Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Актуелни политички настани

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Ariel, 3 август 2010.

  1. Elissa

    Elissa Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2014
    Пораки:
    3.304
    Допаѓања:
    22.594
    Пол:
    Женски
    И тебе нема да те читам оти се тоа па тоа, едно исто го пишуваш, само ќе ти кажам од што мислиш дека се толку совршени ете кај им е местото во лузерите. На митинг 1500 луѓе, и што повеќе да зборуваме овде :?:
     
  2. corto.maltese

    corto.maltese Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2013
    Пораки:
    475
    Допаѓања:
    1.030
    Пол:
    Машки
    Ситуацијата со чудните пратенички листи во СДС е навистина интересна. Симпатизерите иако знаат дека нешто навистина не е во ред со ваквите листи, ова го толкуваат како нов потег на партијата за посигурна победа, а во себе го прикриваат стравот и одговорот на прашањата: Што всушност е ова? Како до најавуваната победа со ваков тим? Кои се овие луѓе?...
    Контра СДСМ-ашите пак, ова го толкуваат како предавство на СДС уште пред да почне битката, а многумина дури не можат да го разберат овој неочекуван потег на раководството. Сепак се остава мал простор за неизвесност и мистичност, а наредниов перод ќе се дознае колку потегот е мистичен или колку е глуп.

    Што според мене добива, а што губи СДСМ со ваквата одлука?

    Губи одредена бројка на гласачи кои во листите ќе препознаат недоволен капацитет, неискуство, внатрепартиски конфликти (кои деновиве ќе бидат се понагласени). Овие гласачи ќе бидат превземени
    од партиите од левиот блок како ГРОМ и Алијансата на Бучко. Евентуало, дел од нив нема да гласаат поради револт.
    Губи поддршка, особено финансиска од влашкото лоби во партијата кое беше и уште е цврсто поврзано со постарите и поискусни структури во СДСМ кои овојпат ги нема во пратеничките листи. А никој не сака да вложува пари во нешто што нема да е продуктивно и нема иднина.
    Го губи, Заев кој по серијата лоши одлуки и лижењето гз на ДПА и тоа како ќе биде сменет.
    Губи партиски интегритет, па можно е и нема да биде чудо ако после изборите од СДС не изртат една или повеќе помали партии на искусни, докажани и незадоволни членови во партијата. (ова им се случи неколку пати).
    И најважното-губи избори.

    Добива нови и млади кадри кои ќе осетат предизборно искуство, еуфорија, ќе научат нешто ново, ќе осетат како е да се гори за партијата и ќе осетат изборен пораз. Овие кадри ќе им бидат и тоа како добредојдени за некои наредни избори, ама знаејќи каква непредвидлива внатрешна политика има СДС, политичката судбина и иднина на овие нови дечки е нејасна.
    Добива повеќе сили насочени кон изборот на Пендаровски. Креваат раце од парламентарните и се насочуваат кон Пендаровски. Се очекува поинтензивна претседателска кампања на сметка на идните пратеници. Она што требаше да биде фејсбук, твитер, и-меил кампања гледаме дека преминува во нешто поинаква верзија на представување. Ефектот од ова-најверојатно поразителен.
    Најверојатно го добива Бранко назад, како лидер на партијата.
    Добива нов пораз, односно два. Можеби, три. Којзнае колку. Со само еден погрешен потег.
     
    На Abeja и Elissa им се допаѓа ова.
  3. Ickovska

    Ickovska Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    87
    Допаѓања:
    94
    Каде напишав дека се совршени? Јас без проблем можам да ти напишам листа каде сметам дека сдсм греши исто како што кажувам каде дпмне греши. Реков дека присуството на митинг не ми менува ништо туку дека се непотребно потрошени пари и малтретирање на членството. Истото го мислев и кога сдсм имаше 70 000 луѓе на митинг, 50 000 на марш, истото го мислев и за дпмне кога имаа 80 000 на митинг и 2000 низ градовите каде што немаа организиран превоз. За две политички партии кои имаат минимално гласачко тело од 200000 гласачи (максимално околу 490000,500000 само еднаш е надминато) верувам дека не им е проблем да организираат и до 100000 луѓе за на митинг.
    пс Садам Хусеин еднаш има освоено 100% од гласовите, дали според тебе тој бил легитимен победник?
     
