Актуелни политички настани

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Ariel, 3 август 2010.

  1. BoaVista

    BoaVista Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 август 2010
    Пораки:
    3.912
    Допаѓања:
    31.672
    Пол:
    Женски
    Никој не рече дека таквите тепачи ги има или ги имало само во ВМРО, ама моментално кај нив е моќта и власта и тие се силните. Без разлика на која политичка партија припаѓаат треба да одговараат за направеното. Треба да се стави крај на локалните шерифи кои терорираат луѓе, па не вмровци, не сдсмовци ма какви сака нека се бре.
    И само незнам како можеш заради партиски интереси да оправдуваш насилие? Па да ти кажам најискрено таквото насилие само негативни работи може да и донесе на една партија, ништо позитивно.
    Енца душо не се замарај со глупости, некој очигледно е во состојба да оправдува насилнички однесувања само заради и во корист на партиските бои.
     
    На enca.69 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Vitorija

    Vitorija Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2011
    Пораки:
    912
    Допаѓања:
    599
    Па ова баш и не ми личеше на расправија, туку чист пример во кој девојката ја докажа привилегијата на
    партиски членови кои служат буквално за да го заплашуваат народот со вандализам и насилие со порака ова ќе ви се случи ако не сте со нас :tmi:
    Всушност и сама кажа дека си била сведок на слични настани но не ги раскажуваш тука...
     
    На enca.69 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. enca.69

    enca.69 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    1.709
    Допаѓања:
    3.454
    ^^^
    Девојки фала на подршката, ама не ја рецкам и не ја читам веќе, фала богу (фемина) листа непријатели има ...
    Кога некој ќе стави партија пред невин човечки живот, со тој ,,човек,, е излишна и сувишна секаква комуникација...и убаво ќе беше да не и вратев, ама ме вадат од контрола нечовечки потези за жал....
    Сите останати на темава сочувствуваа, ама кој е тука со поинаква мисија ќе пишува и такви мизерни нечовечки коментари и ќе се смее...
    Зарем може некој да се нарече човек кога партиското определување го става пред човечки, детски живот...
    Можеме и да се караме, и да си треснеме по една за партијата, еве вака потемпераментните ко мене, ама кога е во прашање човек и човечки живот мислам дека секој нормален ќе запре, и ќе го стави прстот на чело...
    Човечкиот живот пред се...
    Некој крвави солзи рони затоа што не од партијата, и не гледа излез, а некој се расфрла со иронични коментари...
    Срамота...
     
    На BoaVista му/ѝ се допаѓа ова.
  4. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.128
    Пол:
    Женски
    Еј полекате со жигосување на луѓето, дај не влегувајте во ферка со една форумџика заради тоа што мисли поинаку од вас. Никаде таа не рече дека некој од тие поддржува, а побара да тоа фино се објави каде што треба да си излезе во јавност и да се превземат сите потребни мерки, ДОКОЛКУ НАСТАНОТ СЕ СЛУЧИЛ! Сепак, сите сме во моментот на различни места, не се гледаме во очи, не се познаваме од детството, и не ги знаеме приказниве една на друга за да секој слепо верува во се што некој ќе напише тука.
    Толку бар знам.
    Ако некој не се согласи со став на одредена форумџика, која инаку би гласала за СДСМ, не значи дека по автоматизам е за Грујо, како што и не значи по автоматизам дека поддржува насилство и сета политика на Грујо.
    Пак и за оние кои ја поддржуваат ВМРО јас нема да им се фатам за коса и да им се клацкам бидејќи се за партијата која јас нема да ја гласам, само бидејќи имаат поинаков од мојот став.

    Девојката ја изреволтиравте и извалкавте до бескрај.
    Полека малку.
    Што се тие клетви да ти се случи пак да видиш.
    Тоа како смее да се случува да се пишува на форумов.
    Побогу не сме мали деца бе луѓе смирете страсти
     
    На MSkorpionka, sanjaeva и Dgirlll им се допаѓа ова.
  5. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    19.251
    Допаѓања:
    124.621
    Пол:
    Женски
    Enca потполно те разбирам зашто имаш страв, и потполно ти верувам на секој збор што го кажа. Ја имаш мојата подршка да го обелодениш ова. За жал не можам повеќе да ти помогнам. И те молам не се расправај со луѓе кои не можат да се отрезнат од влијанија и јадните не сваќаат дека се само добро испрани мозоци за да шират пропаганда а некои 2-3 луѓе да го гледаат ќарот од тоа.
     
