Смилковско требаше одамна да пукне. Јас престанав да ги слушам бомбите поради тоа што за Смилковско секогаш ја најавуваа, а никогаш не ја пуштија. Се надевам дека ќе пукне бомба за Смилковско, а не петарда, како за Младенов, на пример.
Леле ми се згади, очекуваш да си добиеш уште едно детенце, се е во ред и на крај некој пијандура и двајцата да ти ги убие. Душичка колку ми падна жал, а имаат и детенце друго цц Не ми се верува какви "доктори" имаме.
Србиве гледам излегуваат на протест дека се со Русите. Треба и ние да искочиме тука во Македонија, иако албанците би направиле хаос на тоа. Но и онака Заев (Оланд) сака да направи граѓанска војна. Како и да е ќе ја имаме. Но јас мислам дека со време треба да застанеме на страна на русите, за после да не биде касно. Како што беше за Сирија и пола држава им ја земаа. Време е да направиме анти-американски протест.
Дечки имате читано на Wikileaks дека Груевски виртуелно регистрирал партија СДММ за некои од претходните држави за да ги намали гласовите за СДСМ и да ги збуни гласачите? Некаде ми прелета на интернет, ама сега не можам да го најдам линкот. Фала однапред.
Иначе и во Велес, сите го знаеле, директорот или некој битен хирург што пиел многу. Нормално поставен од ВМРООООО. Среќа досега никој не кажал на слична катастрофална грешка.
Граматов ми се чини. Ако не е пијан не оди да оперира. Колку што знам последно Василев беше директор, овој Граматов е бивш директор. Но има тема за ова, па да се префрлиме таму.
„Дневник“: ДУИ ќе формира Собрание на Северозападна Македонија?! Буљашиве од ДУИ не сфатија више дека се провидни? Meanwhile in Turkey Затвор за две деца кои скинале постер на Ердоган?! Турското државно обвинителство покрена обвиненија против две деца, на возраст од 12 и 13 години, поради навреда кон претседателот на државата Реџеп Таип Ердоган, зашто го искинале постерот со неговиот лик, јавија денеска локалните медиуми. Слобода на говор, што ли беше тоа...
Кога официјално заминува премиерот според договореното од функцијата? На 1. ноември 2015 или подоцна во текот на ноември месец? Прашувам чисто информативно.
URL='http://libertas.mk/оливер-спасовски-нов-министер-за-внат/']Оливер Спасовски нов министер за внатрешни, Фросина Ременски за труд и социјала[/URL] Генералниот секретар на СДСМ Оливер Спасовски ќе биде нов министер за внатрешни работи, а потпретседателката Фросина Ременски за труд и социјална политика, во преодната Влада што ќе треба да организира фер и демократски избори. Ова според извори во преговорите е договорот што паднал вечерва на лидерската средба меѓу лидерите на ВМРО ДПМНЕ, СДСМ, ДУИ и ДПА, јави 24 Вести. Од заменичките места на опозицијата, Кире Наумов ќе биде заменик министер за финансии, потпретседателот на СДСМ Александар Кирацовски заменик министер за информатичко општество и администрација, а шефот на кабинет на Заев, Љупчо Николовски заменик министер за земјоделство. Претходно Алсат-М објави дека е постигнат и договор за Законот за бомбите. Законот за влада предвидува замениците министри да имаат право на вето само за прашања што се однесуваат на изборите, од првиот ден на нивно именување. Во случај на различно толкување на прашање поврзано со изборите, надлежна за решавање ќе биде ДИК. Законот за бомбите предвидува казни за медиумите кои што ќе објават материјали со кои се загрозува приватноста на луѓето, но не и за материјали од јавен интерес. Исто така, партиите се договорија за Законот за „бомбите“ да се бара мислење и од Венецијанската комисија.
Победа? Тоа ви рекоа да речете дека е? Заев барал согласност од ДПМНЕ и ДУИ за неговиот предлог за новите министри и заменици и овие се согласиле, а уште ЦО на СДС не ги потврдил овие кадри. Тоа покажува дека Заев бил притиснат набрзина да ја донесе оваа одлука, според мене. Покажува и колку „демократија“ има во партијата. Сабајле на радио Слободна Македонија имаше интересна анализа околу одлуката на Заев да ги избере овие кадри кога некои од нив немаат допирна точка со министерствата во кои треба да раководат. Заклучокот на крај беше дека никому не му е јасен овој негов потег.
Досега Грујо се што стави баш беше во ред...така ? Го шалтаа Тодоров од образование во здравство као најспособен тип !! Бреејј....невидено !! Сеа од Заев се бара - зошто баш овие ги ставил што немале врска со ресорите. Ако Наумов нема врска со финансии, Ставревски има ???
^ Абе не ми е да се мешам, ваша работа си е, партиска. Само, мислев дека сакавте да добиете избори. Изгледа работава СДСМ-овска и Заева испаѓа „кога ќе пораснеме сакаме да бидеме Грујо и ДПМНЕ“.И ете ги, раснат.