Да, и за темава нема ниту едно актуелно мислење на форумов. Тоа е нашата македонштина. За гревови сме, и малце ни е.
Да, во право си, никој не коментира за ова. А да беше нешто направено од нас 80 страни ќе се испишеше со секакви навреди и осуди.
Кога ке напишам коментар на фејс а не ретко го правам од револт добивам коментари: Доста, немој, ќе си земиш беља. Уплашен народ по уплашен не сум видела. Нас навистина е најдобро да не подземат не сме способни сами за себе да се бориме.
Во приватни фирми, конкретно туристичка агенција имам видео знамиња, албанско, турско, косовско, американско, македонско не. И во Охрид имам видено во туристичка агенција, веројатно турска беше, албанско и турско знаме, македонско не. Во еден хотел во Струга чиј газда мислам дека е Турчин, не Албанец, сите известувања беа на албански, турски, англиски, на македонски не. Македонското знаме остана да го истакнуваат Срби и по некој Влав. И дури и на пазар, има лица од друга националност што продаваат секакви знамиња, ама македонско не.
Не ги пратам оние двајца од Нимфомакс (освен рилсови кога ми излегуваат) али прочитав некакво соопштение од комуњарата на фб, биле разочарани у оној Мечка поради последниве емисии. Ами педигрето на овие двајца е познато, за добар кеш ботуваат исто како и луди Јорди, Богдани, Борјани и слични, зависи кој ги плаќа. Гласот на народот биле изминативе неколку години, лол. Е сеа ваљда ги прибираат полека у партија, да не се лажеме, највирални опозициски ботови беа, никој не би ги сакал како дел од спротивен табор. Вмрани кога можат еден козар да го финансираат, срамота е овие двајца да не ги земат у свое стадо заедно со оној абдал Филип.
И јас не ги пратам Нинфомакс ама не ме чуди наскоро пак Вмровци да станат. Обострајна корист имаат, овие за пари сите ќе ги бранат, а Вмро не сака да постојат медиуми против нив.
Џабе им е што сите медиуми ги ставаат под контрола, ова вмро ја нема поддршката која ја уживаше грујо. Овие ни членовите што зависат од партија не им се замараат толку да ги бранат, истите кои за грујо ќе се потепаа. Осеќаат и тие криза по џебот, па си молчат.
Не ни им требаат некои големи фанатици и поддржувачи пошто опозицијава е катастрофа, Венко и Јон Фрчкоски, мислам побогу.Моја теорија е дека ќе бидат на власт 20 години, многу повеќе од Груевски.
Не верувам дека можат да добијат убедливо мнозинство на парламентарни. A сдс ниту тогаш не беа алтернатива или добра опозиција, само имаа поддршка од надвор. Засега надворешен фактор е зафатен co далеку поважни работи од ситуацијата во Македонија. Ама можно е во иднина пак да им посветат внимание доколку вмро ги изнервира доволно.
Засега добри се бе Инфомакс ги лупаат и ВМРО и СДСМ и тоа добро за разлика од други кои апла заземаат партиска страна, само нека продолжат вака. Овие и Буревесник се единствените што цело време објавуваат за криминалите на партиите.
Орбан изгуби.. Значи ли тоа дека Груевски се враќа во Македонија, тогаш со среќа нека ни е 20 години Вмро власт. Вака барем имаше шанси овие мутави Вмро да изгубат, ама имат среќа што нема опозиција вака до сега како што се мутави 100 пати ќе паднеа, полоша влада не сме имале
Не мора да значи. Орбан си има врски и надвор од Унгарија. Може да си го прати другарчето и во друга држава.
Размена на другарчиња во странство? Јас не разбирам зошто досега не се вратил (откако дојдоа неговите на власт) освен што веројатно покомотно му се живее во Унгарија отколку во мк, бар коли не крши по патишта. Инаку ништо не му менува, не е он некој сериски убиец па да е опасност за општеството, било кое, и унгарското и македонското. Веројатно веќе и унгарско државјанство има. И пак мислам ништо не менува. Овие мутави, он интелигенција - абе остај. Сите се исти ков.
Ова Вмро не го сака Грујо и се плаши од него така да нема да дојде сигурно. Човеков што победи бил од партијата на Орбан, ништо нема да им направи на двајцата.