Победата на студентите не треба да се споредува со шарената кај нас. Шарените кај нас беа создадени од партија и невладин сектор. А овие деца не ни оделе по партии.
Грешка! Шарените кај нас започнаа со спонтани протести, понатаму (како и се кај нас) се искористија политички. Јас не знам што толку паѓате во несвест од шарените? Демек злото го одбрале, а да беше Грујо, немаше исто да биде? Страшна е помислата да останеше диктаторот до сега на власт? Не го правдам Зајко, го доби тоа што го заслужуваше на изборите, ама па воспевањето на кривоногиот ми е а најтрагично е што уште има луѓе кои кукаат по него
Лесно е да се зборува за „победа за сите граѓани“, но многу често младите и студентите се само алатка и изговор за некои поединци да си остварат лични политички амбиции и да дојдат на власт. Напротив, студентите тука се само добредојден изговор и параван преку кој одредени поединци сакаат да се докопаат до власта.
Какви глупости изнапиша, ред и законитост у иста реченица со Вучиќ не идат Нашиве кримоси се мали мачиња за него и неговите политички практики. Кога би прочитал нешто надвор од Информер би знаел колку криминалот е длабоко навлезен во СНС. Инаку, револуција се прави на улица, не на тастатура. Кога ќе начуеш у штабот што и се спрема на Србија последично, просветли не, 3 пати те прашав до сеа.
Кога веќе зборуваш за „кримоси“ и политички практики, вистинскиот пат се решава низ институциите на системот и со избори, а не со малтретирање на народот под маската на некаков "патриотизам". Со секојдневни хаоси и улични ексцеси само се поткопува државата одвнатре, а штетата ја трпат сите граѓани, а не политичарите. Револуција на улица со блокирање на секојдневието на обичните граѓани и уништување на сопствената држава е најлесно, ама тоа не е борба за право и законитост, туку анархија за туѓи интереси. Очигледно е дека ти овде редовно одиш по штабови и ги слушаш инструкциите добиени од туѓи центри, штом така слепо ги браниш уличните хаоси и блокирањата! Јас не одам по штабови туку се потпирам на сопственото знаење, аргументи и здрава логика, додека ти само ги повторуваш туѓите наративи. Поздрав и убава вечер. Просветли се малку стекни некое знаење и логика![/QUOTE]
Водачите на шарената, беа од невладин сектор близок до сдсм, тие невладини личности беа на обука кај агенција која оперираше во регионов, за пари. Затоа подоцна и се приклучија на протестите, Зајко, Рада и други. Јавна тајна беше. Јас нема зошто да паѓам во несвест од шарените,сум за протести, мене лично ми сметаше што оштетуваа имот што е на сите. Тоа студентите во Србија не го направија. И не би ги споредувала воопшто. Ова во Србија е многу големо, една матрица која со години беше хранета, ја затворија за прв пат после 1990. Да. Но власта е здраво да се смени. Зошто од Македонија мислите дека погрешиле, дека ќе им пропадне државата што паднал Вучко? Не е никаква трагедија тоа.
Нормалниот народ го мразеше и со очи не сакаше да го види Вучиќ исто толку колку што ние го мразевме Груевски, затоа и тој сите избори ги добиваше со полнење на кутии, закани, насилства, тепање, корупција... за се ова доволно е да се погледнат снимките од претходните избори и изјави што се се дешаваше, исто така изјавата на еден од организаторите на ваквите насилства Момчило Марјановиќ само го потврди се ова што веќе се знаеше. Интересно ќе биде кога ќе се отвори случајот за Веља Невоља и ќе почнат да излегуваат информациите како е Вучиќ поврзан и со нивните злосторства, убиства и масакрирање на противници и неистомисленици, за добар дел од ова веќе има информации после пробивањето на мрежата Скај каде што Александар Вучиќ е со кодно име Оскар и го викаат шефот. Покрај цела оваа тортура која ја трпеше нормалниот народ, сите тие закани, тепања, сиромаштија, манипулации, страв од кревање на глас... чашата ја прели падот на настрешницата во Ниш во која имаше 16 жртви помеѓу нив и еден наш Македонцец, која се деси како последица на корупција и нестручност и за која никој не одговараше бидејкќи неофицијално Вучиќ ги аболирал сите негови луѓе одговорни за ова и ја сокри цела документација за истото под превезот на државна тајна, тука доаѓаат и лагите за Косово каде од една страна го продава а од друга му продава на народот гол патриотизам претставувајќи се како голем патриот а е само една кукавица како и побегуљата Груевски кој играше на истата карта. И кога здраворазумен човек ќе го собере се ова не му треба ништо повеќе за да каже дека одамна е доста од долгогодишното владеење на Вучиќ и време е за промени, баш ми е мило што студентите го покренаа се ова добија подршка од професори, доктори, обичен народ и успеаа да се изборат до крај, одлучно и цврсто како што треба, спремни на се само да не го трпат повеќе тоа што го трпеа. Единствени што се ужалени и плачат еве од вчера е ВМРО, кои патат од Стокхолмски синдром бидејќи влечат паралела со судбината на нивниот диктатор и никогаш не прежален за нив Груевски и неговото владеење кое беше идентично вакво, дури во едно интервју и самиот Вучиќ го имаше признато ова дека му се допаѓа како Груевски владее па така да баш добар пример земал затоа ќе заврши исто како него, се надевам само не во гепек туку зад решетки Вчера и денес снимките што ми излегуваат на социјалните мрежи од Србија како народот и младо и старо се весели, пее и игра по улици, слави во преголем број само ми даваат позитива и обзема убаво чувство, те прави да се радуваш за среќата на другите. И после ќе ми каже некој зошто ете затоа, имаме од кој да се мотивираме за и ние да се бориме да се променат нештата, а против народот не може никој.
