Не би ме зачудило дел пратениците по дома да ја носат, а другиот дел да е продаван. ИСТРАГА ЗА „ВЛАДИНОТО БИФЕ“: Каде исчезна храна вредна 70.000 евра?
Мојата баба е почината пред 15 години, а имотот поделен на децата. Е сега, дојде решение за данок на имот на нејзино име, некоја смешна сума, се јавив во општина, ми рекоа морало тоа да исчисти(а мислев пуштаат неселективно, па згрешиле), одам таму, наоѓаат во компјутер, има долг од над 800 денари. Значи цело време откако е почината, веројатно пресметуваат данок за неа. Ајде што не е ажурирано дека е почината, ајде де, ама ако гледаат дека нема тоа лице смета во банка, нема прилив(да е жива би примала пензија), значи лицето никаде не фигурира, ама данок пресметале, па дури и таа во даночно ми рече „па вие зошто досега не сте реагирале“, па велам „сега стигна, досега ништо не стигнало, може и пошти не ги носеле решенијата“. И така, сега морам барање да поднесувам, да собирам документи од наследници, па конечно да ја избришат од евиденција. И од тоа што начув таму и други доаѓаа со слични проблеми. Нашата адиминистрација како да е во 1900 година, пред Илинден. И тешко на тие што се во странство, и ако се соочат со вакво нешто, може утре да им натоварат некој долг од нигде никаде.
Јасно ми е за ова, затоа реков се надевам на поголема излезност барем спрема претходните, само нека не се лигават после дека мала е минималната плата кога ги мрзи да излезат од дома и да го искажат своето незадоволство.
Работниците на протест за повисоки плати: Не ви се плашиме, ќе дојдеме пак ФОТО Галерија од работничкиот протест на ССМ во Скопје
ХИГИЕНИЧАРКА мин 2.000 ден дневно чистење! 22 дена х 2.000 ден = мин 44.000 ден месечно. ЗА ШТО И Е МИНИМАЛНА ПЛАТА НА ОВАА ЖЕНА? ПАЗАРОТ Е НЕЈЗИНИОТ ЗАШТИТНИК! Ако си фати работа со левичарски СИНДИКАТИ / банди, ќе ја натераат да работи дупло повеќе за половина од тие пари, ама да биде ГОРДА ПРОЛЕТЕРКА! Младите генерации не се ГЛУПАВИ да бидат левичарски измеќари! Младите знаат што сакаат! Млада девојка, со низок степен на образование, може да работи како хигиеничарка, без минимална плата и останати комунални глупостии… а ако се организира да се регистрира како трговец поединец или како дооел, а за неа да работат уште 5 лица, ќе биде успешен претприемач - ДЕСНИЧАР, кој “повраќа” од зборот синдикат! ЗАБОРАВЕТЕ КОМУНИСТИЧКИ ГЛУПОСТИИ! ПАЗАРОТ ДА НЕ ВРЕДНУВА! Така ќе заработуваме дупло повеќе, за дупло пократко време! Ќе живееме дупло поубаво!
Заборави да додадеш дека мислењето ти е преземено од кај лиглето Петар Богојески кој додека бил државно вработен крадел струја од државна институција за копање на биткоини и стекнал голем имот, затоа го заболе него и ќе повраќа на синдикати, работнички права, минимална плата... од вакви апаши дојде до тоа работникот да преживува, да биде искористен, злоупотребен за вакви како него да се богатат, да беше друг систем се ќе му беше одземено а десничаров криминалец имаше да повраќа додека крши камења. Инаку нека ја пушти тој мајка му или жената му нека чистат на црно па да види дали ќе бидат платени 2000ден. и колку ќе му се исплати.
