Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Актуелни политички настани

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Ariel, 3 август 2010.

  1. Pirana2

    Pirana2 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 август 2014
    Пораки:
    24
    Допаѓања:
    248
    Да се надоврзам со случувањата во Сирија и општо на блискиот исток (читај каде стапнала америчка штикла), на мене лично отсекогаш ми била интересна една работа која е факт и ниту најголемите Западњаци не можат да го побијат со свои сопствени агрументи и контра аргументи, а верувајте дека безброј пати сум била во жестоки дискусии и дебати, и на крај неволно се сложиле со мене и го признаваат фактот дека токму тие земји кои се посочени од западот како “лошите дечки“ во муслиманскиот свет (пример една Сирија, Иран, Либија, Ирак за времето на Садам), интересно - се земји кои се далеку повеќе “демократски“ и искрено кажано, далеку повеќе општествено и цивилизациски напредни од сите нивни сојузници, како на пример Саудиска Арабија, Кувајт, ОАЕ, Бахреин итн. итн...
    Секогаш како аргумент и пример го земам Иран, држава која има една од најшколуваните и најмногу вработени женски популации во свет, земја во која гласањето на избори (какви и да се - сепак се спроведуваат) е со закон загарантирано, личните права и слободи, особено во ВЕРСКИОТ сегмент се истотака загарантирани, кривичниот закон (безразлика на неговата бруталност) секогаш стои позади фактот дека мора да има фер судење.
    Во Иран, жените гласаат, членки се на парламентот, по нормална процедура разводот е ДОЗВОЛЕН, абортусот исто така, во Иран се принта и христијанска библија и хебрејски талмуд, иранскиот устав високо го признава и негува малцинството (сите малцинства во Иран ги имаат апсолутно сите права - школување на свој јазик, негување на обичаи и традиции итн), во Иран образованието и здравството се комплетно бесплатни и загарантирани од државата што значи дека секое дете (безразлика дали е машко или женско) МОРА да помине низ образовен процес.
    Истата слика се гледа и во Сирија, за разлика од сите земји “сојузнички“ (условно кажано бидејќи сите сме свесни дека тоа сојуз е моментален стратешки интерес и една обична про-форма) на Западот каде владее и царува нешто што би можела да го објаснам единствено со зборот - фашизам.

    Како пример најчесто ја земам најсветлата ѕвездичка на Америка во тој регион - Саудиска Арабија каде под сета таа маска и убава фасада на средена земја, се крие еден џган, една страшно мрачна, трула и одвратна земја каде мислиш дека си се вратил 10века наназад, мада и тогаш имало некоја форма на владеење кои не биле одвратни до таа мера како овие денес.

    Сите западњаци фрлаат со дрва и камења по Иранската влада во поглед на нетолеранција на својата опозиција, која ЈА ИМА и смее да искочи на улица и да протестира, а само си помислувам што би се случило (ако) кога би се формирала некаква опозиција во С. Арабија и народот покаже незадоволство... би биле обезглавени во истиот ден. Жените во Саудиска Арабија немаат право да возат автомобил, а па скраја да е да се појават како Сиријките на штикли, во минич или нашминкани, на лице место ќе бидат камшикувани и каменувани.
    Во Саудиска Арабија секоја жена е како нинџа маскирана - страшна е бетер и од зона сумрака, таму ако те фатат со кифла со афион ќе ти го свиткаат вратот, а за алкохол да не спомнувам.

    Толку е од “напреднатоста“ на западните сојузници во тој регион и самите Американци многу добро го знаат ова и се свесни за какви општества се работи, и дека сето тоа нивно моментално “пријателство“ е еден обичен “пакт со Ѓаволот“, а и американскиот народ ги гледа овие работи, поготово после нападот на 11 Септември каде од 19 “терористи“ немаше ниту еден од Сирија, Либија, Ирак туку сите терористи беа од Саудиска Арабија!

