https://www.youtube.com/watch?v=nW8aPMSk884 Не ми се верува дека во ова време се случува ова. Сериозно е болно за гледање. Се плашам од светов. Не знам зошто истото чувство го имам дека ќе се случи со нас. Начинот на кој што се однесуваат и не водат алудира на сето тоа. Не сум способен, не знам како да играм, ќе ве разединам вас, ќе ги земам парите и ќе избегам...а вие уништете се за лажни идеали и прекрасни приказни за подобар живот. И дури да се освестиме ќе останеме едно големо ништо. Не знам како луѓето не гледаат дека системски не разделија не на два, ами на три дела... овие, оние и албанците, уште подобро. Затоа вие уживајте додека јадете од раката на власта не мислејќи за останатите ваши сограѓани претставувајќи се како патриоти.
^ Потрагично од тоа што се случува во Украина е тоа што постои огромна игнорантност во светот или еве конкретно кај нас. Ова е проблем, АЛАРМАНTЕН, а ти си прва која си напишала пост во изминативе неколку страници. Поинтересни на нас ни се трач муабетите, па никој не сака да се соочи со реалноста. Страшна е ситуацијата, секојдневно има нови жртви, и само една слика ме остави без зборови, погледнете, пред и потоа http://edition.cnn.com/2014/02/20/world ... le_sidebar
Јас се што прочитав околу ова беше - кога и кај нас вака? Извини, ама јас не сакам да излезам и да протестирам против својот народ и при тоа да го убивам, ако можеш ти да го изјавиш тоа и при тоа без да размислиш што си кажал, можам да заклучам дека си глуп и игноратен. Особено па просек кој не гледа под површината што точно се случува и која е јасната провокација. Ако сакам промени ќе ги направам попаметно, а не на овој начин. Само затоа велам Грујовци ја поставија паметно нивната стратегија така што секој обид за тргање на нивната империја би изгледал вака,а со предвремени парламентарни ќе купуваат време уште долго. И самите знаат дека не се способни да направат одлучни и паметни одлуки и да решат важни прашања. А за фемина одамна е вака, нека не те изненадува, затоа одамна не пишувам мислења на ваква или онаква тема, туку луфтирам мозок, ама ова беше посилно.
^Во склоп на муабетов, сфатив дека прекинот на преговорите за Еу не биле причината за пеколот што се случува низ улиците на Киев, туку повод за борба за основните човекови права. Не ми се веруваше кога прочитав дека на источната граница на Украина со Русија лугето воопшто незнаат што се случува во Киев. Новинарството било сведено на пропаст каде што новинарите се под огромен притисок и нечесто завршувале физички нападнати. На инстаграм пишете само #Ukraine, #Kiev, страшни слики излегуваат секоја минута. Не ми е јасно што чекаат ЕУ или Америка нели треба како големи сили да интервенираат...? Ова не се работи што треба да се случуваат во 21 век, сето ова ме потсеќа на лош амерички филм.
Теоретски тоа би можело да значи вовед во трета светска војна, а во секој случај сериозен конфликт со Русија чија воена моќ воопшто не е за потценување. Во врска со настаните во Киев Јанко-Јади Бурек кој не ми е омилен но за атер на муабетов, кажа една интересна работа: во земја од над 40 милиони, 100-200,000 демонстранти се обидуваат да променат или наметнат нешто кое прашање е дали останатите украинци т.е. мнозинството го подржува. Можно ли е дека некој во име на „демократија„ сака да ги изманипулира и ќари од украинците? Лично, не ми се допаѓа идејата Украина во ЕУ или доближување кон истата, но немам детални информации за договорот кој Јанукович најпрвин сакал па се пишманил да го потпише (поради кој почнаа првобитно протестите). Некако по менталитет не ми се за во ЕУ (слично мислам за Бугарија и поголемиот дел од балканот без Словенија и Хрватска) а Русија им понуди убави и големи попусти на гас и откупување на 15 милијарди државен долг. Инаку таму најново е дека ја пуштиле на слобода Тимошенко...
