Зголемување на платите на вработените во државни институции и јавни претпријатија во сопственост на државата, зголемување на пензиите, приоритети за пензионерите. Какви приоритети имаат младите во Македонија? За младите единствена надеж е отварање на нови фабрики (каде знаеме дека земаат минимална плата). Не е работата: дојдете во Македонија минимална плата е 120 евра, па не се будали да инвестираат во држава каде минимална плата е 400. И тука ќе се вработуваат? Во овие фабрики, ќе ги вработаат од партија, ќе се испотепаат кој побрзо да фати место, еј за 8000, да не зборуваме за останати трошоци како за храна и пат, ама тоа е. Жално е кога гледаш како некои (што не знаат ни да се потпишат) ќе фатат некое добро место, а некој кој се трудел и учел го "играат" за 8000, или пак не е вработен. Како младите ќе формираат семејство со толку ниски примања? И освен тоа, овие од другите партии немаат право на живот? Ако си за државата да оди напред, ќе бидеш за сите.
Ауууу па вакви подочњаци нема некој кој е сигурен во себе и победата, нели? Само пробувам да инкорпорирам логика. Чему тие секирации и неспиење. И еве оваа вест и слика е од Курир да не мислите само опозициски портали читам. Спојлер
Колку што можам да приметам нешто многу загрижена ми изгледа сегашнава гарнитура за исходот на овие избори штом почна да се служи со класично купување на гласови. Како поинаку да го наречам денешново доделување на решенија за подигнување на пари на оние заборавени јадни жртви од транзицијата. И замислете два дена пред гласање им текна да ги викаат луѓето да им доделат решенија. Аууууу изгледа некому ептен му гори под нозе па веќе без срам почнува да ги купува гласачиве .
За жал, мислам дека владејачкава гарнитура повторно че освојува победа, само изгледа ќе биде скоро бедна, а при помош ќе им долетаат сателитите како ГРОМ, АПМ и слични. Но и опозицијата не понуди ништо посебно.тоа претседателскиот кандидат може само малце да ги извади, но ЛИСТИТЕ и платформата им се трагични,...трагични! Сакајќи од Бранко да избегаат, влегоа во други глупосто! НЕ знам, на МК црно и се пишува за жал.
СДС да си го вратат Бранко оти поарен не наоѓаат за нив. Заев ги закопа. Нова гарнитура, нови анонимци и нови генијални грешки. Туку, како е можно дијаспората да гласа и 90% од гласовите да се за ВМРО ако сите бегале од државава заради ВМРО? Ај сега небитно тоа, туку, ГРОМ наводно, ке се припоеле со ВМРО за да фанеле позиции (министрерски, директорски). Значи од Стевчо полижач и понелојален човек немам видено. Секако, ке фанат некое место во собрание, оти по влашка линија(читај наредба) сите власи ке гласаат за нив. Иначе, ми стаса дома писмо од сдс. АКо сум сакала промени, да гласам за стеванчо. Какви промени? Да биде како што беше ви нивно време? Да бидеме сите дома избркани од работа (нели Заев жива треба да ме јаде оти сум административка), пензионериве дома да им ја намалат пензијата, на тетка ми да и ја намалат социјалната помош, да ги снема субвенциите во земјоделието, пола село да им ги одземат тракторите?? Да платам 2500 евра магистарска, наместо 1200??? А, не фала. Мене вака ми е убаво. Не сум ненормална да барам полошо, а уште повеќе осветољубиво створење кое сака да ме изеде жива, да гледа како умирам додека јаде живо месо. Драг Заев, ако некогаш победиш и мораш да ме јадеш(така вети) дојди прво од газ*в да ми каснеш. Најголем ми е, и мрсничко е, па да ти се свиди.
Го нема веќе Бранко знам дека стравот од пораз(и) расте, од ден во ден. Како биде така. Нека се тресе и дрма ВМРО до последниот пребројан глас. Така така само остро за тие самобендисани и арогантни копилиња. Инаку општо зборам Cka тебе само те цитирав. Смешна си ми со тоа тврдење, ама очигледно ми е зашто сакаш Бранко да се врати. За да може ВМРО лесно да победува. Епа тоа време е минато.