  4. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    11.178
    Допаѓања:
    135.927
    За првиот болд, од каде си сигурна дека пратениците нема да ги стават за министри? Еве Марјанчо Николов можеби сакаат да е министер за финансии, Десковска за правда...Освен ако не си во високото раководство на сдсм, вакви работи не би знаел никој. Така што, и сите овие од листиве, се надеваат на министерска функција. Мислам дека на овој начин раководството на сдсм сака да каже дека ако се изгуби, криви се оние кои биле на листите, а не Заев или Шекеринска, или не дај Боже, БЦ, бидејќи не се дел од листите. Кажав, ова не е нова стратегија на сдсм, истата ја имаа и за советничките листи лани и им беше погубна, освен што не ја добија власта, изгубија добар дел од членството.
    За вториот дел, сдсм не треба да креира политика мислејки што ке рече ВМРО за нив. Треба да мисли што ке мисли народот. СТратегијата треба да биде способни луѓе, на високи позиции, луѓе на кои народот им верува, луѓе на кои им се дава довербата. Не се гласа секогаш, ВМРО или сдсм, понекогш, гласаш за човек, за носителот, оти го познаваш, си го слушал како паметен човек, работното искуство негово ти влијаело на одлуката. А комплетен анонимус, не можеш за ништо да му дадеш мандат, само оти бил член на сдс...Нема логика.
    Факт е дека се гласа за парија, ама таа партија треба да го испочитува народот и да им даде способни и докажани луѓе на власт, а не некои за кои никој не чул. Не викам дека се неспособни, но од каде да знае еден македонец дали да гласа за некој кој до вчера немал никаков контакт со политика, со надворешен свет? Кој е ставен на листа само оти бил пресен сдсмовец, а не поради досегашните успеси??
    Сметам дека ова е сосема погрешна стратегија, која требаше да биде избегната од едноставна причина - ланскиот неуспех на истата стратегија. Од 84 општини, победија само во 4. И тоа е знак дека не дека има фалинки стратегијата, туку дека треба да се менува од корен.
    А со тоа дека им е фалба дека новиве немаат дамка, само се потврдува фактот дека старите имаат дамка. И не знам што толку им се брзаше за да ги исфрлат листите...ВМРО уште нема објавено, они инстант...без анализи, без прашања. Само објава, еве овие се идните пратеници, гласајте. Истражување како во ВМРО немаа (испитување на граѓаните кој би сакале да ги претставува и кој е способен да е нивен гласноговорник).Сепак, граѓаните бираат, не членовите.
     
  5. PussyHunter

    PussyHunter Нов член

    Се зачлени на:
    15 август 2011
    Пораки:
    636
    Допаѓања:
    723
    Ова беше на темата претседателски избори за да можам да ја насочам артилеријата тука. :lol:

    Cka е партиска активистка до максимум. :lol: Признај, затечени сте со овие новиве листи на СДСМ, ве разбија и фатија со спуштени гаќи. :lol: Ќе биде интересно сега каква кампања ќе води ВМРО против СДСМ, па фала богу се освестија СДСМ и им дојде памет пошто кога и да поставеа исти лица за носители на листи го јадеа стапот од негативните кампањи, сега ќе биде интересно и возбудливо. Секоја победа на ВМРО испод 15 пратеника и нема да биде којзнае колкава победа, во 2011 разликата беше само 9 пратеници не сметајќи ги 3-те пратеника од странство, а од 2011 год. наваму работите тргнаа уште повеќе низбрдо така што ако ВМРО победи тоа ќе биде со разлика од околу 4-5 пратеника, браво голема победа. :D Ма како биде така не се замарам и ќе си правам шоу од избориве. :) Факт е дека за првпат се гледа страв кај ДПМНЕ, ја нема веќе таа полетност и сигурност дека со сигурност ќе добијат на изборите, така така нека фуфка малку, нека се дрма и тресе ДПМНЕ како што го тресоа целиот македонски народ сиве овие 8 години.
    Ако ВМРО изгуби на изборите, ако не на овие на наредните сигурно, Грујо сигурно ќе си се повлече од партијата пошто таква суета не трпи опозиција, а башка и нелогично би било 8-10-12 години колку и да излезат да бидеш на власт и одеднаш во опозиција, стварно смешна слика би било така што најзагреан да го наследи Грујо ми делува Никола Тодоров, ете моја некоја си претпоставка. :)
    Ќе биде интересно до максимум, сигурен сум исходот од изборите ќе изненади многу. Сакаат да блокираат веб сајтови, да воведат државна видео лотарија, ова е само еден од начините каде што се гледа како насилнички, крвнички и диктаторски сакаат да ти ги земаат парите од џебот угушувајќи ти ја слободата, па дури и на интернет, така што режимот мора да паднееееееееее уаауууууу асдфјасч јкфњај љ афјњ фјсднкј насфј даскфс касдјфкл јаск фчјакч н. :D

