Хахаха да бе јас планирав да одам со палка гласачки кутии да кршам. Е ова не го очекував, ама добро се насмеав. На што мислеше со тоа дека некој се обидувал да нема проблеми? Па ти воопшто не го коментираш она што јас го напишав за изборите, туку автоматски пренесуваш муабети од партиски состанок дека некој ќе предизвикува проблеми. Грижата за предизвикувањето проблеми за време на политички избори, не е главниот и основен проблем на истите. Проблеми како такви, јас никаде немав коментирано, па да ми одговориш во таа смисла. Како прво, не навредував службеници, туку оние кои се сместиле сигурно на таква позиција и сега нашле да зборуваат против други кои исто како нив, трчале по партии, дежурства, состаноци. Тие трчаат не дека така сакаат и немаат друга работа, туку маката ги тера на тоа, сакаат работа и веруваат на се и сешто. Кога знаеш како се стига до работа партиски, зошто негираш и оцрнуваш други, можеби и веројатно слични на тебе? (значи ти можеш да зборуваш против други, да убедуваш дека не е црно дека е бело, да кажуваш како тече мед и млеко, ама тебе никој не смее да ти контрира, зашто веднаш се браниш со тоа како постои група на хејтери, кои мразеле се, само ти си сакала, другите биле гневни. Срамота од тебе да се изјаснуваш на таков навредлив начин, бидејќи само што се демантира самата себеси). Ова беше да ти укажам дека за да стигнеш до тоа место, си го поминала истиот тежок пат на другарката на бубамара, но можеби твојот пат бил далеку полесен. На форумов не ни може некој некого да мрази, може да не прифаќа нечие мислење, ама тешко дека некој ќе се замара со тоа да мрази некого. Но треба да се прифати и туѓата мака, а не зајадливо да се оцрнува и потсмева. Можеби не си се изјаснила до крај, ама беше доволно јасно твоето мислење за кое пишував, и не верувам дека можело да добие друга смисла истото, па макар пишувала и реферати. Јас не можам да напишам нешто против некој кој трча по партии, тоа е негов избор, ако мисли дека така ќе стигне до работно место, слободно нека трча, но трчајќи може и да се умори. А тоа што некој проговорил за реалната ситуација на собирање потписи од неопределени, не значи дека има голема уста, и дека државата ќе пати од такви, туку значи дека маката излегла на површина. Може само партијата да пати од она што би излегло на површина. Не знам што толку се изнервира, не може секогаш да биде по твое, не значи дека ти секогаш си во право. Знаењето за политика не се дели на оние кое се на власт и оние од опозиција или неопределени, партијата не ти дава познавање од политиката, колку само одат по состаноци а поима немаат што се случува, туку научиле дека ќе има избори а какви, можеби и самите не знаат. Па коментарот кој ми го даде погоре за изборите, дека некој ќе сакал да предизвикува проблеми, не би рекла дека содржи ниту п од политика, како што кажа и самата.
Народот е далеку од глуп . Но за жал е премногу трпелив . Сите живеат во беда , но со надеж дека нели еве само што не ни тргнало. А никако да тргне Нема ни да ни тргне со оваа влада. Да можеа до сега имаа доволно време да ги поправат работите. Но за жал освен шминка и перење мозоци постојано на нашите " независни " медиуми , јас на ниедно поле не гледам напредок. Стандардот никогаш не бил понизок . Здравството никогаш не било поскапо , медиумите ако не се за власта нема ни да постојат. Судството да не зборам. Прост пример со новинарот Кежаровски. Ги држат луѓето сеуште неосудени во притвор со месеци. За Младеновски ? Незнам само како се нешто им се случува на опозициски настроени новинари и медиуми. Избори предвремени ќе има , ама не затоа што сака Грујо , туку затоа што сака Ахмети. А сака за да се испазари со Грујо за нови привилегии и отстапки. Којзнае може и некој од нивните да ставиме за претседател , нели ние сме мултинационална држава . Ќе пуштат на ТВ еден месец реклама за соживот и нели нова кампања каде што ќе не убедат дека е супер да имаме и претседател Албанец. Опозицијата дали е катастрофа или не не знаеме . Само знам дека пред 5-6 години џебот ми беше по полн. Аке не се добри и нив ќе ги смениме де , никој не е вечен . Овие корења фатија и немаат веќе претстава како им живее народот. Им требе малку да се освестат , да ги симнеме од тронот , да си ги согледаат грешките , па пак ќе ги вратиме ако оние другите нели бидат катастрофа .
