1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Актуелни политички настани

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Ariel, 3 август 2010.

  1. FriendOfDorothy

    FriendOfDorothy Популарен член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2024
    Пораки:
    2.994
    Допаѓања:
    25.233
    Инфомакс збореле дека ќе победи Вучиќ, а вчера Александар со статус дека он предвидел победа на студентите. Кај нив ми се свиѓа што цврсто си стојат на ставот, сè додека не треба да го сменат. Браво за доследноста!
     
    На malerozna, boo3 и Ahoy им се допаѓа ова.
  2. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.929
    Допаѓања:
    42.878
    Пол:
    Машки
    Студентска еволуција парт 1 (fingers)

    Не ја сфаќате главната разлика или одбивате да ја разберете, а тоа е дека ние дозволивме Шарената револуција да биде искористена од страна на една политичка партија за нечии интереси, додека студентите во Србија од сам старт во ниту еден момент не дозволија ни минимална партиска инфилтрација ниту белег.

    Во Србија вчера беше делигитимирана Власта и Вучиќ, ама дупло повеќе беше победена и досегашната опозицијата која во новиот состав на парламентот ќе има 0 (нула) пратеници. Е тоа е еволуција.

    Можеби научиле од нас. Паметните и желните за напредок учат од грешките. Кај нас во оваа равенка не сме способни да ги препознаеме грешките, а камо ли да покажеме воља да научиме од нив. А за паметни, паметни сме.
     
    На FriendOfDorothy, Bratot, JoyJoy и 6 други им се допаѓа ова.
  3. lovestoneddd

    lovestoneddd Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2018
    Пораки:
    4.464
    Допаѓања:
    40.808
    Пол:
    Женски
    Распад систем е мито и корупција, привилегиран криминал, купени дипломи, вработувања преку партии и луѓе, амнестии на поданици, поткупени медиуми, елиминирање на неистомисленици, селективно применување на правото, поткупено судство, богатства без доказ за потекло, купување гласови со пари, ручеци и џак брашно, мизерна пензија на цел живот рмбање, плата колку да да не крчат цревата.

    Чао Чаци
     
    На FriendOfDorothy, Bratot, malerozna и 4 други им се допаѓа ова.
  4. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.929
    Допаѓања:
    42.878
    Пол:
    Машки
    Го жалите Вучиќ наместо да дигнете глас против безредието и угенетеноста дома… Ние другите па само се восхитуваме и замислуваме што би било кога би било ако еден ден нѐ огрее сонце и нас (или по ново, ако залијат дождовите :wasntme:, па да нѐ исперат).

    Затоа сме тука кај што сме. Од дома.
     
    На oblace1, malerozna, JoyJoy и 3 други им се допаѓа ова.
  5. lovestoneddd

    lovestoneddd Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2018
    Пораки:
    4.464
    Допаѓања:
    40.808
    Пол:
    Женски
    Ние сме обид за држава и треба да се распуштиме едноставно, не знаеме како да имаме и чуваме држава, немаме кичма и карактер, немаме образ, немаме опозиција, немаме независен компетентен кадар.

    Треба да се засрамиме сите и младо и старо што ги оставивме сами на улица родителите од Кочани да бараат правда и да биваат исмејувани од нашите Чаци, што Венко и даље е у политика откако му изгоре болница и живи луѓе во неа,што Вемеро лапа нови милиони а немаат вратено од украдените, што дивово племе Ш не надбројува и се сили кога ќе наидат на секое здраворазумно ʼнеʼ.Можам да пишувам до сабајле ама што фајде, разумот одамна е мисловна именка на овие простори.
     
    На FriendOfDorothy, oblace1, Adidas888 и 4 други им се допаѓа ова.
  6. Sofronko

    Sofronko Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 август 2017
    Пораки:
    804
    Допаѓања:
    996
    Пол:
    Женски
    Биди сигурен дека е "така" дека зад ова не стои јак политички интерес злоупотребувајќи студенти. Парите од ксј им се за финансирање одговори ми ако толку имаш познавање. Кучето лае, караванот си врви!!! Допрва ќе гледаат последици ама тоа е народот е учен да биде наивен и да трпи
     
  7. Sofronko

    Sofronko Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 август 2017
    Пораки:
    804
    Допаѓања:
    996
    Пол:
    Женски

    Хаосот што ќе настане допрва е кога ќе доцепаат гладните вошки, а потоа тешко на народот!!! Русите ќе ги затворат вентилите, а овие ќе се истепаат меѓу себе кој да биде Премиер, бидејќи немаат кандидат кај кого ќе биде фактичката власт. Среќата трае 2 недели, после 3тата недела ќе гледаме циркузи во живо!!
     
  8. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.929
    Допаѓања:
    42.878
    Пол:
    Машки
    Од збор до збор. И знамето од Вергина важно да се вее, оти само тоа е патриотизам и само тоа нѐ дефинира. Нема врска шо утре на кој било од нив да му понудат српски/бугарски/еу пасош одма ќе се затрча да земе, неважно што ќе потпише и признае таму. Важно патриотизам.

    Неважно што крај со крај не може да се сврзе во државава реално, оброк на студентите им е 140 денари и тоа во викенд и неработни денови нема зошто се прочистуваат, на автофагија се на неработни денови. Нема врска што 4 годину денар им немаат покачено и по закон на сите треба да им ги вратат тие пари, еднократно над 700€ што им се ускратени, плус редовно да им го покачат. Стипендии не мрднати со години. Меѓуградски превоз непостоечки до изгор скап. Квалитет на образование и студентски стандард на пониско ниво и од оброкот.

    Нема врска што луѓето немаат сирење да купат дома, што земаат брзи кредити на децата патики нови да им купат, што се до гуша во долгови. Ама да се има за кафе да се пие во центар и да те видат.