    Тоа е резултат од формирањето на денешен ИСИС од страна на Америка и нејзините сојузници, ја изгубија контролата врз таа аждаја што ја креираа и ги симнаа од власт Садам Хусеин, Гадафи, Мубарак итн. кои беа способни да ги држат под контрола нивните го*на, па затоа денес имаме радикален ислам од кој верувале или не, и на Вашингтон и на Ријад им се тресат коските затоа што ИСИС не признава никаков авторитет од никого (за разлика од други терористички организации кои земаат помош од странство и примаат наредби), ИСИС не преговара, ИСИС не разговара, ИСИС не трпи попување и шефување, ИСИС не признава газди и светски супер сили... они имаат само еден начин за да го остварат својот идеал, а знаеме дека еден идеал - нема цена. Шеријат, варварско владеење на исламски конзервативни религиозни закони во една општа вахабистичка империја од Мароко до Индонезија, или смрт. Не можеш да ги убедиш, не можеш да ги премислиш... само можеш да ги убиеш - пред тие лудачки фанатици буквално да те одерат жив.

    Е, сега веќе, цел Запад и голем дел од нивните сојузници (повторно) си ги удираат главите во ѕид, ама веќе е доцна... западот прави се во име на народот, овај нафтата.
     
    На Joi и mims-89 им се допаѓа ова.
  2. fighter

    fighter Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јуни 2010
    Пораки:
    1.249
    Допаѓања:
    2.485
    Во светот, посебно во Европа се случуваат интересни настани кои и те како можат да влијаат на нас.
    Националистите кои се се погласни во Европа и ЕУ, проблемите со верките држави, класната и расната поделеност....желбите за цесија, отцепување.

    А ние, супер ни е.
    Си се занимаваме со меѓусебнио рпесови и плукања, чаршиски муабети, стриптизети и стрипери од МК,балканот и пошироко, инаетење грујо-зајко...и така...
    Баш ни е супер, блазе си ни...ни чуе! :*
     
  3. tinan

    tinan Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2012
    Пораки:
    480
    Допаѓања:
    1.276
    Пол:
    Машки
    Ич да не се секирате.
    Референдумот за независност поминува во мирна и демократска атмосфера без посериозни нарушувања и инциденти ;)
     
  4. babyblond

    babyblond Популарен член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2011
    Пораки:
    1.168
    Допаѓања:
    1.548
    Пол:
    Женски
    http://a1on.mk/wordpress/archives/384262 Ова да ми се објасни, ако може... Јас сум пичлесс... Во спротивно ќе треба да кажувам некои работи поради кои доживотно ќе бидам банирана од форумов.
     
  5. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.131
    Допаѓања:
    12.871
    И на ова од ВМРО одговорија само со едно кратко соопштение. Во оваа држава кој што сака си прави.Тешки денови доаѓаат за Македонија колку и да сакаме да бидеме оптимисти.
     
  6. Elissa

    Elissa Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2014
    Пораки:
    3.304
    Допаѓања:
    22.594
    Пол:
    Женски
    Јас можам само едно да кажам за оние што демек “прогласуваа“ нешто, ПСИХОПАТИ нека се гонат од Македонија. Од кај од цел свет господ нас баш албанци ни дал за соседи. Уствари арно викаше еден колега, ова е дело на ѓаволот, (убава ви е земјата убава ви е местоположбата, добар народ, ама неможе се идеално нешто мора да ви фали, и ни ставил албанци тука). Фала пријатно.
     
    На Daleron му/ѝ се допаѓа ова.
  7. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.221
    Допаѓања:
    4.267
    Шкотска ја отфрли независноста - остануваат дел од Обединетото кралство со Велс, Англија и Сев.Ирска.
    Ми олесни епетен! :)
     
  8. sajonaramucaca

    sajonaramucaca Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 април 2012
    Пораки:
    676
    Допаѓања:
    461
    Не се опуштај премногу, 9-ти Ноември Каталонија, нови грижи за тебе ...
     
