Актуелни политички настани

Discussion in 'Политика и настани' started by Ariel, Aug 3, 2010.

  1. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Joined:
    Oct 6, 2011
    Messages:
    10,082
    Likes Received:
    14,804
    можно ли е ?

    Македонија за 7-8 години ќе стане муслиманска држава, а за 15 години ќе стане албанска држава, вели поранешениот премиер на Македонија, Љубчо Георгиевски за бугарски „Пресе“.

    - Тоа е реално. Ако ги погледнете демографските процеси во Република Македонија, ќе видите дека тие се страшни. Во 2012 година од сите родени деца во Македонија, 50 проценти се христијани и исто толку муслимани. Падот на Македонците годишно е 4-5 проценти, а растот на Албанците и другите муслимани е 3-4 проценти. Ако овој процес продолжи по 7 до 8 години, можеме да претпоставиме дека Македонија ќе биде муслиманска земја, а по 15 години ќе стане албанска држава, вели Георгиевски во големото интервју.
     
  2. imelda

    imelda Популарен член

    Joined:
    Mar 24, 2011
    Messages:
    1,623
    Likes Received:
    10,361
    Лажат! Гајле ги е и во високо развиените земји за чистотата на водухот. Ако не ви чини магла има други градови и селца одете и надишете се колку ви гради собираат. Еве ќе го земам Лондон. Воведоа пред некоја година зона, која го зафаќа центарот и малку повеќе од него, да ако одиш со автомобил низ неа треба да платиш дневно при секој влез, како вињета. Резултатот - пари за државата. Така се чисти воздух :?: Сообраќајот е иста гужва. Зошто? Затоа што јавниот превоз не е на ниво како да речеме Јапонија, и нема будала која веќе си дозволила да има автомобил и добива службено место за паркирање да ти дреме по саат два кога некој се фрлил на пруга, или паднало снег, да стои на пренатрупан воз/автобус додека се влече на работа и си иде од работа згужван и измрзнат или испотен со кашлачи, кивачи околу него, кога за таа цена на зоната низ која минува има комфорт од своето седиште зад волан, со никој друг да му смета, клима во колата, радио, сам без гужва...
    Во Македонија(ми доаѓа слика во глава на АТОМ жолти автобуси, ако уште возат :puke: ) додека сите што немаат кола и мораат со јавен превоз па се жалат од пензионерите по јавен превоз, тепачките од албанските го„на се на панагон да ги мисли човек, па тие ли што имаат автомобил ќе се качат на тој превоз за доброто на зелената планета? Е да, сигурно!
     
    Cka likes this.
  3. Dvolicen

    Dvolicen Популарен член

    Joined:
    Jun 1, 2012
    Messages:
    1,431
    Likes Received:
    3,485
    http://www.24vesti.mk/krstot-vo-aerodrom-mozhe-da-gi-dovede-vo-prashanje-megjuverskite-odnosi

    :x :x :x

    Eдноставно немам зборови и очекувано беше коментар од овој тип "Крстот во Аеродром може да ги доведе во прашање меѓуверските односи".Јас лично не сметам така и оваквите политички провокации ни се преку
    QR
    .Многу сум љубопитен дали ке потпаднат под притисок-от што ке се направи.Да бидам по директен ова е добро сценарио за градење на џамија на тој дел од градот ,поточно кај кулите на Џеваир холдинг :!: .Одамна се шушка дека е планирано но да не биде дирекна провокација ако они започнат 1ви со изградба-та ..вака ке испадне пазарење :?: .Во секој случај што и да се планира и прави општината си сноси одговорност-и и треба да се види задоволството или незадоволствот на жителите (Како и и во секоја друга општина ) .Сигурен сум дека неможеме да влијаеме на намерите на општина Чаир и сл :fubar: ... Ке видиме што ке испадне на крај од сето ова но некако ние обичните смртници што паѓаме на вакви провокации од обележја што се само на лик убави а ништо значајни за општеството очите си ги вадиме меѓу себе :swear: .Доволно е крстот на водно :!: ,од каде би се гледал тој крст што планираат да го стават ?... да не коментирам ке бидам погрешно сфатен но едно ставно сметам дека одбрале лошо место за тоа што испланирачле.Не го подржувам на таа локација ...... Нека направат некој убав парк доста од трговски центри ,и места каде се трошат само пари (ни фали рекреација мир и уживање :emo: .Никогаш не бев и нескав да бидам политички настроен ,немав амбиции кон никој /а партија ... но кога ке видам сега дека деца што ме прашуваа маил како да направат (ми мудруваат ) за важни и пресудни работи во животот (а се со позадина од лавови тигорви змејови и што ти ја знам) гледам дека отидени сме во пропаст но не признаваме.Во моментов политикава ни е само нашминкана к**ва што сите ја сакаат а никој не ја зима за жена :tmi: ..
     