    PussyHunter-ски прогнози
    (некоја си оптимистичка варијанта за портокалите)
    ВМРО - 50-55 пратеника
    СДСМ - 40-45 пратеника

    (некоја така посина варијанта значи фифти-фифти неизвесно)
    ВМРО - 45-50 пратеника
    СДСМ - 45-50 пратеника

    (и можеби најреална опција) :D
    ВМРО - 40-45 пратеника
    СДСМ - 50-55 пратеника

    Прогнозите ги темелам на тоа што во 2011 кога СДСМ беше многу послаб отколку сега и кога Бранко беше тогаш шеф освоија 43 пратеника, а како ли ќе биде сега кога сменија раководство и понудија нови луѓе на листите за пратеници и покажаа волја за промени... Ете таков “лаички“ пристап употребив, што можеби е аматерски, ама не е за потценување.

    Тешко дека некоја опција ќе освои 62+ пратеника, така што и натаму ќе мораме да коалицираме со албанците и натаму ќе губиме територии расправајќи се кој повеќе да се дограба до народните пари, а они ќе си работат на каузата да одбележуваат територии со џамии и знамиња и утре да си организираат референдум во Западна Македонија никој нема да мрдне и оп ќе си декларираат независност.
     
  6. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.388
    Допаѓања:
    17.605
    Пол:
    Женски
    Пи*коловецу, и тука, како и во темата-Претседателски избори, ќе те советувам да не ја уништуваш и оваа тема со твоите безлични и навредливи коментари. Ај воздржи се од твоите "политички осврти и анализи" и со овие коментари префрли се на некој друг форум кај што ќе те толерираат и нема да те игнорираат.
    Не е проблемот во партиски препукувања, проблемот е во твојот начин на комуникација, со кој упорно сакаш да испаднеш интересен во очите на феминките, демек забављач, а не знаеш колку монотно и иритирачки ти изгледаат "мислењава".
    Врати им ги парите на титови леви сили, не те бива за предизборно агитирање.
     
  7. PussyHunter

    PussyHunter Нов член

    Се зачлени на:
    15 август 2011
    Пораки:
    636
    Допаѓања:
    723
    Нема никој да ме замолчи кога е вистината во прашање. А ти не се понашај како класична вмровкаааааааа и да се закануваш, да заплашуваш и да замолчуваш, пошто тоа најдобро ви оди!!!! Не сум јас тој што одредува кој ќе победи на изборите, туку народот. Јас сум само една индивидуа, само 1 политички глас кој можеби е безначаен гледано како бројка, но 1 по 1 ќе се насоберат многу гласови и ќе победи таа партија што ќе победи. Затоа пиши си што имаш да си кажеш, мене не ме мешај, не може секому да се допадне она што го пишувам. Јас за разлика од тебе ги оставам да си пишуваат тие што мислат спротивно од мене, нивно право си е, немам волја ни енергија ни намера да ги разубедувам, туку имам само цел да си го кажам мојот став па макар предизвикал и бура од реакции со тоа.
    Не ме читај бе со еден збор што да ти кажам, ама очигледно кога и да налеташ на мене тешко ги вариш моите мислења пошто вмровската машинерија не може да ги сомеле затоа што станува збор за тврди позиции од кои отстапка и перење мозок нема. :D
     
  8. fighter

    fighter Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јуни 2010
    Пораки:
    1.249
    Допаѓања:
    2.485
    http://brif.mk/?p=140867

