Еве јас препознавам ерменска музика, јазикот ќе го познам затоа што сум слушала. Гледав кик бокс и таму еден Ерменец излезе и му ја пуштаа патриотската песна Јаркушта. Ние малку вложуваме во култура. На некои им пуштав ерменска музика, се чудеа, ми велат „што е ова, шиптарски ли е?“. Имаме амбасади, нека прават Македонска вечер секаде и почесто. Нека прават настани, нека анимираат народ. Тешко е шведски и норвешки да разликуваш на пример, има сличности. Украински и руски разликувам, од слушање, дури и десетина украински песни знам да ги пеам од почеток до крај, народни песни. Унгарија и Хрватска не се далеку. Ако Хрват и Унгарец не те признаваат, не знаат дека постои македонски јазик, џабе е, значи се немаш етаблирано ни во регионот, не па пошироко. Со Хрватите бевме дел од СФРЈ, со Унгарија се маваме во гради дека сме биле пријатели, Орбан ни бил пријател.
Збориме за земји одалечени 1-2к км, да не речам у двор сме им. Ја би потонал од срам да знам дека син ми не знае кои ни се соседи или не знае за цела Европа бар главни градови на држави/јазици да напомене. Шо знам, ја така мислам.
О и лузи червона калина, Чом ти не пришов, Хеј соколи, Сонце низењко, Кудеб ја не ихала, Коли ти бергом идеш, В саду осиним ајстри били, Ој у вишневому саду, Степом, степом, Лилија, потоа Ој маричко чичери... Ја знам ама не цела и онаа што ја пее Јанко, Ој смереко.... Ја знам и онаа Цервону руту, ама таа не е народна, туку е забавна песна, има еден автор, ама ја пејат многу пејачи. Има и еден канал на јутјуб, Интернешнел фолк сонг мислам беше, ама има од секоја земја по некоја песна, по 2-3. Е сега, има и утки таму, на пример од Босна ставиле некоја воинствена бошњачка песна. Сум слушала и египетски песни, песни од Алжир, ама не ми се допаѓаат.
Онаа Марија Митева случајно ми излезе на тик ток. Брука невидена. Жерновски ја стави во машина. И утре ваква ќе ни стане премиер.
Ахаа, ете кај биле значи, добро Дафинке. Инаку Дафинка има 6 стана и е рекордер во наплатени патни трошоци, ама битно кај неа не е минималецот. Стојаноска: Парите за минималецот се кај Филипче на Водно, во Струмица и во Дубаи
И јас знам од музика да разликувам. Јас си ја пеам често Плакала од Казка, многу убава песна па еве да ја препорачам ако некој сака украинска музика. Од руските ги пеам песните на Зиверт.
Плакала Калина мислиш? Таа е понова песна, не е народна. Ми цилували сја пид виницким дожчем ја слушам од Дарина. И таа е нова песна не е стара. Од народните ја заборавив Сиви коњу, иако ја има и обработена понова верзија, старата ми е поубава. Таа исто ја знам да ја пеам од почеток до крај. За момчето што ја чека на порта девојката со црни веѓи, но излегува нејзината мајка. Марусја е многу убава, ама не ја знам да ја пеам.
Не, не. Јас слушам забавни ама кај нив се со етно примеси често. За оваа мислев, голем хит беше и многу убава песна. Од руските Зиверт ми е топ. Ама ај да не одиме офтопик .
Портпарол на Влада го знае исходот на судска постапка која е уште во тек, однапред, и тоа така нон-шалантно си го изнесува на сред емисија во живо на телевизија како некој аргумент против соговорникот. Реакциите на јавноста минимални, портпаролката не чувствува вина и се правда со сарказам. За ова не знам што се случува во друга држава, дали само Влада паѓа или и Суд се распушта. Гласините велат дека ова е заробена држава, режимска, а тие 2% доверба во судството се неоправдани, го преценуваат. И што рековме друго за авиончето? Треба или не треба?
И убаво е да се купи куќа на пример на село, во некое пристојно село, за пристојна сума. Но, проблем се манијците и крадците што полицијата ги толерира, тоест ги култивира штом им простува десетици кражби. И сите тука беа против тоа да знаат да користат оружје, посебно мажи, па не им требало војска, па за што да учеле да користат оружје. Епа корисно е, за самоодбрана. Нашава полиција е неспособна. И сега гледам Ромите прашуваат зошто за Саит Саитов имало слика во медиуми, а за овој не. Вакви и треба да бидат објавени. И дома да се појде кај мајката и очувот, и од нив да се бара одговорност оти овој бил ментален наводно. Луѓето го објавија, еве го волот.
https://24info.mk/telma-otkriva-za-kolku-ubistva-se-somnichi-seriskiot-ubiecz-od-kumanovsko/ Значи за ова институциите треба да си сносат одговорност. Полицијата е крива. Имал документ дека е ментален и крадел, вознемирувал луѓе пред да се случат убиствата, на продавница чукал во 3 ноќеска да му отворат, влегувал на жени по куќи. Додуша мештаните се сомневаат дека домашните дури го поттикнувале да краде, оти е на документ потпросек, па куп моторни пили, украдени предмети му нашле дома. Син со посебни потреби ти носи дома крадени предмети, ти си му старател и не реагираш? Па не реагираш, ти е гајле, типични племенци, пила ли е, што и да е, може да се продаде и за тоа да се земат пари. Треба сега затвор за мајката и очувот. И во право се сега Албанци, Роми што се жалат, ако е нивни, веднаш го објавуваат со име, презиме, слика по портали, кој е, што е. Па дај да видиме овој кој е, мајка му која е, очувот кој е. Треба јавно да бидат објавени. Не само тоа, треба со камери да им отидат пред куќа, да им бараат изјави и во затвор да се стават тие луѓе. Значи десетици пријави за кражби, напаѓа жена, врши обид за убиство, го собираат и го пуштаат како ништо да не се случило. Додуша испаѓа дека тој веќе пратил во гроб три или четири жени претходно. Полицијата кај била? Обвинителството? Како така наоѓале мртви жени полуголи и ништо, ги погребувале како да е тоа природна смрт. Слушнав една од жртвите била со посебни потреби, не знам дали се работи за таа што имала 37 години. Значи племенците од ромска и албанска националност или турска веднаш ги објавуваат, со име, презиме, слика по медиуми. Не видовме кои се оние во паланечко што со мотика го убија старецот за 2.000 денари. За такви грозоморни убиства, треба цели фамилии да бидат повикани на одговорност. Значи за ова во нормални околности треба сега да им се суди на тие во полициска станица Старо Нагоричане, на дел од кадрите во СВР Куманово, оставки во ОЈО Куманово, а ова треба да влезе и во извештај на ЕК за Македонија.
Од полицијата треба да се плашиме, а не да и веруваме. Каков е овој серијски убиец што не можеле да го фатат до сега? Џек Д Рипер да не е? Секој ден ни продаваат причи дека треба да бидеме безбедни, бидејќи мвр и полицијата не чува.
Сега не сватив, го упасиле сега или не? Еднаш викаат по претходното убиство го уапсиле и се посомневале на сериски убиец, како тогаш ако е уапсен го направил и овој обид.
Го уапсиле Артан Груби. https://sitel.com.mk/uapsen-artan-grubi-video Не е можно сам да му текнало да се врати. Сигурно има некаков пазарлук меѓу власта и ДУИ.