Многу добра колумна на Горан Момировски во врска со Македонците со исламска вероисповед, т.е. кај народот познати како Торбеши или Помаци ( иако зборот Торбеш има навредлива конотација), коишто последните 4-5 децении активно се соочуваат со албанизација и турцизација, а дел пропагираат и вехабизам. Дел од Македонците со исламска вероисповед денес се изјаснуваат како Албанци или Турци зависно во кој дел живеат, а дел се изјаснуваат и само како муслимани. Се помал е делот кај нив кои гордо и достоинствено зборуваат дека се Македонци по националност, а муслимани по вероисповед. Пред се тоа се должи на големата пропагандна машинерија на ИВЗ, Турција и Саудиска Арабија коишто со сите сили се обидуваат Македонците со исламска вероисповед да ги одделат од матичната национална припадност и да ги припојат кон другите поголеми малцинства коишто имаат исламска вероисповед( Албанците, Турците, Босанците, Ромите). Секако дека голем дел од одговорноста за тој проблем се должи и на негрижата на македонските власти да го заштитат овие припадници на македонската нација од албанизација и турцизација. Македонците христијани поради сличните имиња и Исламот многупати ги исповетуваат со Албанците и Турците, па понекогаш биле мета и на напади. Велија Рамковски и Фијат Цановски( Македонци со исламска вероисповед), поради свои лични интереси често пати ги манипулираа да се врзуваат со албански партии, а дури Фијат Цановски финансираше цела кампања со коишто ги убедуваше дека се Торбеши, а не Македонци муслимани. Грешката е направена, но прашањето е како да се поправи таа грешка, а дали воопшто и може? ВМРО ДПМНЕ, иако е партија со демохристијанска определба премиерот Никола Груевски последните 4-5 години значително врши напори да се подобри статутот на Македонците со исламска вероисповед во Македонија и да се спречи нивно отуѓување од македонскиот народ, а за тоа говорат стотината високи функции на Македонците муслимани во ВМРО ДПМНЕ, нови инвестиции, инфраструктура, училишта, болници во места каде што има поголем процент на Македонци муслимани. Реакцијата доаѓа по колумната на реисот Сулејман Реџепи, реис на Ивз, а Албанец по националност, кој ги нарече Македонците муслимани “вештачка творевина“ на ВМРО-ДПМНЕ и дека тие се посебна нација различна од македонската. Дали Сулејман Реџепи се плаши дека ВМРО-ДПМНЕ се повеќе и повеќе посветува внимание на овој нераскинлив дел од македонскиот народ и спречување на нивно понатамошно албанизирање? Инаку, Македонците муслимани зборуваат многу убав и чист македонски јазик, нивната носија е исклучиво македонска, а на најголем дел од нивните свадби и ден денес е предоминатна македонската народна музика. Религијата не смее никогаш нас Македонците да не подели. Без разлика што сме предоминатно православна христијанска нација тоа не ги прави помалку Македонци тие што себеси се чувствуваат како католици, протестанти, евангелисти, муслимани или атеисти. Јазикот, традицијата, словенството, народната музика и ора се само мал од сведоштвата на овој македонски народ коишто треба да не обединуваат. Верски расизам и дилетантизам Една стара сефардска поговорка што српската писателка Гордана Кујиќ со многу емоции ни ја пренесува во една од своите книги во кои се опишуваат балканските историски односи, вели некако вака: „за своите не давам други да зборуваат лошо, но затоа јас можам да кажам сѐ најлошо“. Иако Сулејман Реџепи за некои е туѓ, сепак, тој мора да се набљудува како наш, се работи за формален лидер на една голема група македонски граѓани и затоа и за него може да се зборува отворено како за наш лидер, без разлика што тој во обид со радикални изјави да ја поврати моќта сѐ повеќе ја губи довербата дури и од своите најблиски соработници Извор: http://republika.mk/?p=355108 Реакција на ВМРО-ДПМНЕ и владата на Република Македонија: http://kurir.mk/makedonija/partii/1...tugiv-i-nerazdelliv-del-od-makedonskiot-narod Сулејман Реџепи, една од најубавите македонски народни песни е испеана од Македонец со исламска вероисповед така да не си играјте со чувствата на овој народ!
Еве го и Менил Велиоски од Лабуништа, прекрасно пее. Јас сум за повеќе пратеници, директори Македонци муслимани.
