Епа Боа си ги заборавила времињата изгледа кога бевме на иста страна Само поминаа. Сега се други. Ти ме боиш, па и јас редно е да почнам. Кажи ми Боа во период на владеење на ВМРО, колку пати про-СДСМ ориентираните повикуваа на социјална револуција, бунтови по улиците, про-сдсм аналитичари, вклучително новинар, професорот Фрчко и останати. Со тоа повикаа на безредие, анархија, убивања, да влезат во влада и да го изрешетат Груевски. Глупаво е да за вакви безвезни работи се троши енергија да се правдаат две партии, кои немаат поинаков начин да добијат немаат што да понудат и точка. Ветар и магла мене ми е доста во оваа држава им се изнагледав од кога постоиме. И едните и другите.
Во контекст на дивеењето на В-овците, и нивното штитење после ова (поради што добиваат сила нели) имам да посочам конкретен пример од моето непосредно окружување, кој е можно да биде и на телевизија објавен во скоро време... Дечко, просто селско дете, со 3 години средно, искомплексирано како мало, почнува да теренира бокс, да се пумпа, билдер џоа ми ти, да се прави, за да ги тепа сите што му се исмевале со години пред коперација... Арно ама, вака така, лесно на памет, тепач, овој ќе го викне за тепачка, оној, и дечково доби рејтинг на многу јак тепач... Се вработи во една владина агенција за обезбедување (нормално, нели), и вака така, како куче потрчко ги врши гнасните и ,,тепачките,, работи за надредените, и се искачува нагоре и нагоре до ,,фаците,, во бизнисот... Што е поентата, дечково тепа све живо и диво, секој што ќе го погледне накриво, затоа што му се може, не одговара, вмро го штити, затоа што вакви празноглави а силни им се потребни на терен... Незнам колку деца претепа, контролори на ЈСП, и дечково гајле нема, и отворено кажува, кој си бе ти, мене знаеш ли кој ме штити, никој ништо не ми може... Следно, логичен континуитет на настаните, и на неговото набилдано его, до кај може да оди, пред 2 месеци претепа возрасен човек, 55 години, затоа што не се согласувал со него, и човекот беше 3 недели во болница, скршени ребра и све остало.... Пријавата ја нема никаде...овој шета и кажува како он е главен и ќе тепа кого сака... После случкава, како награда, е примен во најблиското обезбедување на фирерот Две недели по тоа, дечко кој му должел 1000 денари го претепа на смрт, дечково е во болница со поместен или незнам како пододлепен бубрег, и голем хематом кој неможе да се контролира... Одам на посета кај дечково, ден по настанот, му дошол со 4 алфи да го предупреди да ја повлече изјавата, затоа што ќе му ја запалел куќата, и тоа пред сведоци, пред уште двајца луѓе во собата... Дечково се тресе, нејќе ништо да каже, ама неговите се заземаа работата да ја истераат до крај, и верувате или не, притисоци и закани им фрчат од сите страни, и мене не ми беше верно ама по инструкци на босот се јавил и неговиот главен обезбеџивач, знаеме кој е.... Фамилијава е во паника, тепачов треба 50000е оштета на дечкото да му исплати, ама преживуваат хорор... Е од ова се плашам, од оваа диктатура... Од тоа што за еден маалски насилник и тепач се залага целата држава...тепа кај ќе стигне, ама за него нема закон....и кога за ваков ништожник се прави ова, за покрупните ѕверки несакам ни да помислам... На маж ми му реков...јас неможам и несакам да живеам во оваа држава, која штити едно вакво копиле како ова, да ти се плукнам на државата кога еден насилник набилдан може да прави што сака, а не одговара...тоа е понижување за мене, страшно понижување... Страв ми е дека ако дојдам во конфликт со некој ваков, или ако му запнеш на некој ваков в-овец за око, готов си...ништо не ти помага.... Дечкото, претепаниот ми е така, познаник, и е така наивно, лешпер дете, и сите го знаеме како такво, ама срцка со многу добра душа....а ќе има трајни последици, заради што????? Да беше насилников уапсен кога го претепа човекот ништо од ова немаше да се случи... Само незнма што е следно, ако и од ова го извлечат... Ете ви за што е крива владата и глујо... Не ги пратил вандалите, ама ги подржува, ги вади од гомната, можат што сакаат да прават локалните тепачи, ама ако ја исполниле нормата на залепени плакати, ќе им се излезе во пресрет... И пак циничете се, срам да ви биде....
