Во Македонија пречекан со највисоки почести и удостоен http://telma.com.mk/index.php?task=cont ... item=31054, ,а во родната земја Измамник, притворен и понижен-испрскан со мастило http://timesofindia.indiatimes.com/vide ... 396881.cms многу ми е мака, што инвестициски (BOOM) ќе направеше. А оние што ни го прикажуваа како спасител, МУДРО МОЛАТ-МОЛЧЕЊЕТО Е ЗЛАТО
Нашиот премиер не е ништо подобар од овој измамник. Се најдоа двајцата да се подлажуваат меѓусебно. Индиецот го лажеше Николче наш, тој го лажеше и фарбаше народот и на крајот ги снајде онаа народната-НА ЛАГАТА КРАТКИ И СЕ НОЗЕТЕ. Додека опозицијата и некои други паметни луѓе се трудеа да докажат каков измамник е тој краварот, Владата велеше-Измислуваат, ваква инвестиција немало, од љубомора зборуваат против Владата. Сега видовме кој мислел за доброто на државата, а кој упорно го мамел Македонскиот граѓанин. Врв на се е тоа што целото семејство на овој измамник добија државјанство македонско преку ноќ, по брза и хитна постапка се плашеа да не го пропуштат бизнисменот јак. За нас МАКЕДОНЦИТЕ ова ни е малку. Незнам што ке дочекаме и доживееме во иднина со оваа Влада. Што е следно?
http://www.novamakedonija.com.mk/DetalN ... tant=31824 имаше една реклама за coca cola (празници се ближат, празници се ближат...) сега со буле-партија ќе бидат (ИЗБОРИ СЕ БЛИЖАТ,ПАРТИИ СЕ НИЖАТ) Буле не се бламирај!
The hunter with his pro and free political analysis is back. Нема врска дека ВМРО и ДУИ се скарале, тоа е класична местенка и глумење лудило пред народот, не знам дали некој нормален верува во тоа. Си се договорија сега е идеално време за избори пошто свесни се ако догодина се одржат парламентарни избори ќе претрпат поголема штета, па затоа што пре тоа подобро. Друга работа што сакам да кажам е... колку што партијата може да мобилизира и собере млади луѓе на едно место, ниеден друг светски пејач, актер и што сака нека е не може да собере толку млади на едно место, тоа говори за анемичноста на нашата младина. Не знам со што партијата толку ги држи во рака или ги мотивира, ама едноставно веројатно таму го гледаат излезот од сиромаштијата наместо да засукаат ракави, да научат занает и да направат брдо пари. Преку плакатолепач до директор, тоа е мотото на сите изманипулирани и испрани млади мозоци. Трета работа... нема благе везе дека народот спонтано излегол да го подржи Хорхе за президент, не знам дали некој верува во ова лудило пошто е комедија. Како ден е јасно. Кога Ѓорѓе беше најавен за кандидат, кај беа тогаш потписите? Туку веднаш откако го избраа на конвенцијата, почнаа да фрчат телефони по сите општински штабови и комитети да се уценува народот да излезе да се потпише во што е можно пократко рок за да има фалење како за 2 саати собрале 20 000+ потписи. Не случајно сме многу назадиле кога е во прашање слободата и демократијата, “заслужено“ сме на 123 место ако не грешам. Стварно станува опасно да кажеш некоја критика према властодршците. Бидете сигурни дека 100% некој од партиските штабови чита се што се пишува на политичките теми на влијателните форуми во Македонија. Има цела армија неработници луѓе кои душа даваат за ВМРО и СДСМ и дремат како будали во штаб по цел ден на интернет и извршуваат задачи и поднесуваат дневен извештај на фирерот. Што друго да се каже... ни претстои луда и турбулентна предизборна кампања. Од една страна НГ и неговиот братучед и желбата протокот на пари од буџетот на Македонија и натаму да продолжи да се одлева на нивни тајни сметки во странство и од друга страна ЗЗ и разбиениот СДСМ кој ете полека почнува да се стабилизира и ревитализира откако канцерот БЦ е отстранет. Борба за превласт. Како ќе наближуваат изборите, количеството на вести каде Грујо ќе биде со лопати ќе станува пропорционално. Субвенциите се исплатија, пензиите скокнаа за 500 ден. чисто колку да покријат трошоци од инфлацијата, студентските стипендии исто така се исплаќаат, патишта почнаа да се градат така така фуфка за власт и се даваат пари за народот, значи можело да се работи во интерес на народот аааа апаши низаедни. :=))))))))))))) И тоа би било тоа за сега... знам дека не е добро што правам вакви анализи пошто на македонските политичари, а посебно тие што се на власт не им одговара да има интелигентна критична маса која ќе ги гледа работите кристално јасно, туку сака испрани мозоци. Потенцијално можам да си направам проблеми со тоа што правам вакви анализи имајќи во предвид дека дури и да пишуваш на интернет пак ти е загрозено демократското право за слобода и изразување, но се дотогаш... I'll be rocking.