    daylight likes this.
  4. Azriel1

    Azriel1 Истакнат член

    Joined:
    Oct 15, 2012
    Messages:
    307
    Likes Received:
    406
    Јас мислам дека крст во Аеродром не е потребен, ама па нема што Албанците за тоа да се прашуваат или да берат гајле. Наместо да се понудат поконструктивни дискусии и критики, ние се занимаваме што и како ќе речеле Албанците и дали ќе предизвикувале тензии. Преку глава веќе |(
     
    tessie, Hipster and Dvolicen like this.
  5. Dvolicen

    Dvolicen Популарен член

    Joined:
    Jun 1, 2012
    Messages:
    1,431
    Likes Received:
    3,485
    Тоа ми е и мене муабетот :!: .Но како што кажав мислам дека има позадина во градењето на крстот .Знаат дека паѓаме на такви финти и религиски обележја.Мн полесно ке протнат потоа нешто они што испланирале ....
    А местоположбата , и целта не ги разбирам за крстот :fubar: .Да е некаде каде што би се гледал и значел ајде некако но крстот од водно ке го засени (во квалитет сигурно ) :|
     
  6. Valeriya

    Valeriya Истакнат член

    Joined:
    Oct 27, 2012
    Messages:
    195
    Likes Received:
    63
    Љубчо Георгиевски за бугарски печат: За 10 години Македонија ќе стане муслиманска држава

    Македонија може да стане трета албанска држава или четврта муслиманска држава во Европа, моите идеи за етнички држави на Балканот веќе ги напуштив, македонската власт е просрпски ориентирана, парадоксално е тоа што Македонците не си ја признаваат бугарската етничка врска... Ова се делови од интервјуто на Љубчо Георгиевски, претставен и како човек со бугарско државјанство и потекло за бугарскиот весник „Пресе“.



    Во интервјуто за весникот Георгиевски вели дека веќе не е поборник на идејата за создавање на етнички чисти држави на Балканот.
    „Да, оваа идеја сакав да се реализира на балканска конференција на која сите држави ќе ја дадат својата согласност и тоа да биде чекор кон мирот, а не да се соочиме со војна... Ако денес ја анализираме ситуацијата, ќе видиме дека процесите не се тргнати напред. Босна постои само на хартија, таму реално државата не функционира. Косово сеуште е поделено и продолжува да создава проблеми меѓу Албанците и Србите. Македонија е во перманентна нестабилност, чиј опстанок денес зависи само од добрата воља на Албанците. Сфатив дека мојата идеја не може да проработи и веќе не сум активен нејзин поборник. И во исто време не верувам дека освен преку севкупно разбирање , ситуацијата на Балканот нема да може да се смири“.
    За демографските процеси во Македонија, Георгиевски вели дека за 7-8 години Македонија ќе стане музлиманска, а за 15 години ќе стане албанска држава .
    „Кој сака да гледа стратешки на Балканот, треба да го има предвид фактот дека во 2020 година ќе треба да ја третира Македонија како четврта муслиманска држава во Европа. И ќе ви кажам уште нешто - дотогаш проблемот ќе биде наш, македонски, а после проблемот ќе биде балкански и европски“.
    Тогаш излегува дека неоотоманизмот жнее успеси во Источна Европа, праша новинарката.
    „Во Македонија се восхитувааат на неоотоманизмот. Турција е единствената земја во Европа и во светот која ни вели вие сте во право. Ние од ваквата позиција на Турција сме возбудени и максимално ги отвораме вратите на турската културна и економска експанзија преку телевизиски програми, преку масовно навлегување на турскиот бизнис во сите сфери во Македонија. Во сите градови има основни и средни училишта на турски јазик. Во моментов во Македонија студираат повеќе од една илјада студенти од Турција. Тие не само што учат во Македонија, голем процент од нив се женат и остануваат тука. Другиот сериозен момент е засилениот процес на турцизирање на Ромите во Источна Македонија. Тие масовно се преименуваат во Турци. Ромите не само што изјавуваат дека се Турци, сега бараат и турски паралелки по училиштата. Државата тоа им го дозволува. Тука се и Македонците муслимани (торбешите) кои исто така масовно се турцизираат. Значи, ако сакате да видите неоотоманизмот на живо, дојдете во Македонија и ќе видите дека овој процес на турцизирање ние го правиме со задоволство, бидејќи сите други ни се непријатели, а само Турција покажува пријателство“.
    На прашањето зошто Македонците не ја признаваат бугарската врска, Георгиевски вели:
    „Тоа е парадоксално! Јас понекогаш се плашам. Дали овие процеси кои се развиваат во моментов кај нас, не се вистински страв од реалноста со кој народ сме најблиски и со кој народ делиме иста приказна“.
    За договорот за добрососедски односи Георгиевски смета дека најдобра основа е токму декларацијата што тој ја потпишал како македонски премиер со неговиот тогашен бугарски колега Иван Костов. Тој смета дека процентот на историјата на Македонија и Бугарија не треба да е во коренот на овој договор, јас и Костов не се занимававме со историја и тогаш односите меѓу Македонија и Бугарија беа на највисоко ниво. „Факт е дека антибугарската политика во Македонија е на сцена и во овие 20 години демократија“.
    Просрпската политика на Македонија, според Георгиевски, е очигледна со прославата на 100-годишнината од влегувањето на Србите во Македонија во Балканската војна, споменикот на цар Душан во центарот на Скопје и изградбата на српскиот офицерски дом на плоштадот во Скопје, кој е симбол на српската окупација на Македонија. А за нашата заедничка, реална историја со Бугарија, не сакаме да слушнеме - ниту празник да прославиме, ниту личност. Многу ми е мачно што и по 20 години самостојност нашата држава е просрпски ориентирана . Тоа ќе биде катастрофа за македонската нација!
    Во однос на спорот со Грција, за Георгиевски нема никакви дилеми – Република Горна Македонија или Република Северна Македонија е сосема прифатливо решение.