Ова звучи турски и ориентално, но тоа е нормално. Поради религијата нив многу поблиску им е ориенталната култура отколку европската. Мразам кога македонски народни песни ги ориентализираат, т.е. ги свират арапски или цигански сеедно. Инаку, за повеќе пратеници, директори и претставници Македонци муслимани треба самите да се ангажираат. Кариера, работа, образование, успех треба да си го добијат со своето образование и квалитет, а не поради тоа што се Македонци муслимани, но никако да не добиваат препреки, омаловажување, кочење во работа само поради својата религиозна определба. Нема никаде идеално, но генерално станува збор за мирна, чесна и вредна популација која си го вреднува своето парче леб, а по култура и менталитет многу поразлични од Албанците и Турците на пример иако припаѓаат на иста религија, но секако имаат различно национално потекло.
Кој што сака да работи без разлика кој е и на која националност припаѓа ќе работи. Е сега ако некој сака да се шлепува тоа е веќе дискутабилно.
Денес две бомби во близина на полициските станици во Тетово и Куманово. Извор: http://republika.mk/?p=357289 Извор: http://republika.mk/?p=357285 Кој тука лаже? Полицијата или медиумите? Дали некој се обидува да скрие нешто? Не е првпат полицијата и власта да прикриваат напади од Албанци врз Македонци и да владее медиумски мрак.
Па се е очигледно, Тетово и Куманово. Нормално таму се бомбите. Не е Делчево и Струмица или Штип и Дојран. Многу е јасно дека Албанци стојат зад ова. И не верувам дека некој за ова ќе одговара. Како студентите и средношколците што излегоа, така треба да излезат сите граѓани и да бараат одговорност од непособната полиција ако не се најдат виновниците. А што ако загинеше некој?Ќе се тешевме дека судина било?
Повторно нападнат и избоден Македонец со остар предмет во скопското медицинско училиште. Извор: http://press24.mk/srednoshkolec-zavrshi-na-urgenten-prezhiveal-horor-vo-uchilishte-0
Мето Колоски е еден од најмладите лидери на македонската дијаспора во светот. Во последните десет години со своите соработници во САД, но и на другите континенти, успеа од ОМД да создаде модерна организација, која успешно плива во сложените глобални сфери на интереси и тоа од главниот град на суперсилата. Колоски и луѓето што ја водат ОМД прават многу компромиси во обид да добијат поддржувачи во Сенатот, претставничкиот дом и Стејт департментот, но исклучуваат компромис за едно прашање – промена на името. На континентот, поточно во државата каде што престојувате Вие и организацијата што ја водите, се одвиваат преговорите за името. Што значи за Вас решение за името? Колку евентуално решение би ја подобрило состојбата на Македонците во Америка? КОЛОСКИ:За Македонците во САД не постои друго име освен Република Македонија и какво и да било друго „решение за името“ е неприфатливо. Проблемот што ѝ го наметна Грција на Македонија и на македонскиот народ е нејзин проблем за кој таа треба да си најде решение за себе. Доколку сме ние во прашање, името на нашата татковина е Република Македонија и така мора и да остане, доколку Владата на Република Македонија сака поддршка од македонската заедница во САД или од која било друга држава надвор од Македонија во која живеат Македонци. ОМД и македонската заедница во САД се активно вклучени во едуцирање на американските државни органи, институции и невладини институции. Еден од нашите адути е тоа што правото на самоидентификување е едно од основните човекови права со кое САД се гордеат, па така што притисоците од Грција за присилно менување на името на Република Македонија е неприфатливо за американските политичари доколку тие бидат повторно запознаени и едуцирани од наша страна за проблемот што го има Грција со нашето име. Постои ли компромис за името што Вие би го поддржале со оглед на тоа што за Грција компромисот е нешто што за нас е апсолутно неприфатливо? КОЛОСКИ:Македонија направи премногу компромиси во минатото, прифати неприфатливо име за користење во Обединетите нации и во други меѓународни институции, го смени Уставот, го смени знамето, кое е наше наследство, што, на некој начин, ги охрабри Грците и им даде зелено светло да продолжат да го прават тоа што го почнаа кога Македонија прогласи независност. Време е Грција да се соочи со судбината и со реалноста – дека македонскиот народ, јазик, идентитет и слободна