Па и ти кукаше што маки си претргала во приватизацијата. Ама како што гледам сега ти е ок, па си заборавила како им е на тие што не можат да се снајдат. Од кратката меморија си патиме.
ВМРО го затекнале буџетот во дефицит, ај ќе видиме еден ден кога овие конечно ќе си одат, колку долгови натрупале. СДСМ не се цвеќиња, ама ВМРО испаднаа поголеми ѓубриња, дури изненадуваат до каде можат да одат. Што ако на пензионерите им се качила пензијата за 10 евра, кога трошоците за живот растат и нема да се осети. Што се 600 денари, едно пазарување во маркет за дома и толку. а што е со младите што масовно се отселуваат?И што ако им качиле ако се покаже во иднина дека пари во ПИОМ нема за тие пензии?
(Затворски казни од четири, пет, осум и од десет години се предвидени за објавување на аудиоснимки и на транскрипти од прислушуваните разговори. Со законот што денеска на прес конференција го најави координаторот на ДУИ, Талат Џафери, а се однесува на прислушуваните разговори, се утврдува забраната за поседување, обработка, јавно објавување преку медиуми, социјални мрежи, веб-портали и во која било друга форма на јавно објавување и располагање на кој било начин со материјали што произлегуваат од незаконско следење комуникации, вклучувајќи и нивно користење и располагање во изборен процес, информира Мета. „Секој кој поседува или има пристап до материјали од незаконско следење комуникации е должен во рок од пет дена од денот на влегувањето во сила на овој закон да ги предаде материјалите на надлежниот јавен обвинител. Предложениот закон ќе придонесе за остварување на со Устав загарантирана слобода и неповредливост на сите облици на комуникација на граѓаните“, пишува во законот. Во предлог-законот, кој пратеници на СДСМ го објавија на социјалната мрежа „Фејсбук“, пишува дека тој што неовластено поседува, обработува и располага на кој било начин со материјали што произлегуваат од незаконско следење комуникации, ќе се казни со казна затвор од најмалку четири години. Ако објавувањето на материјалите доведе до настанување правни, материјални или други штетни последици на лице кое е инволвирано во објавените или во пренесените аудиоснимки или транскрипти од аудиоснимки или нивни делови од незаконското следење на комуникациите, сторителот ќе се казни со казна затвор од најмалку пет години. Според законот, со осум години казна затвор ќе се казни тој што објавил или пренел аудиоснимки или транскрипти од „бомбите“, ако поради тоа некому му биде нанесена тешка телесна повреда. А ако објавувањето доведе до смрт на лице кое е инволвирано во објавените или пренесените аудиоснимки или транскрипти од аудиоснимки или нивни делови од незаконското следење на комуникациите, или нему блиско лице, сторителот ќе се казни со казна затвор од најмалку 10 години. За правни лица што ќе ги објават материјалите ќе има парична казна, а за одговорното лице – казна затвор, предвидуваат членови на овој закон. „Предложениот закон ќе придонесе за остварување на со Устав загарантирана слобода и неповредливост на сите облици на комуникација на граѓаните“, пишува во предлог-законот, чии предлагачи се пратениците Талат Џафери од ДУИ и Крсто Мукоски од ВМРО-ДПМНЕ. Според законот, тој што неовластено на било кој начин ќе објави или пренесе прислушкувани или тонски снимени разговори или делови од нив или нивни транскрипти на територијата на Република Македонија или во странство, ќе се казни со казна затвор од најмалку четири години.) Можно е да се олку ретардирани?? Btw стварно може да се изведе таква контрола и цензура на интернетов? Инаку се однесува за сите кои било како пренеле видеа од бомбите на социјалните мрежи.
Народот слушна/разбра од бомбите какви морони ја водат државата. Бомбите може да пробаат да ги избришат и со ваков глупав закон, ама вистината веќе излезе на виделина. А ако навистина се дрзнат да го изгласаат овој закон на нивниот типичен каубојки начин, ќе се соочат со народот, оној неподмитениот со трошки. Абе, ние како Северна Кореја ќе станеме со оваа апсолутистичка власт доколку не се тргнат !!
Те навредив нешто на лична основа? Боже, боже... Јас немам ништо против никого, особено ако тој некој не го познавам лично. Разменувам мислење по оваа тема. Ако не одат во прилог на твоите убедувања не мора одма да бидеш навредена.
Има да си го голтнат законот па што сака нека биде Баш сакаа да ја избришат колективната меморија...е тоа не иде така. Ќе се нарушеле човековите права-став на предлагачите на законот. Па баш во бомбите се зборува за тоа како ТИЕ ГИ КРШЕА ЧОВЕКОВИТЕ ПРАВА НА ЦЕЛИОТ НАРОД. БРОЕНИ ИМ СЕ ДЕНОВИТЕ!!!!!!!
Баш оти не се китки за мирисање паднаа во 2006. Сега овие живи се фатени во криминали и некои луѓе ги оправдуваат шо плавите да не се поарни? Не се, затоа ако добијат избори после 10 години во опозција и пак се глупираат пак ќе паднат, толку е просто.
Толку од законот за забрана на прикажување на бомбите , го предложија и видоа дека сите почнаа уште толку масовно да ги споделуваат бомбите и сами се зезнаа..... И сега си го повлекоа лепо фино ....
Повлечен предлог законот за бомбите бе и се покажа само колку малку фалело СДСМ-овец да бидне среќен. У ствари, оној сдсмовец кој барем нешто разбира право најверојатно сеедно му е, а оние попростичките и помутави малку повеќе ќе ги држи „славеничката еуфорија“. Да не гњавам. За вас, славениците, имате од вчера суперб колумна на Дарко Јаневски од „Дневник“. Уште во првиот пасус све е јасно, а све подоле ви е гратис. Додуша има и текстче-критика и за актуелнава власт, да не мрчите бил пропартиски медиум, сители, курири, мурири. Читајте, толкувајте, што знаете прајте, тоа ви е. Може ќе го сјебе жарот на млади мајмуни кој гледам ве спопалил, а може и не. Отрпнати станавте на шамари и порази и учени сте постојано да живеете во надеж, еве веќе 10 години п.с. и @RainBow или кој и да уредува, отворете ја ако сакате темата за бомбите. Изговорот за нејзино затварање ви е без врска
@corto.maltese и вморовец кој што барем малку се разбира би се срамел од ваквиот предлог закон. До вчера разговорите беа сечени, монтирани, лепени, донесени од вселената итн, а сега се плашат. Ако се чисти не треба од ништо да се плашат и во оган ако треба ќе влезат само да докажат дека се чисти. А ова законов е очајнички потег. Заев кога им најави дека ќе пушти 1000 бомби уште денеска додека законот е во постапка, трт се повлекоа. Што треба тоа да значи? Не гледам јас причина за радост ни од една ни од друга страна. Трагична ни е ситуацијава.
Туку за натпреварот Србија Албанија ништо не искоментиравме. Баш ми е мило што Србите ги победија на домашен терен.
Не ја најдов темата спорт. Еве нека биде и политички, што мислите за каменувањето на автобусот на српските фудбалери кај Тирана? Во земја која се стреми да влезе во ЕУ да се дозволи такво варварско однесување.