Па и не би се согласила баш дека повикуваа да се влезе во Влада и да се изрешети Грујо или пак да повикуваат на насилие. Јас колку што знам, а тоа што го знам го слушнав од медиумите, Бранко повика на протестен марш, кој помина во најдобар ред, без инциденти и на кој народот му покажа црвен картон на Грујо, што за мене е легитимно демократско право, зошто одсекогаш сум подржувала протести и сум ги сметала за одраз на демократијата. Секако денес и протестот успеаа да го политизираат, па ако некој протестира пред Влада, автоматски се протестира и пред опозицјата, што за мене е нон сенс. Е сега Жапче, ако народот кој го пвика Бранко на протестот влезеше во парламент или ако почнеа да дивеат пред парламент, верувај дека јас прва ќе речев, да Бранко е крив, го повика народот демек на мирен протест, а направи бунт.
Ајде извади конкретна изјава каде повикува ајдете фатете ја Шеќеринска и фрлете и флаши, тепајте новинари, тепајте деца, жени. Тогаш јас ќе гласам рака за рака со тебе за СДСМ. Тогаш јас не знам дај да откриеме се како постапно иде кои се од двеве партии се силеџии и мене ќе ми е во корист богами. Пошто третиве ќе тепаат на избори. КОНЕЧНО СПАС! Нека проверат новинарите тогаш ајде убиениот од спијачот врз труп, да не бил на митинг на ВМРО, да не бил симпатизер, како по ѓаволите не се сетиле во своите будалаштини да отидат до таму. А за тепачите за кои зборува енца поддржувам за таквите не знам дали затвор е доволно за таквите. Мислам и таму би уживале Едит: Случајот кој што го опиша ЕНЦА пожелно е ако некој не го дал веќе да го даде да оди на тв и во весници.
Па не повикува, ама не ни осудува. А што е најжано не се ни оградува од таквите инциденти. Еј ти се молам дечкото што дивееше по улиците бил претседател на Унијата на млади сили на ДПМНЕ во тој град. И што се случи? Ништо. Ни еден функционер на ДПМНЕ не излезе јавно да каже дека партијата се оградува од настанот и најостро го осудува. Ниеден. Прмолчеа, ко да ништо и не се случило. И каков впечаток тоа остава врз останатите што можеби се двоумеле дали и тие да учествуваат во слични инциденти? Што ќе си помислат пред наредниот инцидент? Кога нема казни, нема осудувања, никој не ти вика не прави така? Па ќе учествуваат утре и тие, зошто да не.
Боа, тој проблем го имаме со двете партии, аман. Не знам кој треба да ни дојде во државава да не очисти од насилници и лопуши од двете. Пошто едниве се вандали другиве поддржувачи на корупција и лопови. Па во нивно време цвета, во туѓо време се апсат, па доаѓа време на првиве ќе им се опростува гревот, како да сториле добро за државава дело
^^^ Епа Жапче, баш неказнувањето на тепачите е муабетот, исто како да им вика направете го тоа и тоа... Јас, а и другите, сигурно не мислиме дека он им кажал да ја нападнат, ама они го направиле тоа затоа што знаат дека нема да одговараат, а тоа некако исто ќе му дојде... Да си кажам најискрено, и јас да знам дека некој ќе ме заштити и нема да одговарам, има така активно да се вклучам во напад врз диктаторот и око нема да ми трепне... Никој не треба да ми каже, доволно е да знам дека ќе бидам заштитена и нема да одговарам... И греота е да се вика дека лаже Шеќерка, верувам дека се случил нападот, од некои вандали кои самоиницијативно, можеби и пијани, изгорени вмровци, тепачи по природа како мојот од примерот, без да им нареди некој, ама пак ќе се повторам, на тоа се осмелиле само затоа што знаат дека ќе бидат заштитени, и заташкана работата, како што ништо посебно не им се деси и на оние ,,мочачите,, ...резил... И не може глујо да излага и да кажува дека е исценирано, ако има официјална пријава, и нормално треба да има истрага нели.... Е тоа ме боли, дека дури и будала прави од себе, само за вакви ништожници да се заштитат, дека он ургирал за ова насилново копиле што го познавам... Тоа е тоа што боли...тоа е диктатура... Едит - Жапче мислам дека е даден ама не сум сигурна, а верувај дека размислував и сакам да го дадам лично по телевизии, ама страв ми е... А инаку можам сите податоци да ги доставам, со имиња и презимиња...можеш и по лп да ми пишеш контакт мејл од некој новинар што би го објавил ова...