суверена и независна Република Македонија постојат и ќе постојат, без разлика на тоа што Грција или грчкиот народ мисли или сака. Каков е Вашиот став за прекин на преговорите за името во рамки на ОН ако се знае дека прекинот на преговорите од САД и од ЕУ ќе биде оценет како обид на Македонија да го урне процесот на барање решение? КОЛОСКИ:Владата на Република Македонија направи голема грешка со тоа што не се повлече од преговорите во ОН по самитот на НАТО во 2008 година, кога членството на РМ во НАТО беше очигледно и јасно блокирано од страна на Грција. Уште поинтересно е што ни требаше одлука на Меѓународниот суд за правда за да му докажеме на светот дека сме во право, но таа одлука, сепак, не направи ништо за да ни помогне со блокадата за влез во НАТО што ни ја направи Грција. Никој не застана на наша страна да каже дека Македонија е во право, а Грција погреши, и како резултат на пресудата сега Грција мора да дозволи да влеземе во НАТО. Сегашната позиција на Владата на Република Македонија не е баш јасна, меѓутоа ОМД бара владата да ги прекине овие преговори и да бара од Советот за безбедност на ОН да изгласа нова резолуција во која Македонија понатаму ќе биде насловена како Република Македонија, а не ПЈРМ. На Македонија мора да ѝ бидат приоритет внатрешните реформи – како судството, човековите права, економијата. НАТО и ЕУ, исто така, треба да ѝ бидат приоритет на државата, меѓутоа само тогаш кога НАТО и ЕУ ќе бидат подготвени да ја примат Македонија во своите редови, а не да се молиме и да бидеме уценувани од страна на тие организации да си го смениме името и да го промениме нашиот идентитет. Владата на РМ не треба да дозволи Грција, НАТО или ЕУ да користат што било како аргумент против Македонија за влез во НАТО или во ЕУ освен името, така што битно е внатрешната домашна задача да биде завршена. Какви се шансите прашањето за името да се префрли во Советот за безбедност и во Генералното собрание на ОН и таму да го вратиме уставното име? КОЛОСКИ:Ако Владата на Република Македонија донесе одлука да ги прекине или замрзне преговорите, ОМД ќе застане зад таа одлука и ќе помогне активно да се лобира кај Советот за безбедност и кај Генералното собрание на ОН. Но да не бидеме преамбициозни однапред, ова одлука ќе бара целосна подготвеност од Министерство за надворешни работи, секој амбасадор, секој дипломат, секој обичен локален службеник да биде вклучен во работата. Се разбира, ќе бара и голема координација со Македонците во дијаспората и со нивните организации. МНР ќе мора да вработи и агенција за односи со јавноста на светско ниво, со докажани успеси, за да го смени имиџот на Македонија од земја што очајно се враќа во античката историја за да докаже нешто, до земја и народ што страдаат од Грција и од одлуките на Грција, што не ги уживаат основните човекови права, и земја што активно работи да биде светлина на Балканот во секој поглед. Откако владата ќе ја донесе оваа одлука, ОМД ќе почне маратонско лобирање низ цел свет за да ја брани и оправдува таа одлука пред сите државни и светски институции. Прави ли доволно македонската дијаспора за матичната земја? Има ли воопшто капацитет да ѝ помогне на земјата, како што прават другите силни дијаспори? КОЛОСКИ:Дијаспората праќа 1,5-1,8 милијарда евра годишно во Македонија, тоа е 18-20 проценти од домашното бруто-производство на РМ. Зар тоа не е доволно? Која друга дијаспора прави повеќе или има поголем придонес? Благодарение на дијаспората и на економската политика на РМ, РМ не е моментно во економска криза. Дијаспората е најголемиот амбасадор на РМ во странство и, да бидеме реални, во голем дел ја врши или помага работата на дипломатијата на РМ. Како мала држава, РМ зависи од активна, професионална, ефективна и влијателна дијаспора. Да не беше ОМД, Македонија немаше да ја види таа поддршка што ја има од Конгресот на САД или од Владата на Канада за признавање на името, или други успеси во минатото. Сепак, дијаспората може повеќе. Верувам дека со здобивање поголема доверба од страна на дијаспората во институциите на РМ, особено во судството, таа ќе прави уште повеќе за да помогне. Почнуваат подготовки за следните претседателски избори. Остануваат ли републиканците како главен посакуван партнер за Македонија во надеж дека можат да помогнат за името или, сепак, се работи на повеќе полиња? КОЛОСКИ:Тешко