Врти, врти и на крај ќе си плати на суд за клевета како казна што ја кажува вистината хаха. Јас мислам треба да е чест на тие што се тужени за душевна болка, пошто очигледно вистината боли. Тоооо уште една перфектна констатација. :up:
http://www.kanal5.com.mk/vesti_detail.asp?ID=34025 Нов Закон со кој се решаваат проблемите на стечајците кои имаат над 25 години стаж во фирми во кои има државно доминантно учество! Ова е добра работа!
Не е политички настан, ама кога веќе се начна темата за домовите да се види чисто со какви си имаме работа. Овој пишува (споделува, сеедно) коментари со кои ја навредува македонската младина на големо. Му текнува бе на некој од дебиливе дека во домовите може да има и поштени деца заинтересирани за својата иднина кои се отидени таму зашто немаат каде на друго место? Ама како викаат, ако ти е расипан мозокот ќе воочуваш расипани работи. Тоа што имало по некоја заскитана опајдура некаде (како што впрочем има насекаде околу нас) значи сега дека и на тие деца згора на се вакви навреди и понижувања им се потребни? Па на крајот на краиштата, нека ги средат неговите сакани надлежни девијантните појави во домовите. Тоа се знае чија одговорност е, таквите нека ги избркаат. Ама девијантно е и тоа што најистакнатите претставници на новинарската фела во Македонија се налик овој. Чудесии. Не знам од кого ми се иде по нужда повеќе, од соросоидите или од владиниве мегафони. Леле па ова, бисер балкански Не ми се верува дека и вакво нешто дочекав да слушам на вести.
Пусти Тачи,желба за власт,еее колку е слатка таа власт. АJ ке влезе во власт,ама на оноj Имер Алиу,како ке му обjaсни дека пак мора да соработува со Груевски? Спојлер имер алиу беше вицепремиер од 2006 2008 кога ДПА беше во коалициjа со ВМРО ДПМНЕ.Пред да пукне тиквата,тоj на прес изjaви дека никогаш нема повеке да соработува со Груевски
^ Ехеее, 2008, колку одамна беше тоа... Кој се сеќава кој што кажал Слатка е власта, за неа преку се' се поминува. Тогаш беше незамисливо и ВМРО и ДУИ да коалицираат, па види што убаво им тргна, неразделни се
И не само тоа, како ги врти „албанците“ и си ги мења политичките партнери ко ЧОРАПИ! Ама ако, за пуста власт односно за кајмакот (пари,пари,пари преку корупција) секој кај нас си го продава г.от! Само Тупурковски од ДА, имаше доблест да изезе од пкоалиција во власта и да стане опозиција во...незнам која година беше тоа, валјда 98-02...незнам.И он излезе од власта, ама неговите пратеници и министри ТЕПКО ГО ПОДНЕСОА ТОА, па преминаа во некои квази нови формирани партии и во ВМРО за да се вратат во власта.
А демек ако беа сдсм на власт немаше ли да коалицираат со албанците???Еве овие денови ги имаме пак пораките на Заев (да е жив и здрав) што му ги праќаше на Тачи. Ама немојте да мислите дека дуи се разликува по нешто од дпа, иста сорта се тие со исти интереси. Туку кај нас лошо е што било која партија да дојде на власт па и со парламентарно мнозинство од 63 пратеници пак мораме да коалицираме со албанска партија. Само што тогаш нема да се занесуваат толку и нема да се силат.
Секоја партија која ќе ја освои власта мора да соработува односно да коалицира со некоја од албанските партии...така е наложено од запад и тоа е факт, а и изолација целосна на албанците не е во ред. Сепак, капа треба даму се симне на грујо...како ги врти... пинг понг работава....
Заборавиле да напоменат дека партиска книшка ти треба. Се вмровско невработено, пред избори денес го сподели ова ус коментар дека толку се квалитетни што успеале да влезат... Само која е случајноста да ги делат сликите од дремење по штабови и линков, па уште и на Курир... сите ние нафта пиеме. http://kurir.mk/makedonija/vesti/151868 ... adi-kadri-
Добро е тоа што ги проветруваат односно чистат листите за пратеници...ама освењн Рената и Чилегов...па кои се овие луѓе носители на листа на СДСМ? http://24vesti.mk/vrvot-na-sdsm-nema-da ... kite-listi
Марјанчо Николов е досегашен пратеник и претседател на општинската организација во Велес, Хари Локвенец е бизнисмен и кандидат за градоначалник од Прилеп на минатите локални избори, Васко Ковачевски бизнисмен и претседател на општинската во Битола и Стојко Пауновски ревизор од Тетово досегашен пратеник.