Јас не сакам да се врати за лесно да победува ВМРО, туку затоа што е многу поасолен од Заев. На секој му треба добра опозиција и коректор за да се труди да е подобар. Инаку, резултатите се од сега познати - ВМРО пак ке победи, ама со тие луѓе од пратеничките листи, мислам дека светот ке се зафркава.
Готово партиските осички се разбудија и возбудија. Почна борбата на форумов, за правда нормално. Офф па кога ќе ми текне дека уште на некои лица Бранко не им излегува од уста ми иде да пукнам од смеа. На толку актуелни настани изминативе денови, а се околку изборите. Се фаќаме за Бране. Тоа е некои работи што не сакаат да се коментираат ќе се премолчуваат и ке се правиме дека ништо не било. Пример со Агенцијата за вработување и 500 лица-стечајчи кои биле повикани за работа демек, потоа зградите со 25 спрата и 100000 лица што живеат во нив, паричната помош или т.н купување стечајци со 7000 денари, митинзите на партиите и ред други циркузи еееееееееееееееееееее тоа не е актуелен настан, БЦ е актуелен настан. Ако не му ја ни видовме фацата и гласот на тв не му го имаме слушнато, пак и пак е на тапет за плукање. Мора да се знае-Бранко е крив. Да да крив е и што го нема. ЦЦЦЦЦ Провакации и тоа ефтини. После се заклучувале темиве. Е не ќе се читаат нечии глупости и препирања.
Cka...да најверојатно вмро пак ќе победи ама со закани и потплаќање на вакви како тебе кои се во администрација кои мораат да гласаат за нив ако сакаат да си останат на работа...и каде е магистерска 1200 и јас сум на постдипломски па ме кошта 3000 евра на државен зборам...а ако за време на сдсм биле невработени гледам сега сите се вработени само тие со партиска книшка на вмро, потрчковци...јас на пример немам книшка од вмро и нормално дека ќе бидам невработена ама тоа е се надевам ќе се смени што поскоро оваа неписмена гарнитура на вмро и хорхе....
Тоа е тоа бубамариче. Мислам дека некои феминки откако сфатија каков ќе биде исходот на претседателските избори решија да не се замараат толку многу со дискусија прво затоа што тешко е да пишуваш нешто во што не веруваш и второ затоа што не вреди да го оцрнуваш другиот кандидат пошто победата му е извесна. Браво и за таквите феминки. Не важи тука мотото попаметниот попушта, туку факторот согледување на реалноста. Ако Ѓорге победи тоа ќе биде деградација и девалвација на македонската интелигенција. Длабоко верувам дека такво нешто нема да се случи. ВМРО сами си се криви што истрчаа со него. Ако сакаа да победат или да има неизвесност до последниот глас можеа да истрчаат на пр. со Срѓан Керим, можеби тогаш ќе го гласав него, вака кога ќе ги ставам на вага Ѓорге и Стево, интелигенцијата, претставителноста и политичкиот и интелектуалниот капацитет далеку повеќе натежнуваат на страната на Стево. Друга актуелност се парламенарните избори. Ако барањето Бранко да се врати назад во СДСМ не е покажување страв не знам на кој друг начин да го карактеризирам тоа. Нема ништо страшно да се случи ако ВМРО ги изгуби овие избори и дојде СДСМ на власт, тоа мора да биде јасно. Државата нема да пропадне или името да се смени како што некои мегафони трубат. Моите пишувања тука не се да убедувам некого за кого да гласа, само сакам оние што ептен се залетани и сигурни во победата на ВМРО да ги подготвам од потенцијален шок ако се случи спротивното. Се сметам за интелектуален момак и можам да проценам дека подршката за ВМРО не е толку голема колку што Сител, Курир и други медиуми пренесуваат, да не кажам подоминантно е опозициското расположение. Не случајно ја дисквалификуваа агенцијата Рејтинг која до сега секогаш прогнозирала точно кога ВМРО ќе победи и тогаш тие резултати им одговараа, а сега кога прогнозира победа на Стево и дека може опозицијата да победи и на парламентарните избори, веднаш ја дискредитираат и викаат непостоечка агенција било. За нив само анкетите од Павел Шатев важат. Ма готово е бре веќе, народот е освестен, со сила и со пропаганда не се владее. Преферирам да се зачува мирот, стабилноста и интегритетот на форумот додека да поминат изборите. Убаво е да се надевате едната или другата партија да победи, ама од друга страна гледајте ги реално работите, не само како ви одговара.