    64 Кочани, 45 Беса Транс, 16 Дурмо Турс, 14 Тетово, 3500 со канализација напиени во Гостивар, пола милион со воздух отруени во Скопје и уште пола милион во внатрешноста.

    Ништо нема врска, единствено знамето да се вее, да те видат во партија сликан со претседателот и да не му откажуваш послушност на лидерот.
     
    Последна измена: 26 октомври 2026 во 13:40
    На Buttermilk, lovestoneddd, malerozna и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. lovestoneddd

    lovestoneddd Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2018
    Пораки:
    4.464
    Допаѓања:
    40.808
    Пол:
    Женски
    Кои ќе се последиците?
     
  10. malerozna

    malerozna Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2011
    Пораки:
    3.434
    Допаѓања:
    78.517
    Пол:
    Женски
    Не очекувајте кревање кај нас, кој да се крене?
    Иселениот исток со бугарски пасоши?
    Малцинствата од западна?
    Скопјани што само кукаат како провинцијалци им ја зеле работата?

    Се деси Кочани, не смееја да застанат до фамилиите на жртвите.
    Се десија многу други, никој А не кажа.
    Нит од нашите, нит од албанците.
    Кој можеше, избега на време.

    Иста приказна е и во Бугарија.
    Кога нема млади да ја земат судбината во свои раце, тоа е.

    Сега уште Нетанјаху падне утре и годинава можеме да ја заокружиме за успешна.
    Трамп не мора 8-|
    Да не ни дојде многу :rofl:
     
    На Ahoy му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.929
    Допаѓања:
    42.878
    Пол:
    Машки
    Кои пари бе Софронко? За пешачење и возење велосипед низ цела држава пари требаат? За протест да организираш пари треба, полиција да потплатиш можда? Што? Да не им бараа пари луѓето за да ги гушнат и за да се сликаат?

    Веб страна што имаат? Бини што поставија неколку пати?

    Кампањата што ја истераа ја истераа со донации од тие 3 милиони што ги гласаа, и тоа вкупно нецели 2мил. евра потрошиле од кои 300к ги дава државата. Наспрема 8 милиони на идолот ви Вучиќ.

    И тридупло да потрошиле, направија промена која почнала на предлог на една студентка на кафе со колегите: ʼЕ, а шта мислите да блокирами факс сутра?ʼ, и победија тоталитарен режим.

    Ама народ научен на супресија и заљубен во врховни воџи некои работи не може да ги разбере.
     
    На lovestoneddd и malerozna им се допаѓа ова.
  12. Sofronko

    Sofronko Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 август 2017
    Пораки:
    804
    Допаѓања:
    996
    Пол:
    Женски
    Пола и више од студентите, незнаат ни за што протестираат! Вучиќ бар даваше пари за се, кај нас и додаток за трето дете го укинаа. Не ми раскажувај приказни за мали деца
     
  13. Sofronko

    Sofronko Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 август 2017
    Пораки:
    804
    Допаѓања:
    996
    Пол:
    Женски
    Тек допрва ќе дознаеш
     
  14. lovestoneddd

    lovestoneddd Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2018
    Пораки:
    4.464
    Допаѓања:
    40.808
    Пол:
    Женски
    Ама кажи ми, ме интересира?
    Не тропаш ваљда на празно, пошто така си начул у штаб? :D
     
  15. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.929
    Допаѓања:
    42.878
    Пол:
    Машки
    Студентите знаат за што протестираат и баш затоа едното од нештата си го исполнија вчера.

    По која цена даваше Вучиќ пари? Само на тие со СНС членска? И секако ризик да погинеш дур чекаш воз или евентуално да ти се слизне новиот перфектен автопат па надесно во провалија. Ама да, барем правел, така е, овие лошиве работи само таму на некои луѓе им се случуваат.

    Во право си, кај нас истиов ризик го носиш само не ти е компензирано ко шо било кај Вучиќ со пари (facepalm)
     
    На lovestoneddd му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Sofronko

    Sofronko Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 август 2017
    Пораки:
    804
    Допаѓања:
    996
    Пол:
    Женски
     

    Прикачени фајлови:

  17. dasd

    dasd Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 март 2024
    Пораки:
    92
    Допаѓања:
    148
    ej :D
     
  18. lovestoneddd

    lovestoneddd Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2018
    Пораки:
    4.464
    Допаѓања:
    40.808
    Пол:
    Женски
    @Sofronko
    Пак немаш одговор, Видиш дека не знаеш да кажеш и самиот. Класичен Чаци.

    Народ кој поминал низ најлошото, допрва ли од нешто ќе се плаши.

    Ај поздрав
     
    На FriendOfDorothy и Ahoy им се допаѓа ова.
  19. Sofronko

    Sofronko Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 август 2017
    Пораки:
    804
    Допаѓања:
    996
    Пол:
    Женски
    Не станува збор за страв, туку за прашање на ред, законитост и здрава логика. Еден народ што минал низ сè и сè нема потреба од вештачки предизвикан хаос, блокирани улици и уништување на сопствената држава за туѓи политички агенди. Вистинскиот патриотизам е градење, а не рушење и малтретирање на сопствените граѓани со секојдневни блокади. Ама ај толку знаеш, гласен на тастатурата си битно
     
  20. Аргентина *

    Аргентина * Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    6.292
    Допаѓања:
    12.044
    Пол:
    Женски
    Hе следев баш расположение во Србија. Испадна дека народот бил за смена на Вучиќ, само не им се допаѓале опозициските партии? Е па така требаше и во Македонија во 2016., ама не е сегде исто делено.
     
    На dasd, FriendOfDorothy и Ahoy им се допаѓа ова.