Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Актуелни политички настани

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Ariel, 3 август 2010.

  1. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    18.584
    Допаѓања:
    252.141
    Тоа е Јипи, јас би сакала, ама каква и програма да се понуди, џабе кога државата е полна со долгови.
    Сиромашни сме, а секојдневно не убедуваат како се ни цвета во државата. Каде тоа?!
    СДСМ сакал дестабилизација, а Вмро пумпа лажен национализам.
    Сфаќам јас работно место и егзистенција, и јас драги мои неам соодветни примања, едвај се вработив во приватна фирма, да кажам дека едвај го вадам месецов, ама неможам да се правам слепа и глупа пред оваа мизерија од влада.
    Слатки ви се платите од администрација, да слатки се, ама што правиме кога држава целосно ќе колабира, што тогаш, кога ќе нема ни за администрацијата. Народ во градовите нема,луѓето буквално преживуваат, гладуваат, а некој си таму таканаречен премиер си поигрува со цел народ.
    Знам како се на власт и не ме убедувајте дека народот ги гласа, залудни се сите обиди да убедувате дека народот ги сака. Не, не ги сака, принуден е, а и богами себичен, битно има тој во џеб.
    Па сега ќе пуштаат видеа, ќе шират вести дека Заев е грчки шпион и остали веќе видени приказни.
    Не пали тоа бре!!!
    А за Заев, што би рекла, па да нехаризматичен, делува просто, ама јас еднаш кажав освен како градоначалник, кој се покажа одлично во друго издание го немам видено.
    И престанете со муабетите, ако не за Вмро за СДСМ ли ке гласаме. Реално трета опција не постои, а не можеме да знеме како СДСМ ќе раководи со власта. Беа тие на власт пред 10 години, и искрено беше далеко подобро од сега. Да, во времето на Бранко и приватизацијата, па и во времето на Љупчо беше сто пати подобро. Сега се нема пари за леб. ЕПА ИМА РАЗЛИКА НЕЛИ!!!
     
    На anakonda88, Night Rider, Rose96 и 4 други им се допаѓа ова.
  2. peperutka87

    peperutka87 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јули 2011
    Пораки:
    764
    Допаѓања:
    536
    Пол:
    Женски
    Од овој режим уште фалеа да ги стават и тие барокните сендвичариии....луѓе дали сте нормални????:drunk:
     
    На Night Rider му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Daydream

    Daydream Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2013
    Пораки:
    1.682
    Допаѓања:
    6.472
    Пол:
    Женски
    Џабе се препукувате цело време на темава кога сите си ги гледаме личните потреби и желби. Тебе ти било подобро во времето на СДСМ и сега нормално е да ги гласаш и правдаш, ништо поразлично од овие луѓе што сега гласаат за ВМРО и ги сакаат нив на власт. Значи нема разлика. Со која власт ни било подобро за лично нас и нашите семејства нив ги сакаме. Тебе ти било подобро тогаш, ок, ама не ме убедувај мене дека тогаш било подобро. Лично јас и моето семејство имаме сосема спротивно искуство кога беа тие на власт. А знам дека не сме единствено семејство. Ама сепак еве зборам за мене лично. Никогаш нема да заборавам кога татко ми ја изгуби работата. Никогаш. Никогаш нема да го заборавам тој период од мојот живот. Знаете кој стрес е тоа за едно мало дете? Иако моите мислеа дека сум мала и дека ништо не разбирам што се случува. Збореа скришно од мене, шепотеа да не слушнам ама јас многу добро знаев што се случува. Татко ми ја прашуваше мајка ми што ќе правиме сега? Почна такси да вози со една стара кола само за да донесе леб на маса. Одвај 200 денари вадеше само за лебот и млекото за тој ден. Колку пати му се расипуваше колата, колку пати сам дома во двор ќе ја поправа, ќе се мачи само зашто нема пари да ја однесе на мајстор. Па ќе кажува како го стопрела полиција, па да не му пишат казна сендвичи им купил и го пуштале. Жива вистина е ова. И ќе дојдеше дома со 100 денари одвај за само леб да купиме. Тоа никогаш нема да го заборавам, а моите па уште помалку. И тоа среќа една беше што татко ми беше помлад, па ете после тоа се снајде, се вработи на друго место сепак имаше некаква можност. А знаете што направија луѓето кои што тогаш ја изгубија работата, а имаа над 50 години? Останаа дома, и знам некои што дури и животот си го одземаа. И затоа СДСМ ги мразам од дното на душата. Буквално ги мразам. Менувам канал кога ќе го видам Заев. Менувам одма. Одвратен ми е Бранко, гаден ми е, ми се гади кога го гледам, Заев уште повеќе зашто знам дека е само марионетка на Бранко. И цела остала багра. И ВМРО не ги сакам. Триста глупости направија. Сакам да си одам од тука, имам пишувано во многу теми за тоа, нив не ги гласам, ама дека некогаш ќе гласам за СДСМ и дека ќе сакам тие да дојдат на власт - никогаш. Моите не се политички определени, да беа немаше сега дома да седам, ќе работев некаде и немаше да спремам документи за надвор. Тоа доволно кажува. Ама барем сега имаат солидни примања, живееме многу подобро од тогаш.
     