Не ме плаши ВМРО, ме плаши изјавата на Заев дека живи луѓе ке јаде, од министер со чистачка, сите ке ги брка. И мене со нив. А и тие ко тебе што се слепо заљубени во него. Што молат бога да дојде Заев на власт за они да се вработат. Откако ке не изеде нас, администратиците. И да, цела администрација ке гласа за ВМРО. Заради заканите на Заев. Од тој срам, нема кај да бегате. Иначе, јас магистрирав со 1200 евра на државен. АКо сакаш и сметка ке ти покажам.
Па затоа магистерските поефтинија, за да може СЕКОЈ СО ВАКОВ РЕЧНИК И СТИЛ НА ИЗРАЗУВАЊЕ,А ВРАБОТЕН ВО ДРЖАВНА АДМИНИСТРАЦИЈА, ДА СТАНЕ МАГИСТЕР И ДОКТОР НА НАУКИ!
Кога некој што сака да стане премиер, оже да каже дека живи луѓе ке јадекога ке дојде на власт и јас можам да кажам, дека кога ке ме јаде, од газов да почне! А ова да го кажеше Груевски, одма ке паѓавте во несвест каков фашист бил. А овој со убиствениве нагони ви е топ избор. ЖИВИ ЛУЃЕ ИМА ДА ЈАДЕМЕ. И ДА ИМ КАЖЕТЕ, ОВА ГО КАЖА ЗАЕВ ТУКА, У ВАЛАНДОВО, ДЕКА ОД ЧИСТАЧКА ДО МИНИСТЕР, ЖИВИ КЕ ГИ ЈАДЕМЕ!!! Со среќа нека ви е со ваква будала, тоа иам да кажам. А ако сметаш дека само богататите се паметни и порано само они можеле да магистрираат, запрашај се какви вредности имаш. И ние, сиромашните, сме паметни. Ама богатите не можат да го сфатат тоа.
Ти немаш претстава што значи да си богат! За тебе богатство се парите и тендерите .....ехехе ГО НЕМАШ ОЧИГЛЕДНО ТОА БОГАТСТВО ШТО СЕКОЈ СИ ГО НОСИ СО СЕБЕ! пристојност,разумност,слободна мисла,отменост во изразувањето и однесувањето,домашна култура,воспитување...... и многу од тоа.
Cka, се страмам што живеам во држава со некој вакви неписмени, некултурни, необразовани како тебе!!! РЕЗИЛ!! оди отепај се сама, не заслужуваш ни да те "јадат". И дали стварно помисли дека ќе јаде луѓе? Добро колку години имаш ти чим на таков прост начин ја свате изјавата?
Си се фатила како слепа за стап за таа изјава. Лани Заев изјави ќе имало пукање за изборите, па имаше ли? За волја на вистината знае да биде наивен и простичок. Само не верувам дека е толку крвник и кварен како што е сегашниов премиер, кој на фин, софистициран и индиректен начин се пресметува со политичките противници и креира политички затвореници, брка критички новинари од работа и избегнува интервјуа со нив и оди само на интервјуа каде што однапред ги знае прашањата. Ќути и трај подобро многу изјави можат да се најдат на твојот водич од кои нема да се гордееш. Со Субрата Рој што бидна кога ќе ни дојде пак во посета?