Бомбастично е тоа што СДСМ се одлучи да кандидира помалку познати лица за носители на кандидатските листи, мислам дека тоа е одлична тактика, уште еден силен удар за клетниците од ДПМНЕ кои одат само со црна кампања наместо да кажат тоа што ќе сработат во мандатот доколку бидат изгласани. Баш ме интересира во кој смер ќе тече кампањата, пошто нема да можат да ги критикуваат Заев, Шеќеринска и останатите како носители на листи пошто едноставно ќе ги нема на листите. Ова е извонредна тактика на СДСМ и конечно покажуваат демократија и способност за реформирање, нешто што беше незамисливо кога Бране беше таму, пошто тогаш беа навистина комуњарска партија. И нормално веднаш почнуваат спиновите од партиската телевизија Сител каде што “дедото“ Латас вели со тоа СДСМ го признава поразот и пушта други лица да изгорат, наместо да каже дека конечно СДСМ покажува демократски капацитет. Тоа е тоа шта чеш како наредува билтенот на ДПМНЕ, такви вести ќе пласираш. Друго што сакам да поентирам е да не се верува на ниедна анкета, било провладина било проопозициска, се е тоа за манипулација и перење мозок и евентуална демотивација ако сакате да гласате за некоја опција која има помал % рејтинг. Гледајте на анкетите и рејтинзите како на виц. Најдобриот рејтинг ќе биде измерен на изборите.
Јас не мислам така. За жал, не се согласувам со листата, не ми се допаѓа. НАместо анонимуси кои се по три месеци во партијата, можеби требаше да стават на листа членови на подмладокот, и просперитивни луѓе, кои верувам дека ги има во СДСМ и сигурно се многу позаслужни за партијата од колку овие лица кои се целосно анонимни или пак извршувале некакви си функции во партиските органи а не се со некој голем стаж во партијата.Зборувам за составот на листите и првите 5 позиции на секоја листа. Не ми се допаѓа, за жал, и тоа јавно го искажувам.
Иванов ја презентираше програмата. За прв пат почна да се прави Програма за следните години и да се дава отчет што е сработено, а што не е за мандатот. Значи, одговорот на прашањето што ќе направеле, го има во програмата. Инаку, ова со комплетни анонимуси на листите не е прв пат во сдс. Ова беше и лани, барем во местото од каде што доаѓам јас, до 2-3ца познати советници на советничките листи. И нормално, бидејќи народот не може туку-така да го доделаат мандатот на некои кои не се познати, стручни, докажани, повторно ќе изгубат. Огромен дел од членството тогаш, се откажа од партијата, бидејќи беа разочарани од тоа што тие со години го граделе угледот на партијата, давале се од себе, и на крај, на листите нема никој од оние кои давале се, па оттука и деметивирачки влијаат на членството свое. Очекувам повторно откажувања од паријата и повторна загуба како и претходно. Мене ми е навистина мака што нема добра опозиција, бидејќи и власта на тој начин не се бори со сите сили да остане на власт. И врапчињта знаат дека сдсм се комплетно неспособни за победа, па оттука и власта е премногу опуштена, бидејќи фотењите се сигурни. Без разлика кои им се оправдувањата на сдс, факт е дека губат, 7 пати или 8 по ред, и дека не можат да кренат глава. И наместо да се научат на грешките, се повеќе се дават. Власта кога е свесна дека победува, по победата не ги анализира грешките, туку ги заборава, бидејќи победата е таква. Ако се губи, во тој момент болат грешките и се анализираат, се бараат пропустите. А на власта не и се случило долго да загуби, за да анализира и да се подобри, а сдсм веројатно не знае да анализира, бидејќи очигледно ништо не научиле од толку порази. Жално е што иако малку, сдсм имаат квалитетни луѓе, но од не знам кои причини, не се ставени напред. Иако имам теорија за тоа дека оние на чело не сакаат способни луѓе до нив, оти ќе ги загрозат. Премногу его и суета е собрано за да можат да победат. Познавам толку членови на сдсм, способни млади луѓе, кои не можат да се докажат во матичната партија.
Познаник мој, не сакам да пишам име, 2 мандата советник, докторанд, со куп пријатели низ градот, шетан низ светот, страшно интелегентен и иновативен. Стар член, со донесени куп нови членови, а наводно, не бил на листата поради стратегијата анонимуси. Наводно, иако за него знам дека не е точно, старите сдс членови биле познати по нечисти работи, па на овој начин се казнуваат. Што мене не ми е за верба. Кај нив се шпекулира дека пари се давале за да бидат на листата. Сериозно, не знам од каде им е сето ова со анонимусите, немам од никаде логичка причина освен можеби инат или страв од експонирање подобри од моменталните на врвот. Од веќе познатите Ана Павлова, д-р по правни науки, професор, жена што во неколку наврати ја слушав на комисија, одлична во струката. Митре Велјановски, кој го имаше најпознатиот говор од сдсм во овој мандат е дури седми! Ме изненадува што Политико не е на листата, ама премногу е славен за да биде таму, не знам...он повеќе гласови од Заев ке донесеше.
