Да не се повторувам, но Скопје 2014 , со се камати, дебело ќе го наплатиме...и да не должам Зошто децата на пратениците и министрите од актуелната политиќка гарнитура студираат во странство и стипендии (најчесто) за нив се даваат по белосветски универзитети?! Или ги растуривме и ги распарчивме факултетите државни низ РМ, па кој нема пари ќе студира тука, а кој има....па молим лепо по бел свет!
http://www.kurir.mk/makedonija/vesti/15 ... ite-domovi Смешки... Уште кога бев средно се сеќавам дека се „инвестираше“ во студентските. Еве сега сум четврта, при крај сум со студиите и не гледам никакво инвестирање. Не знам зошто овие од курир пишуваат за студентските кога сите знаеме каква е состојбата и колку е инвестирано... Ама македонче, си трпело и ќе си трпи
Жива вистина за студентиве наши Да цитирам „Народ со ваква младина, не треба да се плаши за својата иднина“ Ич не ми е жал искрено за сите тие кои што живеат во овие услови. Кај се да се побунат, јавни протести, нешто... Ќутат и се препукуваат меѓу себе по социјалниве мрежи. Ете колку им е испран мозокот.
Благодарение на вмро го видов паметот на нашиот народ, и единствено нешто што чуствувам е срам. Да, јас заслужено се срамам од мојот народ кој дозволува осум години да го газат, да го понижуваат, да го лишуваат од достоинствен живот.....цели осум години. Зар не се уморивте од таквиот живот? Се парашувам дали на Македонија може да и се случи поголемо зло од сегашното. Сиромаштијата веќе го допре дното, животот од денес за утре стана нормална појава на која и нема крај, само пуста навика. Каде е перспективата на младите, каде се нашите соништа за успешна кариера, каде е нашиот младешки дух желен за успеси. Да знам, виси по партиските штабови. За некој трошка, за некој погача, за некој прзни џебови. Зар тоа е нормална состојба за која треба да се бориме. На експериментите во образованието им нема крај. Држава со највисок број на образовани кадри за кои нема работа. Држава во која секој втор е магистер, во која 98% се запишуваат на факултет, а фаултетите никнаа во секој град. Упропастено е до највисок степен. Што да кажам за нашето партиско и корумпирано судство каде судската постапка трае подолго од животот. Што да кажам за корумпираноста на медиумите и нивното платено ширење на политичка пропаганда и за нашето невидливо новинарство кое е слободно да го напиши само онаа што ќе му се нареди. Уште пожално е кога ќе видам кога студенти ја подржуваат оваа владејчка гарнитура. А да ве прашам, кои се вашите права како студенти, кои се вашите попусти како студенти и во какви услови живеете во студентските домови? Кучешки зар не? Зар не се чуствувате понижени и избришани од секој нивeн речник? Како смеете да бидете безвучни букви за барокното лудило, т.е фамозниот проектот Скопје 2014, вистинско олицетворение на промашен архитектонски стил, кој чини тешки милјарди евра во време на сиромаштија и беда? Како можете да замижувате пред секое нивно задолжување, додека секое утро никнува по некој споменик. До кое дереџе стигнавме кога секое трето семејство е на работ на егзистенцијата. Зошто не можете да се свестите и тогаш кога станува збор за ваши пари кои и така тешко се печалат, а масивно завршуваат во туѓи џебови, пред сопствени очи, додека нашиот народ се прави дека ништо не се случило, дека тое е за доброто на народот. Како можете да се фалите на минимална плата од 8000 ден, кога потрошувачката кошница изнесува 30000 ден. Тоа е изживување, тоа е невреднување на човечкиот живот и труд, тоа е мизеријата во која секојдневно тонеме. Како може да се фалите за исплатените пензии, субвенции и плати, па зар тоа не е обврка на секоја нормална држава? Луѓе зар е можно да имате толку мала почит спрема самите себеси? Зар е можно за црното да велите дека е бело и да браните нешто што не се брани? Казните се ригорозни, неосновани и фатални особено за малите бизниси, луѓето живеат под притисок и страв. Класното растројство од ден на ден е се поголемо. Околу нас етничка поделеност, насилства, омраза меѓу луѓето. Секој втор млад човек ја гледа својата иднина во странство, додека Македонија ја прикажуваат како рај на земјата, бледа приказка во која масовно верувате без да и дадете предност на вашата совест, на вашата интуиција, на фактите, на здравиот разум, на реалноста. Македонија веќе одамна го допре дното и ќе треба многу време за некој да ја извади од калта. Оваа е поразителна политика која има тешки последици врз секоја сфера од нашиот живот, а за тоа допрва ќе судат идните генерации. Затоа свестете се и не дозволувајте други да ви ја кројат субината.
