно, умобилно, порочно, настрано, да те задуши. Полицијата е крива, ако постојано врши кражби, фрли го во затвор и таму да јаде ќотек секој ден. Денеска сретнав една познаничка што нема ни 50 години, со опериран тумор на глава пред некоја година, сега гледам едвај некако се движи, па се замислив колку луѓе што се на возраст од 41, 45 години, какви здравствени проблеми имаат, така што 78 и 86 години, дефинитивно е добар век. И младите не знам со кој памет ги оставаат старите сами во селата? „Семејни вредности', тоест себични и психопатски вредности. Кога еден Палестинец изврши напад во Израел, него го затворија, а со багери му ја урнаа куќата и фамилијата му остана без покрив над глава. Добар метод за диви племиња, па треба за вакви злосторства да им отидат со багери, урни му ја куќата, да остане само куп камења, што сакаат нека прават, оти тој психо мора да има родители, па нека трпат последици што навреме не побарале да се лечи. Истото го заслужуваат и овие во паланечко што убија 86 годишен старец со мотика во глава за 2.000 денари.
Ова со авионов ме потсетува на она со мерцедесот. Искомплексирана багра на функционери од најмизерното земјиче у Европа, сака да се возика или лета у нешто поново и скупичко, да се перчи пред светот, додека ЈСП и МЖ пропаѓаат, а ние обичните сиротињи сме у ризик додека се возиме со истите. Комуњарата на ова треба само да молчи пошто у случај вмраните да го набават авиончето, и они ќе си леткаат со истото. Видовме како беше со мерцедесот (нЕмА пРаВдА, НеМа мИр). Ако го земат авиончето, кога ќе се начукаат сите, ќе се усмрдат, комшии ќе влечат само за да прошетаат, па кога друг пат ќе се влечат низ молови у Дубаи, на ,,работна посета", во интерес на народот. Гога им се обрати денес на новинарите, дека само они како делегација не носеле новинари, тоа многу им го замерувале. Со добар авион, цела тв Алфа ќе ја носат на шетња.
На нив не им треба авион, и онака ништо не работат. Зошто да одат во странство? Да повторуваат една иста реченица „Сакаме во ЕУ ама по заслуги“, а заслуги немаат, тоест лажат. Нема потреба да тероризираат други луѓе. Доаѓаат од држава што е ред казина, ред обложувалници, ред брзи кредити, нема што да глумат авангарда и ниво, за нив само кочија, нека сечат ленти од село на село.
А толку ли е страшно да се лета со комерцијален лет? Ги гледам премиерине и претседателите на некои богати земји во Европа и со мерто и точак одат на работа а користат комерцијален лет за во странство. Какви комплекси се ова? Ај за мерцедесот ќе речеме и странски делегации го возат ама нов авион за држава како нашата е луксуз и се надевам се откажале.
Австриска политичарка со воз патуваше во соседна земја на средба за некоја смешна сума. Овие се најнеспособни политичари на европско тло, од земја што тоне во смет, со најниски плати на Балкан, и ќе се замислуваат тука биле некои и нешто. Нека вложат во економија, култура, било што, ама за нив лично не. За споредба Колумбиецот Јанко му отпеа македонска песна на еден Хрват, а тој почна да се буни дека тоа е српски јазик и дека во Македонија луѓето зборуваат српски и бугарски. Зборуваме за млад Хрват. Значи за него македонски јазик не постои. Унгарец исто се зачуди дека воопшто постои македонски јазик, мислел српски се зборува во Македонија. Ние не сме етаблирани до Будимпешта и до Загреб, не не признаваат, овие тука ќе глумат Американци.
Нека го покачат минималецот, нека стабилизираат цени, нека донесат автобуси. Потоа слободно нека си купат нов авион. Ама знаеме дека е тешко ова да се случи. Освен во друг универзум.
Тоа поише кажува за хрватот и унгарецот него за нашиве идиоти ако сум искрен. Да немаш основни познавања за земји од Европа а да си европски граѓанин (па уште и член на ЕУ) за мене е тешка срамота. Мада може е до мене, мене например ме интересираат општо држави, култури, кој кое племе е итн итн. Баш со еден бразилец бивш колега се зазборевме за Бразил, испадна ја колку него знам, чоекот не му се веруеше.
Каков автогол си даде онаа портпаролката на Владата - Митева, во дуелот со Жерновски. Митева: Моите информации говорат дека ја изгубивте жалбата против претседателката. Жерновски: Од каде ви се информацииве за мојот предмет во судството? Митева: Гласините велат дека... Мислам, јавна тајна е дека судството во банана државава Фиром е каша-попара али оваа апла си кажа на национален сервис дека има пристап до судски предмети. Каква глупачетина.
Абе овие од Вмро нормални ли се каде оди возот, за една недела куп глупости направија, почнувајки од Дафа, Мицко, Бране, Гога сега и Марија Митева….
Не личеше на дебата. Она немаше поим што демантира, а он немаше осет и само ја прекинуваше со простачки речник.