Ма какво мешање на ЕУ и Америка. Па од нив се ова започна. Се што поминува низ идејата дека ова се случува за демократија, човекови права и подобар живот не е вистина. Простата вистина е во борбата за гас, тука се почнува и се завршува. Москва е децидна во своите ставови, притисокот се знае од која страна доаѓа. Од демократијата и интервенирањата на Америка, фала веќе. Не гледате што се случува сега во Сирија??? Не би сакала да кажувам што е добро за украинците. Сепак повеќе верувам дека братски и сродни народи би живееле подобро, со подобра организација, него ли во една ЕУ која веќе одамна е на стаклени нозе и цица од сиромашните земји кои никогаш нема да станат такви како една Германија или Франција. Можеби и да ја разединат на Источна и Западна, ама кој знае... А Јанукович сам падна во своите глупости, сега Тимошенко ја пуштаат од затвор со јасна агенда.
Еве јас да се надоврзам .Планирам да одам и да се потпишам чисто да го поддржам чинот иако за неа знам многу малку. Ама ова е демократска земја нели па самиот потпис по себе не е глас , туку прилика на некој нов да му се даде шанса. Да бевме доволно паметни и помалку исплашени сите ова ќе го гледаа како можност да ги ставиме малку во теснец оние кои се сметаат за главни актери , да ја смениме малку ВМРО-ДПМНЕ наспроти СДСМ рутината и досадата би додала јас .Ама по толку години молчење и да не се изразам лижење газ и на едните и на другите( позицијата и опозицијата ) се најде некој кој плука и по двајцата и фала Богу нема влакна на јазикот . Кога и го прочитав постот каде отворено зборува и за ректорот на УКИМ и неговата партиска определеност , за корупцијата која владее и за продадените души од професори , а самата е вработена на Филозофскиот Факултет , можам да кажам само едно големо браво, конечно некој се осмели да проговори за тие и ред други работи . Мислам дека собирањето потписи трае до 2 март и се врши во канцелариите на ДИК , се распрашав каде е тоа во мојот град и планирам овие денови да се потпишам. Овде читам многу кои се разочарани за тоа каде ни ја водат државата и очајно посакуваат ново лице , па еве дојде и ново лице и мислам дека заслужува поддршка , не во смисол утре сите неа за претседател да ја гласаат , туку чисто некој малку да ги размрда овие кои главата ја губат со години за да си го сместат задникот во фотеља само , подобро задникот на удобно, а за образот па кој се секира денеска мислам !?
Претседател е фукција, со скоро, па никакви овластувања. АКо Ванковска сакаше да стане фактор, ќе станеше со желба за некоја битна позоција, каде може да носи одлуки, или закони, или решенија. За шетање до ОН и неправенње ништо, секој може да ја крене ногата. Затоа, не поддржувам никој кој сам се кандидира за претседател. Оној кој сака да смени нешто, ке ја бара највлијателната функција. Не сакам луѓе кои се жалат на Твитер дека никој не ги сака, некој кој блокира луѓе на ФБ(неподготвен за критика), и некој кој се жали оти имал 3000 лајка, а само 1000 потписи. Некој кој виртуелниот и реалниот живот не ги разликува. Исто, имам чувство дека е дволична и користољубива. Дислајк од мене.
Jас лично откако ке видам конкретна платформа за тоа како планира да работи , дури тогаш ке се решам да гласам и дали мојот глас ке оди за неа или за некој друг од сега не можам да кажам . Мене муабетот ми беше дека политиката кај нас одамна се сведе на ВМРО-СДСМ препукувања и ми е за поздравување што некој излезе од тој шаблон и да бидеме искрени кажа некои работи за кои од страв да не изгубат работа многумина молчат. Мене ми е јасно дека засега претседателот е пиун на власта , не зборувам на оваа , било која , кога била на власт ако се од иста власт е само обичен пиун , онака би ми било интересно да имаме претседател и власт од различни партии , кој ниски удари ќе паѓаат дури тогаш , не дека сега нешто е по сјајна ситуацијата , јас освен препукувања и рекла казала муабети од типот ние ова направивме , тие ништо и само покажувања со прсти едни кон други и криење на сопственото ѓубре под чергиче . Муабетот ми беше што во Македонија моментално се случува некаква си граѓанска иницијатива и тоа ми е драго .