    На milky-candy му/ѝ се допаѓа ова.
  6. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.077
    Јас тврдам дека приказната на Енца е вистинска, мајка ми работи во здравствената установа каде што лежи дотичната претепана особа. Но заради лекарската етика несмее да изнесува било какви информации во врска со тоа.
    Кој е луд во јавна установа да кажува вакви работи??? Да си го ризикува работното место па и животот???
    Никој.
    Владее страв и тоа е тоа. :x
     
    На Mygirl, JuLleE, nena2010 и 3 други им се допаѓа ова.
  7. Vitorija

    Vitorija Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2011
    Пораки:
    912
    Допаѓања:
    599
    Што мислите за ова мисла...
    Ако сакате да ја процените Демократијата на една држава-погледнете ја нејзината Казнена Политика :x
     
    На milky-candy му/ѝ се допаѓа ова.
  8. milky-candy

    milky-candy Нов член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2010
    Пораки:
    703
    Допаѓања:
    715
    Ги читам последниве 2-3 страни и можам само да констатирам дека некои од вас на многу дипломатски начин се ставаат во одбрана на чобанската влада на вмро...Проѕирни сте- само тоа ќе ви кажам... :)

    Е сега кога веќе говориме за криминални ликови, кои поминале неказнето заради тоа што се блиски членови на вмро - јас можам многу примери да ви наведам и тоа со име , презиме, факти и све, па да видиме после про-вмровките што ќе измислат за да не убедат во спротивното... :)
     
    На BoaVista и enca.69 им се допаѓа ова.
  9. enca.69

    enca.69 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    1.709
    Допаѓања:
    3.454
    Благодарам ...
     
  10. BoaVista

    BoaVista Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 август 2010
    Пораки:
    3.912
    Допаѓања:
    31.672
    Пол:
    Женски
    Мимс ти се молам немој да правиш случај и да изнесуваш вакви глупости пред избори. Од каде сега па дека мајка ти работи во здравствен дом? Си слушнала таму по партиските штабови, па сега шириш дезинформации. Готово СДСМОВКА си, со тапија! :D :D :D Вака сигурно би гласел одговорот на некои форумџики :)

    ШАЛА НА СТРАНА, жално е тоа што се случило, ама уште пожално е тоа што некои луѓе кампањата ја поистоветуваат со живот!
     
    На mims-89 и enca.69 им се допаѓа ова.
  11. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.128
    Пол:
    Женски
    Девојката, која замоли за помош, и која ја доби од истата членка која до сега ја напаѓаше

    Смешно е да некому му помогнеш и да му кажеш добронамерно да не ФРЛА КЛЕТВИ ДА ПОСАКУВА НЕКОМУ ДА МУ СЕ СЛУЧИ и вие тоа да го оправдувате и сега уште и ова да го читаш во свој инбох од истото. Но важно има кредибилитет девојката АМИН ЗА ТОА