Ретко влегувам во оваа категорија на форумов, благе везе немам што се случува. Но, бев приморана овој пат да дојдам. Се надевам дека темава е соодветна. Ама едноставно, немам коментар. Спојлер Светски медиуми за „Гоце Делчев“: Студентски дом од пеколот! Македонија конечно се спомнува во многу светски медиуми, но, не се работи за платена реклама од Владата, овојпат неплатената негативна реклама со фотографиите од хоророт во студентскиот дом „Гоце Делчев“ во Скопје. Фотографиите кои ја прикажуваат состојбата со најголемиот студентски дом и ужасните услови за живот познатиот британски „Индепендент“ ги наслови како „фотографии од пеколниот студенски дом, каде ѕидовите се зелени, а храната е црна.“. Порталите на британскиот „Индипендент“, хрватскиот „Данас“, потоа „Виралфорест“, „Бизснис инсајдер“, „Мој факс“, „Данас инфо“ од Тузла, „Имгур“ и други, ги објавија фотографиите што ја прикажуваат катастрофалната состојба на скопскиот студентски дом во кој годишно престојуваат по 1.200 студенти. Насловите, пак, одат вака: „Стравотијата што се крие во најодвратниот студентски дом на Балканот“, „Студентски дом од пеколот“, „Фотографии од студентскиот дом во кој не може да се живее“, „Ужасот што се крие зад ѕидовите на најодвратниот студентски дом“, „Како од добар хорор филм – студентски дом во Македонија“, “Мислите дека вашиот студентски стан е лош – погледнете може и многу полошо“, Прв што ги објави овие фотографии беше еден од најпопуларните страници во светот, Reddit каде секој може да сподели линк до содржина, а позицијата се одредува според бројот на гласови од останатите корисници), и за неколку часа стигна и до насловната страница на сајтот кој, според јавно достапните податоци, вчера имал над 1,5 милиони уникатни посетители и над 5,5 милиони посети. Уште некои фотографии и мизерии. - Студентскиот дом „Гоце Делчев“ во мизерни услови - Студентски дом „Гоце Делчев“ (галерија) - За условите во "Гоце Делчев" пренесуваат и балканските медиуми: "Најодвратниот студентски дом на Балканот" - ВИДЕО: Тројца министри се сменија, домот „Гоце Делчев“ остана ист ВМРО ЌЕ ЈА ОТСТАПИ ЗГРАДАТА НА „ДИМЧЕ МИРЧЕВ“ ЗА СТУДЕНТИТЕ ОД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Откога дозна цел свет... им текнало да преземат нешто.
И забранет им е фб на студентите од Гоце Делчев. Така бре Грујо бе и Мијалков бе и сите бееее!!! Па то беееее!!! Демократијо љубим те у чело! И како рековте ќе гласаме?! И чекајте малку другари,дали Латас ќе излезе денес на вести и ќе рече дека ова го прават СДСМ и не е вистина или ќе каже нешто дека тоа е така од времето на СДСМ?! Или дали воопшто нешто ќе каже?
- Партијата едногласно одлучила згрдата на „Димче Мирчев“ број 20 да ја отстапи на студентите кои досега престојуваа во руинираниот дом. Извор: http://fokus.mk/vmro-k-e-ja-otstapi-zgradata-na-dimche-mirchev-za-studentite-od-gotse-delchev/
Не дека заземам страна ни па политички се замарам, ама пак што не чини сега? Ете, презедоа нешто во врска со домот. Секогаш се наоѓа мана ...
