Изгледа и краците во Грција ги имаат вметнато. Вечни да сме На прославата за 35 години независност се појави знаме со повеќе краци од државното
Не треба да се замерува на гафов со знамево, ова се дешава кога Вмровец открива АИ и мене ми е скроз очекувано. Треба да им се даде шанса, уште учат, капацитетите се тие, коњ со пет нозе, знаме со 10 краци... Заветна се пее пред непостоечко знаме, ма нема појако, животот сам си пишува сатира.
Што слават овие среде најголемо незадоволство/апатија, не се со сите. 35 години не е ни некој јубилеј за ваква помпа. Ама ајде, на 40-ката веројатно нема да бидат вмороните на власт и сакаат да надокнадат со време.
Ќе бидат и во 2050. Имаат огромно гласачко стадо, над 300 000 луѓе константно гласаат за нив, каков и гаф да направат, каков испад или скандал да има. Стадото си е секогаш редовно, немаат некој капацитет да казнуваат. Опозиција реално нема, СДСМ се мртви, никад нема да им се деси втора Шарена, тотално изгубија кредибилитет, особено со измените на КЗ, кога на сите оние кои излегуваа за правда им го начукаа пред да заминат од власт (вклучувајќи ме и мене иако не сум им член). Левица е другата опозиција, али и тие се константно на некои 40 000 гласачи. Проруското гласачко тело го делат со ВМРО. Народот што не гласа за СДСМ и е разочаран од истите, гледаме дека не гласа за Левица, останува апатичен и си седи дома. Амар беше мал исклучок поради тоа што имаше помеки ставови и полиберални гледишта, пофин, имаше некоја харизма, успеа да добие симпатии и да излезе од сенката на нарцисоидниот патуљак Апасиев али сепак не беше доволно за да се спротистави на лојалното вмровско стадо. Последна опција е да се формира некоја нова опозиција, али за таа требаат нови ликови кои не се толку испрљани, ама таква ако се деси, ќе биде конструирана однадвор, со цел да ги бутне овие. Но за тоа засега очигледно нема некоја потреба, пошто за тие однадвор сме тотално небитни.
Или овие не знаат да бројат или ние сме 24/7 пијани па све ни се гледа дупло. Друго објаснување неам.
Така и од 2014-2016 се сметаше дека грујо ќе ја задржи власта, ама стигнa 2017. и жбрц. А ова дрпаме, без грујо, ќе дојде на нивото на кое е моментално сдс.
Па победи и тогаш. Ама Аљи доби повик од надвор, му удри корпа и нослестиот мораше да ги спакува куферите и да ,,избега" у Будимпешта, со помош на СДСМ се разбира. Али тогаш се деси народ по улици, плус странски фактор сврти неколку бројчиња. Сега тој народ нема опција.
Јас имам. Ова им е комбинација на претходното и сегашното знаме. На претходното сонцето имаше 16 краци, сега има 8, ова е златна средина со 12.
Победи и затоа се веруваше дека ќе останат на власт, ама Нова година, нова влада. Сега не можат да соберат толку гласови. На локалните избори излегоа само партиските членови и семејствата, народот може да се каже дека бојкотираше. Mалку фали за пресврт. Среќна околност им е што десничарење е моментално во мода низ светот, па Западот им прогледува низ прсти, но ќе се смени тоа.
А што им е со преземање, честопати крадење на стари авторски песни заради партиски и политички цели? Нека создадат нови, наменски. Музиката кај луѓето буди спомени кои ги расипуваат со нејзино политизирање во денешниов контекст.
ПО ПОВЛЕКУВАЊЕТО НА „ЛУФТХАНЗА“, НАЕСЕН ОД СКОПЈЕ НЕМА ДА ЛЕТА НИ „ЛОТ“ ЗА ВАРШАВА, „ИЗИЏЕТ“ ГО УКИНА ЛЕТОТ ЗА ПАРИЗ-ОРЛИ
Прослави што траат цел месец по повод независноста на држава у која функционери пијат прочистена вода у живо, за да ја убедат сиротињата дека нема веќе гомна у истата. Стојанчо дури и шегичка кажал, толку била вкусна што ќе си наполнел туба за Скопје. Надреализам.
Ова Сејф Сити, колку и да има недостатоци, е најдоброто нешто што се десило у СРМ од осамостојување. Стоката треба да научи да не лета по автопат. Србите сакаат низ јужната бановина да летаат со 300, најавуваат бојкот. Пошто у Бугарија ќе им прогледуваат низ прсти, таму нема камери и казни, лол. Јас навивам да одат низ Бугарија и го поддржувам нивниот бојкот, помалку гужви за нас на граница.
Претходно Грците најавија дека ќе ги калибрираат камерите за поуспешно да ловат странци (читај наши). Србите мрчеа оти наши идат таму да купуваат и прават гужви. Епа, редно е да им вратиме на соседите.
Слободно нека одат преку Бугарија. И тие имаат камери, е таму коа ќе ги опнат со казни по европски тертип ќе видат шо ги снашло, па вињетки па ова она, мада така и заслужуваат србиштава, се мислат возат на патеката во Монако.
Факт е дека автопатот ни е крш, што има да им замерате на Србите за ваквите изјави. Патарини на секој км малтене, милиони и милиони инкасирани по сезона, каде се видоа? Поголем е револтот поради неорганизацијата, не ради самите камери. На што личи да чекаш 4 часа на сонце за да платиш глоба, кога у нормална држава истото би го направил со 2 клика пошто 2026та сме логично.
Се запрела постапката за набавката и изградбата на модуларните болници, Мицкоски го теши стадото гласачи дека ништо не е готово, како Заев и СДСМ што тешеа сиротињи дека Груевски #ЧеСиЛежи. Вести од 2050-та: Некоја нова гарнитура која е на власт у СРМ, ги убедува гласачите, дека функционери од сегашно ВМРО кога-тогаш ќе одговараат.
Овие што го пуштија и што изменија КЗ го изјавуваат следново: Среќа па се тотално нерелевантни и исчезнуваат од политичката сцена. Нивното помина.