Хан на 23 ти јули 2015, после туширање по дома,извикал ЕУРКААААААА,и даде изјава дека Македонија е на работ на политичка и економска бездна!!!!!?? Аб Хан,Македонија не западна во ваква криза преку ноќ.Па и на оној твојон од ЕУ "НАИВО ЌОРАВ"му се правеа еден куп работи пред очи,АМА ИЗГЛЕДА СЕГА НЕКОЈ ДРУГ ВЕ НАТЕРА ДА ПРОГЛЕДАТЕ.
Значи она вестине на Шител . Мизерии. Најавуваат скандал, како во општина Центар имало 60 партиски вработувања за 2 години. Колкава бројка лелее. Како не им е срам не ми е јасно. Они најдоа да зборат за партиски вработувања кога све живо испартизираа. 60 вработувања .... Тие се единствените вработени од опозицијата во администрација ама и тие се многу. Ич не треба да има.
Секогаш кога некој граѓанин на Македонија ќе го изгуби животот заради негрижа на државата или бирократските правила во здраството, оној шлакнат министер за здраство наредниот ден излегува на тв и промивира некаква глупава реформа во здраството....лицемер
Да бе. Баш денеска најде да најави изградба на клинички центар во Штип. Како не му е срам не ми е јасно? Тоа не се луѓе, ѕверови се.
Ѕверовите кога ќе се заситат, престануваат со лов....луѓето како овој и бандата околу него, немаат осет за доста
Ме интересира, имате некаков став по прашањето мигранти и наводна потенцијална закана од нивна страна?
Имам став. Почнувам да се плашам. Денес околу 1500 мигранти треба да влезат во Македонија. Има тепачки за влез во воз, прашање на време е кога ќе ескалира ситуацијата. И неколку работи не ми се јасни: 1. Зошто упорно бегаат во Европа, а многу поблиску им се Саудиска Арабија, Оман, Катар, Емирати? Секоја од тие држави е побогата од пола Европа. 2. Зошто не транзитираат преку Бугарија и Романија кои се членки на ЕУ, туку преку Македонија и Србија? 3. Зошто се нарекуваат мигранти и азиланти, а не бегалци? Дали тоа значи (а најверојатно значи) дека нема да се вратат во своите држави откако ќе заврши војната? 4. Покрај бегалците од Сирија кои бегаат од војната, има и бегалци од Авганистан, Пакистан, Ирак, Конго, Сомалија...кои пак бегаат од економски причини. Сега баш им текна? 5. Читав на некој српски портал дека не сме ги третирале како луѓе, а еден куп невладини, Црвен Крст и доброволци секојдневно им даваат пакети со храна, вода, хигиенски средства, облека, ќебиња и им пружаат медицинска помош. Ме иритира кога некој странец плука по државава, ако не им се допаѓа, слободно нека одат преку Бугарија и Романија. Македонија толку може. 6. И најчудно - по медиумиве се вртат исклучиво слики со расплакани деца, бремени жени, уморни мајки. А статистиката на МВР вели дека до 11 август (толку успеав да најдам) издадени се 31 774 потврди за барање на азил, од кои 22 262 лица се мажи. Каде им се мајките, сестрите, жените, децата? Малку ми е чудно мажи, здрави, прави да бегаат од војна, а да си го остават семејството во војна. Плус сите тие тргнуваат со по неколку илјади долари во џеб. Ајде да речеме дека ги продале куќите па имаат пари. Ама, кој ќе им ги купува куќите во сред војна? Некои од нив и со нож и мачета, пак ајде за лична сигурност. Ама ако им пукне филмот па тргнат кон некој полицаец или цивил? 7. Не знам како ќе заврши сето ова, ама знам дека последниот пат кога имавме бегалска криза, последиците од неа така убаво ни се удрија од глава, што и денес не' боли. Господ нека ни е на помош. Мене ми е жал за луѓето кои оставиле се зад себе и одат кон подобар живот на пат полн со неизвесност, ама стравувам и за мојата безбедност и безбедноста на мојата држава.