Ова е сериозно. Украина е претставена од поинаков агол. Страшно! http://off.net.mk/vesti/svet/ukraina-se-naopachki
http://www.24vesti.mk/dui-utre-kje-poba ... datelskite Cе се плашам дека ке имаме предвремени парламентарни избори , а тоа не е добро. Голема е веројатноста дека пак ке добие сегашнава гарнитура , и нови четири години беда и перење мозоци. Да поминеше уште некое време сигурна сум дека народов ке се освестеше колку со оваа влада само тонеме .
Ќе има предвремени парламентарни. А народот не е глуп. Ке го одбере оној што вреди, и краткорочно и долгорочно. Не го потценувајте народот. Не е глуп за да треба да се освестува. АКо е толку лошо, народот знае да ја смени власта, како што ја смени претходната. Мислам дека сегашната опозиција, заради тоа што го смета народот за глуп, не може да се опорави.
А народот не е глуп. Ке го одбере оној што вреди, и краткорочно и долгорочно. ????????????????????? Мислам на сите ни е јасно како победува Грујо, така да не се труди да објаснуваш дека Вмро е рај за Македонија. Јасно е дека секој член мора дополнително да однесе список со идни гласачи и нови членови со лични податоци, телефонски броеви и сл. Јасно ни е дека сите партиски војници се вработени и да го задржат тоа работно место должни се да донесат сопствен список на идни војничиња. Немој сега да мачкаме очи. Еве една колешка моја секој ден во период од еден месец оди по 5 часа на дежурство во штабот од Вмро, запишува кој како и кога дошол во штабот, списоците со идните гласачи под директива од главните ги заведува во комјутер, потоа одат од куќа во куќа и убедуваат луѓе и уште какви не партиски активности, а знаеш ли зошто тоа го прави затоа што и ветија вработување после изборите во државна институција, ете баш затоа- не од што и е мерак на душата и ќеф оди како будала да се понижува на секој кој ке стигне. Активист е 4 години, партиски војник кој трча и придонесува, ми кажа дека ова е нејзина последна обврака и дека доколку не ја вработат ке оди и ке ја искине партиската книшка во штабот. Јас ја прашувам каде ке ве вработат сите вас, каде ???? има ли некаде слободно место-како кога секаде е прполно, вработено колку треба и нетреба. На 1 ке бара плата тоа лице, ја заработило ли таа плата што мислиш ти. Затоа ке се задолжува оној Ставрески и ке ги прави будали и слепи луѓево на здрав памет и очи, ккао економијата цвета-расте ли расте. СЕ ЗАДОЛЖУВА државата да им плаќа пари на лица кои се паразити буквално-па сакате напредок да се имало. Еве до кај стигнавме, гледаме сите. Тој партиски војник, сакал-несакал ке ја пише и цела фамилија ако треба само да остане на работа. Е така ПАЈО ПАТОРОТ ПОБЕДУВА. Ова не личи веке на демократија. Овде ако не си ВМРО ке патиш и за корка леб, а не пак за нешто друго. Само како не ви се смачи да труете овде едни исти работи. Додека овде бебињата од пелена бистрат политика, ние граѓаните патиме и тонеме секојдневно. Платите што ги земаше народот пред околу 10 години и денес се исти, додека цените на производите, давчките и услугите се зголемени 5-пати повеке-ете ти го стандардот и куповната моќ на граѓанинот. Па сега размислите кој колку направил и што направил за државата. Му го лиже г*зот на Ахмети, за да ја задржи фотељата државна. Тоа е веке друга тема, друг проблем. Во иднина очекувајте Грчко сценарио, ако продолжи Македонија со вакво темпо на задолжување. Aко се трудиш да ми реприцираш- не сум за СДСМ колку да знаеш, јас сум обичен човек партиски неопределен-ова е реалноста, пишете и бранете колку сакате. Тешко е да ја видите вистината.