  9. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.221
    Допаѓања:
    4.267
    Каталонија е во Шпанија не е во Британија, така да сè е под контрола. 8)
     
  10. sajonaramucaca

    sajonaramucaca Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 април 2012
    Пораки:
    676
    Допаѓања:
    461
    Ти да си бил јак Британец, јас па мислев само противник на сецесионизам ... my bad.... NOT
     
  11. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.221
    Допаѓања:
    4.267
    :D

    http://www.youtube.com/watch?v=yHNfvJc99YY

    Па добро, се противам и на сецесионизам ако е во прашање Република Македонија.
     
  12. Pirana2

    Pirana2 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 август 2014
    Пораки:
    24
    Допаѓања:
    248
    Во врска со случувањата во Сирија, пред неколку дена Тексас го прати најдоброто со кое располага од својата воздухопловна индустрија, Боинг Б-1с инаку многу убаво и сериозно авионче, да не ти дојде во посета... а Вашингтон не беше многу среќен со оваа (самостојна) одлука на Тексас да лета над Сирија и да ги бомбардира териториите каде се наоѓа ИСИС, е сега, општо познато е дека Америка низ светот дејствува во Мајка Тереза стил, а всушност секој нејзин потег има голема позадина и не верувам дека овојпат станува збор за исклучок и Тексас така од љубов и голема желба да помогне праќа еден ѕвер како ББ-1с во Сирија и притоа му се зуби на Вашингтон.

    Значи, за разлика од сите останати сојузни држави во САД - Тексас е единствена која беше независна и самостојна држава пред да пристапи кон Американската Унија, јес да беше краток период од неполни 10години ама сепак, беше суеверена земја со сите државни атрибути и институции (знаме, грб, химна, устав, парламент, влада, министерства, вооружени сили, валута итн... - се што прави една држава) и како таква, беше единствена ДРЖАВА (а не како сите други Американски сојузни држави кои се поранешен колонијален регион или земјена територија) која пристапи доброволно кон САД.
    Баш заради тоа, Тексас и Тексашаните(?) отсекогаш имале поинаков сегмент од останатите и за себе говореле дека се некаква посебна нација, да, Американци и патриоти ама сепак обавезно прво ќе истакне дека е од Тексас па потоа Американец, а истото не може да се каже за другите држави, никогаш некој не се претставил како Калифорниец, Пенсилваниец, Алабамец и слично.
    Во тоа време, Тексас како република опфаќаше далеку поголема територија од денешната (а и со тоа, Тексас е сеуште втора најголема Американска сојузна држава после Алјаска) и речиси половина од нејзината територија (над 40%) беше дадена на другите “нови“ сојузници на САД откако и они се приклучија (Оклахома, Канзас, Ново Мексико, Колорадо - сите добија многу добро парче од оригинален Тексас), а ова е нешто на што Тексашаните се и ден-денес гневни.
    Згора на се, изминативе неколку децении, т.е. од 70тите па наваму се приметува како се повеќе и повеќе се огорчени и ја користат секоја прилика да му контрираат на Вашингтон.

    Кога Тексас со својата економија (сојузна држава со втор највисок БНП во САД после Калифорнија) би била независна држава, гледано општо и одвоено од САД, тоа би била 11та најсилна економија во светот со БНП од 1.25 трилијарди Американски долари годишно, а и чисто информативно, Тексас како регион е 4та најбогата област на светот после Лондон, Калифорнија и Токио, а нивниот главен проблем е што над 70% од сето тоа оди за помалите и далеку посиромашни држави, пример една Ајова со смешен БНП споредено со Тексас.
    Некако се повеќе се слушаат гласови од Тексас (а и од Калифорнија и други посилни држави) и се поставува прашањето - зошто они со нивните пари да ги ранат легачите во Вашингтон или што ти ја знам, Небарска, Монтана и слично?

    Ова мое размислување и теорија сега можеби звучи смешно и неостварливо во блиска иднина, но следејќи ги нивните потези, би било премногу наивно човек да поверува во јавното, сервирано сценарио и да не ја побара вистинската причина поради која е испратен Боинг Б-1с во Сирија.

    А, инаку батките во Тексас имаат и многу добри бифтеци, што е нормално за една земја на говеда.
     