И треба да бидеме исплашени од оваа ситуација. Не само ние, туку и цела Европа. Во случајности не верувам, не е случајно што бегаат во Европа, ниту е случајно што повеќето мигранти се мажи. Можеме само да претпоставиме колку исламистички екстремисти-терористи се протнале со нив, и на голема врата си влегле онаму каде што треба да влезат, за да во даден момент почнат да ја остваруваат својата кауза. Прашање на време е кога ќе почнат да креваат стоковни куќи во воздух и да кинат глави на „неверници“ во срцето на Европа. За Балканот и да не зборувам, веќе имаат формирано тренинг кампови во Босна, сигурно и во Косово, а и кај нас на големо врбуваат и роварат во џамии, со цел на овдешниве муслимани еден ден им стане „нормално“ и „природно“ се она што денес го практикува ИД и таквите слични. Па фино-лепо ќе се вгнездат и во системот на државата, и после Господ на помош.. А ова Европава дреме и гледа со прстот во уста, изгледа мислеа ќе дојдат овие најдалеку до Косово, и понатаму не го знаат патот. А тие им ја спржија манџата во нивните земји, тие треба оберучке да ги примат и да им објаснат каква убавина и демократија ги чека во нивните дотогаш „диктаторски“ земји. Па овие може и да се вратат назад, којзнае... Баш да видиме како ќе се справат со нив, какво евро-мулти-култи општество ќе ги „раздени“ со новите им сожители. Според мене, ситуацијата се решава само со воени мерки, без многу демократии продавање, и гледање подолгорочно. Затворање граници за мигранти и чување на истите со до гуша наоружана војска, секако не само една-две земји, туку цела Европа глобално да се вклучи во овој безбедносен штит. Секоја држава има обврска пред своите граѓани вака да реагира ако на било кој начин е загрозена нејзината безбедност. Затоа што ова не е веќе бран бегалци, туку е бројка која сериозно ќе го измести од темели цел континент во секој поглед.( Ама вакви мерки, многу тешко, да бидам искрена пред себе прво) А бидејќи на вистинскиот мигрант не му се гине за по секоја цена да влезе во Европа, тој ќе ја смени маршутата па ќе појде кај Саудијците, да речеме. Па таму може и ќе ги примат. А другата багра што сака некои други работи во Европа ќе гине по границите, па ако им чини...
Затоа сакав да се врзе дискусија. Некако медиумите, такви какви што се, освен што постојано известуваат како се згрижуваат мигрантите, не ја прикажуваат другата страна од приказната. Дури и во случај да не се работи за инфилтрација на џихадисти, да станува збор се обични бегалци од кризните жаришта, дали сите тие ќе ја напуштат државава? Што понатаму со оние што остануваат и колкава ќе биде нивната бројка? Македонија не е кадар да ги згрижи родените државјани, како ќе се вклопат тие луѓе во ова општество? Мошне веројатно им следуваат лоши услови за живот и како резултат - гетоизирање, покачена стапка на криминал...
Одговорот на Груевски: http://fokus.mk/gruevski-kriznata-sostojba-e-za-da-se-obezbedi-poefikasen-tranzit-na-migrantite/ Неофицијално: http://fokus.mk/migrant-probodel-politsaets/
Какво е тоа изживување врз бегалците од страна на пореметената нечовечна полиција, со солзавци по нив, а мали деца држат во раце??
Shto se sluchuvalo denes na granica? Vesti ne gledav a portalite ne mi se chepkaat posho sve i svashta pishuvaat. Znam deka nokjeska bil izboden policaec, se znae storitelot? I po koj povod policijata upotrebuvala solzavec, shto se obiduvale da napravat migrantite? Nekontrolirano da vleguvaat?
Не знам дали ги читаш добар дел од коментарите на социјалниве мрежи. Посебно од следбениците на Ајванот. Што барале тука, ние ли ќе сме ги прибирале, мислиш нивниот леб им го даваат! Значи толкава малодушност, трошка емоција треба да немаш во себе, за да кажеш дека тие луѓе што пробуваат животите на своите најмили да си ги спасат, дур маливе сироти пиштат во нивни раце, си го заслужиле па дури и со клоци требале да бидат протерани. Лудаци се луѓево човече, не ми се верува со какви делиме воздух и со години ни ја креираат иднинава.