    Извор: http://grid.mk/read/news/506453438/5513 ... ka-drzhava
     
  7. Valeriya

    Valeriya Истакнат член

    Joined:
    Oct 27, 2012
    Messages:
    195
    Likes Received:
    63
    Хм, не да е можно, туку веќе станува реалност. Можеби не за 7-8 години( малку претерал), но реалноста е дека Македонецот за 15-20 години нема да има своја национална држава. Веќе Македонецот нема што да бара во Тетово, Гостивар, Дебар, а следни на тапет се Скопје, Куманово и Велес. Тука Албанците, Турците и Босанците се јаки многу. Ромите од Источна Македонија многу се турцизираат, а веќе има опсада од турски студенти во Штип. Ќе биде многу, многу тешко на Македонецот да опстане за жал. Погледни само колку има османлиска, турска и исламска пропаганда преку турски серии на нашите канали.
     
  8. daylight

    daylight Популарен член

    Joined:
    Dec 22, 2011
    Messages:
    3,329
    Likes Received:
    4,407
  9. Elennaa

    Elennaa Популарен член

    Joined:
    Feb 22, 2011
    Messages:
    4,165
    Likes Received:
    14,175
    Gender:
    Female
    Што е работава со протестиве Бит пазар-Чаир?
    А изгледа и на некои други места имало?

    Албанците нешто се дигнале. Не најавиле протести...
    А нашиве сироти полицајци ко двајца без тројца, се врткаат само. Не знаат што да прават.

    Автобусите по саат-два биле во застој. Им ставале камења, што не...
     
  10. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Joined:
    Dec 7, 2009
    Messages:
    8,627
    Likes Received:
    146,657
    Камчев го купил Фершпед :o

    Ова со партиските војници по јадната администрација до некаде и можев да го разберам, ама партизацијата на приватните бизниси, бога ми не можам. Дури и во странски компании, просто неверојатно.

    Ако не си идеолошки подобен тендер со очи не можеш да видиш. И да немаш врска со партија, потпркна ли малку - те лапнаа.

    Земјава тоне.
    Каде да бега човек кога целиот свет тоне.
    Се што гледам е лицемерие, ниски страсти и личен интерес.
     
  11. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Joined:
    Nov 25, 2009
    Messages:
    13,259
    Likes Received:
    167,950
    Сега барем е јасно зошто така одеа акциите како што одеа...
    Не сум изненадена воопшто.
     
    zhap4e likes this.
  12. Silver.E

    Silver.E Популарен член

    Joined:
    Feb 14, 2013
    Messages:
    2,226
    Likes Received:
    5,277
    Cka likes this.
  13. fighter

    fighter Популарен член

    Joined:
    Jun 4, 2010
    Messages:
    1,249
    Likes Received:
    2,485
    токму така, зошто и јас не гледав некаква економска логика.
     
