Што е со партијава ? Социјал демократска партија на македонија - СДПМ Уште еден очаен обид ВМРО да им одземе гласови на СДСМ, па прави вакви партии ???
Па и партијата на Ѕинго е од редот на левицата СПМ (Социјалистичка Партија на Македонија) А знаеме колку се разликува идеологијата на левите и десните партии и за што се залагаат истите Но како што се очекува-се за и од корист А што слушнав и Ставрески бил поранешен СДСМ-овец??? Значи не ми се веруваше
Не заради иделогија, туку заради името. Се гледа дека е намерно направена, за да згреши некој да ги заокружи нив место сдсм
Тоа со сличните имиња е стара вмровска пракса. На претходните избори имаше Радмила Шеќеринска и Рада Шеќеровска, така некако беа ама не им помина далаверата А за Ставревски слушнав и јас, а Миле Јанакиевски како студент се сликал со плакатот на Бранко во раце, а Гоца Јанкуловска била од Демократска алтернатива на Топурковски и кога им се распаднала коалицијата коментирала ,, мене овде нешто ми смрди на вмровско,,. колку е точно незнам, прочитав во весник Љубе го кажал во некое интервју
И се разбира исто и како во случајот со Директорот на ЈСП, сега наставничката ти го кажала тебе лично.Нормално се е од екстра сигурни извори.Дај бе доста со такви рекла казала муабети. ДОСТА!!!!Се гледа по ова дека верувате или сакате да верувате само во негативни работи за ДПМНЕ без да расудувате со своја глава.Кажувајте само факти издржани во иднина , подобро би било за вас самите и се разбира за сите.
Прво да се изјаснам дека јас во никој случај не го оправдувам нападот врз Шеќеринска, како што некои од вас прокоментираа. Боа, изгледа не те разбрав првиот пат, мислев дека го обвинуваш Грујо директно за нападот. Исто така, не мислам дека нападот е лажен, па дај бе луѓе, не се до толку глупави да сценираат напади, вие ги направивте малоумни. Јас само кажав дека не сметам дека Грујо е крив за нападот, тоа сигурно го направило некое запалено Вмровче и вистина е дека не може тој за секој член или симпатизер на ВМРО да води сметка. Но, сметам дека е многу лошо од Груевски што наместо да рече дека случајот ќе биде истражен и дека ќе се обидат да го најдат виновникот, тој почнал да треска глупости дека нападот е исцениран . Каква професионалност е тоа? Не може тој да лупа такви изјави пред случајот да биде истражен, се знае, прво нека се испита подетално, па дури тогаш ако заклучат дека е лажен напад, слободно нека го кажат тоа. А прочитав некој постирал што изјавила Шеќеринска. Како можела она толку културно да одговори дека не ја обвинува владата и дека е свесна дека има вжештени симпатизери и од двете страни. Ете така треба да се одговори, алал да и е на жената, се покажа дека е над Грујо. Мајке ми, да беше поинаква ситуацијата, да не беше Бранко сеуште во партија ќе размислев да гласам за Шеќеринска. Но, знам дека Бранко сеуште стои зад неа и дека тој диригира, а тоа не ми се свиѓа. Не ми се допаѓаше неговата политика, само празни ветувања. А богами, ист е и Грујо, дури и полош, зошто Бранко барем знае да те убеди, има доста добри ораторски вештини, А Груевски го нема ни тоа. Истрошени ми се некако, и двајцата. Би сакала да не беше толку слеп народот, па да им се даде шанса и на помалите партии пример. И го мразам фактот што знам дека после избори малите партии ќе коалицираат со поголемиве. Но, од друга страна и тој чекор е разбирлив, свесни се и тие дека сами немаат никаква шанса, таков ни е народот, како да е помирен со судбината, како да не гледаат друга алтернатива освен ВМРО и СДСМ, па само се надеваат да го одберат помалото зло.
Во вакви моменти посакував да имам партиска книшка од вмро, не за друго туку да им се уарни на некои форумџики тука и да им бидат оправдани клетвите. Јас сум се смеела на тепан човек? Бог да чува, па јас на форумов ниту видов тепан човек, ниту видов силеџија, прочитав само текст кој секој може да го пренесе-вистинит или невистинит и за волја на вистината никој не направив малоумен. А тоа што се смеам со рачево е дека послатко и покултурно а богами и по невино ми делува Ама мислам дека и со партиска книшка ќе си бев на договор, тоа се други приказни и не им е местото тука иако би можеле да се вбројат и во актуелни политички настани, затоа одлучив дека не ми треба книшка јас со перфекс си го бришам гзето. Туку сакав да кажам дека е без осет малце два дена пред избори да се асфалтираат улици ептен апла приметливо е ама многу е корисно, кај нас ги направија улиците тип-топ, и не е битно дали е пред избори и порано сме биле во предизборие ама волку реновирања не се направиле. Затоа ги поддржувам избориве и не паѓам на провокаторски муабети. Можеби не ми се допаѓаат лавовите кои секој ден се повеќе позеленуваат, бикот со популарните фотогени мадиња, шмизлата на која левата цицка почна да и се рони од фаќање од страна на напалени пубертетлии, но сериозниве проекти, градби, реновирања и асфалтирања, потполно ги поддржувам макар биле и пред избори .Секако дека фали уште многу, секогаш ќе фали по нешто.