Аман веќе со предвремените парламенатни. Не знам како не им е срам да распишуваат избори со вакви приказни за мали деца. Консензуален кандидат, жими мајка! Би им врзала по една воспитна и на едните и на другите. Од избори нема потреба. Се знае дека сегашната гарниитура ќе победи, затоа што опозицијата е катастрофа. Така ќе биде и по две години, кога би требало да има редовни избори, па стварно не им ја разбирам желбата за предверемни. Три месеци нема да може да се заврши работа по институции затоа што се ќе биде во застој. Изборите коштаат, а тоа НИЕ го плаќаме. Да имаше реална потеба ќе разберев, ама мислам дека ова е само хир на владеачката гарнитура за број на последователни победи и мандати. Да правиме избори на секои 6 месеци, ако не. Ни вреѓаат интелигенција со приказните за мали деца. Треба да ги бојкотираме избориве, да се подосвестат. Ама кај можеш, кога повеќе од пола држава се партиски војници.
Ариел, не мислиш дека е поефтино да се направат наеднаш 2 изборни циклуси, или другата година уште едни? И на овие, и на следните се знае победникот.
(Без разлика кој ќе победи) После изборите, кога ќе почне ДА ТЕЧЕ МЕД И МЛЕКО ПАРИ ДА ВРНАТ,народ задоволен...НЕДОЈДИЈА! И после две години, АЈДЕ ПАК ИЗБОРИ, народот уште позадоволен и посреќен да биде. p.s.да не завршиме после ко Златна бубамара 2014 (ноева арка)
Штета Извор сител Планираат предвремени парламентарни избори за да бидат заедно со претседателските, бидејќи реално гледано излезноста за избор на претседател ќе биде многу мала, што би довело до понатамошни проблеми и компликации при наредниот изборен круг, па затоа за да ја зголемат актуелноста на претседателските избори, сакаат да се гласа и за парламентарни избори, бидејќи така се смета дека заинтересираноста ќе биде поголема па тоа ќе биде во корист и за претседателските и за парламентарните избори. Се сомневам дека тоа не ви го објасниле во партија, зашто токму од тоа и стравува власта. А тоа дека поефтино било наеднаш два изборни циклуси е просто неверојатно, ќе се дуплираат кампањите, митото ќе се зголеми, поголеми гласачки ливчиња итн... Cka те приметив утрово и реплицираше на bubamara12345 во тема-невработеност, на мислење во кое пишуваше за другарка и како партиски активист и како требало да собираат потписи, а ти на тоа и пиша На кој начин пати државата од другарка и? Дали одговорот се состои во твојата втора реченица-дека устата и е преголема (читај-издава за манипулаторските партиски активности)? И на каква љубов мислеше? Љубовта кон семејството, кон животот, за кој се би направила да се вработи, макар и трчала по партии? Срамота за тебе ако имаш такво мислење за луѓето. Ако ти имаш сигурно место како државен или јавен службеник, најмалку си компетентна некого така да навредуваш! Штета што мислењето веднаш го избриша па не можам да те цитирам, очигледно и ти сфати каква глупост напиша, па навреме изреагира.
Претпоставувам дека ти би сакала проблеми за време на избори. Би сакала да има нема изменуван претседател. АКо некој се обудуа да нема проблеми, крив е. Инаку, за горенаведеното „цитирано“ не е допишано, бидејќи станав од компјутер, и помислив дека е подобро да го избришам, отколку да стои така, без објеснување. Да го допишев можеби и ќе сфатеше што сум сакала да кажам. А бидејќи не ме сметаш за компетентна, а јас не сакам многу да трошам време на некој кој ме навредува, нема ни да ти се објаснувам. Срамота за тебе што ме навредуваш мене, бидејќи сум службеник. Премногу предрасури има на форумов. Мразите гејови, вработени, вмровци, комуњари, мразите сенешто....Оти не знаете ни сами да се сакате од гневот кој ви е во душата. Навредувате, бидејќи аргументи немате. Тажен е вашиот мразачки живот. Коментирате политика, а п од политика не знаете. Се додека се мразите и ме мразите мене нема да коментирам. Повелете, мразете ме, оти свој живот веројатно немате за да го сакате.
Ова погоре се една група хејтери кои претпоставувам и самите себе се мразат, јас веќе нема да ги реплицирам ќе си го пишам моето мислење и повеќе не се замарам. Батали ги.