  14. Cka

    Cka Форумски идол

    Joined:
    Sep 23, 2010
    Messages:
    12,187
    Likes Received:
    145,252
    дебилен е овој. Пишав и у друга тема, ама не е саглам човеков.
    Ниту имаше обезбедување, специјалци, ниту драма ко што прикажал он па и неговите самонаречени новинарчиња. Не избрука пред светот. Мислам дека и жално што е неспосебен за се на светов, па за ситни соросови пари ни ја бламира државава. Иако 50 000 евра не се малце од сорос, да бидеме искрени. Ама не сед оволно за да си ја навредуваш така државата. И тоа, пред нобеловци.
    Дебил, тоа имам да кажам.
     
    Silver.E likes this.
  15. Florenca

    Florenca Активен член

    Joined:
    Dec 11, 2013
    Messages:
    62
    Likes Received:
    44
    Gender:
    Female
    Ако мислиш дека ќе се обидат да направат џамија , тоа ќе им биде најголемата грешка. Те уверувам дека џамија во Аеродром нема никогаш да се изгради.
     
  16. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Joined:
    Nov 3, 2011
    Messages:
    15,266
    Likes Received:
    15,016
    Gender:
    Female
    ^никогаш не вели никогаш....за жал тоа може да се случи.
     
  17. Dvolicen

    Dvolicen Популарен член

    Joined:
    Jun 1, 2012
    Messages:
    1,431
    Likes Received:
    3,485
    Времето ќе покаже ,но доколку процентуално во новите згради се населат муслимани (и како што најавуваат мн поволни цени на станови-те за нив ) ке го искористат како алиби за изградба на џамија во тој дел од градот.Полесно би поминала реализацијата нивна после изградбата на крстот ( непромислената идеја и локација ) и лесно ке се пазарат (уценуваат ) .Џабе не рекле каде што има чад има и оган :| :fubar: ....
     
    Mama25, Nymeria and Azriel1 like this.
  18. okcenzi

    okcenzi Популарен член

    Joined:
    Dec 25, 2012
    Messages:
    3,522
    Likes Received:
    9,564
    феминки ме интересира што мислите за новата партија на Стевче Јакимоски „ГРОМ“
    дали мислите дека човекот ке успее нешто да промени во државава или е уште еден кој се бори само за фотеља?
     
  19. daylight

    daylight Популарен член

    Joined:
    Dec 22, 2011
    Messages:
    3,329
    Likes Received:
    4,407
    На брзина ја разгледав нивната програма и ми се допадна нивниот отворен демократски и граѓански пристап и еднаквост меѓу верските заедници, фаворизирање на стручното средно образование, стимулирање на обновливи извори на енергија (соларна и ветер), доизградба на пругата кон Бугарија и Албанија.

    Но воопшто не ми се допаѓа нивната заложба за поттикнување на рибарството(јас сум за забрана на лов и риболов од хумани причини), дозволувањето на Генетски манипулирани организми во храната (божем според прописи, но едниствен пропис треба да биде трајна забрана на ГМО), воопшто не ми се допаѓа нивната заложба за кадаверична трансплантација и отворање на банки зз органи (трансплантирањето органи е рамно на убиство и е штетно човекот и душата, како на донаторот така и на примателот). Приклучувањето кон ЕУ ми е дискутабилно, а изричито сум против членување во воени организации и сојузи како НАТО (тие служат повеќе за убивање и создавање штета отколку за одрбана).
     
    okcenzi and tessie like this.
  20. Nausicaa

    Nausicaa Форумски идол

    Joined:
    Dec 1, 2013
    Messages:
    3,472
    Likes Received:
    20,212
    okcenzi, реално, секој кој влегол во политика се бори за фотеља, работата е гласачкото тело да успее да го избере највредниот за таа фотеља :)
    Стевче Јакимовски е мој долгогодишен градоначелник и досега јас сум многу задоволна од неговата работа, стварно не можам да се пожалам, и сметам дека он може да биде квалитетен лидер на партија, убаво е да се појави и трета опција на нашава политичка сцена а само времето ќе покаже како и дали ќе се истакнат. Јас лично не се водам според програма, таму е се најубаво напишано, илјадници ветувања имаше сите минати избори, од сите партии а види ни го секојдневието.
    За Гром не знам многу работи, знам само дека потпредседателка е Албанка, што според мене е супер, не се плаќа членство и Стевче е против менувањето на името.
     
    okcenzi and tessie like this.