е да се каже дека ако републиканците дојдат на власт сѐ ќе им биде сјајно на Македонија и на регионот. Политиката на САД не се менува толку со промена на власт од една до друга партија. Помошта, можеби, ќе биде поголема, но, сепак, ќе имаме многу работа без разлика кој е на власт во САД. Републиканците, кои беа на власт до 2008 година, нема да бидат истите што ќе бидат во 2017 година, доколку добијат на изборите. Има многу млади кадри што знаат многу малку за ситуацијата на Македонија и ќе мора многу да ги едуцираме. Може ли да кажеме дека периодот на Барак Обама е загубен период за Македонија во однос на спорот со Грција и влезот во НАТО и во ЕУ? КОЛОСКИ: Жалиме што не е јасна и очигледна поддршката на САД за Македонија за време на администрацијата на Барак Обама, но, дефинитивно, не е сѐ загубено. Сѐ уште има време, имаме две години пред да замине Обама од претседателската фотелја. РМ има нов амбасадор во Вашингтон, кој, веруваме, доколку Владата на РМ и МНР му дадат целосна екипирана и финансирана амбасада, ќе ја врати силната поддршка на САД за членството на Македонија во НАТО. Се надеваме дека висок претставник на САД ќе допатуваа во Македонија за да ја искаже таа поддршка. Но, дефинитивно, ако дозволиме статус кво, нема да успееме. Има една македонска поговорка „ајде, ќе биде подобро“. Не можеме да ја чекаме 2017 година, времето е сега, мораме да бидеме проактивни. Заедно, обединети, можеме и ќе успееме. Разговараше: Горан Момироски Фото: Приватна архива (Интервјуто со Мето Колоски е објавено во 118. број на неделникот Република, 5.12.2014)
[ВМРО-НП: Српските програми на Алфа, Канал 5 и Сител се духовно злосторство и предавство ВМРО-Народна партија со внимание ја анализираше уредувачката политика на владините национални медиуми во 2014 година, посебно на телевизиите: Алфа, Канал 5, Канал 5+, Сител и Сител 3, во кои доминираа емисии со српска националистичка содржина, директно насочена против македонскиот идентитет, соопшти ВМРО-НП. - Како поинаку да ги наречеме стотина пати репризираните документарни емисии во кои се величи српството во балканските војни и Првата Светска Војна, филмот ,,Маршот на Дрина,, серијалот посветен на ликот на Никола Пашиќ, на најголемиот српски националист и осведочен душман и негатор на македонскиот народ и идентитет, емисии за српските династии Обреновиќ и Караѓорѓевиќ, серијата ,,Монтевидео,, и најголемата глупост, серијата што деновиве се емитува под името ,,Војна Академија,, која претставува замена за носталгијата по окупациската ЈНА, до петпарачки филмови и емисии каде доминираат неморал, пцости , резилии и други гадости. А сето тоа во меѓувреме зачинето со повеќечасовна српска турбо фолк музика. Врв на сето ова претставуваше српската новогодишна и божиќна телевизиска програма специјално подготвена зааедничка за Србија и Македонија , повеќекратно засилена за да се добие поголемо влијание врз македонските граѓани кои за празничните денови во голем број останаа во своите домови. Медиуми кои имаат национален предзнак и уживаат целосна подршка од Владата, и кои добиваат големи суми на средства од домашни и надворешни ментори, а за возврат емитуваат програма која претставува духовно злосторство врз сопствениот народ, е рамно на предавство. Тие заслужуваат да се стават на столбот на срамот и никогаш да не се симнат. ВМРО-Народна партија за сите овие состојби крајно опасни по идентитетот на македонскиот народ, како единствен виновник директно ја посочува ,,најмакедонската партија,, ВМРО-ДПМНЕ со нејзината влада како извршител. Господа од ВМРО-ДПМНЕ, зарем не вие срам од сегашнава ваша идеолошка матрица која се повеќе наликува на идеологијата од раните години на 20 век на српските радикали и националисти предводени од гореспоменатиот водач и подоцнежното српско четништво кои отворено го негираа постоењето на македонскиот народ. Извор: http://fox.mk/aktuelno/makedonija/2...lfa-kanal-5-i-sitel-se-duhovno-zlostorstvo-i/
Бранко Црвенковски по долго време се појави во јавноста заедно на маса со Рамадан Рамадани http://infomax.mk/wp/?p=22514
