Не верувам дека Николче има амбиции да се врати у засмрденово, загадено, барокно Скопјенце и староста да си ја дочека тука. Сигурно таму си има купено некоја златно - дијамантска виза, Орбан му има средено престој за добар кеш, не верувам дека од милост таму го чуваа тоа криминогено носле. Неговото ,,бегство" беше добар договор меѓу него, Орбан и комуњарава на која ,,им избега". Гледате ли како позира на тие маџарски тротоари, замара некој грев да го слика, за после да објавува полуписмени реферати на фб и да свршава читајќи сиротињи кои го величат и бараат назад у коментари. Мислам дека и на ова ќе си остане, засекогаш.
Човекот и неговата гарнитура извршија толку многу кривични дела, ја вратија Македонија 10 години назад, така што само УЧК има повеќе гревови од нив, а еве вчера му пишале „Среќен празник, побрзо да се вратиш, Македонија те чека“. Тие истите Македонци се сметаат за „чесни“, „невини“, „добри“, а што поддржуваат? Криминал, криење на убиства, диктатура, реваншизам, сиромаштво, пропаганди дека сме прва економија во Европа и трета во свет на листи што не постојат. И утрово реферати по Фејсбук од истите колку Орбан им бил добар на Унгарците. Некој им пишал дека ние немаме никакво право да им кажуваме како ќе си гласаат, нивна земја, нивни глас. И да, само Македонци кажуваат кој по светот како треба да живее, како да гласа, што да прави. Од каде тоа право? Од самобендисаност. Гордана отиде во Црна Гора, ја пречекаа како човек, па се врати дома, па даде изјава дека Црна Гора и Албанија не биле поарни од нас. Сега кога дојде Јаков Милатовиќ, Гордана пред некого изјави дека ако се гледале критериуми, ние сме биле веднаш за Црна Гора. По два - три дена, истата Гордана изјави дека ние сме биле многу поспремни од земјите кандидати. Сите тие изјави се спорни, контрадикторни, манипулативни, злонамерни, така што давањето на такви изјави е знак за непријателство, ние сме непријатели на Црна Гора штом ја деградираме, а истата Црна Гора ни гаснеше пожари, и плус во време на корона ни понудија со нивни авиони да ни донесат наши луѓе од Турција, оти си имаат своја авиокомпанија за разлика од нас. Македонија нема пријатели, затоа што се однесува непријателски и простачки со сите. Патем истиот ден кога дојде Милатовиќ во Скопје, и јас бев во Скопје, на секои 500 метри имаше полиција по автопатот, арно ама и на секои 500 метри купови ѓубре, мини депонии. Спремни сме биле, Гордана кажува.
Како нешто што ме насмеа денес е изјавата на Филипче дека после Орбан следува Вучиќ (со ова се согласувам), а после Вучиќ - Мицко.Време било за демократија. Па до вчера бевте на власт, вие со измени на кривичен законик ги амнестиравте овие кои денес ја рушат демократијата. Ќе се отрујам од комуњарава, али добро, надежта последна умира. Мицкоски може да биде следен ако од Брисел креираат некоја нова опозиција, без овие потрошени ликови од СДСМ и нивните синови, внуци и слични, кои се исти курац како и вмраните.
Овој народ требаше пред 10+ години да бара нова опозиција наместо да ги поддржува на бранкица кадрите. Cега не очекувам ништо попаметно од популација што гласа за мицко и од нивните сограѓани.
Хахахаха го чекаат пак да ги краде хаахха Не сме арни, не. После криви биле тие шо земаа бугарски пасоши и избегаа.
Картата на Албанија не може да се спореди со картата на поранешна Македонија. Од Солун, Пирин се присилно избркани и асимилирани вистински деца бегалци, македонци, чија територија и подрачје во минатото биле наши. Исто не е точно дека живеат голем процент срби таму. Напротив, живеат грци и бугари. (Пирин и Егеј барем). Картата на голема Албанија од друга страна е фиктивна карта, градовите сами по себе, па и цела држава не биле никогаш дел од албанската автономна историска рамка, само дел од нивната желба за доминација, алчност и его. Поздрав.
Срамота е комуњарата да се расфрла со изјави за апсења на Грујо, па они го пуштија. Рециклажа на исти муабети со години, не е ни чудо што рејтингот им е 3%. Овие гарант се утрипани дека ќе им се деси Шарена 2, и дека пак исто ќе се ушлепаат нивни криминогени ликови како во 2016, ќе искористат народ и така ќе се докопаат на власт. Ова е можно сценарио али по некои 20 години.
