Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Актуелни политички настани

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Ariel, 3 август 2010.

  1. corto.maltese

    corto.maltese Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2013
    Пораки:
    475
    Допаѓања:
    1.030
    Пол:
    Машки
    Штета, а од сликите баш изгледаат како да се провеле незаборавно. Комплетна постава. Нема ништо подобро од средношколска дружба меѓу ученици и професор/и. Ако има нешто сето тоа да се залие, е тоа е спектакл.
    Гајле му е на директорот дали и кој ќе се расправа по форуми за тоа како тој си поминал во Италија. А не верувам дека и некој од ученициве се потресува околу тоа. Си имале супер екскурзија.
     
  2. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.388
    Допаѓања:
    17.605
    Пол:
    Женски
    Да бе, лицето само од алкохол е црвено :rofl: :rofl: А сликата не е gif па да покаже дека учениците го буткаат. Се се сведува само на рекла-казала муабети, тоа ништо не докажува, најмалку состојба на алкохолизирана состојба.
    Ти да си мајка на едно од тие деца, би требало во тој случај да се засрамиш, бидејќи ако си го воспитала детето како што треба, тоа нема да подлегне под туѓи провокации и да се опие и да прави глупости. Ако детето е воспитано ОД ДОМА, ќе знае што треба а што не треба да прави.(ова хипотетички го кажав и те зедов за пример)
    Се гледа дека ова им е еден од чекорите во предизборна кампања. :lol:
    Не го бранам човеков, нит го знам ни познавам, ама се знае што е обвинение и дека истото треба да биде засновано на факти.

    Со "презумпција" не ми беше намерата тебе да те потценувам, туку го употребив терминот, дека не треба да се осудува човек пред да се испитаат фактите, а некако задоцнето го објавија ова (или баш во вистинското време-пред избори :lol: ). Фотографиите ништо не можат да докажат за присуство на алкохол во крвта, а наводните интервјуа на ученици, можат да имаат правно дејство само пред суд и никаде на друго место, затоа реков треба да се внимава кога некој се навредува и обвинува јавно, постои можност за тужба за клевета.
    Човек кој лежи на песочна плажа и ученици кои се смејат повторно не докажува дека човекот е пијан.
    И имаш право, гледаме само тоа што сакаме да го видиме. Јас го гледам тоа што е на сликата (која не го докажува пијанството на некој човек), ама ти и другите кои размислуваат како тебе го гледаат тоа што сакаат да го видат-дека директорот е пијан и паднал од лежалката (можеби знаеш и кој каков парфем има ставено? :^) ))

    ;) Значи сепак признаваш дека ова со директоров е играчка за мачкање очи пред избори. Секако дека сите партии играат вака валкано, ама ти штотуку призна дека фотографиите се баш со таа цел. :lol:

    Точно, не се сите деца исти, можеби некои од децата се пијани но некои не се, ама како ќе докажеме од сликата кој е пијан а кој не е? Ете го одговорот на она што цело време го вртите во круг.

    Истава работа да беше објавена после избори, немаше никој да ја примети (ако воопшто беше објавено нешто вакво), ама сега си ја игра улогата.
     