    Последна измена: 24 март 2015
    На presiosaP, referentka, Marossa и 2 други им се допаѓа ова.
  4. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    18.584
    Допаѓања:
    252.141
    Ви нема рамен во извртување на муабетите.
    Лично никогаш не сум била засегната од партија, така да некоја директна корист од СДСМ немам, ама реално правиме муабет, општо како се живееше пред десет години, а како сега.
    Приказнава ти е ок, али како сакаш сфати не паѓам на такви работи, кои трауми си ги преживеала па сеа да те тера да менуваш канал кога ќе видеш некој од СДСМ. Што да прави останатиот народ освен администрацијата кога ќе го види Груевски, кај да смени кога само него го има по ТВ?
    И татко ми останувал без работа, имало периоди едвај сме ваделе месец, ај сеа ја да пишувам какви трауми имам, или да споменам по тазе и јас имам дете, а во текот на една година само со сопругот бевме 3 пати и двајцата невработени.
    Полошо е и тоа многу, општо состојбата е далеку помизерна оттколку што некогаш е била, па затоа не ни може да се споредува.
    На вас ви е поубаво, вие сте поединци, вие кои сте вработени во администрација и кои зимате плата од народот за кој еве си кажувате баш и не ви е гајле.
    Јас можев исто како тебе и сличните на тебе да се вработам преку партија, па да ете ќе спиев во штаб и што ќе ми е гајле бе за државата, ама неможам и несакам некој да лечи комплекси на мене.
    Вака ми е поубаво со сопствен труд си ја заработувам платата, не чекам некој да ми ја даде. Ама за жал се осеќа бедата и сиромаштијата, високите цени за храна, и секако ги чуствуваш лошите последици од оваа владеење. И вие ќе ги осетите, и нема да ве жалам, туку мило ќе ми е оти нели побитно ви е џебот да ви е полн. Тогаш ќе сфатите како живее обичниот народ во Македонија!
     
    На Emy867, Rose96, crimson и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.693
    Допаѓања:
    35.620
    Пол:
    Женски
    Знам! И моите родители останаа без работа тој период. Се сеќавам како мајка ми плачеше бидејќи имаше периоди кога немавме ни за леб што се вика. И токму заради тоа јас СДСМ и Бране не можам да ги смислам. Ама... како што сега е тортура, диктатура и сиромаштија, никогаш не било! Затоа не ти држи вода муабетот дека секој гласа во зависност од тоа како му бил животот за време на нечие владеење. Не секогаш треба личните цели да се ставаат во преден план. Што правиме со нашите поколенија? Што ќе им оставиме во наследство? Долгови што ќе треба да ги отплаќаат додека се живи? Бидејќи Гвујо немал осет со крадењето на државава?! Дајте ве молам! Барем замолчете кога веќе не можете да ја признаете лудоста на владава!
     