    15 месеци затвор за поранешниот градоначалник Јовановиќ кој прегази човек и избега, семејството на прегазениот обвинува за поткуп

    СРАМОТА!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!
    Што судтство е ова, која правдина е ова?!
    Не само што го прегази, туку и не му пружи помош и избега од местото.....за срамота!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!1
    Кај ќе им оди душата на тие судии!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!
    Градоначалник ако е, не значи дека е изземен од секаква одговорност, во Америка ако си носител на јавна или политичка функција, за ваков прекршок има да ти репнат казна најстрога од сите, зошто ти треба да служиш како пример за останатите.Ама кај нас тоа е обратно.Ако ова дело го строеше некој ОБИЧЕН СМРТНИК, ДО СЕГА ЌЕ СКАПЕШЕ ВО ЗАТВОР. ПРВИН МЕРКА ПРИТВОР, НЕОГРАНИЧЕНО ДОЛГО, ПА ЌЕ ГО ОСУДЕА НА 101 ГОДИНА И СИТЕ ТЕЛЕВИЗИИ И МЕДИУМИ ЗА ТОА ЌЕ ИЗВЕСТУВАА 24/7!
     
    На bubamara12345 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. fighter

    fighter Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јуни 2010
    Пораки:
    1.249
    Допаѓања:
    2.485
    Преродбеничка песна

    Извор:
    Код:
    http://www.plusinfo.mk/vest/130721/Vo-trend-e-pishuvanje-prerodbenichka-poezija-Zadovolna-administracija-nie-sme-srekjna-nacija
    Автор: Магистер Десанка Николова

    :rofl: :rofl: :rofl:
     
  10. corto.maltese

    corto.maltese Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2013
    Пораки:
    475
    Допаѓања:
    1.030
    Пол:
    Машки
    Ништо чудно и ништо страшно. Баш овој медиум и неколку блиски на истиот константно покажуваат на недостаток на слободен говор и изразување, а сега напаѓаат нешто за кое некој се чувствувал инспирирано од одредена ситуација и слободно ги изразил своите мисли. Очигледно сега проопозицискиот медиум треба да го обвиниме за она што наводно ним им беше правено. Ова е доказ дека ако СДСМ добие власт, ќе се пишува само она што тие го сакаат и ним им одговара.
     
  11. bubamara12345

    bubamara12345 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2014
    Пораки:
    413
    Допаѓања:
    610
    На fighter и curious-doll им се допаѓа ова.
  12. corto.maltese

    corto.maltese Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2013
    Пораки:
    475
    Допаѓања:
    1.030
    Пол:
    Машки
    Ова е „видено“ во Италија не во РМ.

    Со години имавме премиер, а после и претседател од ваков калибар. Директоров пробал барем да се скрие и да се направи дрво пијан некаде надвор. Политичарот јавно излегуваше дрво пијан и тресеше глупости. Е тоа беше видено во Македонија.
     
    На Daydream му/ѝ се допаѓа ова.
  13. fighter

    fighter Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јуни 2010
    Пораки:
    1.249
    Допаѓања:
    2.485
    А кој го плати патувањето на директорот на екскурзијата?!
     
    На bubamara12345 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. bubamara12345

    bubamara12345 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2014
    Пораки:
    413
    Допаѓања:
    610
    :D :D :D :D :D :D Кој платил и за директорот се знае-сигурно сам не платил ништо. Човекот отиднал у бољи живот, е не ке му ја мисли. За одговорноста спрема децата ехх тоа е најмалку битно. Срамота е ова да се случува. Родителите на кого им ги доверуваат децата :o :o Жалосно.
    corto.maltese
    Секој нормален и разумен би осудил вакво нешто. Дали Бранко бил пијаница или не знам каков тоа не е битно во овој случај. Прашање е и дали навистина тој е таков како што ти преку твојот коментар сакаш да ни го претставиш. Никој лично до сега не го запознал, па ни ти. Во јавноста имаше безброј слики монтирани еден период во кој се прикажуваше дека е таков пијаница, наркоман и бла бла. Пропаганда.
     