    На Daydream му/ѝ се допаѓа ова.
  3. babyblond

    babyblond Популарен член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2011
    Пораки:
    1.168
    Допаѓања:
    1.548
    Пол:
    Женски
    Се согласувам целосно дека на Македонија и треба трета опција и ја имаше. Се вика Либерална Демократска Партија-ЛДП, ама на изборите кога беа 2011 иако имаше најдобра програма стратегија сепак немаа некој голем број гласови. Јас како тогаш тазе полнолетна и политички неопределна што и денденес сум бев на сите мининзи до еден, сите се плукаа меѓусебно, ЛДП не плукаа по никој и само најкултурно си ја презентираа нивната програма. Иако не беше митингот многу посетен на него беа сите чесни успешни бизнисмени и високо образовани луѓе и тоа не од овие сегашните пресно дипломирани со проектот за бесплатни студии за граѓани над 40 , туку луѓе со искуство дипломирани, магистрирани во СФРЈ и пред да отворат факултети на секоја железничка станица и бензинска а не прокондурени селани и селјаци и останати неписмењаци :!: За жал никој не ја гледа третата опција сите се или на список во едната или во другата партија или си за едните или си за другите, а ако си неутралец не те сметаат за жив. Ни е пред се немаме правна држава, непотизмот е на највисоко ниво, секој со секој е роднина се е со врски, со книшки и многу уцени и страв. И ова со директорот е лошо многу ама мене повеќе ме загрижи Бесплатниот паркинг за слепи луѓе во Битола :o (мене ова ми делува како несолена и многу фашисичка сериозна шега). Ако некој паѓа на ова и аплаудира на ова и се гордее тогаш има сериозни ментални проблеми. И убаво кажа еден германски пратеник кога нацистите ќе дојдат на власт нема сами да си одат, ама ете што ако се тепаа во Украина кога од опозицијата излегоа еден куп неонацисти кои рекоа дека до крајот на животот ќе убиваат социјалисти, проруси и евреи. Во Украина има евреи многу. Затоа не можиш да се буниш против власта оти никогаш кој полош можи да дојди. Ама кај нас секако кој и да дојди на власт кога ќе нема повеќе пари во државата секако ќе си одат како што си замина Бранко на Флорида, така и овие ќе си заминат и сегашните во Прага или Њујорк па сами ќе си го бараме чарето да си ги платиме кредитите или американците ќе ни ги платат, па после на нас ќе си прават експерименти. И така ќе не мора да ни пуштаат флуор во водоводот ние сме доволно отрпнати, отупени и пасивни како овци, само беекаме и ништо не преземаме. Како и да е најдобро е за бизнис кога народот отупен , отрпнат не знам зошто сите се запнале да лежат во државно и да земаат плата многу малку луѓе во државно па и партиски што се примени вистински работат, не знаев дека потомците на аргатите и комитите се толку мрзливи и безволни. Знам дека и за да си одиме од Македонија ни требаат пари. Ама сепак послушајте ја песната „Иди док си млад“. :D
     
    На bubamara12345 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. bubamara12345

    bubamara12345 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2014
    Пораки:
    413
    Допаѓања:
    610
    Абеја не ми превртувај мене мои лични зборови ТЕ ЗАМОЛУВАМ. Јас не признавм и воошто не ми е грижа дали ова се политички ситни или поенчиња ситни од некого. Ти гледам се тепаш за Вмро, што не е случај и со мене. Јас не сум партиски војник и послушник. Мене не ми е битно дали овде пишува дали директот бил Вмро или Сдсм. Добро е ова што се објави, барем во иднина родителите малку ке ја подигната свеста своја и ке размислт убаво на кого ке му ги доверат своите деца. За мене ни едните ни другите не се она што на нашата држава и треба. Од ваквите политики нивни, мислам и на едните и на другите, денес сме дојдени до овој степен-Дно. Затоа немој да ми вртиш зборови, почитувај се што сум пишала-било тоа да е различно од твоето мислење и став, на ист начин како што јас го прочитувам твојот став. Не сум партиски послушник и нема да бидам. Мене не ми е целта да бранам нечива политика. Јас како граѓанин на Р.М имам право на свое мислење и став околу политиката и состојбата во ншата земја. Дали некому му не му се допаѓа моето мислење не ми е важно. Немој да мислиш дека сите лица се тука или Сдсм или Вмро. Секој има своја глава да размисли и свои очи за да види што се случува.
     
    На drakulce, fighter, kikiviki32 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. babyblond

    babyblond Популарен член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2011
    Пораки:
    1.168
    Допаѓања:
    1.548
    Пол:
    Женски
    Место да печатат и гласачки ливчиња со браилово писмо тие еве што прават https://www.youtube.com/watch?v=DKpG0xCcOKM

    :clap:
    Јас мислам и радио за глувите треба да отворат и на секое радио да има по една емисија за глувите лица. |( И како да одам на гласање, како?! За кој да гласам, за кој?! :worried: Каде ќе им оди душата? :!:
     