Tочно така, потоплно се согласувам со тебе. Толку убаво и прецизно, реално кажа се онака како што е. Работата е кој да те разбере, ете тоа. На некои лица единствено навредата им останала како механизам за одбрана. Нема со што паметно и реално да реплицира, најлесно е навреди некого, мислејки дека со тоа што на некој ке го омаловажиш преку навредта, самиот ке се истакнеш. Тоа ти ситуација за жалење, кога човек несака да признае некои работи, а знае дека другиот е потполно во право. Другарками не е единствена што е таква, на овој начин сите партиски војници се вработија, ама немаат храброст да признаат. Ска знам тешко ти е да признаеш затоа што ова искуство ти е убаво познато тебе. Со оглед на темиве за политика и ситуацијата во државата, како реплицираш-се тепаш буквално со секој твој неистомисленик, настојуваш да ја одбраниш политиката на Владата по секоја цена. Зошто тоа го правиш? Зошто си добила работа и работиш во државна администрација-имаш кажано неколку пати. Како ја доби работата, од што си ептен вредна или што имаш партиска книшка. Доста веке ми е од твоето потценување упатено кон сите овде на форумов кои мислат различно од тебе. Срамота. Знам ке биде ова избришано , но мислам дека претерано е веке и доста е од некои лица, ми се одмиле да читам.
Да ти кажам право, не сакам. Не дека нешто ќе се смени, туку ме иритира начинот на кој се носи одлука за предвремени. Стварно не' трерираат како да немаме грам мозок, а таквиот однос мене ме навредува. Да беше прв пат, можеби и ќе замижев, ама веќе премногу е. Мислам дека изборите треба да си се спроведуваат како што е предвидено, кои на 4, кои на 5 години. И мислам дека не е добро да има заедно парламентарни со кои било од другите. За локални и претседателски треба да се бира човек, а не партија, а ако се заедно со парламентарни, паѓаат во сенка. Најголемите битки се за парламентарните, другото оди во пакет, како нешто не толку значајно.
News Flash Ахмети: По предвремените избори - нови вонредни, доколу нема напредок во ЕУ процесите извор: http://24vesti.mk/ahmeti-po-predvremeni ... -procesite па можда во ЕУ ќе не примат, кога ќе го собориме светскиот рекорд на одржани парламентарни избори во период од четири години! МА ова мора да стане benchmark
^ ДУИ е во незавидна ситуација, а особено Ахмети, кој има се помалку поддржувачи во партијата и членството. Ова е уште еден од неговите обиди да глуми "фактор" кој, еве уценува, влијае и владее со ситуацијата во РМ. Ситуацијата е поинаква. Беше шутнат и откачен од ДПМНЕ за консензуален претседател, потоа најави бојкот на изборите, за сега да прогласи излез од коалицијата и желба за парламентарни избори. Од друга страна се појави нов играч-ДПА, која по бојкотот на ДУИ е единствена албанска партија со кандидат за претседател, која во ваква ситуација ќе собере доста гласови од оние зелки кои евентуално би гласале за кандидатот на СДС само да и наштетат на ДПМНЕ. Уште од пред некое време имаше шпекулации дека коалицијата ДПМНЕ-ДПА е се поизвесна од онаа ДПМНЕ-ДУИ, а еве изгледа дека тоа полека и ќе се реализира. Реално гледано и без многу занесување, победник на овие парламентарни избори пак ќе биде ДПМНЕ, а со оглед на мизерната и неорганизирана опозиција составена од бледи ликови кои не понудија и не сменија ништо во своите стратегии и тактики неколку избори по ред и расцепкан албански блок, нема да биде чудо ако ДПМНЕ го освои и потребното парламентарно мнозинство, па коалициониот партнер-партија од албанскиот блок да биде небитен фактор или "ТВ без тон". Многу опции се во игра. Ќе има доста калкулации, пазарења, сценарија, покажување заби. Многу бргу ќе се покаже на кого највеќе му гори под нозе. А како тоа ќе се манифестира? Ќе видиме.