    На butterfly6223, crimson, makedonkamak и 2 други им се допаѓа ова.
  6. Daydream

    Daydream Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2013
    Пораки:
    1.682
    Допаѓања:
    6.472
    Пол:
    Женски
    Да де, затоа реков дека и сега не е добро, јас сум реална, можете да ми најдете еден куп постови по темиве каде убаво имам напишано што не чини во државава. Јас за се' се согласувам ова што го напиша. Затоа и реков дека за никого не гласам, затоа реков дека ќе си одам од државава, јас тоа не го кријам, си кажувам. Ама да ми кажува некој дека со СДСМ било или ќе биде подобро ама ич не сакам ни да слушам, ни да читам. Таквите за мене не се ништо подобри од овие сега што се влечат по партии.

    @JuLleE да ти кажам премногу си огорчена и читаш само тоа што тебе лично ти одговара. И дa бидaм искренa не ти гo ни дoчитaв пoстoт. Штoм видaм декa пишувaте сo вaкoв висoк тoн и нaдменo пишувaње демек сите сме ние мизеријa и пaртиски пиунчињa, не сaкaм ни дa губaм време сo читaње, зaштo oдмa ми е јaснo зa кaквa дискусијa стaнувa збoр. Воопшто не допира ништо од тоа што го кажа до мене. Нит сум била партиски определена, нит моите се, нит ќе бидеме некогаш. Јас ако сакав да бидам партиски определена до сега 100 пати ќе го направев тоа и немаше да спремам документи за да се губам од овде. А ти дали веруваш во тоа или не, воопшто не е мој проблем. Ако сакаш да дискутираме кaкo штo требa - ок, ако мислиш да пишуваш "вие во администрација вака/така/онака", завршувам тука.
     
    Последна измена: 24 март 2015
    На presiosaP му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.276
    Допаѓања:
    157.834
    Како да бидеш новинар во Сител?
    Вметни - јавноста и ескперти во било кој контекст во било кој дел од реченицата.
    Финтите на д-р Латас.
     
    На galapce и Marossa им се допаѓа ова.
  8. jacqueline.s

    jacqueline.s Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    4.136
    Допаѓања:
    20.331
    Пол:
    Женски
    Државата зема ДДВ од хуманитарни донирања по телефон за болни лица. Не знам што да речам веќе!!!
     
    На makedonkamak му/ѝ се допаѓа ова.
  9. makedonkamak

    makedonkamak Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 октомври 2013
    Пораки:
    3.616
    Допаѓања:
    27.000
    Пол:
    Женски
    Ништо ново.
     