Превземено од: http://a1on.mk/wordpress/archives/440584 „Вработените во ООУ „Крсте Мисирков“ – Куманово упатија јавно писмо до сите граѓани на Република Македонија, со цел разјаснување на причините за штрајкот во образованието. Го пренесуваме писмото во целост: Почитувани родители, медиуми, граѓани, Сведоци сме на игнорирање од најголемиот дел од медиумите за штрајкот на просветните работници (од познати причини) и со ова отворено писмо сакаме на јавноста да ги објасниме вистинските причини за единствената законска можност да го свртиме вниманието на одговорните институции во земјата и да го вратиме барем малку изгубеното достоинство на сите нас на кои животната определба е воспитување и образување на идните наши поколенија. Свесни за одговорноста која ја имаме во општеството и пред нашите деца, повеќе од две децении дозволувавме деградација на нашата професија и не очекувавме надокнада за вложениот труд, свесни за хуманата димензија на наставничкиот позив. Онака како што ги учевме децата, и ние верувавме дека надлежните ќе го почитуваат дадениот збор и преземени обврски за потпишување на колективниот договор и останатите отворени прашања кои го оптоваруваат животот и работата на наставникот во нашето општество. Последните четири месеци беа период кога конечно се уверивме дека не сме вредни за разговор, отворени дебати и барање конструктивни начини да се надминат децениските проблеми во образованието. Напротив, власта многу јасно, со секоја одлука и постапка, демонстрира сила и закани, несвесна дека секој од нејзините членови е „производ“ на нашиот образовен систем. По прашањето за штрајкот, важно е да потенцираме и објасниме што е тоа преку кое не можеме и не сакаме да мижиме, затоа дозволете да ги наброиме основните барања заради кои го активиравме најавениот штрак од месец септември 2014г. кој беше ставен во мирување. 1. Укинување на казните и наградите кои произлегуваат од резултатите од екстерното оценување на крајот на секоја учебна година. За оние кои не знаат, екстерните проверки се дел од многу образовни системи и нив ги спроведува или државата (преку надлежните министерства) или се дел од меѓународни проекти (PISA,PIRLS,TIMSS) и тие се показател на знаењата на учениците од одредени научни дисциплини. И Македонија е дел од ваквите истражувања. Ваквите истражувања се добар начин да се бараат причините за одредени слабости во образовните системи и изнаоѓање подобри образовни модели за јакнење на ученичките компетенции и подготвување за живот во 21ви век. Секако, слабите резултати на нашите ученици на меѓународните тестирања се причина повеќе да се пријде сериозно, но многу студиозно кон прашањето за реформи во образовниот систем на Р.Македонија. Тоа подразбира широка дебата во која ќе се ангажираат сите расположливи сили и човечки ресурси (вклученост на наставници и практичари директно засегнати со проблемите во училиштето) и градење силен образовен систем кој ќе понуди квалитет на пазарот на трудот. Но за тоа е потребна длабока анализа и детектирање на состојбите во нашето образование, откривање на слабостите, градење стратегија за јакнење на системот на образование и насочување на колективната енергија кон исполнување на зацртаните цели и задачи. МОН како реализатор на екстерното оценување на ниво на Р.Македонија, иницираше законски измени кои не се познати ниту во една демократска држава. Европските и светските образовни системи не познаваат мерка казни за наставникот, особено не казни какви што се предвидени и озаконети во нашиот парламент. По прашањето награди и казни за наставниците кои произлегуваат од екстерните проверки на знаења на учениците, нашето логично прашање е: Ако изминатите десетина години советниците од Биро за образованието нé советуваа дека оценката треба да е резултат на знаењата, способностите, вештини, залагање на ученикот, чувството на одговорност, ставови, учество во проектни активности и дека наставата и оценувањето (вреднувањето) треба да е индивидуална (за секој ученик одделно), па годишната оценка е резултат на сето тоа заедно, прашуваме: Како е можно со заокружување на 30 понудени прашања да се провери веродостојноста на сето претходно наброено? Сега сме исправени пред прашањето: Дали да ги учиме децата да учат на памет, свесно уништивајќи ја нивната моќ за здраво расудување, анализа и креирање на нови вредности? Со казните МОН само ги учи наставниците да калкулираат, манипулираат и изнаоѓаат начини да не бидат казнети. Почитувани родители и медиуми, добро е да знаете дека со системот на казни на наставниците, Вашите деца нема да добијат квалитетни знаења, туку ќе учат како се вежба папагалска меморија и како се осиромашува човечкиот дух. 2. Укинување на двојна администрација. Ова барање не требаше да биде дел од нашите барања зашто кога се воведе како пилот проект е-дневник, беше најавено од МОН дека паралелната документација ќе се води две години, а потоа пишаниот дневник ќе се исфрли како застарен начин на водење на училишна документација оти стремиме кон градење на е-општество. Што значи за наставникот паралелната документација? 