    испраќа порака

    Re: Здраво пак

    Испратена на: пред 2 минути
    од enca.69
    Значи тоа не беше клетва, и молимте немој барем лекции да ми држиш што требаше да и одговорам за таквиот нејзин коментар, и навреди дека лажам како малоумна да пренесувам коперациски приказни, на обвинување кон мене и мојот збор ќе реагирам како јас сакам...
    Не ме интересира веќе дали е или не е обоена, тоа веќе зафаќаше друга димензија, човечката и хуманата...
    Сигурно немаше да се смеам да слушнав за дете од вмро на кое ова му се случило, ако ништо друго ќе преќутев...
    На одредени работи реагирам и се однесувам онака како што јас функционирам, да и некоја навреда, кога јас ќе се осетам нападната и навредена, со некои луѓе елоквентност не помага, затоа што тие самите не се, а мислат дека се...
    Благодарам на советите, ама нема да ги послушав, во ред е што јас и мојот начин не ти се допаѓа, еве лично мене ни твојот начин на претставување не ми се допаѓа, помалку и ме иритира, ама не ти пишувам да не го правиш тоа, да бидеш контрадикторна сама на себе постојано, ти мислиш дека не е така, како што јас мислам дека не е така тоа што ти мене ми го посочуваш...
    Егзистирај на форумов на твој начин...
    А за кредибилитетот, не мислам дека имам некој пресуден кредибилитет на форумов, нит пак, мене повеќе ме знаат па ќе се трескам, тоа и го кажав само за да потенцирам дека подолго време егзистирам тука, сме разменувале и податоци и информации, со неколку форумџики се знам, и затоа не би си дозволила да улетам и да прераскажувам детска приказна...
    Инаку, уште еднаш потенцирам не мислам дека имам клучен и незнам каков кредибилитет на форумов, само подолго искуство, не ми ни треба, нит имам нешто од тоа, нит па се трудам...
    Пишувам де ич де неколку поста дневно, и тоа е доволен доказ дека не сум тука со никаква кауза да бидам месија на форумов, во спротивно, ако го сакав тоа ќе дремам 20 саати тука и ќе пишувам и паметувам на сите теми...
    Тука сум две години затоа што сакам и само кога имам да кажам нешто, а не за рејтинг, кредибилитет, да се борам за места или слично...
    За 2 години имам мислења колку некои тука за 2-3 месеци...се разбираме нели...
    Фала многу за информациите кои ми прати и секое добро...


    ЕДИТ: Комедии сме до каде сме стасале жени мои!
     
  12. milky-candy

    milky-candy Нов член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2010
    Пораки:
    703
    Допаѓања:
    715
    Еве нешто најново :)
    [​IMG]

    Ова мислите дека е обичен привезок? Епа не е..
    груевски нема никаква намера да обезбеди слободно, фер и демократско гласање во недела. Тој се сомнева дури и во сопственото членство. Затоа, им набавил 180 вакви приврзоци со камери, тип DVR 808, со кои ќе треба да го сликаат гласачкото ливче и да докажат дека гласале за ДПМНЕ. Ова е последниот, очајнички крик на ненародниот премиер во заминување.
     
  13. enca.69

    enca.69 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    1.709
    Допаѓања:
    3.454
    Колку да знаете на што е одговор моето писмо...
    Ова е лп од НЕУТРАЛНАТА Жапче, која си прави место во партијата очигледно...

    Цитирам

    пс. помалку со навреди. помалку со став од пред да запознаеш човек дали е обоен или не и не ја вреѓај ниту Абеја со клетви, бидејќи е стварно безврска. Независно колку е висок твојот кредибилитет на форумот. Лошо ни на непријател не му се посакува, а АБЕЈА тешко дека ти е непријател, макар таа била за ВМРО, што сумљам по нејзините ставови до сега што ги имам читано околу.
    Но не е ниту за СДСМ.А ова јавно критикување на влада, претпоставувам ти е јасно и дека јавно си жигосан дека си против владата и автоматски ти се затвараат сите порти за влез во таа влада.
    Не е се онака како што изгледа на прва верувај.

    Затварам цитат...

    И ти си новинар ...хахахааа....
    Тогаш ќе знаеше што е приватност, а не лп да објавуваш јавно...срамота...мада не ми пречи воопшто, напротив мило ми е што имаат можност членките да видат дека ми солиш памет, и ме убедуваш да не одам јавно против партијата, затоа што си затварам место во влада...цццц
     
  14. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.128
    Пол:
    Женски
    Страшно навредлива содржина нели :)

    Еве ја Енца оригиналната. Слободно препрочитајте ги навредите од истава девојка кои ги добивав во изминатите неколку денови, истава девојка покажа хуманост да и помогне.


    До: enca.69
    Наслов: Актуелни политички настани

    enca.69 напиша:^^^
    Со волку просто и безчуствително створење не продолжувам да дискутирам...
    Ти посакувам да ти се случи па да те видам дали со тоа рачето ќе се смееш....
    Цел еден ден праќав мејлови и ми ги враќаше....неуспешно испраќање...
    Од тогаш не се обидов, не го отворив тој мејл...
    Гледам што се случува и да СТРАВ ми е...ако успеам некако случајно да обелоденам о.к, ако не мил ми е животот...
    Нечовечко суштесво...пу јазк на што сте спремни...
    А твоето ниво за жал и пониско од на глујо е....цццц...