    На Joi му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Dr.Strangelove

    Dr.Strangelove Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2014
    Пораки:
    107
    Допаѓања:
    151
  14. Pirana2

    Pirana2 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 август 2014
    Пораки:
    24
    Допаѓања:
    248
    Рано изутринава со најновиот месечен извештај на ММФ и Светската Банка е соопштено дека после цели 152години (во 1872ра економијата на САД ја презема водечката позиција од Британија) т.е. од денес, Соединетите Американски Држави веќе не се најмоќната светска економија!
    Вчера попладне се правеа калкулациите заклучно со новите извештаи (претходните калкулации беа на почетокот на Септември, како и секој месец пред тоа) и официјално може да се каже дека економијата на Кина ја претекна економијата на САД во паритетен поглед и во следните месеци се очекува разликата само да се зголемува.
    Значи, Кинескава економија по 182години повторно се враќа на водечкото место во светот кое претходно го држеше од самиот почеток на човечката цивилизација и изненадува со овој резултат (јас лично ич не сум изненадена) бидејќи според претходно пресметаните калкулации и проекции, првенствено ова се очекуваше и требаше да се случи некаде 2038година, па потоа со ревизиите се дојде до 2016година, а денес Кинезите ги побија сите проценки.
    Е сега, иако Кина е убедливо најголем извозник на планетава и има убедливо најголем индустриски капацитет, сеуште се наоѓа позади САД во номинални услови ама сигурна сум дека и тука многу брзо ќе ги стигнат... претходните проекции беа дека Кина ќе го престигне САД во 2050год. а последните проекции го поместија датумот на почеток од 2024година и кон крајот на месецов ќе има нови проекции кои јас очекувам да бидат намалени барем за 3,4 години во прилог на Кина бидејќи денес соодносот процентуално е тука некаде, а разликата се стопи многу побрзо од очекуваното.
    Кинезиве стануваат многу моќни економски и бришат се пред себе, со ова кинеско економско доминирање, светот односно цивилизацијата барем во економски поглед се врати во историската “нормала“ кога истокот беше предводник во трговска смисла, а последниве 2 века беа некое неприродно, абнормално изместување...

    Друга работа што вреди да се спомне затоа што после тооолку години стратешки договори и неконвенцијално разоружување, пред една недела конечно се направи заеднички извештај на владите на САД и Русија и постигнат е ЦЕЛОСЕН нуклеарен паритет помеѓу арсеналите на САД и Русија и бројот на оперативни боеви глави изнесува 1643 за Русија наспроти 1642 за САД.
    Бројката на поседувачки лансери (тука спаѓа вкупниот број на интерконтиненталните балистички проектили, подморничките балистички проектили и бомбардерските крстосувачки проектили со стратешки опсег) изнесува 911 за Русија, и 912 за САД.
    Исполнето е ветувањето од страна на двете земји да имаат паритетен сооднос од 1-1, а заедно... би ја преорале цела планета земја во буквална смисла на зборот.

    Трета работа што сакам да кажам кога сум веќе тука, пред неколку дена прочитав многу смешна статија на интернет од македонски бајати новинари кои пишуваа за актуелното воено опремување на Швајцарија и замисли, направија споредба со Македонија во некоја Волт Дизни проекција и пишуваше нешто во стилот - “Македонија кога би ги имала нивните пари многу попаметно би изиграла...“ јас седам и си викам да, во право се луѓето, да ги имаме нивните пари уште 200 споменици ке дигнеме, настрана фонтани кои ќе лијат течно, млечно чоколадо и растопен кашкавал... бесплатно за пензионерите, се разбира.
     
    На Joi, Elennaa, Abeja и 5 други им се допаѓа ова.
  15. Dr.Strangelove

    Dr.Strangelove Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2014
    Пораки:
    107
    Допаѓања:
    151
    Многу смешни!

    Ако веруваме на се што ќе прочитаме од “аналитичари“ или медиумски заплашувања за “гигантот“ Кина тогаш каде ќе им е крајот.