    На bubamara12345 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.388
    Допаѓања:
    17.605
    Пол:
    Женски
    Бидејќи убаво ме замоли, еве ќе ти појаснам дека намерно ги издвојувам цитатите, за да се види што и кому реплицирам. Никогаш не го пренесувам разговорот со индиректно значење.
    А по пишувањето (пропуштање и вишок букви) гледам дека си била доста вознемирена додека си пишувала, ама тоа е како кога некој ќе ти ги побие доказите во суд, во тесно си и мораш да се помириш со фактите, колку и да те разбеснува истото. Случајот немаше врска со партии, иако му била залепена партиска етикета на директорот, ама тебе тоа ти е појдовна точка за се-партијата, особено таа на власт, е крива за се.
    Мене, во случајот со директорот, не ми беше битна партија, туку увидов дека работите не се такви какви што НЕКОЈ сака да изгледаат. И да имало нешто слично на тоа, тоа требало веднаш по екскурзијата да се испита а не сега да се користи пред избори, кога нема начин истото да се утврди, туку да остане само како дезинформација.
    И јас сум да се казнуваат образовните работници, ама не пред избори како дел од политичка кампања и не без докази кои би го потврдиле истото.
    А муабетчињата за партиски пиуни и послушници остави ги за муабетите со другарчињата од маало, смешно е на некој да му делиш етикета на партија, само затоа што правилно расудува и гледа со свои очи. И да бил директорот од сдсм, пак ќе го имав истото мислење, дека сликата не докажува нешто, треба да се расудува според тоа што се гледа, а не според фантазијата што би можело да претставува и како мириса.
    Според тебе, сите кои не те поддржуваат во твоите негативни и песимистички погледи кон власта и општо кон се што може да биде поврзано со неа, се партиски обоени.
    Но, ако примети, никој од тие "партиски обоени" како што ги нарекуваш, во своите мислења не употребува толку омраза, навреди и етикетирање кон останатите кои не мислат како нив, како што го правиш тоа ти и сите кои опсипуваат со омраза кон власта.
    Ако имате проблем со власта, со политиката, па одете со нив расправајте се, противречите им, борете се за своите права, ако имате муда и симнете ја власта

    Списанијата се полни со скандалозни фотографии од шоу бизнисот, од кои ниту пола од нив не се вистинити.
    Во средно имав професор, кој беше општо познато дека е од сдсм, а секој ден доаѓаше пијан на работа и плукаше во корпа, за предавање да не правам муабет. Па никој тогаш од неговата партија не презема одговорност или не го искористија од опозиција за предизборна кампања.
     
    На confused и Daydream им се допаѓа ова.
  7. curious-doll

    curious-doll Популарен член

    Се зачлени на:
    8 јануари 2013
    Пораки:
    360
    Допаѓања:
    804
    http://maktel.mk/index.php?option=c...oddrzhuva-horhe-istrese-tezhok-gaf&Itemid=660


    од ова:
    ...Се надевам да им упатам со тага, и жалост на портокаловите, на моите доскорешни сопартијци,навистина,чудно е како доживеаа идеолошки шок чудно е како доживеаа церебрален казамат во главите.Од каде во вмро таква идеолошка конфигурација, од каде таква десна проевиненција политичка во која најголем десничар е Љубисав Иванов Ѕинго?
    Вчера името,човекот што се одзива на никола груевски замислете од што се откажал, се откажал од заклетвата на илинденците, и на гемиџиите рекол ја бришеме слобода или смрт. Вчера ве убедувам дека се превртуваа во гробовите илинденците. Затоа бегство,бегство од името никола груевски,бегство од такво идеолошко голиче никола груевски.

    сега оди во караванот на тимот кој победува, на хорхе иванов :)))) како парата го менува човекот,еее гледајте, за памет како НЕ треба :)
     
    На drakulce и bubamara12345 им се допаѓа ова.
  8. Marossa

    Marossa Популарен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2012
    Пораки:
    2.398
    Допаѓања:
    6.870
    Пол:
    Женски
    ^Пола од тимот Иванов се такви избегалици што пред некое време плукаа по Грујо и компанија,а сега трчаат по Хорхе без око да им трепне.
    Се продадоа сите,парите го вртат светот,не за џабе се рекло...
     
    На PussyHunter и curious-doll им се допаѓа ова.
  9. Mosquiita

    Mosquiita Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јуни 2013
    Пораки:
    240
    Допаѓања:
    663
    Eден предлог до позицијата и опозицијата : гледам носат пеачи на митинг со цел да соберат повеќе луѓе, нека го донесат Кајмакоски , цела Македонија ќе присуствува на митинг :lol:
     
    На x-MajaEsposito-x, bubamara12345, babyblond и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. babyblond

    babyblond Популарен член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2011
    Пораки:
    1.168
    Допаѓања:
    1.548
    Пол:
    Женски
    Не верувам во почеток на кариерата така лесно да се продаде и политички да се обои, обично тоа е последна опција за пејачите мислам. Тоа го прават кога веќе се очајни. :!: Иначе не е лоша идејата за концерт. :clap:
     
    На SparkyAngel, bubamara12345 и Mosquiita им се допаѓа ова.
  11. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.098
    Пол:
    Женски
    [​IMG]
     
    На hermosa, aleks26, SparkyAngel и 3 други им се допаѓа ова.
  12. fighter

    fighter Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јуни 2010
    Пораки:
    1.249
    Допаѓања:
    2.485
    Кога прочитав дека некој си Саше Политико се нашол на листа на пратеници во некоја си квази партија, си реков ДАЛИ ГО ДОСТИГНАВМЕ ДНОТО!?