А каде, во која населба се наоѓа таа зграда? Инаку Јанко во Јади Бурек постави прашање како тоа кај него дома со децении нема ништо скршено и мувлосано и праша кој ги искрши сончевите колектори за топла вода од пред домот? И зошто никој не реагирал кога тој слични фотографии објавил уште пред година дена. Поентата му беше демек не се чувало од самите студенти низ децениите, но од друга страна треба да се постави прашањето управата дали наплаќала и што правела со средствата собрани од разни кауции и сл.? Драго ми е ако навистина им го решат проблемот со сместување во нова зграда, но ова се тие реални проблеми кои требаа да се решаваат наместо СК2014 и сл.
Коза Ностра е сатиричен сајт...инаку би било добро кога ќе паднат од власт оваа зграда да се претвори во студентски дом, секако пола од станарите нема да можат да докажат потекло на имот..
Ќе падне ли оваа влада како ви се чини? Да знам почесто да си ја слушам песничкава. http://www.youtube.com/watch?v=3_7fYTObkrw 8 години лично богатење, градење и крадење во пакет, преродба од која само фетусот остана значи преродбата на успеааааа време е за нов почеток. Нели едно време имаше парола преродбата продолжува, а сега не се ни спомнува оваа фраза, демек сме се препородиле. Епа да се препородија тие што се на власт и тие што решија да се здружат со нив. Кога некој ќе смета дека власта природно му припаѓа нему, време е за црвен картон, пошто жолтиот беше даден во 2011 кога ВМРО мораше со 3 пратеника од дијаспората да спасува глава дека еве добиле на избори, а факт е дека ВМРО освои 52 (+3 од дијаспора = 55) пратеника а СДСМ и коалицијата 43 земаа, така што реалната разлика беше само 9 пратеника. Поправете ме ако грешам во овие бројки. Било како било не ме гајле кој и да добие само демократијата и слободата мора да се подобрат. И те како имаме политички затвореници тоа се тие што ја критикуваат власта, а тоа е нели загарантирано право да си кажеш што мислиш макар било нешто што некому нема да се допадне. Кој и да каже нешто, одма како мали деца се жалат на суд и бараат отштета демек многу душевна болка претрпеле, ете така се справува власта со критиките. Се оди со механизам на замолчување, кој на крај ќе им се одбие од глава и тоа јако. А тоа дека има еден куп регрутирани и слепи послушници тоа е сосема друга приказна. Се што се пишува тука на форумот, обавезно иде по штабовите, се анализира и се решава каква мерка да се превземе против членот кој е малку покритички настроен, така што пазете си можно е дури и Грујо да чита. Лудница е. Немајте гајле, бидете слободно fast & furious во изразувањето и надевајте се да не завршите како Paul Walker со фингирана сообраќајка. Ќе си кажам што мислам и точка бре, не дозволувајте стравот да ве надвладее и да се самокорегирате, токму тоа го сакаат они.