А јас колку што прочитав Шекеринска никаде не кажа дека ВМРО стои зад нападот. Цитирам: И зашто сега си бодете очи. Точно е дека има секаков народ и дека има усијани глави и кај едни и кај други. И ако сум против оваа влада сепак не можам на мирна совест да окривам дека Груевски лично наредил вакво нешто. Ајде смирете тон малку.
Ова болдираното зборува повеќе од што треба. Да бевме нормална држава немаше да има потреба од страв зошто не правиш ништо лошо, баш напротив, со тоа помагаш, ама во нашата има и те како.
^^^ Епа тоа го потенцирам цело време, дека владее страв, владеее.... Мене лично многу ми е страв, и вистински се плашам, ако ме откријат готова сум, отидов... Кога му се закануваат на дечково кој е длабоко оштетен, со затирање на цела фамилија, запалена куќа, ќе ги најдат во ендеци, и тоа многу луѓе знаат за ова, ако било како се дознае дека сум го дала ова, толку ќе биде од мене... А за луѓево ми е жал, така добри, простички, жални луѓе се, и се си мислам ќе успеат да ги исплашат, да ја повлече пријавата, по што па дечково ќе треба да одговара, ама му рекле безболно ќе помине, еден разговор и толку ...
Eнца јас дефинитивно мислам дека ти треба- дури и анонимно ова да го обелодениш пред целата јавност!!! спиздев дур го читав текстов, значи спиздев, од такви говеда ми се темни, поготово партиине што ги штитат! ако можеш најди новинари, најубаво на A1 да се обратиш, таман пред избори, да се свести малце народов веќе
Ај доста со вакви муабети рекла-казала, излези со факти, аргументи, имиња ако веќе сакаш да кажеш нешто вакво. Кој е тој тепач кажи име презиме ако си сигурна дека зборуваш вистина, а не само прераскажани штабски муабети пред избори. Во врска со рада, тие којзнае дали го пријавиле настанот, рекле дека од штабот ќе ги известеле надлежните од мвр, но немаат што да им пријават, некој со црни стакла ги мавал со шишиња сакал да ги ликвидира ама не знаат која кола колку биле што биле? Хахах немој не ме радуј. Такви тепачи за какви што прераскажуваш имало и ќе има, не се поврзани само со актуелнава партија на власт. Да не оперирал бц сам порано? Колку само валкани работи има од тоа време што се правите сите обоени дека ги немало, дека народот измислува. Луѓе "погинаа" (читај се ликвидирани) поради нивните матни зделки особено атентатот на тогашниот претседател кг. Тоа се заврзлами во кои ако навлегуваме само ќе се испокараме тука, не им е местото тука. Секоја државна влада си има свои тајни, ние не можеме да навлегуваме во нив зашто многу работи не знаеме и можеби никогаш нема да ги дознаеме.
Еве ќе откријам, се обидов значи по мејл до А1, ама никако не ми ја праќаше пораката, не успеав никако, проблеми со мејлот во А1, а по телефон стварно ми беше страв...доаѓа во предвид само анонимен мејл да пратам... И овде што пишувам ми се тумба во стомакот.... Јас колку попиздев детето кога го видов да знаеш...плачеше кутрото преплашено, во 10 саат навечер со алфи му влегол во болничка соба, пред сведоци ејјј...и гајле немал..
