Од рубриката #неседесило. Перо шетал низ Европа и каква случајност, налетал на Сириец кој ноншалантно му се убацил и го прашал од каде е (ова често се дешава нели, додека шеташ у странски земји, ти идат рандом луѓе од улица да те прашаат од кај си). Е сеа, дибеков кога му кажал од каде е, Сириецов решил да му го открие начинот на кој татко му се докопал до македонски пасош, му признал криминал на странецот Перо, дека на нелегален начин се стекнал со државјанство, хаха, ќе се отрујам од сказниве, ова е академската фела у СРМ.
Секако дека се дилаат пасоши у СРМ, еххее, малку Косовари добија на времето, али овој е патологија и приказнава му е тотално измислена, баш него Сириецот го застанал сред Европа, на лик што месециве прави аи слики за мигранти, баш ова му го признал, аха.
Протестираат за подршка на Вучиќ. Кај сте да протестираме кога има протести за нешто да се реши во државата... Вучиќ е само добар играч на телевизија инаку и тука мед и млеко не тече, од кога се протестира во Србија ништо не се решава, за натстрешницата мислам дека уште и нема ни едно соодветно судење, а студентите можат и со коли да ги газат и да ги приведуваат и тепаат на улица. Случајот со Коста исто, затворен за јавност и после слушнеш донесено пресуда па поништена... Може навистина за нијанса е подобро ама дека заслужил толкаво внимание и поддршка, што знам има мал милион случки за кои треба да се протестира пред ова..
Во Куманово за него протестираат, за подршка, а каква подршка не знам. А во Србија има протести од крајот на 2024, ама џабе не се решава ништо, наместо да се реши тоа за што се протестира полицијата ги тепа блокадерите уште па и после протест тие што се организатори и се знае кои се дома им се оди и ги приведуваат, мислам дека некои уште се и во домашен притвор.. Ректорот исто сакаа да го приведат и разрешат затоа што стоел зад студентите, да не излезеше тогаш народот (генерално студенти) да го бранат ќе го разрешеа.. Секој што е против корупција и што бара правда смета на институциите и ќе се затвара ама Кумановци нека си го подржат Вучиќ, му погребале на народот патишта и се што реконструира кога ако поради нивна грешка некој загине нема правда, како за натстрешницата.. Има и медиум Информер имаат телевизија, весник и си измислуваат, се величи Вучиќ, затоа што главниот уредник е најголем негов подржувач, и даваат изјави како студентите демек лажат.. Пример имаше згазено куче на протест и снимка како е згазено ама Информер известува дека студентите го измислиле тоа куче не ни постоело куче, за да имале за што да се бунат. Јас имам неколку пати излезено на блокада и полицијата нели треба да е таму за да ги заштити тие што се на протест, да спречи инцидент, ама не некој може слободно да му текне и да влета со кола, ми се нема само случено полиција со пендрак да ме удри, иако и тоа го прават.. Пред некој ден ми излезе изјава некаде дека медицинска сестра истепале затоа што мислеле дека е блокадер а таа на некој прва помош укажувала.. Ама напред Вучиќ барем гради патишта и градскиот превоз е бесплатен
Дома во фиока чувам стари пенкала, некористени, на татко ми што му ги давале клиенти, претежно од бизниси, и ај после години си велам да проверам дали се уште пишат или да ги фрлам. А бе сите си пишат убаво, само оние од вмро-дрпаме исушени, иако од ист период се со другите. Има и од други партии, од вмро народна и од либерална, и тие пишат! Дрпаме најголеми превaранти, чкартојни. Којзнае дали некогаш воопшто пишувале тие пенкала.
ВМРО одвоиле буџет за документарец за ,,северџанот" Слаткар, пошто Спасени, Бојани и слични од нивните, се тотално неинспиративни, и ја би. Агресивното стадо се врти против овчарот, хаос у комент секции, се бараат филмови за луѓе кои ни нивните по дома не би ги гледале. Некој у коментари пишал ,,а за Јонче Христовски кога?", другите го прочитале ова и тука настанува класичен фиромски ефект на стадо, одеднаш сите бараат филм за Јонче, Васка и слични, не дека стварно копнеат по овакви филмови. Партијава излегува со соопштение, се правда пред сопствените навивачи, некакви флоскули дека ова не е филм кој се занимава целосно со кариерата на Слаткар, ова е за инклузија, за различности, за луѓе со говорна мана (Вмро и различности, лол). Тука за малку да ги намират, како лажиче шеќер у уста, им спомнуваат и ги потсетуваат дека снимаат филм и за Тоше, за оној кој пред да почине и стане ангел, особено машката популација го условуваше со ,,Педер". А некои одат и чекор понатаму и бараат филм за ДНК, новите ангели на фиромската митологија. Ја и понатаму ќе си гледам Нетфликс и HBO, нашиве срања ми се тотално неинспиративни, дојдов само да искењам фиромско лицемерие.