140 страни од дневникот се води уредно за време на работното време, а дома (најчесто во ноќни часови, заради оптоварување на системот) се води електронска документација. Така, наставниците четврта година водат двојна документација во дневниците наместо својата енергија да ја насочат кон креирање жива и интересна настава. Почитувани родители, обесправениот наставник кој губи голем дел од својата енергија на административни задачи, не е мотивиран наставник. Тогаш како да ги мотивира и поттикне учениците да истражуваат, да размислуваат критички и да создаваат вредности? 3. Барање за покачување на платата. Наставникот во Р.Македонија никогаш не бил соодветно вреднуван и платен. Платата на наставниците не е доволна да се задоволат ниту основните човечки потреби. Покачувањето на платата на наставниците беше најавено пред две години, а до сега имаме само усвоени законски измени кои го казнуваат и деградираат наставникот до степен кога повеќе не може да се молчи. Почитувани родители и медиуми, свесни за економската состојба во општеството веќе дваесет години, наставникот работеше и оставаше простор да проработи свеста и совеста кај надлежните за значењето на образованието за едно општество каде се градат луѓе со знаења, вештини, способни да го градат општеството. Поради тоа што такво нешто не се случи, напротив, наставникот е на маргините на општеството, ние сме приморани да го искористиме единствениот законски механизам и да кажеме дека сме тука, дека сме многу и дека власта ќе мора да се соочи со нас и да најде аргументи (барем со примери во светот) за тоа што го прави. Ако одговорот е за подобро образование, и ние се согласуваме. Но нашето убедување е дека тоа се прави многу погрешно, брзо, стихијно, без поддршка од оние кои се стожери на образованието – наставниците. Ако целта на воспитно – образовниот процес е градење и создавање критички умови кои ќе работат на личниот и професионалниот развој прифаќајќи го принципот на доживотно учење, Ве уверуваме дека нашиот штрајк е повеќе од оправдан и неопходен. Длабоко сме уверени дека со ова наше отворено писмо ќе наидеме на разбирање и поддршка од сите граѓани и медиуми во Република Македонија. Вработените при ООУ „Крсте Мисирков“ – Куманово (членови на синдикална организација при училиштето)„
Ова треба да се подржи. Баш би било убаво средношколците масовно да го бојкотираат екстерното тестирање, или барем намерно да ги заокружат сите одговори погрешно. Бојкотот треба да се изведе на меѓународно ниво во духот на слоганот „Средношколци од сите земји - обединете се!„.
Морам да си кажам мој став некаде, мое мислење, за кое ЗАМОЛУВАМ платениците да не ме цитираат и реплицираат, а особено ДА НЕ МЕ КОЛНАТ ДА МИ УМРАТ ДЕЦАТА и се најмило, затоа што нема да се совпаднеме во размислувањата. Благодарам однапред. Благодарам. Спојлер: Зошто имам вовед Заради тоа што во лични пораки, понекогаш и јавно, од голем број на членови на Фемина добивав закани по живот, како и други членки, само заради тоа што сум поинаку определена од нив, како и клетви и желби да ми умрат децата и се погоренаведено. Истите на пример, сметаат дека секој има право да живее, како и хомосексуалецот, и да има дете, ако веќе не може свое, но ако е вмровец, треба да умре и децата да му умрат.Иако не сум сдсмовка, имам и јас право да родам, да имам дете и никој од сдсмовците да не ми посакува да ми умираат и да ги гледам како ми умираат на раце. Уште еднаш благодарам што нема да ме колнете, вреѓете, понижите, посакате мајка ми крв да сере и да родам дете без'рбеник како мене, благодарам што нема да сакате да пометнам на секое бебе и што нема да посакате моите најблиски да се угушат во сон. Поздрав за членовите кои ми пишуваа како ќе умирам од силната Заева рака и како ако имам потомок, треба да ми умре на пораѓај. Поздрав. Е сега она што ми засмета денес многу. Се извинувам и за долгиот пост и за оние TLDR што нема да се закачат на извадоци од реченица за да посакаат да умарм притоа. Поводот е видеово Имено, гледањето од една страна одсекогаш ми сметало. Ќе одам по ред. 1. Албанското малцинство се плаши каде се тоа ќе ги одведе.