За разлика од твоето мислење мене баш напротив ми се допаѓа оваа стратегија. Прво зошто досега сме навикнати на првите места да ги гледаме раководствата на партиите, па од кога ќе победат првите се префрлаат во влада а во собрание остануваат лицата што биле подоле на листа, вака однапред се знае кои се кандидатите за пратеници и само пратеници ништо повеќе, а дека раководството на партијата е за извршна власт, секако со цена да поднесе одговорност доколку не победат на изборите да не добијат ништо зошто досега си се навикнати сите дека дури и да изгубат пратеничките им се сигурни. Во врска со пратениците од претходниот состав, секогаш ќе стојам на ставот дека пратеничката група на сдсм 2011-2015 е најдобрата група што ја имало собранието без разлика од која партија се. Но сепак мислам дека власта имаше спремно две стратегии, во случај сдсм да излезат со старите кадри ќе критикуваа дека немаат со што ново да понудат, дека тие се луѓето што 7,8 пати губат на избори, дека партијата е отворена само за мал круг и тие се вртат со години, втората опција што и се случи, сдсм излезе со нови кадри, па удрија на критики дека се анонимуси и дека не може да им се верува, дека бегаат од соочување, дека не сакаат да сносат одговорност и слично. Според мене вака им е поголема одговорноста, или ќе ги добијат изборите, или како раководство ќе признаат дека згрешиле па што ќе се случува понатаму е работа на членството.
Не научуја овие од сдсм и не научија како треба. Па знаеа дека се спремаат избори, не е тоа од вчера. Требаше посовреме да си ја фатат работата, уште пред неколку месеци. Овој состав што е на листата ниту ги знам ниту познавам, требаше да извадат некои други помлади, угледни луѓе. Требаше да ги пуштаат по телевизии, по настани да ги промовираат на пресови, да ги упикуваат секаде кај што треба и кај што не треба. Народот требаше до сега да ги научи и да ги процени кои се оние за кои ќе гласаа. А овака излегоа со некои непознати бизнисмени кои живи ги немаше до вчера или дејствувале на локално ниво. И како тие да бидат носители на листа. Па за носител на листа треба цела Мк да те познава. Па после победувале вмровците, е па како да не победуваат, нели гледате колку паметно играат. Не можам да се изначудам како не се најдоа некои паметни луѓе во сдсм да смислат нешто. Јас сум определена и ќе си гласам за ВМРО но сепак мислам дека е добро за државата да се има една здрава и силна опозиција. Ама како што тргнало таа тоне се повеќе. И на крај нормално вмро на митинг во Охрид фул, а овие во Универзална...
Што не научија, да владеат со закани и заплашувања? Не ни сакам тоа да го научат, на кои телевизии да ги пуштат, на сител, на канал5, на мтв? Таму каде што целиот простор е резервиран само за власта и не смее збор да се каже за опозицијата? Рената не е угледна што е страшно добра професорка? Шилегов што ги растури дпмнеовците со милион откриени афери и скандали, Марјанчо што на било која тема за економија ги закопуваше, Локвенец и Ковачевски се познати и почитувани во 4ката и 5ката, Пауновски беше еден од подобрите пратеници во последната пратеничка група. А за млади не знам кои ги мислиш повеќето се од 30-40 години а доста се вклучени и младинците на партијата односно под 28 години, претседателот на младината што според очекувањата на младите социјалдемократи е најдобриот што го имале до сега е на 3тото место во ИЕ1. Што да ви кажат друго освен да ви се извинат што не ставија луѓе што имаат политички багаж позади нив и нема за што да ги плукате, нема дамка која може да им се најде па ќе одиме на тоа дека не чинат зошто се нови, и старите некогаш биле нови. Во врска со митинзите, според мене се најглупавото нешто што постои кај сите партии. Ако се прашувам јас ни едните ни другите нема да ме предомислат за кој да гласам со нивното мерење кој повеќе собрал. Не ја гледам поентата на мкнење луѓе од цела држава ослободување од работа порано па и ден слободен цел давање, деца на училиште не отидоа за што за да му го полнат егото на некој дека собрал цел плоштад. Од цела кампања најтапа дел се митинзите, 21 век сме има милион начини како да се приближиш до граѓаните а тоа да не е со сендвич сокче и турнеја низ државата. Сакам еден ден да дочекам демократски развиена Македонија каде што кампањата ќе се заснова на директни средби со граѓаните, многу дебати и дуели на телевизиите и со помалку митинзи, плакати и мерења кој колку собрал па ако излегол некој на опозициски митинг да се слика да се снима да се казнува итн. Али тоа е тоа кај нас, се пали на авторитарни режими, ако сакаат и 500 000 народ нека соберат, кај мене во главата нема да ги сменат мислењата за нивниот капацитет како политичари.