    На fighter и drakulce им се допаѓа ова.
  15. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.388
    Допаѓања:
    17.605
    Пол:
    Женски

    Оваа случка, кога директорот наводно бил пијан, се случила на екскурзија, во друга држава, кога сите биле слободни, опуштени и во друштвена атмосфера. Од сликите не ни може да се потврди дека директорот бил пијан, освен ако тогаш не му направиле алкотест, па сега да го приложат како доказ. :^) Ова се само шпекулации, не дека го бранам човекот, ама нели постои презумпција на невиност (ако знаете за што зборувам).
    А второ, сликава е од 2013 година и како баш сега, во момент пред избори, ја ископаа од архивата за да и ја презентираат на јавноста.
    Јас во ова не верувам, а верувам дека е само очаен обид за да се оцрни директорот (само поради фактот дека е од вмро-дпмне)
    Тоа што човекот лежи е нормално, не лежи во училиште на клупа или на работно место, туку лежи на лежалка на плажа. Вие што правите на плажа??
    Во тој момент можеби човекот се одмарал или лежи од што е прејаден.
    А тие средношколци кои биле пијани и го искористиле моментот да го сликаат нивниот директор, треба и тие да бидат за осуда, ако навистина станува збор за пијанство.

    Ова е само дел од кампања и нема никаков физички доказ за истото.

    Мене повеќе ме загрижува невоспитувањето на децата од страна на нивните родители, тоа го сретнав и на форумов а можете да го сретнете секаде по основните и средните училишта. Уште во основно образование децата пушат цигари, пијат, имаат секс, се дрогираат. Тоа треба да биде за осуда.
    Наместо да се свртат кон младината и нејзиното видливо пропаѓање, некои се занимаваат со "рекла-казала" муабети и папараци фотографии.

    Ако сакале нешто да искористат во предизборната кампања, го избрале најочајниот и најпогрешниот потег за кој може само штета да си предизвикаат.
    Штета, дека директорот може да ги тужи, бидејќи освен слики од екскурзијата (кои не можат во никој случај да докажат наводно пијанство), порталот а и физичките лица кои го објавуваат ова, немаат ништо друго за поткрепа на своите обвинувања.
     
    На Daydream, confused, corto.maltese и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. corto.maltese

    corto.maltese Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2013
    Пораки:
    475
    Допаѓања:
    1.030
    Пол:
    Машки
    Не бе не е. Домаќин човек е.
    Од каде си сигурна дека не сум го запознал? Не ми се пишува за него. Само ќе кажам дека човек кој нема чувства за сопствената сестра тогаш што останува да чувствува кон нас граѓаните.
    Во врска со директорот, ако се докаже дека направил прекршок, постои училишен одбор и комисија за образование во неговата општина. Тие ќе одлучат што и како со него понатаму.

    Друго ми е муабетот. Десетминутна посета по опозициски профили и што нема да најде човек.
    Мала компилација:

    Едно две три Т-то се скри
    Со среќа
    Вакви грешки во кампања не се дозЛОВуваат еднаш...
    ...а не па два пати (СДСМ Крушево)
    Шефовска носталгија (СДСМ Крушево)
     

    Прикачени фајлови:

    • edno dve tri1.jpg
      edno dve tri1.jpg
      Големина на фајлот:
      33,1 KB
      Прегледи:
      89
    • zoki zaev.jpg
      zoki zaev.jpg
      Големина на фајлот:
      44 KB
      Прегледи:
      89
    • ne1.jpg
      ne1.jpg
      Големина на фајлот:
      15,7 KB
      Прегледи:
      89
    • ne2.jpg
      ne2.jpg
      Големина на фајлот:
      72,2 KB
      Прегледи:
      89
    • Немој шефе!.jpg
      Немој шефе!.jpg
      Големина на фајлот:
      99,1 KB
      Прегледи:
      89
    На Elissa му/ѝ се допаѓа ова.
  17. corto.maltese

    corto.maltese Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2013
    Пораки:
    475
    Допаѓања:
    1.030
    Пол:
    Машки
    ...продолжение

    Од ФБ страната на Партијата за Целосна Еманципација на Ромите која на овие избори реши да му даде поддршка на СДС. Кај овие изгледа еманципацијата не е ни 1%, а не целосна
    Гревота е вакви луѓе да се користат во кампања
    Можеле да го збогатат со некој цитат од кумановката Ленче, лидерот на стечајците. На пр.: Дошја нож до коску или сл.
     