  10. Feather

    Feather Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 март 2015
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    8
    Пол:
    Женски
    Вистината е дека нашиот народ нема своја партија, туку партиите имаат свој народ. Реалноста е дека државата и нејзините институции се партизирани. Во тоа нема сомнеж. Се додека постои поделба меѓу народот, секогаш ќе биде злоупотребуван без разлика на тоа која партија ќе биде на власт. Се додека секоја партија има свои симпатизери и притоа, истите меѓусебно се напаѓаат, секогаш народот ќе страда, бидејќи станува збор за судир на интереси меѓу поединци. За жал ќе бидат употребувани различни идеологии. Меѓутоа, тоа не се случува само кај нас. Таква е политичката ситуација насекаде во светот. Постојат бројни примери во историјата кои зборуваат за таквата злоупотреба. За пример може да се земе француската револуција, чиишто деца се бореле за еднаквост, братсво и единство...нормално се додека не се појави Наполен и повторно го врати империјализмот. Меѓутоа, Французите секогаш ќе се борат за своите национални херои и имиња, и тешко на оној кој го навредил нивниот идентитет и националност. Исто така, познато е дека сите големи држави се враќаат кон национализмот, тргнувајќи од САД, преку најразлични пропаганди, најразлични средства, како што е филмската продукција- масовното произвоство на филмови за нивните национални херои, како што е пример: Абрахам Линколн- се обидуваат да ја зголемат свесноста и чуството на националност и припадност (најверојатно согледувајќи ги ефектите на глобализмот).
    Идентитетот на нашиот народ е раздвоен. Ретко кој денеска може да се пофали со обемно познавање на нашата култура, историја. За еден народ да се развива потребно е да ја има основата-културниот идентитет- од која ќе почне да ги гради сопствените тврдини. Мое мислење е дека тоа претставува добра стратегија на премиерот, но за жал не ја реализира на најсоодветен начин; проектот Скопје 2014година е резултат на тоа. Потоа, во однос на потеклото на македонскиот народ, односно дали потекнуваме од Античките Македонци или Словените, претставува тема која е дискутабилна, односно тема на која е потребно да се извршат пообемни истражувања. Факт е дека во IV и III век, на територијата живееле пајонските племиња, кои што според истражувањата на ДНК имаат повеќе од 50% сличност со ДНК на Античките Македонци односно, станува збор за блиски по сродност народи, т.е племиња. Доста е интересен фактот кој зборува за големината на Филип II. Во основа, ги обединува сите македонски племиња кои живееле на територијата на денешна Македонија, како и пошироко, со една и единствена цел- да создаде кралтво и притоа да докаже дека македонскиот народ не е неук и без своја култура, како што дотогаш ги напаѓале Атињаните (само да Ве потсетам дека тогаш Атина, Спарта, Теба биле само градови-полиси, а Македонија постанала кралство и како што Атињаните имале свое писмо и јазик,така и Македонците имале свое писмо и јазик, кој се разликувал од грчкиот- нормално на кој друг начин и ќе може некој да одржува кралство, а нешто подоцна и империја). Александар III Македонски не само што не ја прекинал мисијата на сопствениот татко туку и ја проширил и развил многу повеќе отколку што воопшто очекувал. За разлика од Атињаните, Спартанците, Тебанците,Персијците кои го негирале уште тогаш македонскиот идентитет и култура и во секоја прилика ја покажувале својата супериорност, при што ја наметнувале сопствената култура и идентитет и нормално ја уништувале туѓата, Александар направил еден чекор напред. Не само што не ги уништувал туѓите територии, туку сосема спротивно. Ја сочувувал секој култура на секој освоен народ, паралелно коегзистирајќи со сопствената. Истото важело по освојувањето на Атина, Персија, Египет...апсолутно насекаде ја сочувува и негува автохтоната култура, па оттука се појавува како ослободител, ненаметнувајќи ја сопствената култура и зачувувајќи на туѓата култура и мир. Доста е и карактеристичен фактот за свеснота која и ден денес, се уште е сочувана преку материјалната култура, симболите, а истите кои ги користиме во секојдневието и тоа несвесно. Меѓутоа, во однос на парашањето на Словените и нивните преселби е исто така, дискутабилно. За жал, на нашата територија постојат премал број на наоди кои можат да го потврдат нивното постојано населување Исто така, познато е дека создавањето на таа теорија била во корист на идеологијата на Југославија- создавање на еден единствен народ, кој е обединет најпрво по својата сродност. Секој има право да помисли дека овие историски настани не се значајни или пак борбата за идентитетот дека не се воопшто важни, бидејќи се уште постојат семејства кои секојдневно се борат за опстанок, односно преживување. Меѓутоа, подеднаков е важен и духот на културата да остане подеднакво жив, па оттука и не треба да се остава настрана. А што се однесува за изјавите на Шеќеринска и новинарот Борјан за Ал Џезеира, претставуваат дела за кој искрено и треба да се преиспитаат нивните намери. А истото се однесува и за бомбите на Заев. Доколку сакаат да дојдат на власт постојат начини. Нека понудат соодветна програма со која ќе го придобијаат вниманието на народот и ќе покажат грижа за истиот, а не единствено за македонската буржоазија и нивните наследници. Наместо да ја надополнуваат сегашната владечка партија и се натпреваруваат за создавање на подобри услови, тие се вртат кон очајнички потези. Реалност е дека постои политичка мафија и тоа е неоспорно, но за жал ни тоа не може да се промени.
    На крај пак жртавата е македонскиот народ, бидејќи чекам
     
