Мислам дека во светов има едно непишано правило за политичка коректност-не чепкај во децата! Ова е многу ниско, за кого и да се работи. Мора усул да се има, деца- . И демек копуков голем фраер... Без разлика што ова девојчево ни ќе го види, ни ја интересира, ова е под секое дно... Политички копук, кој, како по правило-мора да има и функција.
Што би рекол циганот Бајрам-гол со пета Фотографијава ми го направи денов. Искрено, не дека не е во право, направил добра паралела. Што све нема да направат за да се упикаат на подобра позиција. Дечково брзо ќе напредува. Има потенцијал во него.
Ај па и ти, Македонија. Битно дечкото фотелја од сега да си обезбеди, кој гледа за државата? Реално, срамота за фотографијава. А гледам многу од "портокаловиве" ја споделуваат по социјалниве мрежи и се гордеат со неа. Се прашувам само, со кој памет? Свесни ли се дека само си го копаме гробот да ни биде подлабок? Или... битно ние сме партиоти? Хм... еден патриотизам
За што ти е жал? Личен став за да исмееш нечие дете и тоа на социjална мрежа да го постави,а всушност jа претставуваш државата преку функциjата на коjа си поставен?! Едно списание,во 90тите години,ja спореди маjката на Claudia Schifer со расен конj, и поради тоj натпис уредникот незнам колку пати мораше да се извини jавно. А како ке реагиравме сите ние, ако спротивната страна го направеше ова за дете на наш политичар? Како ке реагиравме ние? Или ке ги правдавме дека секоj политичар треба да има личен став и мисленje?!
A всушност да не било дека клинката му дала корпа на македончето, а тој од бес го напишал таквиот недипломатски коментар?
А ти ова го нарекуваш личен став??? Политички или... туку што зборам јас, да беа нашиве политичари со сето она што политичар треба да претставува, немаше за вакво нешто ни да се помисли, а не па во јавност да излезе и сите поддржувачи на истата да се гордеат со ова. Срамота е, а ако ти не сфаќаш и уште се силиш тука, жал ми е за тебе
Не заборавај дека новинарите ги пуштија јавно сликите на ќерката на Велјановски, која сигурно не сакала да ја види цела Македонија. И тоа омилените опозициски медиуми кои плачат дека немале слобода. Или океј е да објавуеш сики од полугола девојка на македонски политичар, ама не е да коментираш дека некоја била грда. И дете на наш политичар беше исмејувано, ама нема потреба тоа да го направи некој надвор од РМ ние сами си се јадеме. Иначе, знаеш дека тие новинари се финансирани од политички субјекти, па ги сметам за нивни гласноговорници.
Абе кај ги заврте работите.....какви гласноговорници!„ Кои новинари?! Еден политичар мора да внимава како се однесува, и тоа многу повеќе од обичен граѓанин, затоа што за тоа е платен нели...тие не се обични граѓани, а таквото мислење за убавината или грдотијата на туѓо дете, нека си го чува за себе, а не да прави паралела и споредби и да извлекува заклучоци.
Не е платен за однесувањето, туку за одлуките кои ги носи. Не е платен за да почитува нечија ќерка на грчки политичар.
Конечно се согласуваме за нешто! Така е, не е платен да почитува нечија ќерка, ЗА ТОА ТРЕБА ДОМАШНО ВОСПИТУВАЊЕ, КУЛТУРА И МОРАЛНИ ВРЕДНОСТИ! Е кој ги има ги има, кој ги нема ....не можат со пари да се купат....и да не заборавиме, ние сите сме нечии деца.
Токму така, каков е тој политичар со такво уличарско однесување.. Од ова можеме и да заклучиме какви политички одлуки може тој да носи...Едно е новинар а друго е политичар... За жал политичар, дипломат мора да се воздржи од секакви статуси и коментари од ваков тип во својот најблизок круг на пријателства, а камоли по социјалните мрежи... А тоа дека портокаловите го споделуваат и лајкаат само е доказ какви прости, ниски и неписмени личности располагаат со сите нас, нашите пари и нашиот углед... И кој вели дека треба да ја почитува...Но да се коментира надворешен изглед...Ама ајде, па никому тоа не доликува па најмалку на политичари и дипломати...
А што претставува за тебе политичар??? Како треба да се однесува?? И дај ми еден пример на политичар без било каква дамка? Кој е примерен, Саркози ли, Берлускони ли, новиот претседател на Франција ли, Ким Јонг ли, Меркел ли, Самарас ли, кој? Башка ова се лидери што водат огромни држави и спроведуваат јаки политики. И сепак за статусот ако ви беше муабетот погоре, не ве читав јас немам ништо против. Можеби заради функцијата не требало да го стави но грчиштата заслужуваат многу повеке, тие нас од се подолу не прават и тоа јавно на говорници и на никој не му е гајле, а ние тука статусот ќе го коментираме. Ма уште еден ако може да лупне па нека цркнат. фала пријатно
Не коментирам никаков настан туку читам и просто не можам да се изначудам на некои коментари, не само на оваа тема. Прост народ со испран мозок, згора на тоа ситни души. Отсекогаш вирееле такви во оваа држава, затоа и 20 години сме до тоа дереџе каде што сме.
Оф мори мајко Мене не ме интересираат Меркел, Саркози и останатите, ме интересираат овие нашиве кои, сакала јас или не, ме преставуваат мене како граѓанин на оваа држава. Со ова нивно уличарско однесување и нас како држава не сведуваат на нивото на некоја афричка банана република. Ете толку. А за тоа што е политичар, ќе ти дадам моја дефиниција. Политичар е човек кој е лицемер, ама и интелегентен доволно за да знае во секоја ситуација најдобро да се постави, а не како нашиве
Две работи актуелни, ме потсетуваат на не така далечно минато: 1.„Партија што избира кандидат под директива, не е демократска - Интервју со Јове Кекеновски, претендент за претседателски кандидат“ http://www.plusinfo.mk/vest/126487/Utre ... emokratska ова е како со Љубе Бошковски, кога сакаше него да го номинираат за претседател, и 2. „Бејта: Токсикологија лаже, имаше труење на учениците во Гостивар!“ http://brif.mk/?p=129522&utm_source=rss ... %25d1%259a а ова како во Куманово кога паѓаа во несвест од вода во чешмите се труеја...околу 2002 =2004 ќе да беше
Лепиткова и Шилегов на суд ќе се докажуваат за становите http://www.utrinski.mk/?ItemID=48135324 ... 996A41851B ех и оваа имала стан таму...па таман работа да нема што партии смени 1.ЛДП, 2.ДОМ 3.ВМРО ДПМНЕ........ n) ? ама тоа е целта ги оправдува средствата...далеку од тоа дека СДСМ се ружи за мирисање
Абре оној дечконо од Неготино, здрав е што правел??? Па уште и од СЛУЖБЕН телефон? Жими се, има толку глупи луѓе у политика, што ми иде да повратам.
Ме радува што Венизелос ни дојде во посета (додјен е како претставник на земја претседавач со ЕУ а не како на Грција), но уште повеќе ќе ме израдуваше да дојдеше со изјава дека Грција ја признава Република Македонија под уставното име и со извинување во име на грчкиот народ до македонското малцинство кое пострада за време на граѓанската војна во втораста половина на 1940-те. Мислам дека тоа ќе беше навистина трогателна и убава сцена на помирување и простување.