Бидејќи сум голем љубител на животните посебно ми се допаѓа ова што денес го најдов на една од страните за заштита на животните. Дај Боже некој од политичарите навистина да се потруди за да се спречи нехуманиот однос кон животните, посебно уличните http://www.youtube.com/watch?v=Z3EQpgCg9yU
Slobodka Ајде биди добра и фина и прочитај ги моите мислења за политика што ми се на форумов и после расудувај дали се поткрепени со факти или не...Немој да бидеш смешна и вакви глупости да пишуваш - ЈАС СУМ ЗА ТЕБЕ ГУРУ ВО ПОЛИТИКА и затоа не почнувај да ме реплицираш со вакви прости изјави, зошто ако би водела политичка дискусија со мене, ќе бидеш обрукана максимум на форумов...Важи? Во однос на криминалот и манипулантскиот однос на чобанската владејачка партија можам да пишувам со денови без престан, а таквите како тебе (аналитичари и добри оратори ) нема да разберат ниту половина од наведеното, зошто толку им се капацитетите за политика...
хахах Милки бе полека. Уствари не слободно душо од иста страна сте со енца хахахахахахах иначе ќе мораше за коса да се фатите кој е гуруто и интелегентниот
Тебе никој не те спомена и не знам зошто ме прозиваш... И тоа што сум јас со енца на иста страна, не знам каква врска има со ова...
епа значи Наместо дискусија очи си вадите. Секогаш ќе не има и сини и црвени и мали и големи, секоја од нас со поинаков став, искуство. Никој неможе нешто што не го доживеал да го гледа со исти очи како и вие. Еве на пр јас неоправдувам насилство, но најискрено и од срце кажувам дека не се вознемирив дека некој бил претепан. Кога тоа би го видела со свои очи, би било се поинаку. Но тука и уште едно прашање - како бре луѓе кај мене никој недојде да ми се заканува, тепа, подмитува? Налет и политика и се! Понекогаш постарите членови на форумов се однесуваат како во двор да сме им влегле. Не е убаво тоа девојки мои.
Значи не ги можам вмровцине. Сериозно, колку и да барам добра страна едноставно сами ме одвраќаат! Излепиле кај нас во Велес што направиле они за Велес, и овој градоначалник. Молам??? Браната Лисиче? Браната лисиче се гради откако сум јас родена 1990 година, само се потрефило да биде завршена кога овој дошол како градоначалник. Потоа теататор во изградба! Театарот е почнат уште во времето на Аце Коцевски - поранешниот градоначалник, и сеуште не е изграден. Се кити и со дисперзираните студии, а и тие се од времето на Аце коцевски. Ставиле слики дека направиле реформи во велешката болница. Кои бре црни реформи сите сме сведоци на неколку смртни случаи на родилки! Не ги можам, ако треба за дуи ќе гласам, ако треба ќе просам, и ќе немам за леб ама за Вмро НИКОГАШ нема да гласам! Никогаш!
Јас мислам дека треба да се намалат саркастичните коментари и дополнувања, посебно каде што не им е место. Да, сарказмот е добар, ама каде треба, а каде не треба изгледа малку невкусно Инаку се согласувам дека форумот не треба да се сведе на лични препукувања и докажувања, така да отсега па натака да се потрудиме да одржиме и оствариме дебата, а не лични дискредитации и иронични двосмислени коментари
Така е Боа од старт тоа и се бараше, а не девојка која се занимава со форумџиките интелегенцијата премерување. ОВде се премерува дискусија за политика, богами во право си да, но некому тоа треба да му се објасни и да почнат да се приметуваат малку и таквите луѓе. Не бива да се затвараат теми заради нечии лични незадоволства што не може нешто да докаже. Форум е дебатирај. Многу добро знаеш како е си го имала искуството и ти, нели.
Prvo se izvinuvam sto pisuvam latinica Mi padna vo oko onaa prikaskata za pretepaniot decko-mafiozi, bildasi, lihvari...imalo i ke ima. I sekoj sto si faka rabota so niv odnapred znae vo sto se vpusta. Takvi raboti se cesti gi imalo odsekogas no nikogas ne se povrzuvale so politika i mislam deka nitu sega nema potreba da ne 'potresuvate' so vakvii storii koi btw ne se ni provereni dali se tocni...dajte link, video, izjava pa posle ke komentirame... Eve vi edno video pa povelete komentirajte http://www.youtube.com/watch?v=MpSHmIxbFL4 a eve go i dokumentot http://a3.sphotos.ak.fbcdn.net/hphotos- ... 8077_n.jpg
^^^ Гледам вмро дека приложиле многу валиден документ за да ги оцрнат другиве... Значи алал да им е... Тој т.н документ за некојси стратегии, со кој мафташе Коњановски денес, може било кој да го искуца на комјутер и да го вметне логото на Сдсм на него, да го испечати и да го пушти во јавност...Све додека на еден документ нема потпис и печат правното лице и институцијата - не се смета за валиден... А погоре забележав дека коментирате за мене, ама меѓу редови...Не се замарајте со мене - јас не го користам форумов за лични препукувања со некој или сл...А во однос на мојот стил на конверзација - немата право да коментирате...