^ Ти навистина веруваш дека ДУИ и ВМРО имаат проблем??? Тоа со консензуалниот претседател е изрежирана приказна за мали деца. Ќерка ми, која има 9 години, ме прашува зошто има избори секоја година. ДУИ ужива многу поголема доверба кај албанците од ДПА. Нормално, се намалува, исто како што се намалува и на ДПМНЕ. Немаат за што друго да се фатат, опозицијата не им бара предвремени, па мора сами да си ги бараат. Сакаат во Гинис да влезат, со најголем број на победи евр. Пратенициве ама на ништо не личат. На ништо, ми се гади кога ги слушам
Не. ДУИ има, ДПМНЕ нема. Баш издржлив и добар аргумент. Опозицијата ваква како што е уште долго време нема да биде спремна за предвремени, а и кога ги бара моли бога да не и дадат. Купи и книги на ќерка ти, пушти и цртани или детски емисии, запиши ја во секција, балет, ракомет,... Родител кој дозволува 9 годишно дете да се опседнува со избори и политика, а особено со македонскава е за секоја осуда.
ЛЕЛЕЕЕЕЕ што читам, дали можеш ти да прочиташ и сватиш што некој сака да каже со тоа што го пишал? Зошто тука превруваш зборови? Извини, ама секој може да си даде свое мислење и коментар, како и видување на работите. Зошто судиш некому,кажуваш дека некој не е добар родител и го ОСУДУВАШ?????????????????АЛО АЛООООООООООООООООО....Значи просто да се чуди човек и колку само нешто да се пишело. Не ми се верува на ова што го читам-Родител кој дозволува 9 годишно дете да се опседнува со избори и политика, а особено со македонскава е за секоја осуда. Од кај ти право да судиш за некого. БОЖЕЕЕЕЕЕЕЕ ГОСПОДЕ! Ти дошло ред некому да кажеш кој каков родител е, ЗАСРАМИСЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕ!
Не разбирам на што се должи напаѓањево, ама добро, не ни мора да разберам. За првиот дел, не ти ја разбирам поентата. Го пишува истото што го имам кажано јас, само со други зборови, а по тонот на твоето мислење би очекувала да е нешто спротивно. Голема благодарност за препораките за воспитувањето на моето дете. Претпоставувам дека немаш деца, барем не на возраст од 9 години. Кога би имала, би знаела дека дете од 9 години следи многу работи кои се случуваат. Не е имуно на разговорите на возрасните, прецепира што се случува, размислува и носи заклучоци. Кога веќе се интересираш, ќе ти кажам дека читањето и спортувањето и се најомилени активности на ќерка ми. Двете ги практикува апсолутно секој ден. Кога нешто им е важно на родителите, лесно се пренесува и на децата. Кога би имала деца, исто така би знаела и дека многу позначајно е децата да поминуваат квалитетно време со родителите во заеднички активности, отколку да посетуваат курсеви.
@Ariel, немаше овде никакво напаѓање. Овие дискусии за мене се на ниво на оние во друштво седнато некаде на пиво, во слаткарница на благо или излезени некаде во природа на пикник, па прејадени и исполегнати на кебенце разврзале куп муабети, битни и небитни. Нормално, како на многу седенки низ град или излети во природа ќе се појави некое мрсуљаво детуле или некој припрост овчар задолжени за ремет било со прекин на муабетот или неартикулисано дерење. Во врска со коментарот од првиот дел, во право си, мислев спротивно. Аргументот "нема за што друго да се фатат" е никаков. Децата не се тема во овој дел од форумов па така нека остане. Ти почна, јас ќе завршам. Секоја чест за ќерка ти, нека е жива и здрава и нека продолжи така. p.s. кликни на corto.maltese
^ Ок, ова е форум со забавен карактер и според мене сосема е ок секој да си ги каже ставовите. Нема за што да се фатат значи немаат сериозна причина. Не е аргумент, туку став. Кога би го правела муабетов на некоја конференција или состанок сигурно не би рекла дека нема за што да се фатат, ама тука мислам дека е сосема ок. И не секогаш може тука човек да аргументира со отворени карти. Тоа понекогаш би значело откривање на работи кои не би требало да се откријат.
Значи ја претераа со предвремени избори! Секој месец имаме предвремени и пак ист исход на изборите стварно не гледам никаква поента на предвремените парламентарни...
На сите ни е преку глава. Мислев дека оваа држава припаѓа на народот, но не, таа припаѓала на партиите и подеинците кои си ги полнат џебовите. Значи сити сме од сите политичари и опозициски и позициски и квази неопределени...мислам дека е најдобро да си одите од МК и да ја оставите на народот.