^ па Eнца кажа дека има факти, аргументи, имиња и презимиња, ама се плаши да каже јавно, што е сосема нормално! и не дека не е така, ги штитат и тоа како, зашто бре да не отиде овој во затвор? а се живо и диво тепа Aма нема полиции кај нас, т.е има, вмровска полиција! баш би ми било мило Eнца ова некако да го објави на телевизија нека видат граѓаните што некои поединци треба да претрпуваат! едит- за греотка детето, баш ми падна жал кај што има сила- нема правдина!!!!!
Еј ај не се трескај толку јасно ?????????? СРАМОТА... За ваиква работа ќе лажам???? Па не сум маломумна како тебе, што се истрча така овде да се расправаш за партијата додека за невини луѓе животот е хорор... СРАМОТА....тебе да ти се случи детето така да си го видиш па ќе ти кажам... Кажав дека ми е СТРАВ....можеш да читаш или портокаловите очила ти се мат, од пластика.... Со име и со презиме а?????? Па и мојот живот да го загрозам... Имам доволно кредибилитет на форумов, и не сум тресела муабет од ракав никад... Затоа и и реков на жапче да ми прати мејл од некој нејзин колега...анонимно да пратам... СРАМОТОООО!!!!!!!!!!
Има ама не докажала дека има, и мене би ми било, ДОКОЛКУ е ова вистина да се обелодени, и смешно е како тоа не им работел мејлот на а1 баш сега Пред малку ги навредувавте исто како рада наводните напаѓачи дека се криеле зад црно стакло биле плашливци, плашливец си и ако знаеш нешто а молчиш. Покрај толку телевизии не може да се обиде да открие детали ако воопшто ги има? п.с. што се вжешти толку и почна да вреѓаш, ме заболе за твојот кредибилитет овде, јас коментирам на темата, ти личи однесувањето баш како и на бц. (малоумни, ебачи, итн) Никаде немам пишувано дека поддржувам некоја партија, за разлика од тебе што толку се приврзуваш кон одредени.
^^^ Со волку просто и безчуствително створење не продолжувам да дискутирам... Ти посакувам да ти се случи па да те видам дали со тоа рачето ќе се смееш.... Цел еден ден праќав мејлови и ми ги враќаше....неуспешно испраќање... Од тогаш не се обидов, не го отворив тој мејл... Гледам што се случува и да СТРАВ ми е...ако успеам некако случајно да обелоденам о.к, ако не мил ми е животот... Нечовечко суштесво...пу јазк на што сте спремни... А твоето ниво за жал и пониско од на глујо е....цццц...
Аман и во ова ли е Б.Ц. вмешан? Убаво ти кажа девојката дека не се обични граѓани во прашање туку локални партиски моќници и потенцираше дека баш заради тоа и е страв. Разбравме како ги санкционирааат нивните обвинети, и оние кои пред јавноста ги пријавуваат нивните штитеници
Aбе Aбеја, јас лично не сум налетала на вакви мангупи! Hо, и да налетам, човек, и мене би ми било страв да ги пријавувам! и да во секоја партија имало и ќе има, ама сега дека Bмро се на власт, најголемиот број вакви изроди се кај нив и да никој ништо не им може, кога имаат јак грб позади себе, дури и гордо се фалат наоколу! Hе е тоа ти дали си политички настроена или не, еве јас самата си кажувам HE Cум!! и што да прават луѓето, да седат и да трпат мораат! џабе им е во полиција ако одат, се знае кој е во полиција иво и Jанкуловска, десната рака на грујо! и мислиш ли ти дека на нив им е во прилог да го стават овој во затвор? Xахахах, да да нив им е во прилог тие ко Bелија да ги ставаат во затвор, што реално тој да заслужува да гние во затвор, ама и овој мангупов до него е сега разликата е што мангупов е Bмровец а велија не е! Tака да местото во затвор си е гарантирано за HE Bмровците
Што може да ти направат избори значи, да те извадат од колосек и реалност. Вакви приказни излегуваат на виделина само пред избори. Верувам во нешто што сум го видела и што е докажано. Дури и клетви почнаа да излегуваат од таа погана уста, пардон раче И јас знам за такви неправедни случувања, тепачки и сл. па што сега, да се расправам по форуми, да вреѓам, колнам? Се виде и твоето ниво. Ако не е твое, по ничие да не е.