Еве колку имот начукал гомнаров со "плата" тој и другарчето му Пандов вечити вмроидни потрчковци и манипулатори за кеш, битно ќе убедуваат други да не се бореле за пристојна минимална плата. Богојески пријавил криптовалути од над милион евра во анкетниот лист, има и сметка во Бугарија Новоименуваниот директор на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, Петар Богојески, пријавил висока вредност на криптовалути во својот анкетен лист до Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК). Тој поседува 11 биткоини, за кои проценил дека моментално вредат 59.734.070 денари (околу еден милион евра), како и 129 етериуми купени во Србија за 125.000 евра. Слично како директорот на Управата за извршување санкции, Александар Пандов, и Богојески е меѓу функционерите кои пријавиле значајни крипто-влогови. Пандов претходно навел дека поседува 10 биткоини, кои ги проценил на вкупно 600.000 евра, односно околу 60.000 евра по единица. Покрај криптовалутите, Богојески има и сметка во Бугарија, но нема информации за нејзината состојба. Во 2012 година купил стан со гаража во општина Карпош, со сегашна проценета вредност од 278.000 евра. Годинава во Ракотинци купил земјоделско земјиште вредно околу 26.000 евра. Исто така, минатата година набавил нов SUV модел „Фортинг T5EBO“ за 30.000 евра. Во делот на деловни удели, тој поседува 61% од компанијата ДТУ „Бегова Корија“ ДОО Скопје, која го стопанисува одморалиштето „Шула Мина“, со вкупна проценета вредност од 550.000 евра. Има и влог од 5.000 евра во компанијата ВФП Фонд Менаџмент. Богојески пријавил и низа странски финансиски вложувања. Од 2020 година има влог од 50.000 евра во американски валутен фонд и животно осигурување вредно 15.000 евра. Осигурителни полиси имаат и неговата сопруга и деца, додека неговите деца поседуваат акции во банка во основање во САД – иако не се наведуваат точни суми. Тој има две девизни сметки (во евра и долари), два персонални сефа (еден во евра, друг во денари), како и девизна сметка во банка во Бугарија. Има и девизна готовина – наследена и стекната – во вредност од 120.000 евра. Во листата е вклучен и златен накит проценет на над 40.000 евра, како и икони со благородни метали вредни околу 20.000 евра. Платата што ја добива како директор на агенцијата изнесува 87.000 денари месечно.
@Bratot кога ставаш кој каде работел и што поседува, не е лошо за Трендафилов и остала багра од ссм да ставеш кој колку зима плата или како се возат со службените возила за приватни цели
На Трендафилов што им се спротивставува на вакви криминалци и што е гласен за работничките права платата му била 60.000 ден. Инаку со "плата" и вмроидната десничарка Дафина Стојаноска спечалила шест стана и викендичка, наплатила илјадници евра патни трошоци... ама ако нека живеат, битно во штаб ќе ви перат мозок дека земал плата Трендафилов и дека доста ви е минимална плата, додека преживувате од месец за месец.
@Bratot работникот што го бива за работа не чека од Трендафилов и остала багра од ссм да се борат за неговите работнички права, туку сам си диктира платата и за колку ќе работи, а остали долебани што не се подигнале од лажичката потешко и што се на државно протестираат со баграта од ссм!
Така здружени газдите кога ќе знаат дека никој не ти ги штити твоите права има да им работиш за леб и вода па колку сака нека те бива.
@Bratot помина времето кога газдите се здружуваа и работникот работеше за леб и вода, во 2026 година живееме а не во 2006!
Е добро де. Можда бил во еarly adopters Ако нешто има нелегално, имаа шанса да му најдат и докажат. На страна дека е гаден лик, за биткоини освен ако краде од наивни "вложувачи", нема шо да му се замери. Имал-имал, нека крши глава. И јас кога би знаела на времето, би купила, ти не?
Поминато е ако си вработен преку штаб, неспособен, ама си лаел по митинзи и си мафтал со знамето ко ненормален, инаку за обичниот народ кој преживува со минималец и тоа како треба да се бори за загарантирана повисока плата , и тоа како му е потребен ССМ бидејќи во спротива разни Богоевци ќе им ја искористуваат работаната сила.
Кој да докаже кога ваљда си делеле со тие што треба да докажат, а сметката за струјата која била бааѓи голема и опремата што ја користел а била на институцијата сме ја платиле ние од буџет. Не, со криминали не.