Abe ne e se taka ednostavno, crno-belo za lesno da nosime sud, bar zasega. Pomegju tie migranti ima bukvalno sekakvi lugje, nekoi i teshki kriminalci. Chitate vie deka policaec bil proboden so nozh od migrant koj odbival da pruzhi dokumenti za identifikacija?
А што треба да прават? Да гледаат од страна како мигрантите неконтролирано влегуваат во земјава? Па после ќе се жалите како никој ништо не превземал, како болести ќе донеле, па којзнае кој влегол, како влегол, кој е, што е, може се терористи, може не се, триста муабети излегоа. Се жалат луѓе по градовиве дека во сред двор им влегувале, им краделе од дворовите... Треба ситуацијата да излезе од контрола па за да се превземе нешто? Ако имаат мали деца треба прво тие да си мислат, а не нашата полиција. Ако тие не тргнеле со сила, и нашата полиција немало да нападне. Прееска гледав на вести снимки. Луѓево беа мирни, мирно си чекаа, полицијата наша исто така беше смирена. Никој не користи солзавец од чиста мира. Што мислите дека треба да се прави при насилен влез? Видовте колку луѓе има на границата? Знаете што ќе се случи ако цел тој народ одеднаш со сила влезе во Македонија? Лесно ни е на нас овде од Скопје, Тетово, Гостивар, градови кои се далеку од таа граница да си блебетаме на форуми, прашајте ги во Гевгелија како се чувствуваат. Ако ништо не се превземе, зошто не се превземало, ако се превземе, е зошто се превземало. Нит се водиме, нит се тераме како народ. Нас како држава пред се' треба да ни биде безбедноста на нашите граѓани. Тоа е приоритет секаде. И мене ми е жал за тие луѓе, не е лесно да тргнеш на таков пат, никој не тргнал од убаво, ама искрено повеќе размислувам за нашата земја, нашите сограѓани, нашата безбедност и за тоа кои навистина се тие луѓе. Треба да си глупав за да не поврзеш некои работи. Не дај Боже да се случи нешто, тогаш да видам дали ќе ги жалите. Кога се случи Куманово и кога слушнавме која била целта на тие таму, се испомочавме сите. Ама медиумиве ве манипулираат, ќе ви пуштат две, три слики со расплакани деца, родители и сите ќе паднете во несвест, ќе глумиме загрижени. А не ја гледате позадината на сето тоа, не гледате што може да се случи. Слики со расплакани деца баш и не ме погодуваат премногу во моментов кога постои можност меѓу тие луѓе навистина да се наоѓаат монструми, па после да гледаме расплакани мајки, деца низ цела Европа. Знаеме каква цел имаат, знаеме на што се способни, и исто така знаеме дека ова им е совршена шанса за влез во многу земји. Сите земји во Европа превземаат драстични мерки, само ние ќе се правиме паметни и ќе ги жалиме, ова и така не се наши сра*а, тој што ги направил нека ги чисти.
^ Не знам кој дел попрво да ти го цитирам, јас и ти очигледно имаме сосема различни сфаќања за многу работи. Јас подеднакво ги жалам луѓето, кај мене не постојат национални бои и не ми се помалку битни животите и безбедноста на тие луѓе, отколку на луѓево тука. Што сум јас, арбитер, на вага ќе ставам чиј живот вреди повеќе/помалку? Режиски филмови на владеачките гарнитури како таа во Куманово не коментирам. Злото кое ти се случува во државата е по вина исклучиво на оние коишто со години ја уништуваа. Додуша, каков народ, таква држава, оттука сами сме си криви за се' што ни се случува. Тие души се сосема невиновни и жртви. Него тебе да ти се деси ова, или на оние што ги поддржуваат насилствава и кога ќе се работи за твое дете, а не дете на некој си Сириец, што ќе правиш. Ќе седиш во својата држава и ќе си ги броиш часовите или со сите сили ќе пробаш да го спасиш како што впрочем секој нормален би постапил? Го знам одговорот, ама сепак 100 стапа по туѓ грб не болат, јасно. Само кругот се врти, па да не дојде ден ова нас да ни се случи, и утре задутре ти да молиш на нечии врати и да те вратат со зборовите дека туѓи срања не чистат, па сама да си се снајдеш, никој не ти е крив, уште помалку они... нели.