Ќе падне. Ако не е веќе и падната. ДУИ во моментов е за никаде и се повеќе се наоѓа во небрано. Мислите дека апсењата деновиве во Куманово ќе ги имаше ако се беше во ред во односите ДПМНЕ-ДУИ? Покажаа заби ДУИ, но покажаа и ДПМНЕ. Освен што ги покажаа, вториве и гризнаа. Колкав дел од парите на уапсените Кумановски "бизнисмени" оделе во касата на коалициониот партнер не се знае, но ова е удар кој ќе влијае на предизборниот буџет на Али. Секако дека се ова ќе биде под изговор дека МВР максимално професионално и оперативно си ја врши својата работа, но прашањето е да не бидат се повеќе оперативни како што се доближува времето за гласање, а ДУИ од "непознати причини" да станува се понервозна? На обичниот граѓанин секако дека му одат во прилог елиминирањата на ваквите општествени гадинки и ова заслужува поздрав и пофалба, но ако се навлезе подлабоко и се погледа тајмингот и ситуацијата на ваквите акции се е многу поинаку. Заклучок е дека ДПМНЕ и како Влада и како партија покажува дека сеуште ги држи конците во свои раце и дека за доста ситуации знае како да изигра, за нив, добар потег. Смирено ги следи потезите на пленот, за кога тој најмалку се надева, да влезе во стапицата. Последниов кумановски случај, случајот со брат Љубе, случајот кога Грујо беше "јајцуван" во Тирана за по неколку дена да им запленат на Албанците опасна количина дрога на граница се само неколку примери дека се чека вистински момент за да се направи потег кој требало да се направи поодамна, но од разбирлива причина не бил направен. Како и да е ДПМНЕ сигурно ќе победи на изборите, а дека СДСМ го сметаат за слаб конкурент покажува тоа што доколку тие беа закана по победата на ДПМНЕ, овие сигурно ќе извадеа некој ас од ракав и ќе го искористеа против СДСМ. А сигурно ги имаат многу. Се чека вистинско време. Сега се расчистуваат сметки со друг должник. Нема да биде чудо ако "должнициве" се префрлат на стариот добро проверен профил-радикализам и заплашување со конфликт, војна, етнички територии. Во овие услови и расположение во кои моментално се САД и Европа, од таквиот профил, поназад спомнативе би ја префрлиле ДУИ во профил турн оф.
Знаеме дека А1 беше опозициска и антимакедонски настроена (барем во политичкиот дел), ама ако ова е вистина, јасно е зошто ВМРО лом прави и 8 години владее. http://a1on.mk/wordpress/archives/297514
Јас мислам дека тв А1 беше многу реална тв,немаа влакна на јазикот,прикажуваа се што точно се случува во нашава држава,даваа реални и тажни вистинити случки,па кој како може помагаше,затоа сега не постои,за жал!!Имаше и многу удел,ако негде забушаваа со работа,само спомни им ќе ви викнам телевизија,одма се поправаа работите во секунда(на комшија мој многу му палеше ова ),сега немаат страв од ништо,нема со што да ги стресеш малку,на сите други тв нема ништо реално,како се да е убаво и подмачкано,само за кого...а за паѓање на владава тешко,не верувам...ама иста песна е и со било која партија,секој за себе.Кога ќе ми текне само пред 3,4 години може и повеќе,моја познаничка,тешка ВМРОвца(сегашен директор) ми вика аман девојко,потпиши се земи книшка,што те кошта,да имам утре уста да те пикнам на убаво раб. место,ништо не губиш,ахам да....нема шанса,никогаш не сум била партиски определена,а никогаш нема ни да бидам.Гордост,што ќе праиш!!
Воопшто не се сомневам дека ова не е вистина. Запрепастувачка стратегија која остава без здив,а богами и без сон се додека не се претвори во очекуваната реалност на дузина луди умови.А потоа следат громогласни аплаузи за подлиот (не) успех.Каков идиотизам Водачот во МКД може да биде беспрекорен подучувач на толпата диктатори низ светот.Проверен модел за победа и проверено сигурна нација за заплашување.И се додека има овци што ќе ракоплескаат на циничната насмевка само сезнајкото ќе не води кон иднината.А тоа е амбис (провалија)...
Морав уште ова. http://www.motika.com.mk/index.php?option=com_content&id=48575 За храната, за компирите... доволен е само еден поглед.
Срамота е ова, завршило дури и во весникот Independent, резил од светски рамки. Сигурно ќе се врши репресија врз студентите што ги објавиле овие слики и веќе се вршат со тоа што им е блокиран Fаcebook. Мене па она што ме чуди кај се студентите што живеат таму, зашто се безгласна буква да кажат какви се условите? Многу сме мутав народ, абе додека не направиш да те чујат другите никој нема да те ферма 2%, не ќутете. http://www.independent.co.uk/student/st ... 86945.html Не сонувавме за оваква преродба пред 8 години. Абе ова како комунизам е, владата намерно нејќе да вложува во младите за да не станат прогресивни интелектуалци, им требаат луѓе чиј мозок полесно се пере. Нејќам да верувам дека е така, ама ништо не е случајно. Убиј му ја волјата на студентот, фрли го во зандана и направи го да се срами од условите во кои живее и да нема храброст да каже како му е пошто и тоа место ќе го изгуби.