Се затвораат голем број на фирми, владата зема кредити и позајмици од кај ќе стигне, ратите за кредитите чукаат на врата... Вечни да сме. БРАН НА ГАСНЕЊЕ ФИРМИ ВО ПРВОТО ПОЛУГОДИЕ: Над 1.800 компании ставија клуч ВЛАДАТА ПОЗАЈМИ 7 МИЛИОНИ ЕВРА ОД МАКЕДОНСКА НАВИГАЦИЈА Еуроконтрол забранува М-НАВ да дава позајмици, но владата е посилна
Се собрале денес цела орда партиски џаболебари со се Мицкоски и градоначалникот во болницата во Битола да направат самопромоција дека сработиле едно големо ништо, вработиле 82 души преку партија, исфарбале ходникот само долу на приземје и готово ја опраја болницата, ами да се поткачеја малку на наредниот спрат погоре и така уште неколку спрата нагоре да видевме каква руина се негибнати со години, плус смрдеата по ходниците шо се шири од тоа кујната неопислива гадна, можеа и во визби долу да удрат некое кардо па да се види дека ова е едно ништо шо го напрајле, ама за продавање ветер во магла се први. Вечни да сме. Клиничка болница Битола да стане современ регионален здравствен центар
Ахх ги заеба овој со прашањето, им ја растури забавата, а само шо се испофалија со 82 нови вработувања но заборавија на овие 8 месеци шо работеле без пари за џабе Инаку директоркава како докторка е да не и падниш во раце од шо е препотентна, после ова за овој претпоставувам ни како волонтер ќе нема место за него.
Господинов Милошоски што вчера во Крушево велеше дека треба деца да се раѓаат, празни биле училиштата, на кои генерации ќе ги пренесиме вредностите, зошто не донира за болниве деца, само денеска ми излегоа 4 апели за донации? Лесно е да ломотат за демографијата и наталитетот, а деца, родители и семејства се мачат и никој од арамииве политичари не помага, ние народов двоиме за да донираме. Роди го со к'смет и фрли го на буниште.
Антонио па едни вредности што може да им пренесе на петте деца, подобро ич да не се репродуцирал. Пет нови потенцијални продолжувачи на лик со еден куп политички афери како ,,Плацеви во Идризово", измами у Германија итн... Башка има пушено у секоја гарнитура, од ЉуБчо, преку Грујо, сега кај Мицкоски. Да се котам тука, за децата на Антонио да им бидат газди на моите, пффф, сигурно.
Што им смета сега на Керени настапот на Стив Аоки? Тие за тоа што треба не се бунат, со торти ги гаѓал младите на Илинден, трагедии. Пишат дека не биле политичарите криви што е ваква државата, туку младината.
Имаше коментар на фб, за тие само сендвиче в рака, в автобус и право на митинг. Ќе не убие простоќа бреееее бре. Откровение му е на македончето дека постои Стив Аоки, па и кој е и што е. Се срамиме пред светот со вакви ограничени умови, не заслужуваме ние диџеј од таков калибар. Само митинзи му е мајката за оваа раја.
Параноја ги мава, намерно ги понижувал младите за празникот хахахаха Порталите поттикнуваат таков говор. Ќе стават некој наслов и овие трчаат да коментираат глупости.
Немало деца во Крушево. Па ќе нема. Гинеколог нема, педијатар нема, работа нема, болница нема, чиста вода, па и тоа нема, пари нема, автобус за Скопје нема, ништо нема. Да живееш во Крушево и да треба облека да си купиш, мораш во Прилеп. Во Крушево нема услови за живот. И во Струмица штом немало анестезиолог за жената да ја породат, па ја пратиле во Штип, а таму ја направиле инвалид, хорор. Каков е тој град каде не функционира гинекологија, нема анестезиолог? Град ли е тоа? И Антонио да беше некој градежник што израснал 4 деца, да му речеш браво, додуша за што да му речеш браво и во тој случај, ќе оскудеваат и ќе се мачат така. Антонио може и 10 деца да чува, живее од народни пари. И баш додека гледав вчера снимки за Илинден, па гледам директорка, па се сеќавам дека мажот на таа директорка беше директор, па сега е во приватен сектор, нотар, арно ама и од државните институции странки праќале кај тој нотар оти е партиски, така што не се тие успешни, ни способни, само се на товар на државата цели фамилии.
Можеби држава треба да водат претежно луѓе без деца, мене одамна таква мисла ми се врти низ глава. Оти овие грабаат без усул и за нивните деца и внуци.
Кај Венко најмногу ми се свиѓа тоа што глуми дека не бил на власт пред неколку години и најавува оперирање на системот, оној кој не го оперираа кога имаа можност да го оперираат. Не само што не го оперираа, ги амнестираа овие на кои им најавуваат идни системски операции, ако дојдат некогаш на власт нормално.
Мојата очна докторка ја фатија со мито, ја уапсија, барала мито ако сакаат пациентите да им закаже операција во Скопје, 150 евра по око, така нешто. А нема ни маж, ни деца, сама е, плус има и оптика. И не се случи ништо. Ја избркаа од болницата, си отиде во Систина. На никој не му е дојдено до чесност, емпатија, професионализам, само пари, пари.
Всушност, држави не треба ни да постојат, а не пак да ги води некој. Ич не ми треба никој да ми одлучува за таму кај што живеам и како да живеам, да ми собира пари од арач, или да ми ограничува движење по светов и не сакам.
Искомплексираниве почнале со апсења и затворски казни и за изразување незадоволство. https://skopje1.mk/struzanecot-sto-go-navreduvase-mickoski-vo-tasmarunista-kje-odgovara-za-nasilstvo А што им довикувал?
Венко мора да престане со прозивки кон српски политичари пошто тоа е најнепопуларно у СРМ. Геноцидашите ни се браќа, а Венко очигледно работи против СДСМ со оваква политика. Башка додека беа на власт му го дудлаа на Вучиќ, каков е овој преокрет, омг, совземи се ,,комуњарска коњино", на следни избори ќе имаш 8 пратеници.
Не знам што е полошо, тоа што амебава молела функционери да му најдат местенце и тоа јавно си го кажува или тоа што некој овие полуписмени имбецили ги нарекува уставобранители. Па и Господ бил голем, имал добар план за него, sure Jan, Господ при толку војни, глад, сиромаштии и пекол, со вагабонти ќе се замара. И какво место да му дадеш на овакво сељачиште? Браво за тој вмровски функционер што оваков профил не ставил на некоја функција. Овие служат само за да се искористат за државни немири и урлања, после ги фрлаш.
Па, овие на функција што се да не се поарни од овој? Ист мајндсет имаат и исто ниво на „интелигенција„
Мицкоски не напишал на која држава честита независност. Силно светнал ден а видеото црна темнина, впрочем ко и државата во овие 35 години.