^ Ова дефинитивно ги преминува сите граници. Ајде во ред е 1,2пати ама овие сега се по којзнае кој пат. Па не може така на кој кога ќе му текне, не сме во камено време па да се предизвикуваме на двобој, како што се јачаат партијциве наши. Не џабе се одредило на колку време треба да има избори. Силен противник сум на непојавувањето на гласање и непочитување на споственото граѓанско право, но сега ми доаѓа да се запрашам дали има смисла ова беспоентно гласање. Не возат како сакаат А што е најстрашно од се, сега па ќе не птеретат со кампањи као демек мене ќе ми смени нешто ако видам реклама на кој можам или неможам да верувам.
Фрлена ракавица од ДУИ.... „мижи да ти баам“- работава. Па тој ДУИ веќе колку ракавици има Се е договор, а гледам и опозиција се радува, ќе си ги проветреат пратенците во собрание, а ГРОМ-најсречни-ќе влезат во влада. Ма ја има сега петиција да пишам до Олимписки комитет, нека има вонредни Зимски олимписки игри наредната година, како тоа Русите сите медаљи ги собраа СРАМОТА!
Навистина е жална оваа наша Македонија со такви политичари во неа.Па да ви кажам не ми се пушта ни телевизор веќе од нив.Само се фалат кој што направил иако ние ништо не видовме од тоа или пак се напаѓаат и се навредуваат кој повеќе му згрешил на македонскиот народ.Абе ова што се случува во нашата земја никој не може да го поправи.Арно напиша членката погоре чарето му е сите тие лажливци буквално од сите политички партии да си отидат од државава и да ја остават на народот.Ама да како што тргнало народот се повеќе го снемува од Македонија.Сите масовно се исселуваат.И сега може сите си велите криви се политичарите но се лажете.Криви сме си самите ние што не знам по кој пат упорно ќе им поверуваме и ќе дозволиме да направат будали од нас со ветувањата демек по избори се ќе се среди ќе има многу вработувања ќе се отвораат фабрики.Ајде ви се молам па ни мало дете не би поверувало на тоа.Ако планираа да средат нешто и да ја поправат моменталната ситуација во државава досега тие тоа ќе го направеа.Но знаат само да зборуваат кога има избори и кога им требаат гласови за повторно да си седнат на фотелјата.Ама не можам веќе да ги смислам.Со тие предвремените пак избори веќе претераа.Јас не знам што сакаат веќе.Море ни одам да гласам ни ништо.Ептен сумизреволтирана и не можам веќе да ги смислам.Се себичњак до себичњак.Па да се гледало само за тоа да си ги наполнат нивните џебови иако притоа ги празнат на народот.Срамно и жално ама тоа е.Се додека ние им го дозволуваме тоа се дотогаш ќе биде така.
Последниве месеци многу сум разочарана од политичката ситуација во државава.Се повеќе ова парче земја го чувствувам туѓо,па и да не сакаш те одвраќаат од намерата да бидеш свој овде каде што припаѓаш и тука да заработуваш за пристоен живот и да создаваш иднина.Не можам да поверувам како функционира човечкиот ум во намерата да се приграби за себе и да се живее луксузно додека другите ја преминуваат граница за егзистенција и секојдневно се соочуваат со беспарица.Лаги.измами,луцемерие и вешто глумење перверзна демократија е се што слушаме секојдневно.Ударни топ невозможни настани со доза на патетичен хумор и без човечко чувство на срам и граница за крај.До кога ќе спроведуваат психичка тортура со тенденција дека тие не водат по вистинскиот пат за добра иднина.Само во диктаторски држави законодавната,извршната и локалната власт се во рацете на една партија.Ми се гади од сето ова што се случува.
Народот не е глуп ама сосила се прави. И нормално дека ќе победи вмро,многу едноставна математика е Cka,пензионери+државна администрација ( во која спаѓаш и ти )+земјоделци ( мада мислам дека и тие кај и да е ќе се свртат против фирерот наш )= 500,000 гласачи. Не е дека народот го сака Грујо,него не може да се отараси од него. И опозицијата не е нај нај,ама не се тие оние кои го прават народот глуп. Грујо наш не дупи во здрав мозок,се расфрла со пари за избори секој две години,а народот е тој кој трпи,види само колку полиција е излезена по патиштата и колку инспекции ќе има наредниов период. Многу паметно изигра,алал нека му е,не врти 2 милиони народ како сака.