Нема фајде ни од опозицијата ни од власта.Да сме реални сите дека кој и да дојде до фотелјата прво ќе му биде битно да си ги наполни своите џебови и воопшто нема ни да се заврти кон народот.Тоа било така и така засекогаш ќе остане доста се залажувавме дека едните се подобри од другите.Добри се тие само за нив самите а народот повторно ќе си биде во истата позиција во која што бил отсекогаш.
Дека деновиве на широко се пишува за катастрофалната состојба, па сега демек ќе инвестирале. Само мачкаат очи со фалење пред избори.
копирано од статус на ФБ со кој се согласувам... „Овија неколку денови гледам сајтчиња од цел свет се загрижија за студентскиот дом Гоце,викам абе шо така наеднаш,бомба да не падна тамо овие денови,не е од вчера тоа,и после ми текна дека идат избори,а шо е најинтересно може да видете до кај досега медиумската рака на некои,ја сам сигуран со парите шо ги платиле да ги објавуват дотичните информации,ке реновираа голем дел од собите(уште да им беше за тоа)“
Δ Оригиналнио писател на тексто, кој и да е, мешал дијалект со литературен. На мен едино зборо сајтчиња ми боде очи од тај текст, сите онија други шо си ги ставил у болд са дијалект. А видам си го испуштил `шо`. Зашо така? Или тај го има у твојто говорно подрачје па познат ти е
Го браниш Ѕинго по сајтчиња, го браниш/напаѓаш дијалектот или шо? Ајде може во ред е да се нарече оригинален, ама да се нарече писател очигледно неписмено партиско пиунче, далеку дека е во ред.
Што има врска како е напишано, важно поентата (иако веројатно и таа е политички мотивирана) е точна. Демек сликите и информациите стигнаа до Индепендент без слична некоја мотивација? Тој дом се распаѓа подолго отколку што јас постојам, години и години никого мува не го лази, баш го погодија периодот сега, не бе, ич не е сомнително. Друг феномен ми е тоа што некој воопшто се нафаќа да живее таму. Досега да немаше интерес за аплицирање и организирано да се побараа подобри услови за сместување, домот ќе беше одамна затворен или реновиран. Некои работи се до свеста.
Автор/писател/пишач, тој што нешто напишал, како сакаш, на тој се однесува, не бранам никој, ни знам кој е Ѕинго ниту пак ме интересира да знам кој е. Само посочив дека зборовите што си ги избрал да ги ставиш во болд се исто толку македонски колку и шо, иако не литературни, и чисто не е убаво да се смееш така на друг дијалект.
http://www.telma.com.mk/index.php?task= ... item=35879 ГРУЕВСКИ ВО ОТЧЕТОТ: ПОСТИГНАВМЕ ЧЕТВРТ НАЈВИСОК ЕКОНОМСКИ РАСТ ВО ЕВРОПА зошто отчет пред своите, па и со повикани спортисти како статисти, ОТЧЕТ во ТВ ДУЕЛ признавам само!
Национализација сака да прави Коце во 21ви век, во капиталистичко општество....само во Македонија го има тоа.
Лудилото завршува на 27-ми април, Македонија ќе обзнани една огромна победа над (не)демократијата и ќе каже НЕ на режимот. Моја теорија е дека СДСМ тотално ќе бидат шокирани и изненадени што власта ќе ја добијат практично на тацна, и нив нема да им се верува што им се случило. Тактиката на ВМРО е разбиена. Сеат и шират страв и на тој начин прават другите да се чувствуваат под нив, затоа секои избори ги демотивираат СДСМ со тоа што им велат дека ќе изгубат. Досега со право губеа, последните избори разликата беше 52 према 43 пратеници во корист на ВМРО, а сега мислам дека ќе биде 50:45 во корист на ВМРО што теоретски значи ВМРО пак ќе добие и истера уште 1 мандат што се поклопува со теоријата што ја изнесов во еден мој пост на оваа тема дека ВМРО може уште 1 мандат максимум да тера и толку, а може да се случи и СДСМ да добие со ептен тесна разлика од 1-2 пратеника. Едноставно преродбата не успеа. Народот од ден на ден се повеќе станува свесен за тоа. Дури и јас кој бев слеп подржувач на ВМРО како партиски неопределен, сфаќам дека сум бил манипулиран. Казни, заплашувања, уцени, даноци на се и сешто, полиција, притвор, инспекција итн. денешното ВМРО е насилничко, а така не се покажува волјата на народот. Ги разбирам тие што се вработени од страна на партијата на власт, они не ни можат поинаку да размислуваат. Не можеш да одиш против тој што те рани, и да си свесен каков е ти си заслепен пошто таа рака ти дава пари и можеш само да ја бакнуваш. Миленко и Јанко се класични прасиња на пропагандата. Нема ништо полошо од тоа да дебел човек те гледа во очи и те лаже. Миленко додуша и не се прави наивен и мутав, туку отворено си признава дека ја поддржува власта. Јанко лаже и суши. Да писне против власта, утредента ќе го