За децата си чува под јастук, евентуално во саксија. Јас кога им ги гледам сумите па и не ми е толку чудно, мене повеќе ми е криво, ми паѓа жал а најповеќе срам кога би требало вака јавно да ја обелоденат мојата финансиска состојба Од мака ми иде да почнам да копам во дворот, можеби ќе наидам на нафта, а можеби ќе стигнам до Кина.
Станот е исто како и вилата во Маврово која со љубов ја градеше, а е на име на свекрва и, која како државен службеник сама ја изградила Јас со години сум државен службеник и со огромна љубов плаќам ќирија За стан едносеобен немам, не па да планирам за вила. И тоа на Маврово.
Викендицата, колку што знам, е од претходно. Можеби таа ја уредувала, ама мислам дека изградена е претходно. Да не заборавиме дека маж и е директор на Дајнерс, ако не се лажам за Македонија и Србија, и тоа можеби веќе 20 години, не знам точно. Само јас сум челн веќе 10 години, а знам дека беа тука и години претходно. А таму и вработените најдолу во хиерархијата земаат прилично солидни плати, така што веројатно човекот зема многу. Не сакам никако да оправдувам никого до политичарите, ама да бидеме реални дека во приватниот сектор има луѓе што заработуваат многу. Туку мене веќе преку глава ми е од предвремени избори. Сериозно. И никако не ја гледам нивната поента. Да има некои барања од опозиција или некои драматични случувања, ќе разберам, ама самата владеачка коалиција да сака предвремени избори, е тоа не го разбирам. Порано се обидував да најдам причини, ама сега веќе мислам дека буквално се работи за каприц, да има број на последователни победи. И нека не не мачат со кампањи пред да е официјално соопштено дека ќе има избори. Отекоа.
цццццццццццццццццццццццццццццццццццццц......... http://fokus.mk/fokus-express/trajanovs ... menitsite/ Нови 37.000 евра за спомениците од Скопје 2014...да светнат?!
Така така политичари и новинари (и владини и опозициски) сите живи рани да ве изедат. Време е да се знае кој се ја исползувал и испокрал добрата волја на народот сиве овие години. Интересно е да се види како се разоткриваат меѓусебно кој колку станови скрил, колку пари испрале, кој што како за која пара си го продал газот итн. Доста сите се правеа мутави цело време, а парите ги снемуваше. Којзнае колку само имаат натрупано по швајцарски сметки, Кајмански острови и остали tax heaven вукојебини по светот каде што има само закон на беззаконие. Моја прогноза е: БЦ и СДСМ во 90тите - 2-3 милијарди евра пресметано во денешна валута имаат испокрадено и скриено Грујо и ВМРО од 2006 наваму - минимум 5 милијарди евра украдени, скриени и за подобри денови затрупани пари И по овој параметар ВМРО е победник. Да не го знаете одговорот на наградното прашање кој е љубовниот пар од владината коалиција? http://libertas.mk/%D1%99%D1%83%D0%B1%D ... B0-%D0%BA/ Што се однесува до Скопје 2014, годината си дојде, Скопје е исто тука на место, трансформирано онака како што беше најавено. Остваруваме (и по малку поткраднуваме). Влада на РМ.
Можеби е Ермирчето, нели таа е во фаза на развод сега а треба да има некоја крупна работа за да дојде кај нив до развод. А сега кој е партискиот шизик од вмро, треба да се открие, тоа им го оставам на детективите и на папараците. Пола од наградата е моја, гледаш како ми текна одма Спојлер Ако гледаме генерациски единствен што ми доаѓа на памет е шизикот од информатичко Леле каква озборувачка сум станала, можеби 100% од ова не е вистина, ама си направив филм
Да не е друг шизик,тој од информатичко скоро се ожени.Ермира не е по европските интеграции...Ете и јас станав озборувачка
http://www.plusinfo.mk/vest/123970/Tanj ... rtparolska „Тања Бумбар новинарската професија ја замени со портпаролска“ Ај сега по еден бумбар (црн/бел) за секое нејзино ПО(Л)ТпаРО(Н)лСКО изјавување. СИТЕ Л (пошто од таму она почна со кариерен развој)изгледа е отскочна даска за човек да стане БИЗНИСМЕН и МИЛИОНЕР, да си купи ПО ДВА СТАНА У ЕДНА ГОДИНА...
http://www.plusinfo.mk/vest/124318/VIDE ... lioni-evra Море семејство Павловиќ...СЕ бИЗНИСМЕНИ:::::::::::::::::::::::: блазе си им.
Немам КОМЕНТАР http://www.press24.mk/vladata-odluchi-makedonskata-drzhavna-sluzhba-ednash-nedelno-kje-odi-na-fitnes А овој за каква криза збори :geek: ,а бе толку ли не мислат за паднати од МАРС па не сме свесни дека не им помина муабетото за нивни прецедател и измислуваат кризи http://alsat.mk/index.php/vesti/od_...ат-излез-од-ситуацијата,-но-не-и-решение.html
Донесен е закон за хемиска катрација на педофилите. Е сеа нека злостауваат да ги видам! БРАВО ЗА ЗАКОНОТ
^ Ама колку што знам, хемиската кастрација е само по нивни избор, ако сакаат да им се намали казната затвор. Не сум го читала законот, ама ова го прочитав или слушнав некаде пред некое време, кога беше најавен законот по медиуми. Јас сум за хемиска кастрација за сите. Плус затвор.
http://kurir.mk/republika/skopje/147130 ... anski-stil Ова е толку ниско. Па и одеше на Сител. Ништо друго позитивно не пренесуваат, ама ова со особена доза на цинизам сосема пригодно проследено, молим лепо. А овие греотни души за 500 денари го направиле ова без да знаат колку се издеградирале себе си...
Иначе, Скопската железничка за прв пат откако е изградена ќе биде реновирана. Повелете, хејтајте. Кажете колку не чини тоа.
Обраќање на Ванковска за поддршка(потпис) за претседателската кандидира. http://www.youtube.com/watch?v=ag11ICHGtw4&feature=share во ова видеово, особено добро ми е прашањето на новинаров од Аустралија шала на страна, фино си праша човекот, зашто во сите држави, државниците кон народот се обраќаат со „нацијата’“ не со „граѓаните“. Е, зш де? http://www.youtube.com/watch?v=0jsqfbAq6Rk
http://novatv.mk/index.php?navig=8&cat=2&vest=11686 Срамота,па овој е некој функционер таму во Владата Личните мислења си се лични, ама кога си на функција не можеш вакви работи да си дозволиш