    На m.i.g и corto.maltese им се допаѓа ова.
  11. JollyGirl

    JollyGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    6.108
    Допаѓања:
    75.390
    Пол:
    Женски
  12. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.221
    Допаѓања:
    4.267
  13. Night Rider

    Night Rider Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2014
    Пораки:
    249
    Допаѓања:
    716
    Пол:
    Машки
    Проектот е резултат на потребата за полнење на сметки во Белизе, Кипар и Швајцарија.
     
  14. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.221
    Допаѓања:
    4.267
  15. okcenzi

    okcenzi Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    3.522
    Допаѓања:
    9.561
    Феминки,што се случува со Стојанче Ангелов? Кој му е филмот на човеков? Никако не можам да го сфатам. До пред некое време просто го обожавав, но со последниве случувања многу ме збунува.
     
  16. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.779
    Допаѓања:
    22.421
    Пол:
    Женски
    ^Зашто што се случува, зашто те збунува и не можеш да го сфатиш?
     
  17. okcenzi

    okcenzi Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    3.522
    Допаѓања:
    9.561
    Последново случување со учк. Мојот непријател ако е твој непријател, тоа значи ти си ми пријател? Тоа ми нема логика и со ништо не може да ми се оправда за постапката.
     
    Последна измена: 1 април 2015
  18. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.779
    Допаѓања:
    22.421
    Пол:
    Женски
    Jaс ова прв пат од тебе го слушам и не сум почитала ништо вакво,затоа ме збуни скроз.
    Да не коментирам неинформирана баш да читнам што било тоа.
     
    На okcenzi му/ѝ се допаѓа ова.
  19. galapce

    galapce Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 ноември 2014
    Пораки:
    4.318
    Допаѓања:
    106.804
    Пол:
    Женски
    Чисто да си ги имаме на едно место..


    [​IMG]

    [​IMG]

    [​IMG]
     
    На Hipster му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Viki693

    Viki693 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2012
    Пораки:
    555
    Допаѓања:
    584
    Пол:
    Женски
    Ti veruvam Daydream se sto si preziveala, veruvam i deka vie si znaete kako seto toa ste go pominale, no samo edno sakam da kazam, vakvata sudbina kako vasata gi ima snajdeno i drugi semejstva, i drugi decinja se sekavat na vakvi loshi iskustva i toa vo vremeto na vladeenje na vmro, e zatoa narodot e podelen....e sega ne gi podrzuvam ni jas sdsm no ne sakam ni zaradi toa sto drugi ne bile kako sto treba nekoi sega da go koristat toa....nemozam da sum slepa deka drzavat ni odu nadolu...ne sakam moeto dete...ti...bilo koe dete...da gi pakuva kuferite i da misli za nadvor...nekade megu luge sto ne gi poznava...ne go poznava nivniot mentalitet...nema niedna shkolska drugarka...niedna bliska komsivka nitu nekoja bratucetska...sakam da mu pokazeme na bilo koj sto ke dojde na vlast deka toj e ovde za nas i deka nie sme mu go dozvolite toa, a ne vlasta da ja svaka kako privatno pretprijatie, a cel narod kako ovci za molzenje...