    Прикачени фајлови:

    На Elissa му/ѝ се допаѓа ова.
  18. fighter

    fighter Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јуни 2010
    Пораки:
    1.249
    Допаѓања:
    2.485
    Нема врскаш не бил пијан.Тоа од сонцето му беше зацрвенето лицето, а тоа што лежи на лежалка и го буткаат учениците, тоа е за да спречат евентуална сончаница од незнам колку степени во ноќта :rofl: Нема тој што да тужи, јас да сум родител на едно од тие деца, ЈАС НЕГО БИ ГО ТУЖЕЛА; затоа што тие се малолетни и се под негов надзор таму пратени, и тој најмалку смеел да дозволи тоа да се случи, односно да се конзумира алкохол од страна на лица помали од 18 години!
     
    На kikiviki32, babyblond и bubamara12345 им се допаѓа ова.
  19. bubamara12345

    bubamara12345 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2014
    Пораки:
    413
    Допаѓања:
    610
    Мене лично, преку овие фотографии дали биле пред избори, после избори, биле пласирани од Сдсм или Вмро не ми е воопшто важно. Битно е да се види и размисли родителите на кого ги доверуваат своите малолетни деца. Јас како родител никогаш не би сакала да доверам дете на некој си таков човек. Во мојот град, во сите средни училишта зборувам, се огранизирале и се организираат вакви екскурзии ден денес. Децата штедат и даваат по 10 евра одреден период и сите собрани пари се ставаат на жиро сметака, за да може секое дете да оди на ексурзија и посети место кое можеби ќе нема друга прилика да го посети. На таквите екскурзии НИКОГАШ не отишол директор на училиште. Децата одат преку туристичка агенција, родителите на сите деца се повикуваат на родителски состанок на кој им се презентираат сите понуди и самите родители одлучуваат за екскурзијата, со сите можни детали. Туристичката агенција нормално во својата понуда не остава ништо на случајност, на децата се мисли од секој аспект. Сепак се работи за странка држава. Децата не се препуштени сами на себе кога ќе појдат некаде.
    Друго зошто ми потенцираш презумција на невиност. Ако знаеш што ти зборувам - авторот што сака да каже. Мислиш дека само ти знеш што е тоа, претпоставувам си правник по професија. Мене со тоа не ме потценуваш никако. Велиш не го правдам човекот. Мене ми изгледа и тоа како го правдаш. Прво и основно јас не ги направив тие фотографии и напишав тој текст. Тоа е напишано и докажано преку фотографии на учениците кои биле дел од таа екскурзија. Друго као човекот можеби бил прејаден или не знма што па си лежел на лежалка. А што е со фотографиите каде лежи паднат од лежалката, или пак кога тој лежи, а околлу него голема група деца, кои се смеат. Нема врска, нели гледаме само тоа што сакаме само да го видиме. ОК секој има право на свое видување, ти твое јас мое. На фотографиите убаво се гледа каков бисер е човекот, никој не е слеп-видовме сите. И да, ако сака нека ги тужи слободно тие што го напишале текстот и нека докажува спротивни работи на суд. Ако му стиска ке сака да си го обели образот кој и тоа како си го оцрнел.Интервјуто со учениците и тоа ли е лажно а? Спомна и кампања против Вмро пред избори нели. Што мислиш ти, Вмро не прави секакви игрички, мачкање очи и лажно ветување за се и сешто. Као тие се многу поштени. Те загрижува не воспитувањето на децата од страна на нивните родители. Пишуваш дека децата од основно школо пушеле, се*сале, дрогирале и се сретнуваат различни девијанти поведенија. Тука морам да те исправам СИТЕ ДЕЦА не се исти, значи ако 1-2 деца пушат цигари или не знам што одма сите деца се исти. Не е во ред така да ги класифицираш децата, сите деца се различни. Не влегуваат во групата која ја наведе ти. Постојат секакви родители кои не водат сметка за сопствените деца, што не значи дека оние родители кои ги пратиле овиие деца на екскурзија се до таму забегани да им е сосема небитно какви им се децата и кај се појдени. Родителите на сите деца не се исти и прашање е кој и како успеал да им обезбеди пари за таа екскурзија.Можеби некој денар по денар собирал за тоа дете да оди и излезе надвор од Македонија, родителите ги довериле нивните деца на некого. Сигурно не би довериле на некој си пијаница. Бил тој од Сдсм или Врмо, тоа нема никаква врска. Успат, ако сакаш да бидеш јавна личност ЌЕ си бидеш баш претазлив во секоја смисла на зборот. Нема да дозволи било каков скандал. Македонија веќе не ја чудат вакви работи за жал, после сите бисери и глупости на политичариве, почнувајќи од Ѓорге Иванов, министрите и сите политичаари. Македонија се навикна на не сериозност и секакви глупости. Така да не ми е чудно веќе што се опраавдуваат и бранат вакви постапки. Кога еден Иванов-претседал на држава народот единствено го сваќа само како синоним на шега и секакви празни и смешни зборови и изјави, што останале за обичниот човек. Кога претседателот се бламира кај ќе стигне, јавноста видела овде што прави , а можам да замислм што прави некде кога ке патува во странство и ја претставува државата. Затоа светот се чуди што е со Макаедонија, си тапкаме во место и ке тапкаме уште многу. Мислам додека се освестиме.
    Јас не оправдувам ништо вакво, заради овој ЦВЕТОВ на сликите можело да настене некоја трагедија. За среќа немало такво нешто. Ама сите опции биле отворени. За лошото толку бидува. Кога би се случила некаква трагедија кој ќе одговара и кој ќе им објасни на родителие. Ова е хипотетички кажано. Заради постапката на еден човек, можеле да настраадаат децата.
     