Пред 2 часа пуштив на македонски пропаганден медиум, и еден Македонец експерт ги коментираше случувањата во светот. Сега гледам Хепи, еден Србин ги кажува истите реченици, ама целосно исти реченици. Премногу е слично да биде случајно. Ајде можеш да имаш слични ставови, ама да кажуваш ред по ред исти реченици, тоа веројатно е агенда, а штета што на ТВ секој може да излезе и да се прави експерт и да кажува што сака и не сноси одговорност за изнесени неточни информации.
Ми излезе клип од вепарон Мечка од Инфомакс, каде зборува за Маѓар, оној што му шибна клоца у гз на Орбан. Во свој препознатлив стил, како да споделува ,,инсајдерски" информации, вепаров тврди дека поранешната сопруга на Маѓар објавила книга во која го опишува како психопат и тежок алкохоличар, па дури и дека си го убил кучето пикајќи го у микровална. Се испошокирав од ова, па почнав да пребарувам на гугл, ChatGPT, портали, ама никаде нема трага од таква книга, ниту од тие наводи. Маѓар го знаев само како лик кој излезе од партијата на Орбан, не ја следам толку детално унгарската политика, па викам чекај да проверам. Денес излезе и демант од неговата сопруга, изјави дека се работи за целосно измислена приказна. Лажната вест се проширила на X, преку профили што објавувале видеа со наслови како ,,Peter Magyar exposed", со некакви наводни цитати и ,,слики" од книга што воопшто не постои. Ова е нивото на ,,новинарство" кај Мечка и екипата, пласирање непроверени или измислени приказни на жутозубата раја која ги следи, завиткани како ексклузива. Уствари кога ќе размислам, ликовиве седеа со Палчовци, Мирки и Миленковци у студио до пред неколку години, сега се глас на народот, откако вмроиди им раскинаа. Сега како пак да се враќаат у тоа стадо.
Сега видов на вести, во Турција имало два масакри во училишта во рок од 24 часа Во вториов масакар 9 мртви.
Таа има сведочено пред суд за семејно насилство, дека ја уценувал и и се заканувал, ама ова за кучето во микробранова прв пат од тебе го читам, измислуваат забеганите. @FriendOfDorothy Оваа бившата жена, пак, амнестирала обвинет за прикривање педофилија во дом за деца без родители и по скандалот, морала да поднесе оставка, тогаш Маѓар ја формирал партијата.
Исти реченици на Алфа и на Хепи, се исто, долар пропаѓа, САД печателе долари, ова било борба не меѓу САД и Иран, туку меѓу јуан и долар итн. Истите реченици ги слушнав по ред на двата канала, а денеска читам СДСМ поднело тужба против газди на Алфа во Унгарија. Да не ги финансира некој де? Инаку, Алфа одамна не личи на ништо, ќе си седнат со некој од ВМРО и со водителот си навредуваат, колнат и клеветат СДСМ и објаснуваат како сега ни е многу убаво, како тоа ни тргнало итн. Пропаганда. Плус сите навреди и клевети во јавен простор подлежат на кривично гонење. Кого ќе им текне го нарекуваат Криминалец, иако тие лица на пример не се ни судени никогаш. Ужас.
Истото се ова го правеа Латас и Јанко на Сител и Миленко на Канал 5 во време Грујово, првично Латас на овој начин ги водеше вестите со негови монолози со клевети кон СДСМ без докази без ништо после се јавија и овие другите на ист начин да тераат емисии.
Затоа што и неговите не се толку негови колку порано. Неговите поголеми партиски поддржувачи не се на највлијателните владини или партиски функции, а и во потесни кругови има муабет дека он и Мицко не се во добри односи. Од ова излегува и друга причина. Ако нема доволно силен грб, заканите можат пак да го стасаат. Веројатно е дека нема штом кажуваа дека се обидувал да добие потпора од албански фактор. За да се врати он овде, мора да најде (или да покаже ако веќе има) некоја валканица за колегите со која ќе може да ги уценува за да го пуштат или да помине полесно. Инаку, интелигентен е. Тоа и некои комуњари му го признаваат зад камерите (за економски политики и предвидувања). И такво филмско бегство не може секој да осмисли.
Абе интелигенција - Ајнштајн, па Грујо, па Никола Тесла Имаше добра ПиАр машинерија, тие беа интелигентни. А за кеш колица секакви сценарија се смислуваат, не треба многу интелигенција.
Кога уште има добар дел од народот што зборува дека е спремен сè да му прости само он да се врати на некаква функција, тогаш е јасно дека е. И мој професор на факултет (член на СДС) на предавање кажа дека го сместува на ниво на култен лидер поради умешноста да држи стадо и кога не е дома. Џабе е пиарот ако главниот лик нема доволно шармирачки акал. И на Зајко не му беше лош пиарот, ама не му помогна за да остане на партиската функција (од која не се повлече доброволно ко што се мисли) и за да се бори за нова политичка. И СДС имаат неколкумина доста интелигентни луѓе, ама тие се приморани да седат во ќош.