Го спомнавте Орбан, сега Вучиќ.. ќе биде Зоран Заев II. Грешите! Во Унгарија одам често, имам блиски таму. Посреќни не биле, ненормално голем број на Унгарци се имаат вратено дома по победата на Маѓар. Беше прелошо со Орбан. Истото е сега и во Србија. Знам дека ние како народ највеќе се уплашивме после Шарена р. Веќе довербата ни е 0. Но, не е секаде таму. Потребна е оваа револуција. Потребно е народот да се разбуди и да реагира. Да се бори против лошото. Лошото не доаѓа допрва, туку допрва си оди!
Ааууу, страшно. Таму имам сметка и примам плата. Мислев да не е некоја од малите банки. Хорор. Неколку пати ги прогласуваа за Банка на годината. Значи сепак и од Тутунска издавале лични податоци на бандити за да земаат брзи кредити. Пред повеќе години имаше банкар во Комерцијална што крадел пари од сметка на нашинец што е во странство. И во Комерцијална ама ич не сум задоволна, се дерат на постари ако нешто прашаат, се измејуваат, цинични се, севкупно лоша услуга секаде и секаде можат да те покрадат.
Со кое право па некој Македонец си зема за право да кажува дека илјадници студенти биле глупави, инструмент, платеници, Шарена револуција и не знам што? Кој е тој некој си Македонец граѓанин од 13-ти ред во своја држава да кажува кој смее, а кој не смее да протестира во својата држава? Државата постои 35 години, секој попаметен што се родил на ова тло, за жал ќе скапе тука од таквите што знаат два збора „Шарена“ и „платеници“, или евентуално „пропаганда“ или „туѓи интереси“. Не работат Србите за туѓи интереси, не ни работеле, не заборавајте имаат држава и пол на Балканот, Македонците се тие што одработуваат за Бугарите преку бугарските пасоши, одработуваат за Албанците, им ја продадоа земјата, одбработуваат за Грците, се што заштедиле го трошат во Грција.
Тоа ти се десничари, националисти со испрани мозоци кој секогаш слепо ќе ја поддржуваат ВМРО кога е на власт и ќе бранат со се што може само за да ја задржи власта никогаш не би ја казниле за погрешната политика (веќе го видовме тоа) како што СДСМ ја казнија своите членови, затоа и не им одговара ваквата ситуација во Србија каде што револтот од лошото владеење многу лесно може да премине во отпор и промена на власт, вака со разно разни измислувања, спинови, извртувања пробуваат да го оттргнат фокусот од се ова што се случува како да е нешто небитно. Тоа се нашите чаци.
После победите на изборите во Унгарија и Србија, очекувам вечерва сдс да победи и на изборите во Израел. Дури и Златната топка на Хари Кејн е јасен показател за трендовите и заслуга на Филипче пред се. На 3 ноември очекувајте дека ќе победуваат и на американските избори. На парламентарни избори во Македонија засега не планираат победа, иако половина работа им е завршена. Можат - ама не сакаат. Вистински џентлмени. Како нивната инспирација Џилас.
Чудна е оваа опседнатост со Србија, ок битно е затоа што се соседи ама поистоветувањето како и објаснувањето на резултатите е некако кринџ. И Сдс кои пустите мислат дека ќе направат нова шарена и ќе дојдат на власт и Вмро кои од петни жили се обидуваат да објаснат зошто они не се во ситуацијава чаци. Зарем не се свесни дека никој повеќе не ги гласа освен оние потрчковци кои чекаат некаква корист и тендерчиња?
Не, не е дел од прославата тоа, туку е народ пуштен од ланци кој си дошол по своето Фина показна вежба како реагираат ʼхрабритеʼ кога им се случува народ и ќе ги погледнат в очи оние кои деценија и пол наназад ги вреѓале и лажеле. Виткање опашка и цимолење. Што ќе кажеш ти на пример дека, меѓудругото, после прославите на сите плоштади и Славија студентите го собираа целото ѓубре и метеа? Вчера дека го исчистија и средија цел Пионерски парк, засадија нови цвеќиња и премачкаа сѐ што чаците уништија во претходните 600 дена? Не се правете слепи сосила. И од наученото може да се одучиме .
Да сигурно е дека тоа народ пуштен од ланци, ќе се залажуваме. Цел свет е во хаос ама ќе се тешиме со тоа што студнтите метеа.