Додека етничките нетрпеливости растат, опозицијата вели дека режимот користи методи да го угуши гласот на неистомислениците. Во кој правец оди оваа балканска криза? - Етничките нетрпеливости растат, вика прилогот. Власта ги гуши албанците, има балканска криза. 2. Македонија, како и режимот на Груевски, се во голема криза. Како може новинарот, да каже режим, ако самиот не почувствувал даи е така? Или се базира на кажувањата на најбогатата жена во Македонија, Шеќеринска Дајнерс? 3. На Ивана Д. не и се допѓало Скопје 2014, што е сосема во ред, вкусови се во прашање. НО, новинарот ја става во кадар додека зборува за тоа како мислеле архитектите, а таа е социолог, дете на архитекти. Колку што е она архитект, толку сум и јас земјоделски инженер, ако веќе се наследува дипломата по гени. Гугл вика дека „Драгшиќ е родена во Подгорица, Црна Гора. Таа е со хрватско потекло, а родителите се двајцата архитекти. Во Скопје доаѓа во 1991 година. Средно училиште завршува во „Јосип Броз Тито“, а потоа се запишува на Факултетот за социологија. “ Добар спин на новинарот. Можеше да каже дека таа е и против изградба на црква, но не му е во прилог. Краен резултат - прашан некомпететен човек за мислење, спинуван архитект. 4. Доаѓа на ред Александар Велики и големиот македонец, Борјан, женет со албанка, констатира дека со овoj споменик македонците се поделиле, бидејќи биле словени, а не антички македонци по потекло и дека овие античкиве се створиле сега, изненадно, и сме се изгубиле како нација поради тој споменик. Мене ме интересира дали некој воопшто се почувствувал како грк или албанец после споменикот. Напоменувам,да не заборавиме, македонец го кажува ова. Или барем така се претстваува, засега не знам дали сменил националност и е албанец како жена му. 5. Се чини дека албанското малцинство е потполно избршано во историјата на земјата, вика прилогот. Не се славел никој албански херој, туку била намерно ставена статуа на Цар Душан, кој замислете за срамови, бил христијанин. 6. Етничките албанци биле четвртина од населението. Не петина, туку четвртина. Новинарот наеднаш направи попис каде албанците се 25% од населението. Овие 25% владата ги заборавила. Живееле во стариот дел од Скопје, и Владата ги запустила. ОБСЕ ги карактеризирале последните избори како избори со насилство врз албанците. Тоа е ставот на новинарот, реално види линк http://vistina.mk/2014/04/28/obse-odihr-izborite-sprovedeni-vo-mirna-i-prijatna-atmosfera/ . Според новинарот, за време на изборите, македонци сакале да убијат албанци и фрлиле бомба врз нив, Поради ова, албанците се иселувале од Македонија, побегнале, оти овде сме ги тепале. Расплакана албанка вели дека македонците им правеле само зло, туку така. 7. Констатираат дека Груевски ги добил изборите оти играл на христијанската карта. Веројатно мислат дека сдсм не се христијани, туку атеисти. Навистина, освен желба да се направи омраза помеѓу христијаните и муслуманите, во оваа реченица друга логика и оправдување не гледам. 8. Според Слаѓана Тасева, проблем е што Ставрески му е кум на свадба на Груевски. Не наведува нели дека прво стана министер, а после некоја година кум, оти нели, подобро е да кажеш дека кумот си го ставил министер отколку обратно. Веројатно сите што имаме колеги, не смееме по законот на Тасева, да ги побараме за кумови, оти нели, скандал е тоа. Исто, според неа, власта имала снимки за да ги уценува противниците, а кои реално, ги има Заев, како и Верушевски, па дури и Верушевски, чиј син уби дете, со тие снимки син му беше пуштен на слобода. Ама како да каже дека синот на Верушвски уби дете, а тогашниот претседател го ослободи? Срамота е тоа, пу пу. 9. Следува кутрата сиромашна Шекеринска, која вели дека владата ја затворила А1, оти била против нив, ама никаде не спомна дека затајувале данок, дека во едно место имале 50 фирми, дека на новинарите не им давале плата, дека им давале понекогаш на рака и дека всушност се работи за финансиски криминал. Подобро е да каже дека од политички причини биле затворени. И луѓето од надвор ќе и веруваат. А богами, некои и од внатре.