Eve gi Albannija uspesno gi realiziraat poglavjata so Eu I gi zatvaraat I vleguvaat vo posledna faza! Zosto nasata Vlada ne se trudi da dojde do nekakov dopolnitelen Kompromis so Bugarija( da ni dadat nekakvi garancii deka so vmetnuvanje na Bugarite nema da pravat Veta) Дека Историските комисии ке со ги бркаат Истороските прашања! Апсолуутно во Надворешна Политика не успеваат да постигнат никаков договор за отварање на поглавјата и некаков Економски напредок! Каква Морална одговорноѕт ке преземе владата!
Овој ќе биде ваљда Миле Јанакиевски од СДСМ. И оној од Струмица, Костадин. Сеа еден домашен притвор кога ќе му лупнат и бесконечни судења, колку да го намират стадото, демек ,,еве, апсиме".
Боки 13 веќе почна да слави по сториња, сигурно дома отворил Пелистерка да наздрави, јер не пие алкохол
Се запрепастив од провизиите на банките, ќе се зголемат. За една сметка ќе наплаќале 120 денари провизија, па на еден пензионер годишно ќе му се фатело 100 евра само за банки. Дерење на кожа. Цело семејство годишно ќе ги чинело 250 евра за банкарски услуги. Отиди, однеси им илјадници евра, каматата е смешна, годишно ќе имаш од камата само за едно парче облека и тоа е се, а ќе работат со твоите пари. Персоналот не е на некое завидно ниво. Сум видела како им се дерат на постари при најобично прашање, мене ме имаат враќано да дојдам утре за една обична операција, до компјутер им стои кафе и вода, небаре е кафуле, а не работно биро, вчера дојде еден господин почна да распрашува една пензионерка дали е за физички лица или за фирми, а немаше гужва, и жената му враќа дека не е важно за кај е, по бројче ги викаат на шалтер, овој пак напнува дека стоела на недефинирано место, а севкупно 4-5 души бевме, таа на шалтер наместо да му реагира на човекот, фаќа сеир, ме гледа и под мустак се смее оти се закачија стариве.
Само комунизам за тие лихвари, да ги спастри убаво. А и така повеќето одеа во пошта да плаќаат сметки, сега ќе си ги вратат клиентите на шалтер
Во пошта сепак земаат провизија иако не знам колку, и може да те поткраднат, ако се работи за постари. На моја сосетка вака и се случи и истата сметка си ја плати двапати, синот видел дека на сметката дома нема ништо, ни печат, ништо, ја украле, односно сметката не ја ставаат до крај во апаратчето. Во пошта има една од албанска националност, постара, и ако некој од старите не гледа да си пополни уплатница, му пополнува и вели „Ејјј, за ова колку ќе ми платиш“, и дава еден дедо 50 денари, вели „па само толку ли“, па и даде 100 денари. Еднаш плаќав, ми остануваат кусур некои 40 денари, ми вели „ејјј, зарем ќе ги земеш“, демек се зеза, а чека да и ги оставам парите, бедница, си ги земав, не ги оставив за инает. Пошта е една голема катастрофа. Долго не знаев дека на шалтер во оператори наплатуваат провизија, се дури не се случи сметката да е 2.000 денари, давам 2.000 и ми бараат уште пари, провизија земале. Преку електронско банкарство ако се плаќа и таму си земаат пари за услугата, така што не ти бегаат трошоци.
Најскапо ти се фаќа на шалтер во банка. Помала е провизијата во пошта. Дали и тие ќе ја покачат, не знам, нo сигурно и во тој случај ќе биде пониска. Јас најчесто плаќам онлајн и забележав дека не ми земаат провизија, ама зависи во која банка си. Kога имам само кеш, одам во пошта да платам, банките ги избегнувам.
На автоматите на ЕВН колку што се сеќавам не земаа провизија, плаќав така во време на корона, е сега дали уште е така не знам.
Две чисти немаат таму во тоа собрание, од овие да ти зависи општество во кое живееш е кошмар кој мора да заврши.