    На fighter, confused и kikiviki32 им се допаѓа ова.
  20. confused

    confused Популарен член

    Се зачлени на:
    5 декември 2009
    Пораки:
    175
    Допаѓања:
    327
    Во врска со директорот и сликите: се согласувам со Абеја, некој збира политички поени на некоректен начин. НО, тоа што мене ме згрози од коментарите на новинарите преку некои коментари на форумов, е нагласувањето „директор од Вмро Дпмне“!.
    На никој не му текна дека токму ОВА е проблемот во МК. Тоа што директорските и сите одговори позиции се доделуваат врз основа на политичка припадност, а не врз основа на квалитет и лични постигнувања и докажувања. Дали е директор од Вмро или Сдсм ама ИЧ не е важно во случајов (или барем не би требало да биде). Во секоја нормална земја, при постоење на сомнеж дека директорот се опил на училишна екскурзија, би се покренала истрага да се докаже вистината. После истрагата следуваат соодветни мерки, нормално доколку се потребни.
    Не се согласувам дека директорот (доколку навистина е пијан) прави нешто сосем нормално, затоа што тој НЕ е на одмор, туку е на службено патување на кое презел одговорност према малолетни лица. И доколку јас бев родител на некое од децата ич нема да ми беше важна партиската книшка, туку безбедноста на моето дете. Затоа треба во случајов да се покрене истрага.

    За жал, додека во светот се доделуваат работни места врз основа на квалификации, во Македонија истите се даваат на лотарија и на партиски послушници. И да, зборувам за ДВЕТЕ водечки политички партии. Можеби некои од вас се млади и не памтат ама јас знам многу убаво и одговорно тврдам дека Бранко го правеше скроз ИСТОВО што го прави денес Груевски
    Се додека е ова вака, напредок во Македонија нема да има.
    И поштедете ме од коментари од типот „ Бранко е минато, треба да гледаме за денес“ , зошто знам мнооогу фамилии кои последиците од бранковите изживувања во минатото ги трпат и ден денес. А минато чии последици се чувствуваат во сегашноста, не е свршено време.

    и само да кажам дека ми се плаче кога ќе се сетам на лотаријата за македонски шуми. ;(. Колку неквалитетен и нестручен кадар се стави во администрација, ми се зема свест.
    На Македонија и треба трета опција, овие две досегашни се идентични. Да не е разликата во ставот околу прашањето за името, никаква промена не би се почуствувала. Имаат различни методи ама иста цел-лично богатење и на сметка на илјадниците сиромаси. Се надевам третата опција ќе ја имаме во најскоро можно време. Ова веќе не иде.
     
    На Sky-butterfly, Abeja и kikiviki32 им се допаѓа ова.