    Пробај за сега со овие. Телефонски броеви
    * borjan.ez@gmail.com Борјан Јовановски ти е тоа.
    * vladeg99@yahoo.com Владе Ѓорчев ти е ова, еден од уредниците во Шпиц, не знам точно што е сега.
    * kcanevska@yahoo.com / katerina_canevska@yahoo.com од А1

    пс. помалку со навреди. помалку со став од пред да запознаеш човек дали е обоен или не и не ја вреѓај ниту Абеја со клетви, бидејќи е стварно безврска. Независно колку е висок твојот кредибилитет на форумот. Лошо ни на непријател не му се посакува, а АБЕЈА тешко дека ти е непријател, макар таа била за ВМРО, што сумљам по нејзините ставови до сега што ги имам читано околу.
    Но не е ниту за СДСМ.
    Ако приказната веќе била дадена инаку, можно е да поради х причини не ја објавиле, бидејќи и тие понекогаш се штитат да не добијат пријава, поради тоа што и во новинарството работата не е така сјајна напиши текст и ок си, а е полошо одошто и за оние надвор на улица, пошто иде конкретниот новинар со име и презиме и сите имаат негови податоци. Па по сторија не чекаат понекогаш ни утро за да ти се јават и да те потсетат оние за кои си пишал дека не се согласуваат со тебе.
    Затоа не ги потценувај тие што работат ваква професија, посебно не обични новинари, кои не се уредници а се таму чисто заради пари, склоп на несреќни околности да мораат да работат понекогаш и да трпат такви притисоци, кои на други места ги нема. А ова јавно критикување на влада, претпоставувам ти е јасно и дека јавно си жигосан дека си против владата и автоматски ти се затвараат сите порти за влез во таа влада.
    Не е се онака како што изгледа на прва верувај.


    А, на ваквите дајте им кредибилитет потребен им е да!
     
  15. Vitorija

    Vitorija Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2011
    Пораки:
    912
    Допаѓања:
    599
    Ама имале они и некои КИНЕСКИ пенкала со кои ќе ги бришат гласовите за СДСМ :lol:
    Леле комедии сме
     
    На enca.69 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.128
    Пол:
    Женски
    Да влезеш девојко во истата влада значи да добиеш информација. Аман. каде се бориш за каде се тепаш.Џабе ти е секој со очи и доволно ум ќе те прочита.
    Само штета за другите/


    ДА НОВИНАР, БЕ У КРВ, САКАМ ВИСТИНАТА НА ВИДЕЛИНА :lol:
     
  17. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.226
    Допаѓања:
    41.469
    луѓе смирете страсти, ќе отиде темава :!:

    бај д веј, што преврзоци се тие бре??????/ :o :o :o :o

    леле леле леле, што све нема да им текне господе боже!!!! :x :x :x :x
    ова е неверојатно бре господе! цццц, не можам да поверувам во какво опшество живеам еј
     
  18. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    19.251
    Допаѓања:
    124.621
    Пол:
    Женски
    Енца и Жапче смирете страсти доста вадите ЛП по форумов. Еве жапче ти дала и адреси и се. Знам дека ти е тешко и огорчена си ама па дајте малку смирете топка. Утре можи на иста маса ќе седнете, можи во иста фамилија ќе бидете а вие овдека клетви и чуда. Дајте полека. Овде сме сите луѓе првенствено не само букви и смајличиња. Полека женски ве молам.
     
    На zhap4e му/ѝ се допаѓа ова.
  19. BoaVista

    BoaVista Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 август 2010
    Пораки:
    3.912
    Допаѓања:
    31.672
    Пол:
    Женски
    Жени смирете ги страстите, ќе отиде и оваа тема по клуч :)
    Туку незнам зошто се изнесуваат лични пораки во политички теми?!?
     
  20. MacaLove

    MacaLove Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2011
    Пораки:
    2.399
    Допаѓања:
    6.337
    Да ми простите, ама едвај чекам и оваа тема да ви ја затворат.
    Сите односи се нарушија.
     
    На nena2010 и zhap4e им се допаѓа ова.