    Кина е огромна земја со најголема популација во светот. Нормално е да и таа диктира некои правила или било што на светско ниво, затоа што нормално е дека тој што е бројчано и демографски јак ќе поставува услови, но Кина да се споредува со Америка е многу смешно кога Кина по општиот стандарт и квалитет на животот можеш да ја споредуваш со Бугарија.

    Во што е Кина подобра од Америка? Имаат средено 7-8 града по светски норми, но Кина има 1.3 милијарди жители, а најголем дел од населението живее со пола бурек дневно. Мислам chill out. Единствено Јапонија и Јужна Кореја, па Тајван и Хонг Конг се држави кои се сметаат за развиени земји во цела Азија, но тие земји се длабоко контролирани економски и општествено од Американците. Јапонија влезе во дебела презадолженост.

    Америка има една и единствена опасност и тоа голема, а тоа е галупирачкото изумирање на белото т.е. европското население што живее таму, а тоа население го пополнуваат имигранти од Латинска Америка, Африка и Азија. Тоа царство и убав живот ќе изумре кога-тогаш, затоа што Афро-Американците, Америдианите , Азијатите немаат таков интелектуален капацитет да развијат такво општество кое што е развиено по заслуга на 50 милиони “Американци“ со германско потекло.
     
  16. Pirana2

    Pirana2 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 август 2014
    Пораки:
    24
    Допаѓања:
    248
    Валерија, колкунаесет годинки имаш?

    Види сестро, јас не зборувам и правам споредби за општ квалитет и стандард на живот, нели?
    Знаеш што е геополитичка призма, паритетна и номинална економија, да ти нацртам треба ли?
    Не се џапај јавно и престани да ми пишуваш лични пораки, а јас ќе си понесам 2 кафетина друг пат пред да почнам да те читам бидејќи читајќи те тебе ме мава мигрена.
     
  17. Dr.Strangelove

    Dr.Strangelove Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2014
    Пораки:
    107
    Допаѓања:
    151
    Тебе да не ти чуе колку години имам јас. Твоите кафетини чувај си ги на парадите и лудите ебанки во Тајланд. Мене не ми требаат. Не мора да користиш стручни изрази мислејќи дека попаметна ќе излезеш. Подобро кажи народски БДП.


    Квалитетна држава секогаш и секаде се гледа по квалитетот на животот на населението и демографијата. Се друго е празна слама. Америка е производител, Кина е плагијатор и тоа многу лош плагијатор, а за да биде производител ќе им треба 90 години Америка да не мрдне од мртва точка за да Кина ги стигне во било што. Нормално дека ќе се играчи, затоа што имаат најголема популација, најголема војска, најголемо потрошувачко општество. Затоа во Европа се примаат имигранти од секаде за да се надополни недостатокот на изгубеното население. Губење на население значи и помала економија, помала потрошувачка, помало производство и се останато. Кина тој проблем за сега го нема.

    Јас не морам да читам бла-бла економски сајтови и анализи што би рекле народски бричи му петла. Тоа што го гледам е милиони Кинези што работат за пола бурек во Европа. Тоа мене ми е веродостојно во животот, а се друго е рекла-казала. И БДП на Бразил расне вртоглаво, економски раст, но недај боже да се симнеш на автобуска станица и да си странец. Ќе останеш само со влакната на половиот орган.

    Па, Америка и Европа се најголеми инвеститори во Кина, економски ја контролираат. Имаат ужасно евтина работна сила кои ќе работат и за пола лубеница цел ден.

    Не ми е целта да се навредуваме, туку да дискутираме. Chill out.
     