10. Следува Јадранка Костова, кутра жена, која еве оние што викаат дека Мирка била гнасна, можат и со оваа да се позанимаваат. Лошо е облечена, мрсна и е косата, а некои викаат и дека смрди. Еве озборувајте сите што мразите мрсни жени во главата. Јас ќе се воздржам од тоа, не ми личи, ќе кажам само дека таа на светот, без да има доказ, му кажа дека власта го убила Младенов. Нели, експерт. Се пофали колку ја тужеле, не кажа на колку им го уништи животот со лажни написи во весници, и дека и е поважна читаноста од вистината. Вистински новинар. 11. Нормално, Кежаровски се спомна, како бил во затвор за откривање на идентитет на заштитен сведок. Не кажаа дека и адвокатите и судиите се уште во затвор за истото, но нели, побитен е Кежо, он е член на сдс, другиве во затвор за истото дело нека скапат. Не кажа и дека откривањето на идентитетот од негова страна пред некој ден резултираше со обид за убиство на семејството на сведокот, ама така не е фер да кажат де. И власта е крива, оти кога излегле они на простести да се ослободи Кежаровски, еден саат претходно, го пуштиле. И он сам бил на протест за него : ) Констатира новинарот - Не можете да се справите со овие луѓе. 12. Даваат снимка како албанците го кршат ЛГБТ центарот или Хелшински, не знам, ама не кажуваат дека се они. Се премолчува за гледачот да мисли дека ова се случува од македонци против соживотот во Македонија. Ја даваат Уранија, државната советничка за односи со јавноста и за меѓународна соработка при Канцеларијата на поранешниот народниот правобранител, директор на Хелшински, која констатира етнички тензии. Уствари, проблемот беше во педерите, а не македонците и албанците. Ама така и одговара на Уранија во моментов, да каже дека снимката е етнички проблем. Вика дека за време на избори имало многу етничка тензија. злосторства од омраза и кривични дела, за што е виновна владата чиј инструмент е говорот на омраза (веројатно некаде премиерот рекол да умрат шиптарите и слично, па така да помисли женава државен советник). Според неа, Владата е крива што им ја искришеле албанците канцеларијата, а не тоа што во Турска чаршија имаат ЛГБТ канцеларија. Не се они криви, Владата е. 13. НАВОДНО убиство имало во Монструм. Наводно. Доказот за етничка омраза од македонците кон албанците било тоа што им дале доживони на албанци кои убиле македонски деца, за НАВОДНО убиство, оти може и немало убиство. Го даваат адвокатот на албанците, кој ја прикажува неговата страна. Адвокатот на македонците не го даваат, бидејќи ќе ја каже неговара страна, дека има докази дека осудените го направиле убиството. За емотивниот момент да се постигне, ја даваат мајаката на еден од обвинетите, како плаче за да се сожали гледачот над албанската мајка, ама не ја прашаа мајката на умреното, мајките на петмината крвнички убиени што ќе кажат. Не им е тоа во прилог. Тажна е мајката за затворот на синот, а кој ја љуља онаа која го погребала својот. Битно, новинарот ја доби целта. Сите ја сожалуваат албанката мајка. Македонската да пукне. 14. Уранија вика дека ова било монтирано, дека владата ги убила децата за да створи гнев помеѓу македонците и албанците, против исламот.Шефот на УЧК од Косово јасно и гласно, стојќи пред картата ва Голема Албанија, вика дека ако има немир во Македонија, они веднаш ќе дојдат да им помогнат на нивните албанци и сонот за Албанија ќе се оствари. Потајно, им вика, кренете се, идеме ќе ја поробиме државата. Најглавната цел на прилогот е да се прати пораката до секој албанец, вие почнете, УЧК доаѓа на помош. Веднаш по него, Шекеринска кажува дека дојден е климаксот, дека сега треба да се реагира. Бесот растел, кога Груевски и Мијалков почнале да прислушкуваат, еден со друг веројатно, оти најмногу ги има на снимките. Доста се 14 точки, нели за да ја кажам и јас мојата поента. Шекринска, цел живот плата од државата земаш, уште од времето кога пегла за коса не знаеше што е. Нашите браќа, синови и деца ќе одат во војната, не твојот Бобо, со кој ќе бидеш во Швајцарија додека другите гинат, оти ти не си можела да не ја отвориш устата за Ал Џезеира. Многу е веројатно мојот брат, братот на некоја феминка, мојот маж, мажот на феминка, да оди во војна. Тогаш нема да ставаме слики од јадење, нема да бираме алишта, нема да броиме колку секс сме имале за да останеме бремени. Тогаш, ќе се молиме да се вратат назад, додека ти и другарка ти Слаѓана ќе причите газови во странство. Борјан не го мислам, он прв ќе нападне против Македонија, иначе жена му ќе го остави, а друга таков идиот не зема. Целта на прилогот е војна. Се надевам нема да успее баграва да има мртви.
Доста исцрпна анализа, си се намачила, туку да прокоментиташ за содржината на снимките, или тоа не се вклопува во твојата партиска пропаганда?!
А, не! Имаат наредба од шефот да се прават глуви и слепи. Најверојатно се надеваат дека така магично ќе исчезнат снимките и народов ќе заборави што ѓубриња се.
Ete taka site partiski vojnici po stapkite na gruevski. Nikoj ne smee da go replicira,demantira pa makar i so dokazi,oti se znae se sto moze da go snajde,za na kraj da ni se manifestira kako zrtva i osteten.Nepravedno obvinet za negovite dela. Ete toa ti e aktuelna politika koja postoi odkako na celo na vladata e Sefot. Stom repliciravte,sega e isto kako kletva da ste udrile.