снема од Сител 3 и може комотно да си јаде бурек дома од социјалната што се жали дека некогаш ја земал. Епа и ќе ја зема кога е копук и голтар. Ако некој е добар шоумен, ќе успее без разлика кој е на власта, така ли е бре луѓе? Латас нема што да се дискутира, он е со тој што е на власт не е никогаш во опозиција. Ивона ја снема и ужива со “милионот“ на Карибите. Мирка Велиновска е кул типка, ја почитувам заради одличните анализи што ги прави, ама и она кутрата мора да ја велича власта инаку знае ќе секне платата. Отприлика тоа беше ударната петорка на пропагандната машинерија, се надевам демократија е да си кажеш што мислиш и дека споменатите новинари ќе останат кул под налетите на народот, ама едноставно така ти е тоа кога се правиш сосила луд. Признај бе човече ја подржувам власта, нивен платеник сум и готово бре, не знам кого мислат дека лажат, ама очигледно најмногу себе се лажат. Мене тоа лудило ми смета кај нас, затоа се најдоа на отстрел. Да си 8 години на власт, а пола Македонија да ја продадеш не е мала работа. Македонското достоинство е намалено и разнебитено, а вештачката албанизација и натаму продолжува, ќе мора да се најде семакедонска партија и да стави крај на канцерот со тоа што успешно ќе го отстрани од оваа држава. За задолжувања не знам како да искоментирам пошто сите зборат само за задолжување, а никој не спомнува кога се раздолжуваме, ама факт е дека стално се зимаат кредити и тоа да се платат најосновни работи како плата на административци, пензионери, социјална помош, субвенции итн. Премногу ова наликува како некоја бајка, како во времето на Тито и Југославија кога се беше розево и на крајот се сруши како кула од карти, пошто систем каде што долгот го напумпуваш константно води кон пукање на балонот и ништо друго. За демократија тоа е посебна тема може цел роман да се испише. Станува страв дури и на форум да си кажеш што мислиш пошто константно има доушници и инсајдери кои ги препраќаат политичките мислења до партијата и таму се елаборира како да се постапи со членост, да му се влезе во трага, да му се дознае идентитетот итн. луда држава е. Токму затоа нема да најдеш опозициски медиуми затоа што која влада сака да слуша лошо за себе т.е. реалната слика, ама па некои одат предалеку и се решаваат да ги замолчат сите што се против. Има милијарда работи да се зборат ама ајде ќе стопирам тука, гледам се утепав пишувајќи хехе. Некој да ме чита гарант ќе помисли овој е СДСМ-овчичка, ама реалноста е дека не припаѓам на ниедна партија и само реално ги пишувам работите. Што се вика отварам очи на широките народни маси или се обидувам да поттикнам реална дискусија, надвор од “меинстримот“ т.е. купените медиуми од власта пошто нормално они ќе ти сервираат дека се е позлатено во државава. Малку му треба на народот, пушти му субвенции, зголеми му пензиичка од 10 евра и оп ете ти 300 000 гласа тооооо проста рајо гласај го пастирот и натаму. Не сум ни јас нормален што оволку анализирам и тоа pro bono, само проблеми можам да си направам. Ветувам ќе олабавам со анализиве ама тек после изборите. Едноставно не можам да седам мирен и да гледам како некој од народот прави мајмун, а ми се допаѓа што мајмунот се попаметен станува.
Абе пусихантер, анализиве ти "вриштат", нема да ми е криво ако барем те плаќаат за вакво прикажување на "реалноста". За да анализираш политика, потребно ти е многу повеќе од вака навидум "маалски муабет". Ако пишувај си ти, ама воздржи се од тоа-политичка анализа, смешно делува, кога ќе види човек со каков стил е напишана истата "анализа". Подобро пишувај си како и другите, беа да замараш дека правиш некаков си стручен осврт на политиката денес, бидејќи толку ни се комплексни политичко-коалицискиве ситуации денес, што ни Маркс не би можел да ги изанализира, туку би им ги оставил нa Ранко Рангелов или на Хихирику компанија: Ванчо Петрушевски, Ѓокица Лукаревски, Благоја Чоревски, Г.Тодоровски, Стојна итн... .
Хахаха добро де па и ти не ме карај јас никаде не се промовирам како политички аналитичар, туку сам си ја лепам таа “етикета“ чисто поинтересно да биде. Стилот е таков каков што е, мој е. Можеби има речник на “маалски муабет“ ама многу од работите се издржани, не ги кажувам на памет. Сепак не пишувам колумна во некој весник па до толку да пазам на формата и да го стокмам текстот. Во ред е се разбираме сепак ова е форум, нека има мала доза и на хумор, не се да биде мртво сериозно. Политиката кај нас е секаква само сериозна не.