    Јас предлагам, наместо да има комисија за лустрација која го преиспитува минатото на идните носители на функции, да постои КОМИСИЈА ЗА ПСИХО ОЦЕНУВАЊЕ па сите што сакаат јавна функција првин таму да се тестираат.
     
    На SparkyAngel, Daydream, bubamara12345 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. Elissa

    Elissa Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2014
    Пораки:
    3.304
    Допаѓања:
    22.594
    Пол:
    Женски
    Да си жива и здрава, е тоа за секој поединечно треба богами.
     
  14. simonna.a

    simonna.a Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 февруари 2013
    Пораки:
    4.462
    Допаѓања:
    33.355
    Пол:
    Женски
    Јас не сум многу по политиките ама овој од Кореја човекот диктатор на векот е жими неговата фризура.... сите исто ќе се шишате сакам сите да сум јас и јас да сум сите и сите за мене а јас за никаде работата... :fubar:
    Иначе да ви го претставам Диктаторот Жаре Јонг Ун :rofl:
    [​IMG]
     
  15. corto.maltese

    corto.maltese Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2013
    Пораки:
    475
    Допаѓања:
    1.030
    Пол:
    Машки
    На Elissa му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.779
    Допаѓања:
    22.421
    Пол:
    Женски
    За што браво, да си продолжите едните и другите да си агитирате по вашата план и програма од партиите?
    Што сакам да се сретнете некаде сите заедно и една масовна шутка и темачка да падне, да се испотепате меѓу себе, можда памет ќе ви дојде зашто се продавате за ситно.
    Убаво си беше затворена темата, кај секој ден по 5 саати ги даваат на сите телевизии, па уште и тука да ве читам вас како меѓу себе се карате и агитирате апла те за едниот те за другиот.
    Како не падна кампаѓава летово, да се спасев барем од ова, малер...
     
    На corto.maltese му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Dvolicen

    Dvolicen Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2012
    Пораки:
    1.431
    Допаѓања:
    3.485
    На Marossa, drakulce, PussyHunter и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. PussyHunter

    PussyHunter Нов член

    Се зачлени на:
    15 август 2011
    Пораки:
    636
    Допаѓања:
    723
    Пазете што пишувате, се читаат. :D Реакцијата на Тодоров кога ќе прочита некој коментар што не му се допаѓа. :D

    [​IMG]
     
    На drakulce и Sky-butterfly им се допаѓа ова.
  19. makedonkamak

    makedonkamak Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 октомври 2013
    Пораки:
    3.616
    Допаѓања:
    27.000
    Пол:
    Женски
    http://www.telma.com.mk/vesti/nepostoec ... rna-zgrada
    Дали е ова нормално. До кога со вакви работи? Уште ова го немав видено и ова го видов. Можеби истиов процес се случувал години нанзад. Ова е врвна срамота за една држава, не сме способни еден попис да го завршиме до крај, а не пак да организираме фер и демократски избори. Ми се гади веќе од оваа наша т.н демократија.
    http://www.telma.com.mk/vesti/chlenovit ... -zadachata
     
    На bubamara12345 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. PussyHunter

    PussyHunter Нов член

    Се зачлени на:
    15 август 2011
    Пораки:
    636
    Допаѓања:
    723
    Ставре бесен поради енормно слабата посетеност на митингот, сосема разбирливо се љуљаат фотељите. :D
    http://brif.mk/?p=144909
    [​IMG]

    Кажано во македонски стил издржи уште малку. :lol: Крај краева и биди среќна што вака на “мирољубив“ начин сакаат да украдат гласови, затоа што кога едно владеење се ближи кон крајот знае да има и крвопролевање ама зрела држава сме ќе го решиме тоа мирно преку избори. :)
     
    На bubamara12345 му/ѝ се допаѓа ова.