    На bubamara12345 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Pirana

    Pirana Популарен член

    Се зачлени на:
    25 март 2012
    Пораки:
    612
    Допаѓања:
    1.507
    Читам, го изљуштиле стиропорот и пластиката на Владата во Скопје, а низ македонскиве портали прочитав дека станувало збор за разорна моќ на проектил (општ поим, ништо специфицирано) и бидејќи немаше слика од дупките, а знам дека градбите Скопје2014 се од кал и картон, а не камен или бетон и помислив дека македонскиве новинари пак тресат глупости па прво и логично што ми падна на памет беа еирсофт пиштолите за кои не ти треба дозвола, а еирсофтот е всушност реплика на вистинското оружје направено да исфрла пластични дијаболи 4.5мм калибар... просто кажано, еирсофт оружје е исто како оние играчки на дијаболи но направено од метал и секако е доста поквалитетно, помоќно и поскапо (од пластичните играчки за деца), а низ Македонија овие играчки најмногу ги користат шиптарите за време сунети и свадби. И понекогаш онака...
    Не ми се веруваше да било употребено посериозно и потешко оружје, ама на сликите многу јасно се гледа дека ниту 9мм не може да направи толкава дупка и според флеките од страна, можно е да е употребен т.н. 40мм MGL 6, кој во Македонија може да биде хрватски или од Јужна Африка. И погодил во гипс, а не стиропор. И ако добро ме служи меморијата, пред неколку години исто така пукаа кон Владата и гранатите паднаа пред тие зградите од карши што се, и мислам дека стануваше збор за исто оружје (мгл6) кое меѓу другото е многу згодно за вакви дејствувања зашто е лесно да се сокрие.

    Јанкуловска пак блесна со изјава дека нема потреба од дополнително обезбедување и мерки за безбедност бидејќи безбедноста на тие институции била апсолутно секогаш на потребното ниво... не знам Гордана за колку малоумен го смета својот народ за да даде ваква изјава откако се случи напад на Владата? Да се случеше вакво нешто во секоја друга нормална Европска држава или Белата Куќа во Вашингтон, веднаш ќе беше прогласено за терористички чин, ќе се кренеше паника и ќе удреа врз некого, а нашата министерка се изјаснува дека немало потреба од дополнителни мерки за безбедност и безбедноста била на потребното ниво, мислам, шта речи... како да нападнале некој гулубарник или шупа, а не Влада на некаква си Република Македонија.

    Второто сценарио, интересно е што нападот се случил околу 22часот кога на вториот кат немало никој, а ако биле шиптариве, пологично ми е да удреле во текот на денот за да нанесат поголема штета и да се надеваат на жртви, а ако не се они, и според изјавите на Јанкуловска како да није изавде и да не се крева паника, нема да бидам изненадена ако сами си исценирале напад па сега за (во џеб) лепење дупки на гипс картон да одвојат некоја блесава цифра од буџетот небаре за златна фасада се работи.
    Не сме ние толку храбри, интелигентни и способни да исценираме ваков напад во стил на 9/11 Америка за да впериме прст кон шиптарите и да се бориме за територија, власт и високи идеали, ние се фаќаме за она најдолното, мизерно ситни трошки и парите на народот.
     
    На Joi, Abeja и do-re-mi им се допаѓа ова.
  19. Thunder

    Thunder Активен член

    Се зачлени на:
    5 ноември 2014
    Пораки:
    11
    Допаѓања:
    4
    Пол:
    Машки
    Гледам денес и вчера за СДСМ, како најавуваат дека ќе го продолжеле бојкотот во Собрание. Да, јасно е дека не признаваат институции дека сакаат вонинституционално да дејствуваат ама БРЕ ПАПАЦИ, колку закони ви пројдоа глатко без дебата, без спротиставување?! Така ги пропуштивте законите за прекршоци, за социјална помош, за ранливите категории, сега ќе го пропуштите и за високо образование. Борете се за тоа што ве гласале луѓето а не завршуваат изборите во 19ч и искачаат во 20ч викаат не ги признаваме резултатите, како мали деца, љутење.
    А прееска кога ја гледав изјавата на Заев, Петковски и Жерновски за договоро дека остануваат вон собрание, од инсертите можев да видам дека СМРДИ на елитизам, сеуште.
    Новинариве го прашуваат нешто да каже, овој само им вика "благодарам, благодарам" и си киднаа.
    Со такво понашање, тешко у наредни 150 години да дојдете на власт.
     
    На Elissa и Daleron им се допаѓа ова.
  20. Daleron

    Daleron Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2014
    Пораки:
    2.996
    Допаѓања:
    16.413
    Пол:
    Женски